Interstellar 2014 немам зборови ... дефинитивно еден од најдоврите филмовие во 2014, на почетокот одма завлагаш во приказната и 40 минути во филмов плачев како никогаш што сум плачела на филм, големи филмови како на пример 3 сати како што беше овај од почеток се интересни и после почнуваат некои досадни фантазии итн. но овај филм и фантазијата ја направи под притисок... за приказната и целиот плот исто така немам зборови, на крајот се кога ќе се разјасни сваќаш колку овај филм е добар јас сум многу заинтересирана во астрономија и такви работи, и неможам да објаснам колку притисок чуствував додека го гледав филмов на неколку делови бев малку збунета , но после се се разјаснува единствениот дел што не го сакав беше при крајот , некако на брзина се случи и ме збуни уште повеќе но во глобала 10/10 ..топ филм препорачувам на 1. тие што сакаат големи добри филмови 2. тие што сакаат вселени 3. тие што го сакаа филмот Gravity сo Sandra Bullock и 4. тие што сакаат да гледаат 3 сати во шармантниот Matthew Mcconaughey
Safe Haven (2013) Романтична драма базирана на истоимениот роман на Николас Спаркс, за жена која бегајќи од нејзиното минато и насилниот сопруг алкохоличар, се преселува во мало приморско гратче и таму се зближува со вдовецот Алекс и неговите деца. Интересно филмче, го препорачувам на сите љубители на романси Малце ми беше развлечен на моменти, ама поразличен е и понепредвидлив од ваквите романтични филмчиња, посебно крајот ме изненади. 7/10
Cinderella (2015) Одличен филм! Прекрасен, како бајка. Глумците на место, музика, фустани. Со еден збор совршен! 10/10.
Penguins of Madagascar Како што не бев расположена филмчево ми го оправи денот. Се изнасмеав од срце. Одличен хумор со доста интресни референци. Kowalski: We've arrived in the center of Dublin, Ireland. Skipper: We gotta blend in. River dance. Kowalski: We'll need a diversion. Skipper: You're up, Private. Skipper: You just mermaid my day. Топла препорака за филмов, if you need something to mermaid your day.
Изминатиов период (неделава) изгледав еден куп филмови, ама еве конкретно вчера последно го гледав The Perks of being a Wallflower. Долго време ми беше на листата за гледање (поради добрите критики и особено поради тоа што Ема Ватсон е во главна улога) и вчера бев пресреќна кога го најдов снимен преку мојот МахТв уред под името Carlijev Svet. Несоодветен ми се виде преводов. Не би било пологично Предноста да се биде осаменик или така нешто? Како е преведен насловов кај нас? Нејсе, професионална деформација, се фатив за насловот и за преводот Филмов не ме разочара. ПРЕ-КРА-СЕН е! Од избор на глумци, глума, саундтраци, длабочина на приказната.... немам зборови. Му давам 1000/10 Spoiler Spoiler: кастинг
Safe Heaven @Someonespecial ме потсети да го гледам филмов. Сум заборавила и дека воопшто постои истиот . А баш сега ја читам книгата. Уште малку ми остана. Но не одолеав и го изгледав прво филмот. Со оглед на тоа дека мноху работи се сменети од книгата некако не ми беше интересен. Ми фалеше повеќе романса и љубов помеѓу двајцата. Крајот искрено ме наежи. А за глумците немам замерки. Двајцата беа прекрасни. Глумицава прв пат ја гледам. Симпатична. А Џошшшш , шта речи Не беше лош, но можеле малку повеќе да се потпрат на книгата, особено во делот на романсата. Во филмот се некако брзо се одвива.
Qu'est-ce qu'on a fait au Bon Dieu Едната ќерка се мажи за муслиман,втората за кинез,третата за евреин...е колапс настанува кога четвртата ќе сака да се омажи за црнец.Ме насмеа филмчево ... 6/10
50 shades of grey-кога ги читав негативните коментари за филмов едноставно не верував дека може да биде толку лош а огромна фама се крена околу него.Кога го изгледав сфатив зашто имало толку критики.Се разочарав од филмов,многу без врска натрупани сцени,неповрзани настани,досаден ми беше и скоро заспав при крајот. 3/10 Focus-предобар филм.Држи заинтересираност,те тера да размислуваш и треба добар фокус на настаните.Многу добра приказна а и глумците се супер
Heathers(1988 ) Девојка посакува да се вклопи во друштвото на популарни девојки, но притоа се запознава со новодоселен дечко, и заедно одлучуваат дека работите во средното школо треба да се сменаат. Често читав коментари за филмот дека Heathers биле оригиналните Mean Girls, но јас би рекла дека филмов е darker version of Mean Girls. Со оглед на тоа дека филмов е сниман во 80-тите, обработува една тематика која била доста табу тогаш. Мене ми се допадна, иако е доста чуден, и би рекла дека спаѓа во филмови класика. 7/10
Cinderella (2015) Ми се допадна што во приказнава има вметнати делови како на пример кога се сретнуваат пепелашка и принцов случајно во шумата и имаат разговор каде што пепелашка е сосем обична, природна девојка а таа не знае дека тој е принцот и од тука излегуваат искричките Воглавно се' ми се допадна во филмот, добар е. Focus (2015) Многу ми се допадна приказната, сакам непредвидливи ситуации, се' така добро вклопено и со смисла.
I spit on your grave И првиот дел ме ратревожи ама овој беше уште по трогателен. Иста приказна, девојката е грабната и жртва на група малоумни луѓе. Но сепак ќе си платат за сите свои злодела. Добар филм ама не го препорачувам за оние со слаби нерви.
John Wick После загубата на својата сопруга Џон станува цел на напад од страна на група во која и самиот порано бил во првите редови. Сега е спремен да им се одмазди и да и врати за се што му сториле. Филмот е ок само мислам оти претераа со акцијата, по јак и од Чак Норис излезе.
Focus Ники е професионален крадец кој има разработено добра шема за крадење.Му се придружува слатката Џес ,но патиштата им се раздвојуваат,за да се сретнат повторно во добро позната шема. 7/10.
Mommy Многу тежок филм,за тешките одлуки,за стравот од престанувањето на љубовта.Филмот на два пати драстично се менува и по завршувањето на филмот ви станува јасно зошто режисерот така се одлучил.На моменти шокантно прост,не поставува пред мислењето дали секоја одлука може точно да не дефинира. 7,5/10
Fifty Shades of Grey Мене филмот ми се допадна иако не е баш за моја возраст.Се надевам ќе има втор дел бидејќи крајот тоа го кажува 7/10
Instict Младиот прихијатар добива задача да го испита однесувањето на антропологот кој доброволно не сака да зборува.Успева да го пробие неговиот ѕид и да открие еден нов чудесен свет. 7/10
Taken Филмов е одличен.Ми се допадна бидејќи ова може да и се случи на секоја девојка во секое време. Со цело срце препорачувам да го погледнете 10/10