The wedding ringer Дог треба да прави свадба но се соочува со проблем, нема кум и девери за својата свадба па затоа ќе мора да ги изнајми. Тие неколку дена пред свадбата ќе го променат целиот живот на младоженецот. Одамна немам гледано вака квалитетна и добра комедија 10/10.
Boyhood (2014) Филм во кој е прикажан животот, растењето, семејните проблеми на едно момче од 5-тата до 18-тата година од неговиот живот. Дејството на моменти ми идеше премногу бавно за мој вкус, 165 минути без ништо непредвидливо, без некој посебен заплет... ама сепак во глобала ми се допадна. Вистински избор ако сте расположени за топол семеен филм, а на уникатност му додава фактот дека е снимен 12 години. 7/10
Upside-Down (2012) Eден од оние што не се забораваат, не можам да кажам дека е само добар, многу повеќе е. Впречатлива приказна иако предвидлива едноставно ти е убаво кога ја гледаш. На предобар начин е прикажана силата на љубовта во која ни гравитацијата не ја спречува.
Cold Creek Manor со Шерон Стоун Едно семејство од големиот град се сели на една фарма која претходниот сопственик ја изгубил поради неплатени рати. Арно ама, овој претходниов сопственик е малце чукнат и е убеден дека куќата си е негова и дека семејствово мора да се исели. Прекрасна е куќава. Одличен трилер. Не дека нема подобри, ама вреди да се гледа. Кирстен Стјуарт има споредна улога во филмов, едвај ја препознав. П.С. Имаше и ептен глупави сцени, особено на крајот. Spoiler: детали Мислам, со кој памет женава упорно стои одма до тој Ѓаволскиот грклан, во темна шума, среде невреме, со ментален човек кој шета низ шумата. И со кој памет двајцата трчаат да се пикнат во куќата кога многу веројатно е дека менталниов таму ќе оди и ќе ги чека?
Channing Tatum има ли потреба повеќе да пишувам? Мила Кунис односно Jupiter Jones, е една обична млада девојка која е прилично сиромашна и чисти тоалети во богати куќи. Судбината еден ден ќе и се промени и ќе види дека е посебна и мора да се бори да ги зачува животите на луѓето на планетата Земја и дали ќе успее или не видете сами..
Cinderella Приказната ни е веќе добро позната, стандард. Мене ми се допадна глумицата, многу позитивна и зрачеше.
Resident Evil: Retribution Нема допирна точка со првиот дел, со примарната идеја за филмот... немаше ништо во приказнава, цело време само пукање и борба. Ниту дијалог интересен, глумата потпросечна, сосема излишно продолжение. Те остава со чувство дека си изгубил време, кратко кажано. Единствено добро нешто во филмов е Мила, прекрасна како и секогаш.
Ви ветувам дека не е овој од глупавите комедични филмови со Џенифер Лопез. Филмот е simply amazing!! Се ќе се случи кога изневерената Клер (Џенифер) ќе почувствува лажни симпатии спрема новодоселениот внук на комшија, кој е неверојатно секси. Не е се како што навидум изгледа. 10/10 го препорачувам на сите кои уживаат во добар трилер. The Boy Next Door
Careful What You Wish For Неделава ми тргна со добри филмови,кои морав да ги споделам со вас! Прекрасен трилер и еден од оние кои ги обожавам бидејќи се случува баш тоа што не го очекуваш. Што може женската убавина да направи и како го поматува умот. Препорачувам 10/10 Spoiler
The age of Adeline Мој тип на филм, лесен, романтичен, убава приказна. Ме заинтригра уште кога ја видов најавата за филмот, девојка која никогаш нема да остари ни ден. Wow, и си реков дека мора да одам уште дента кога ќе биде премиерата кај нас. За глумата на Blake Lively нема ни да коментирам, беспрекорна. Пофалби за целата екипа Нормално јас си имам проблем со краевите на филмовите, тешко кој ми се допаѓа, па така и овој не ме воодушеви, очекуван беше, немам некои други замерки за филмот. Во 1901 година се раѓа Аделајн, таа е нормална, весела девојка, на која еден настан и го менува цел живот. Таа нема веќе да остари ни еден ден. Живее нормален живот, но почнува да се забележува дека таа не старее. Затоа, таа мора да побегне од својот живот и си ветува дека на секои 10години ќе го менува изгледот и живеалиштето за никој никогаш да не ја дознае нејзината тајна. Но, после толку години бегање и криење еден настан ќе ја натера да се соочи и да ја открие својата тајна. 9/10
Blended (2014) Комедија, за тепање време одличен. После нивниот катастрофален состанок на слепо, еден вдовец и една разведена жена „случајно“ се среќаваат на фамилијарен одмор во Африка. Стандард, на почеток не се поднесуваат, но полека сфаќаат дека имаат заеднички интереси. На моменти, филмов многу ме потсетуваше на Just go with it, исто со Адам Сендлер, исто со фамилијарен одмор каде што меѓу него и жената нема ништо, но работите полека се менуваат. Ако сакате да го опуштите мозокот, препорачувам.
La cara oculta (2011) Шпанско - колумбиски психолошки трилер испреплетен со многу лаги и неверство, кој ги прикажува границите на љубомората и на што се` е подготвена една жена за да се увери во љубовта на саканиот. Се работи за познатиот шпански диригент Адриан кој со својата девојка Белен се преселува во Колумбија. Таа по неколку дена исчезнува оставајќи му видео порака, а Адриан набрзо се вљубува во друга девојка која се вселува во изнајмената куќа кадешто живееле со Белен... Мистериозна и интересна приказна неизвесна до самиот (непредвидлив) крај, го задржува вниманието. Премногу ми се допадна, 10/10
Castaway on the Moon Главниот лик,името не го запамтив после неуспешниот обид за самоубиство,случајно се наоѓа исфрлен на пуст остров близу градот.Значи целата поента е толку блиску а толку далеку.Нејсе,се обидува да преживее откривајки работи на кои порано не им обрнувал внимание.Во иститот момент бива набљудуван од девојка која има некој чудна фобија и почнуваат да комуницираат на чуден начин. Spoiler Крајот е сепак плачливо среќен. 7/10
Monster house Децата од соседството се многу љубопитни и сакат да откријат што се случува во чудната куќа на нивната улица. Онака интересен анимиран фим.
Враќањето со Сара Мишел Гелер Џоана се враќа во едно гратче не знаејќи што ја влечи таму. Прво оди во нејзината стара куќа, кај татко и‘. Преспива во старата соба... Цело време и‘ се причинуваат работи, ја прогонува бившиот дечко... Чудно филмче, мрачна кинематографија, ама не беше лошо. Особено разврската беше интересна.
Брзи и Бесни 7 Предобар, добра акција, уште подобри глумци, ептен ми се допадна. Spoiler: крај И крајот ми се бендиса, ми велеа дека е многу тажен,па мислев дека ќе умре Брајан, но мило ми е што сепак не се одлучиле за таков крај 10/10
Predestination (2014) Ме остави без збор филмов. Предобар е. Се работи за агент што патува низ времето со цел да ја деактивира бомбата која ќе убие над 10.000 невини луѓе...Има добар заплет,треба концентрација за да се сфати филмот. Понатаму од содржината ништо не откривам ,погледнете сами.
THE LOFT прејакк ништо не откриваm,до самиот крај немат да сватите кој е лошиот...препорачувам дефинитивно..предобар е
In Your Eyes(2014) Ми се гледаше некој полабав филм за да ме релаксира, и овој секако ми беше на листата за гледање, и не згрешив. Малку нереална приказна, за дечко и девојка, сосема различни карактери на луѓе, кои по некоја случајност имаат чудна поврзаност, тие можат да гледаат преку очите на другиот, но поврзани се и емоционално. Мене лично ми се допадна, интересен ми беше филмот, главните ликови ми имаа огромна хемија и ептен ми беа слатки, ама некои прашања на крајот ми останаа неразјаснети. Сепак како за лимонатка филм, солиден. 6.5/10