Big eyes Драма со дејство од 50-те години.Таа е сликарка која слика а тој ги продава иако не знае да повлече ни еден потег со четкичката.Драма која при крајот ме успа... 6/10 Match Point Тој е тренер по тенис со неостварени амбиции кои ги угасува со богатиот брак.Но се би било добро да не ја запознава неостварената актерка и со неа остварува страстна врска.Но таа останува бремена и почнува да го усовува да ја напушти сопругата,но лагодниот живот не се напушта така лесно и единствен излез му е да изврши убиство... 7/10
Focus (2015) Очекував многу повеќе од филмов. Каков trailer направиле да паднеш од столче. Мислиш два часа нема да трепнеш. А тоа само еден обичен, просечен, површен филм. Ме разочара. Сите што ми кажуваа дека го гледале, ми го објаснија како филм кој ретко кој досега гледал. Сакале да го направат несекојдневен и многу непредвидлив, а далеку е од тоа. Јас сакам филмови на кои буквално на крај ќе не можеш да си ја затвориш устата од зачуденост, ама тие филмови треба да знаеш добро да ги изведеш, а не само да нафрлаш сцени кои на крај завршуваат како што најмалку сте очекувале. На ваквите филмови можете да имате две реакции. Или на крај да речете: WOW, не ми се верува што се случи, како го смислиле. Или да речете: Ајдееее, глупости. Знаев дека нешто вака ќе испадне. Јас ја имав втората, а за да ја има публиката првата реакција треба нешто многу повеќе од само згодна актерка, секс и нафрлани безпотребни сцени. За мене подпросечно. Недовршена приказна. Никаква позадина на ликовите. Без нормален тек на сцените и настаните. Без некоја посебна приказна. Очекував да има приказна која ќе се задржи околу кражбите, а не приоритет во филмот да биде љубовта. Филмов трае вкупно 1 саат и 45 минути, од кои 1 саат се чувствував како да гледам вовед. Еден саат чекав да почне филмот. Ништо посебно. Од мене 4/10
Fifty shades of grey Дојде ред и јас да го изгледам филмов, и не ми е јасно зошто толку негативни критики, баш симпатично филмче, една малку поинаква љубовна приказна. Искрено за секс сцените почнав да го гледам, ми се гледаше порно но не сувопарни секс клипови туку нешто со приказна и емоции плус, па затоа. Очекував повеќе хард кор сцени, и иако за нив се збореше низ цел филм повеќе е нежност и романтика, освен нели сцената на крај, па и таа не беше до толку страшна. Ок, сексуален набој, страст, тип по моја мерка (карактерно). Добар дечко де, со малку поспецифични сексуални потреби.
Addicted (2014) Филмот не беше ништо посебно. Всушност беше катастрофален, и што се однесува до приказната, а и изборот на глумци. Приказната е еден неуспешен обид за некоја психолошка драма. Типката води успешна фирма, која впрочем е заслуга на таа другарка/ вработена, има презгоден маж и прекрасни деца, а во слободно време врти 2 швалери и уште по некој "за една вечер". Ама секако не е виновна таа, има трауми од детството. Изборот на глумци не можеше да биде полош. Целата актерска екипа ми делуваше како да глуми на првиот филм, премногу аматерски. Овој Леви мене ниту ми изгледа привлечно, секси, а ниту би сакала да ме одведе во кревет оти е класичен лигле. Маж и' и швалерот број 2 беа исклучително згодни и толку од нив. Имав впечаток дека гледам шпанска серија, ама на англиски. Единствено ентериерите и гардеробата беа полн погодок. 3/ 10 Fifty Shades of Grey (2015) Премногу озборуван филм, но мене не ми остави посебен впечаток. Сценариото ми делуваше недоволно обработено, а самата тема остава многу повеќе опции. Но сепак, сцените со секс беа навистина добро снимени. Главните глумци не беа вклопени, иако можеби и тоа е целта на филмот. Глумицата е слатка и до некаде одговара на улогата, ама типот очекував да биде "по- мачо". 4/ 10 Spoiler Кај успеа типот толку млад да направи толку пари а во исто време, во собата да поминат 12 девојки???
The rewrite Неинтересен филм Со оглед дека глуми Hugh Grant, а повеќето негови филмови ми се допаднале, овој воопшто не ми се допадна. Човекот го изгубил шармот. А и приказната не беше интересна, предвидлива и плитка. 4/10
Still Alice 50 годишна жена професор по лингвистика се соочува со прерано откриената Алцхајмерова болест... и толку,филмов не нуди ништо повеќе ,освем што почнав да си ги преиспитувам симптомите и мене да не ми се случува нешто слично. 6/10
Love,Rosi Многу симпатично филмче ,за двајца кои се дружат од мали нозе за нивната љубов да продолжи после кога ќе сфатат дека не можат да живеат еден без друг. 7/10
LOL од Miley Cyrus,значи по 100 пат го глеам филмов.Поубав амин,баш одговара за типичниот живот на една тинејџерка
Jupiter Ascending Филмов е едно огромно разочарување,глупости живи.Се што им текнало и се што досега имало во сф филмови е ставено во овој филм,на крај уште крила му фалеа да му пораснат таман да го завршат како што треба,браос Мила Кунис ми е се по очајна во глумата,неубедлива тотално. На imbd е оценет со 5.7,јас ни 3 не би му дала.
The Loft Интересен трилер за четворица другари на кој ќе му наместат убиство. Не можете ни да претпоставите кој е убиецот. Многу ми се допадна , го препорачувам дефинитвно. 10/9 Sex tape Mногу добро филмче. Камерон како и секогаш одлична во нејзината улога. Приказната е за пар што ќе се снима додека имаат секс, но наместо да ја избришат снимката тие ќе му ја пратат на нивните пријатели. Многу ми се допадна. 10/10
The Guest се работи за едно семејство чиј син е во војска.се појавува неговиот ''другар'' и ја лаже фамилијата дека син им е мртов,они го примаат дома и тука започнува акцијатаа.. Добар филм,го препорачувам му давам добра 8ца
Агент Коди Бенкс 2: дестинација Лондон Едно дете учествува во акција на ЦИА во потрага по бивш нејзин припадник кој поседува уред за контролирање на човечки умови со кој се заканува да ги контролира највлијателните светски лидери. Супер филмче, акција цело време, добар и интересен хумор. Локација - Лондон (убавини ).
Еден од филмовите што сум ги гледала во последно време, а ми остави доста добар впечаток е Locke. Главната улога му е доделена на Tom Hardy како Ivan Locke (градежен инженер), а дејството се случува во неговиот автомобил додека вози. Значи цело време нешто се случува, некои пресврти, некои с*рања и немате време да трепнете. Пример како една грешка, која сакате да ја исправите, може да повлече многу други работи и како кула од карти да ви се сруши животот за час ипол. Не велам не, филмот сам по себе си е специфичен, но ќе бидете изненадени колку го задржува вниманието (не ми се веруваше дека ќе биде возможно тоа, со оглед на тоа што се појавува само еден актер и е на едно место). IMDB оцена: 7.1, од мене има 9/10. Генијално!
Jupiter ascending Дали јас премногу очекував од филмов или од постерот или од трејлерот но ова беше гоооолемо разочарување. Смотан филм. Почетокот ок, го изгледав но натаму скоро цел филм го премотав. Еден купнпознати глумци е само филмов, ништо повеќе. Станува збор за девојка од друга планета што открива дека е владетелка на земјата и се обидува да ја заштити од лошковците од другава планета што е. Абе ужас. ИМДБ оценка 5.7 / Моја оценка 3, можеби само заради Мила Кунис која ми е премногу симпатична.
Two night stand - Секс за две ноќи Одличен филм, многу ми се допадна. Глумицава многу ми личи на Ема Стоун . Се работи за една осамена девојка која ќе запознае дечко преку интернет, кои што поради големото невреме ќе бидат прислени да останат заедно. IMBD оценка :6/4 од мене има 8/10