Го гледавме пред некој ден друштво бевме собрани, и сите колективно заклучивме дека филмот е глуп. Премногу клише, премногу предвидлив и воошто не беше смешен, барем на нас не ни беше. Секој со својот вкус нормално, мене воопшто не ми се допадна.
@rainbowec, не е за со друштво филмот, туку за кога си сам дома, умираш од досада и не знаеш што да правиш со животот. Тогаш е таман. Он-топик: Офицер и џентлмен, на Телма пред неколку дена го гледав и се изнервирав... Spoiler ... при крајот, зашто секогаш повеќе се приврзувам за споредните ликови отколку за главните, па така и овој пат, и ми беше криво за дечкото бе! Филм за еден млад дечко, кандидат за авијатичар; за неговиот живот додека е во школата за тренинг и за врската со една локална девојка. Одличен филм, не знам зошто не сум го гледала досега. Ричард Гир, иако не го сакам, морам да признаам дека бил симпатичен дечко како млад.
Run All Night Акција со Лиам Нисон од типот на Taken, само што тука никој не е грабнат и Лиам е алкохоличар (не сум навикната да го гледам така ). Пак има смотано дете, прво се' почнува бавно, после настанува нагол пресврт и Лиам се претвора во badass. Во следната сцена гледате како (слично како во Taken) реферира се' што следува како случувања (нели тој знае све) и почнува потерата. Нормално, нинџосува сам се' што ќе му се најде на пат. Ед Харис не го сакам како глумец, ама го бидува за негативци. Генерално, доста добар филм и морам да кажам, добро снимен, со супер-интересна манипулација на камерата. Препорачувам, особено за обожавателите на Лиам Нисон или на Taken. IMDB оцена: 6.9 Моја оцена: 7.5-8 (не можам да се одлучам баш)
The Boy Next Door Со неповторливата Џеј Ло Ло Ло ло ло ло.... Филмов беше баш ЛОЛ. Глумата на дечкото како сосила да е натеран да глуми во филмот, Џенифер лигава како и во секој нејзин филм мислам збор да нема. Се работи за жена која е "на пауза" со маж и затоа што ја изневерил и живее сама со син и. Во комшии се доселува згоден момак кој се зближува со син и се опседнува со неа. Поминуваат една ноќ заедно и дечково почнува да ја прогонува и уценува. Отприлика тоа.
Fast and Furious 7 Никогаш нема да ми здосади филмот. И воопшто не приметив дека го нема Пол во филмот веќе. Иако искрено се чувствуваше дека е направена замена со брат му. Си личат ( освен ако не го шминкале ). Најубаваа песна од филмов ми е оваа:
Run all night Двајца пријатели и некогашни соработници влегуваат во конфлик поради нивните синови, од кога едниот ќе го убие синот на другиот. Интересна акција.
Exodus: Gods and Kings Понова верзија за легендата за Мојсеј. Не беше лош филмов. Ефектите беа добри. Како и да е, препорачувам.
Flatliners (1990) Психолошки филм со 5 познати глумци во улога на 5 млади и надежни лекари. Едниот од нив има идеја да види што се случува по смртта и почнуваат експеримент, по кој се соочуваат со „демоните“ од своето минато. Повеќе не можам да објаснувам затоа што ќе ја откријам содржината на целиот филм. Беше прилично интересен, со напнати сцени и те тера да видиш што следно ќе се случи. Во секој случај, има интересна поента. Го препорачувам на љубителите на овој жанр или фановите на некој или сите 5 глумци. (Оние кои малку повеќе се разбираат во медицина, ќе наидат на некои нелогичности, ама сепак е филм и како и повеќето има по некој недостаток.) IMDB оцена: 6.5 Од мене има 7.5 (ќе имаше и 8, ама крајот малку не ми се допадна)
The Boy Next Door Сите го гледаат па си реков и јас. Се разочарав. На моменти ми беше смешен од што беше "смотан". Глумата катастрофа. На моменти ме потсеќаше на Gone girl.
Camp X-Ray Не ми се верува колку ме трогна филмов. Само што го изгледав и морав да го препорачам. Се работи за војник (Кристен Стјуарт), која ќе биде прераспледелена во Гватенамо, каде што ги чуваат терористите од 9/11. Да не откривам повеќе, сите љубители на овој жарн, па и оние кои не се(како мене на пр.) треба да го погледнат. Не сум фан на Стјуарт, но оваа улога навистина и лежеше. Затвореникот исто, многу многу добра глума. По ова посакав да гледам и други филмови во кој глуми.
Филмов не е последниот што сум го гледала, ама е филм што ми остави длабок впечаток. Генерално, не обожавам да гледам романси, драми - ретко, но бидејќи беше со James McAvoy, решив да видам што ќе испадне од филмов. Значи, станува збор за романтична драма во стил на Pride and Prejudice. Според книга е. Се работи за 13-годишно девојче кое ја гледа својата сестра во близок контакт со синот на еден од слугите и погрешно го толкува моментот. Поради тоа и поради нејзината одлука да дејствува мислејќи дека ќе и' помогне на сестра си, повлекува цела верига на погрешни и неправедни настани и со тоа ќе влијае врз многу животи. По неколку години кога ќе сфати дека погрешила, ќе се покае (оттука и насловот) и ќе направи се' што е во нејзина моќ за да ја поправи таа грешка, но веќе е предоцна за тоа. Ова е филм кој ќе ви влезе под кожа и ќе допре до најголемите длабочини на вашата душа, со прекрасни сцени, предобра музика (тој што ќе го гледа - ќе знае на што мислам), фантастична глума што ќе направи да се соживеете. Го паузирав на моменти, затоа што почнував да чувствувам тежина; како мене да ми се случува. Сакав да го гледам пак, затоа што е еден од ретко добрите филмови од овој жанр, ама сеуште не можам да се одлучам на тоа, затоа што не сакам да минувам низ истото како кога го гледав прв пат. Тоа се тие англиски драми... IMDB оцена: 7.8 Моја оцена: 100/10 (да, 100-ка е тоа)
Spoiler После долго време повторно го видов филмов по телевизиски програми.Браво.За мене ништо подобро. Тој што го гледал знае за што зборувам а на сите други им го препорачувам. Поинакво општество,поинакви почетоци,вистинска приказна,прерано згаснат живот. Џенифер Лопез ја глуми Селена и морам да признаам дека е одлична,инаку филмов е снимен 97 а Селена е убиена 95.Сега ви открив што се случува но сеуште се држам до тоа дека вреди да се погледне.
Get hard Еден богаташ е осуден на казна затвор заради проневера на многу пари. Тој сака во затворот да оди спремен за она што го очекува таму и затоа наоѓа некој кој ќе му помгне во сето тоа. 7/10
Eyes wide shut Млад брачен пар (Никол Кидман и Том Круз во главните улоги ) доживува криза во бракот откако , Алис(Н.Кидман) ,ќе му признае на сопругот, дека можеби го изневерувала.И тука почнуваат нивните проблеми , со кои тие ќе се соочат. Жанрот е драма со примеси на еротски сцени и романса, верувам на многумина им е познат овој филм. Кјубрик според мене направл одлично дело. 9/10
Something the Lord Made Филмов е снимен според вистински настан.Станува збор за животниот век на младиот Вивиен кој од столар,станува помошник во лабораторија на познат доктор.Неговата желба за учење која останува загушена со фактот дека е црнец,ќе го донесе на првата операција на отоврено срце кај мало дете.Се разбира дури кога остарува го добива тоа што го заслужува.Филмов можеби ќе им се допадне повеќе на медицинарите. 7/10
Pound of flеsh Ван Дам оди на Филипини каде што живее неговиот брат да го донира својот бубрег на болната внука. Приказната испреплетена и неизвесна до самиот крај.
Flying Home (2014) Разгледував што филмови има снимено Jamie Doran, се одлучив да го ѕирнам филмов, и час и половина ми летна. Навистина ми се допадна филмов и го препорачувам. Има убава, поинаква приказна. 10/10