Биваше ли да сум толку неромантична личност? Всушност, романтична сум, ама на некој чуден начин. Како и да е... Вчера седнав и го изгледав The Age Of Adaline. И јас како Hipster ги делам истите чувства кон Блејк Лајвли, ама гледав тоа да го кажам на подобар начин. Генерално, филмот беше ок, да, љубовна и романтична драма, на Блејк добро и' стоеше улогава, на страна моите чувства кон неа... Глумецов што го игра Даарио во GoT не ми остави некој посебен впечаток, не знам зошто. Приказната беше релативно предвидлива и мислам дека со тие научни објаснувања кои ги даваа во неколку наврати, ја уништуваа романтиката на филмот. Харисон Форд беше смешен, не сум навикната да го гледам во романтични филмови . Костимографија и фотографија - одлични. Во секој случај, се гледа, не е досаден и не добивате впечаток дека трае бесконечно (тоа секогаш ми е прв критериум за оценување). Еве и јас го препорачувам за оние кои сакаат романтични филмови. (Сакав покусо да излезе моево мислење, ама се претвори во рецензија ) Јас всушност навратив за да дадам рецензија за еден друг филм: Anna (Mindscape) (2013) Филм кој жанровски припаѓа на драми/трилери, со времетраење од околу час и половина. Во главна улога е Mark Strong, кој ми стана еден од омилените глумци во последно време, но овој пат не го гледаме во улога на негативец. Тој е човек кој има способност да навлегува во меморијата на други луѓе и да открива што се случило. Бидејќи има потреба од пари, прифаќа случај во кој треба да убеди едно 16-годишно девојче да почне да јаде. Меѓутоа, со секоја посета (дури и со првата) станува се' позаинтересиран за причината поради која таа почнала да гладува. Во текот на целиот филм не можете да оцените дали девојчево е жртва или пак е социопат, но факт е дека е премногу паметна за своја возраст и тоа е една од причините што му го задржува вниманието на ликот кој го игра Mark Strong. Филмот е доста непредвидлив, исполнет со сцени кои ќе ве заинтригираат и ќе ве збунат, меѓутоа според мене (а од тоа што прочитав и според други кои го гледале филмов) крајот беше некако избрзан и направен колку да се рече дека, ете, направиле крај. Мислам и дека најмногу оцената на овој филм му е недоволно висока само поради таа причина. Во секој случај, одличен филм, Mark Strong е брилијантен, а богами и девојчето. Вреди да се погледне и многу го препорачувам! IMDB оцена: 6.4 Јас му давам 8.5 (само заради крајот, инаку, ќе имаше 9-9.5)
The age of Adaline Нема кој не го гледал филмов,па ајде и јас.Не би да гњавам за содржината,само ќе кажам дека е солидно филмче.Додека го гледав ми провеа мисла,што на мене да ми се случи вакво нешто?Мислам филмов е снимен од романтична гледна точка и не се баш прикажани лошите страни за ваква состојба.Замислете,мора постојано да бегаш и сите драги личности што ги знаеш да си отидат пред твои очи.Непријатно,нели.Но ете заради романтичноста и топлата приказна вреди да се погледа. 7/10 The imitation game Младиот математичар Алан е ангажиран од страна на Британската влада во Втората светска војна да ги дешифрира пораките кои нацистите ги разменувале со цел да се откријат нивните намери преку Енигма. Филмот таман кога почнува да станува досаден на вистинското место се развива акцијата.Филмов е снимен врз вистински настан и личност, се прикажува животот на генијалниот математичар кој го направил првиот прототип на денешниот компјутер,неговата тескоба за сопствената сексуална ориентација и чувството дека и дал свој сопствен печат на Втората светска војна. 8/10
Еве и јас да се јавам со The Age Of Adaline. Мене искрено не ми се допадна. Идејата беше добра, можеше да биде основа за многу подобар филм, но чувствувам како да сценаристот брзал да го направи филмот што средината ја оставил така, безвезе. Можеше многу работи да се опфатат, се некако беше набрзина и повеќе наликуваше на уште една од оние безвезе лимонатки, плус д ејџ ефект. Тотално разочарана кога заврши, можеби затоа што очекував повеќе. Немам некои одредени чувства кон Лајвли, мене ми е симпатична и овде го претстави карактерот добро. Spoiler за две недели овие двајцава љубов најголема на цел свет, што типот одма прифати дека она му е бивша на татко му, има над 100год и има баба ќерка... глу по сти!
The little death Ова ви е едно блесаво ,откачено филмче.Кога таман ќе помислите- за џабе си го изгубив времето,почнува да се расплетува приказната.Станува збор за неколку пара кои имаат различи видови на фетиши и сексуални фантазии. Секој од нив на свој начин си ги остварува,некој се наоѓа некој се изгубува во потрагата.Нештата некогаш се смешни,некогаш реални а некогаш трагични. 7/10
Non-stop (2014) Liam Neeson никогаш не ме разочарува. Едвај чекам секој негов филм да испадне. Е, овој тогаш сум го пропуштила, па вчера го гледав. Прекрасен филм, акција која ми го задржа вниманието. Вреди да се погледне. 10/10
Инспирирана од филмот Age Of Adaline, кој не ме фасцинираше многу, решив да гледам уште еден со слична тематика: The Curious Case Of Benjamin Button (200 Не знам како не сум го гледала до сега. Филмов не знам дали го давале на телевизија, а веќе извесен период си стои во Downloads и само одложував да го гледам, зашто сакав да го изгледам без прекини, а трае околу 2 ипол часа. Од друга страна, мојов само ми одолговлекуваше (ретко седнувам сама да гледам нешто, подобро ми е во негово друштво) бидејќи бил тажен филм и поради тоа не сакал да го гледа. Како и да е, да преминам на филмов конечно. Во главни улоги се Бред Пит во улогата на Бенџамин и Кејт Бланшет во улогата на Дејзи. Дејството се одвива околу Првата Светска Војна, кога еден познат слеп часовничар ќе постави часовник кој го покажува времето наназад, во име на неговиот син и сите кои загинале во војната, симболизирајќи ја надежта дека кога би можел би го вратил времето назад. Тогаш, Бенџамин се раѓа како бебе со лик и здравствена состојба на старец пред умирање. Бидејќи мајка му умира по породувањето, татко му скршен од болка, кога ќе го здогледа, се запрепастува и го остава пред еден старечки дом. Таму ќе го расте жена која се грижи за старите лица, а не може да има свои деца. Тој старечки дом е и местото каде прв пат на 11 години ќе се сретне со 6 години помалата Дејзи, која подоцна ќе стане љубовта на неговиот живот. И како тргнав, еден настан се надоврзува на друг и ако продолжам вака - ќе ви го раскажам целиот филм и нема да мора да го гледате. Сега, како јас го доживеав филмов и што мислам за истиот. Искрено, се зачудив како еден човечки живот од, да речеме 80 години, може да се смести во 2 ипол часа. Морам да признаам дека откако Бред Пит се сплетка со Анџелина и станаа Бранџелина - човеков ми стана одбивен, меѓутоа факт е дека има неколку животни улоги, а оваа е дефинитивно една од нив. Кејт Бланшет ми е чудна жена, но и неа ја бидува. Многу се потрудиле околу нивното маскирање и костимографија, сето тоа беше фацинантно. Многу ми се допадна што содржината на филмов беше со непрекинат континуитет, иако се навраќаа на нараторот во повеќе наврати. На почетокот кога го покажаа Бенџамин како бебе, нормално е дека почна да преовладува некоја морничаво и тешко расположение. Интересно беше што поради тоа, за да се постигне некој баланс и да не западнете во депресија, се потрудиле настаните да ги претстават траги-комично. Потоа, како се подмладуваше Бенџамин, т.е. како се движеше фабулата кон кулминацијата, така филмот добиваше карактер на романса и драма, за расплетот повторно да почне да станува трагичен. Тој постепен параболичен тек му даде посебност на филмов. Најтажен и најтежок момент, односно два моменти беа, ми беа оние кога неговата љубена при крајот го шеташе како 1-2 годишно детенце на улица и оној момент кога го држеше во раце како бебе и умре во нејзина прегратка. Тука веќе бев ваква и ми требаше време да се стабилизирам за да поминам да го напишам ова. Инаку, интересно беше осмислен филмов. Би сакала да има тема за да дискутираме за ваквиот живот, наопаку. Се раѓа стар, ништо не знае за животот, но се однесува сосем смирено и зрело. Старее, а се подмладува. Остарува, добива лик на дете, повторно ништо не знае за животот, а се однесува како мало неразбрано дете. Дури не се сеќава ни на љубовта на својот живот. Ни на тоа дека има свое потомство... Два пати во животот не знае ништо за животот... Ај, доста беше, можам да философирам уште една недела, ако продолжам вака... Како и да е, одлична глума, добра екипа, предобар филм, тажен, сурово трагичен, во исто време полн со љубов... Многу работи на едно место... IMDB оцена: 7.8 Моја оцена: 9.5, па може и 10
Interstellar Не сакам долги филмови и научни фантастики, ама ова се вредни 3 часа. Главна улога играат Метју Меконахеј и Ен Хетавеј, тим од астронаути кои преку црвоточина патуваат низ вселената во потрага по нова планета каде би можеле луѓето од Земјата да живеат. Oд 1-10, давам 15. Lucy Где је Морган Фриман, ту сам ја Покрај него игра и Скарлет Јохансон. Дејството се одвива брзо со многу адреналин, а станува збор за дрога која му овозможува на човекот 100% пристап до неговиот мозок. Апсолутно воодушевувачки. Gone Girl Бен Афлек игра во главна улога. Конечно романтичен филм во невидена верзија На почеток романтичен, па трилер, па акција и хорор, да заврши со романтичен крај. Chef Кого го стега срцето кога ја отвара Фемина Инстаграм, на филмот воопшто да не му се приближува. It's a 1000% warning! Тука игра Џон Фавро, повторно Скарлет, Софија Вергара, Роберт Дауни Џуниор, па Дастин Хофман и Џон Легуизамо. Главниот готвач започнува свое вистинско малку кулинарско шоу со готвење во приколка со што обиколува повеќе места, откако ќе биде отпуштен од ресторанот во кој што работел. Dracula Untold Филм што почнав да го гледам со предвремена предрасуда, бидејќи обично вампири и филмови за Дракула се сите со една иста содржина, така да очекував дека ќе виде same old story. Но, тоа Untold баш и кажува дека е така. Сосема нешто ново, приказната прикажана од страната на Дракула, позадината на тоа како тој станал она што е. Zookeeper Овде главна улога игра Кевин Џејмс. Комедија со испреплетени романтични линии. Одредени сцени се доста смешни, па си ја на свој начин прават комедијата.
The DUFF Интересен тинејџерски филм за девојка која е неприметна во околината за разлика од нејзините пријателки. Благодарение на најпопуларното момче во школото ќе свати дека е време за промени.
Ја листав темава и ти благодарам за препораката, еден куп емоции од филмов. Ќе ги погледнам и другите филмови на Ксавиер Долан. Млад режисер со огромен потенцијал.
Истово филмче денес го зирнав и многу е добро и да се каже и поучно. Приказна е и за тоа што може да направи некој кој е желен за еден вид одмазда или понижувањето да се биде над другите. Spoiler делот со прикаченото видео Добар филм, вреди да се гледа.
Sex Tape Интересна комедија во која еден брачен пар ќе сними секс видео,но на грешка ќе се прикачи на таблетите на многу пријатели.Во целиот филм се зборува за тоа како Ени и Џеј ќе се обидуваат да го избришат видеото без никој да види. Искрено не е онака како што очекував но сепак не е дотолку лош. 6/10
The DUFF Ако сакате тинејџерско филмче за релаксација,ова е одличен избор.Ваквите филмови им се знае крајот како и содржината,па најголема улога во оцената колку е добар играат кастингот,хемијата меѓу главните глумци и дијалозите. За мене,прилично солиден и интересен.Плус,Роби Амел секогаш е пријатен за плакнење очи,посебно кога си ги демонстрира плочките по стомакот Оцена 6/10
Love Story mnogu dobro filmce Spoiler ali zavrsuva tazno. Eden bogat decko se zaljubuva vo edna siromasna devojka, a i taa vo nego.Tie ke bidat vo vrska no semejstvoto na momceto ke bide protiv niv. I na kraj devojkata umira... Vredi da se pogledne filmcevo Модератор: Користете спојлер кога го откривате крајот на филмот.
Јас последен го гледав Barely lethal Teen филмче е, ништо посебно, за тепање време добро е. Девојка која цел живот тренирала да биде убиец сака да го искуси тинејџерскиот живот и да појде во средно школо, па така, глумејќи си ја смртта таа може да почне со својот план, амааа... секогаш има некој што сака нешто да упропасти. Инаку Санса од ГОТ има споредна улога во филмов.
The Duff Интересно филмче за тепање време. Глумецоттт , ух ух. Како што ми појде со гледање лоши филмови овој супер ми дојде. Ме расположи и ме насмеа. А и оплакнав очи.
ШЛИНДЕРОВАТА ЛИСТА!Моментално игра на тв. Филм што секогаш ме потресува, расплакува, брутален зашто е Вистински настан! Голготата на Евреите во камповите. Нивната искра за спас Оскар Шлиндер. Филм кој секогаш расплакува, филм кој мора да се гледа! 100000/10 од мене, секогаш ама секогаш имам грутка во грло!