Did You Hear About the Morgans? Интересно филмче за гледање. Романтична комедија за брачен пар кој е во фаза на разделување, но во сплет на околности ќе бидат принудени да се зближат.
Avengers: Age Of Ultron (2015) Бидејќи не сум вљубеник во ниту еден облик на пишаниот збор, најчесто многу поинтересни ми се филмови, отколку книгите/стриповите по кои се правени. Дури и сакам филмови по стрипови! Ги обожавам, бре! Ама мислам дека исклучок е ОВОЈ филм! Додуша не само овој, туку и другите делови на Avengers, со тоа што квалитетот на секој дел драстично опаѓаше со текот на времето. Ниту првиот дел не ме воодушеви кога го гледав, ама ова... За ова немам зборови. Го гледам 4 дена по ред, на рати од што ми е досаден, нелогичен и напорен, а имам чувство дека секој ден трошам по 2 часа на филмов. Ете толку бесконечен ми се виде. Дури можам да кажам дека засебната приказна за Тор, па дури и Captain America (чија приказна повеќето луѓе не ја сакаат баш) ми беа многу поинтересни. Не знам веќе какви споредби да направам за да го доловам тоа што го преживеав. За мене - УЖАС! (Со сета должна почит кон страсните обожаватели, ништо лично не е ) Залудно потрошени 2 и кусур саати. Не го препорачувам на оние кои сеуште се колебаат дали да го гледаат. IMDB оцена: 8 Моја оцена: 4
Before I go to sleep Со Никол Кидман и Колин Фирт (Тие што не го знаат така, може како Мистер Дарси од Бриџит Џонс ) Филмот е трилер и мистерија, со мала доза на хорор. Никол ја глуми Кристин, која секое утро се буди и на ништо не се сеќава, поради несреќа што имала, затоа се снима и снимките ги гледа секое утро да се потсети. Филмот е предобар бидејќи сценариото е нешто ново и невидено. Big game Се работи за напад на американскиот претседател, но филмот е навистина интересен, не од оние типичните, му вршат атентат и се да се нешто одвива во Вашингтон, туку дејството се одвива во Финска, т.е таму ќе падне авионот, а ќе го спаси тамошно дете кое пак е пратено на традиционален лов на елени. Филмот е и комедија до некаде, бидејќи претседателот го глуми Семјуел Ел Џексон, а тука тој е како со неговиот гето хумор и кул однесување и по малку не баш типичен претседател. Delivery man Филмот има комични црти, сега не е типична комедија од почеток до крај, но има и смешни сцени. Во главна улога игра Винс Вон, тој работи во месара, фамилијарен бизнис и не е баш сериозен со животот. Неговата девојка му кажува дека е трудна од една страна, а од друга страна се појавува друг проблем, т.е во далечните 80те тој ја донирал својата сперма во тие специјални банки, и сега неговите деца сакаат да знаат кој е нивниот татко.
The Culling Група пријатели тргнуваат на патување, застанувајќи на едно место за да јадат сретнуваат мало девојче кое се загубило. Од жал секако решија да го однесат до дома каде што нејзините родители им понудија храна и престој таа вечер во куќата која е опседната со некои демонски сили. 6/10
Survivor (2015) Филм кој жанровски претставува акција, трилер, во времетраење од околу час и половина. Во главни улоги се Мила Јовович и Пирс Броснан. Мила Јовович е агент кој работи за Стејт Департментот и ја испраќаат во Лондон за да спречува терористи да преминуваат во Америка. Кога ќе пикира едно сомнително лице и ќе почне да истражува, ја местат за низа убиства и нереди. Пирс Броснан е во улога на негативец - часовничар, убиец и човек кој прави бомби. Ако сте го гледале во Џејмс Бонд, тогаш знаете дека му легнала улогава. Филмов, нормално, е со happy ending. Не можам да се пожалам, има доста акција и цело време нешто се случува, ама ликот на Мила е по малку смотан. Има доста сплетки, доста ликови кои се исповрзани меѓу себе, и секако, вечниот страв на Американците од терористи, кои сами си ги повикуваат. IMDB оцена: 5.4 Моја оцена: 6 Ок е, не е досаден, по малку ме нервираше, ама добар е за тепање време.
Bogowie Веројатно некогаш сте налетале на оваа фотографија Првата слика е направена после 23 часовната операција од која Тадеуш Зикевиц (човекот од втората слика) добил ново срце благодарение на полскиот кардиохирург Збигњев Релига. Релига е човекот кој ја направил првата успешна трансплантација на срце во Полска. Bogowie ја раскажува неговата приказна. Почетоците на неговата кариера, посветеноста на работата, проблемите во бракот, осудувањата од колегите и на крајот првата успешна трансплантација со која на Тадеуш му дава нова шанса за живот. Колку што успеав да најдам информации, денес после 28 години, Тадеуш е сè уште жив и е човек кој најдолго живеел после трансплантација на срце. Знам дека на многумина нема да им се допадне филмов, можеби ќе им биде досаден. Мене во ниту еден момент не ми беше, мене ме фасцинираат вакви луѓе и секогаш уживам да читам и истражувам за нив. Единствено не ми се допадна крајот на филмот, некако ми беше избрзан, очекував повеќе внимание да обрнат на тоа. Во секој случај, убаво е да се дознае нешто повеќе за луѓе кои направиле историски успеси и без кои медицината не би била тоа што е денес.
10/10 Филмот има маани,но допре толку многу до мене што морам да го оценам со 10-ка. Едвај обрнував внимание на дечкото и девојката,нештото што ме направи толку емотивна е приказната за таткото и Џон. Никогаш не сум плачела толку на филм.Имав преголемо сожалување кон неговиот татко. Љубовната приказна е многу клише,aма сепак посебна,но никакво изненадување кога е напишана од рацете на Никола Спаркс. Мислам дека книгата според која е базиран филмот би била прекрасна,едвај чекам да ја прочитам.
The water diviner http://www.imdb.com/title/tt3007512/ Преубав филм, денес го гледав. Воена драма, се наплакав за цел живот
Sophie & Sheba Spoiler: Постер Сиромашен филм, многу предвидлив, а имав и чувство дека е ради реда направен, воопшто како да не е вложено во него. Му давам седмица, се мислев помеѓу 6 и 7, и дадов 7 само поради тоа што сум против циркузи, а филмот прикажува колку се циркузите глупост и мачење за животните, се надевам дека луѓето ќе си ги отворат очите, барем преку овој филм. Инаку приказната не е ништо посебно, ништо не се случува, само тапка в место, многу непотребни детали, а би можела сè да раскажам во две реченици. Сега кога ќе подразмислам навистина голема оценка е седмицата, ама ајде нека е. 7/10 Elf-man Spoiler: Постер Не сум сигурна дали сум гледала поглупав филм. Можеби оној Man, Woman and Children, ама овој е дефинитивно еден од најглупавите филмови што сум ги гледала. Ако воопшто се мислите да го гледате, не губете си го времето, што и да гледате друго, ќе е подобро од ова. Најпрво, глумата на актерите е катастрофална. Особено децата, знам дека се деца, ама сигурно има поталентирани од овие. Приказната можеби има некаква надеж, ама реализацијата е многу глупава. Мислам дека филмов би им бил интересен само на деца од четири години. Демек комедија, а всушност е некоја лоша верзија на Сам дома, очаен е филмов, очаен. 4/10
San Andreas Очекував од филмов многу повеќе.Приказна веќе видена и изџвакана.Станува збор за спасувачот Реј член на владината екипа за итна интревенција,кој се труди да ја спаси ќерка си од најјакиот земјотресот во САД. Се разбира,тој е најхрабриот,најсилниот,со секогаш достапни средства за да ги изведе своите замисли.Се разбира бившата сопруга повторно се вњубува во него откако ќе ја спаси и неа и нивната единствена ќерка. Мислам стварно лесно е да бидеш херој кога компјутеризацијата е секогаш до тебе. 6/10
50 Shades of Grey ..не знаев што да гледам и ајде овој филм демек сите го имаат гледано па ајде и јас и не беше многу нај немаше некоја цел ..... 5/10
Последен филм кој го ледав беше Knowing. По повод прослава на 50 години постоење на училиштето ги терат децата секој да нацрта по еден цртеж за тоа како го замислуваат светот после 50 години. Цртежите ќе ги стават во временска капсула која ќе ја закопаат и ќе ја откопат по 50 години. Сите деца цртаат цртеж освен едно чудно девојче Лусијанда(или некако слично се викаше). Таа на својот лист пишува само бројки,а овие бројки се всушност пророштва. Предобар филм,вреди да се изгледа и ниту во еден момент не е досаден. 10/10
@tirkenbal, супер филм, сум го гледала неколку пати. Последен филм што го гледав е Stay (2005) Филм кој жанровски јас би го сместила во психолошка драма. Во главни улоги се Ewan McGregor во улога на Сем, Ryan Gosling во улога на Хенри и Naomi Watts во улога на Лајла. Времетраењето е околу час и половина. Филмов почнува на тој начин што го прикажуваат Хенри како си го запалил возилото на сред улица. Поради тој настан го препраќаат кај психијатар, особено што се заканува дека за неколку дена, на денот кога ќе полни 21 година, има намера да се самоубие. Инаку е студент на уметност, обожавател на ликот и делото на уметник кој пред да си го одземе животот, ги запалил сите свои уметнички слики. Од друга страна е Сем, кој е психијатар, а девојка му е Лајла која исто така се занимава со уметност, а се запознале кога се обидела да си го одземе животот. Од пациент, кога завршило нејзиното лечење, станува негова девојка. Бидејќи психијатарката која треба да се занимава со случајот на Хенри се разболува, Сем ја презема нејзината работа. Тој е прикажан во разни ситуации и разговори со Хенри, обидувајќи се да дознае повеќе за причината за неговата депресија и да го одврати од намерата да се самоубие. После кратко време почнувате да забележувате дека со настаните во филмот почнува да се случува нешто чудно. Всушност, ако решите да го гледате филмот, ќе забележите доста чудни настани кои вклучуваат повторување на места и ликови. Потоа нема да ви биде јасно зошто во реалноста на Сем повеќето од тие луѓе имаат друго име, друг живот и друга судбина, а Хенри поинаку ги доживува. Понатаму ви станува уште понејасно што се случува, кога Сем ќе почне да се однесува нерационално. Добивате впечаток дека Сем и Хенри се можеби иста личност. И така, како минува филмот, вие се' понетрпеливо ќе чекате да го видите исходот, да дојде крајот во надеж дека ќе ви се разјасни мистеријата. При крајот, филмот ќе почне да добива некоја друга дименизија и ќе почнете да се чувствувате како да се претвора во Sci-Fi, но да знаете дека нема да бидете во право. На самиот крај ќе видите што всушност се случило, но можеби во прв момент нема да ви биде јасно што е работата. Ќе ви требаат неколку минути да се соберете, да ги средите мислите и да ја извлечете поентата. Дел од целиов филм ќе ве остави и во дилема за тоа што при умирање и што по смртта, бидејќи низ целиот филм се проткајува мотивот смрт. Тежок психолошки филм. Би можела малку по концептот да го споредам со The Butterfly Effect, иако не можам да кажам дека се слични. Јас филмов го доживеав на начинот што го опишав погоре; таман ќе изградам некоја теорија и се случува нешто што целосно ќе ја побие. Дури, сега криво ми е што не обрнав повеќе внимание на содржината на филмот, туку го гледав прилично површно, бидејќи не ми беше јасно што е работата, па очекував крајот да ми разјасни се'. Криво ми е затоа што филмот е вистинско аудио-визуелно доживување. Одлична музика, движење во екстреми со сцените: од крајно комплексни, симнување и качување по скали и други психоделични сцени налик „Алиса во земјата на чудата“, до крајно минималистички кои ќе ве трогнат баш поради тоа какви што се. Болката, збунетоста, загриженоста, потиштеноста, депресивноста... без проблем ќе ги прочитате на лицата на актерите. Рајан Гослинг ме зачудува во позитивна смисла, а беше еден од актерите кои немав намера да ги гледам, зашто ми оддал впечаток дека не знае да глуми. Но, одлична глума! IMDB оцена: 6.9 Од мене има 8.5. Ќе дадев и повисока, ама цело време филмот ме тераше да чекам да заврши за да ми се разјасни се', а настаните почнаа прерано да стануваат чудни. Топло препорачувам!
-Го гледав во 3D но немаше некои премнoгу големи ефекти.Сепак филмот беше интересен но имаше и некои глупи моменти ....солидно филмче 6/10
Не пропуштам ниту еден филм со Кевин Харт,едноставно пресмешен ми е.Кој сака добро да се насмее,слободно нека го погледне. Станува збор за милионер(Џејмс Кинг) кој ќе биде обвинет за измама,и ќе биде осуден на 10 години затвор.Од пресудата,до моментот кога ќе треба да оди во затвор за да ја одслужи казната има 30 дена.Бара помош од Дарнел,кој има автоперална и во која Џејмс Кинг со години ја носи својата колата.Бидејки Дарнел е црнец,тој претпоставува дека бил во затвор и бара помош од него за да го научи како да преживее во затвор...