Aaaaaaa, лелеее Butterfly On A Wheel (Shattered) (2007) Бреееј, само што завршив со филмов. Психолошка крими-драма со времетраење од околу час и половина во која главните улоги ги имаат Pierce Brosnan како Том, Gerard Butler како Нил и Maria Bello (која не ми е позната) како Аби. Нил и Аби се навидум среќно семејство и за да ја комплетираат таа фамилијарна слика, имаат и мала ќеркичка. Нил има добра кариера: супер работа и одлична плата со која на семејството му овозможува удобен и луксузен живот. Аби си седи дома и си ја чува ќерката како вистинска американска домаќинка од високо друштво. Еден ден Нил и Аби најмуваат бебиситерка за да им го чува девојчето: Аби оди во живот, а Нил оди на службен пат на 2 дена. Си влегуваат во кола, Нил сака да ја одвезе Аби до местото каде треба да оди и наеднаш во кола од позади им се појавува непознат човек (Том), со пиштол во рака и, нормално, барања упатени до нив. Тука настанува невиден хаос. Се поставува како некој кој нема што да изгуби, а им се заканува со животот на детето доколку не ги исполнат неговите барања, кои стануваат се' побескрупулозни. Повеќе не кажувам, филмот е лудница! Откако ќе се појави Том, немате време да здивнете. Цело време сте напнати, во исчекување што е следно, а таман ќе помислите дека е готово, барањето е исполнето, измислува ново. Ги предвидува сите начини на кои може да се обидат да го изиграат и кога ќе помислат дека успеале, баш им се појавува онака . Крајот дефинитивно ќе ве изненади. Не само кога ќе откриете кој е Том всушност, туку баш, самиот крај. Дефинитивно не е нешто што го очекував и што можев да го насетам или предвидам. IMDB оцена: 6.7 Од мене 10/10 Со еден збор - MINDF*CK!!!
Bi kucuk Eylul meselesi Луѓенца ако барате романтичен филм од кој ќе си се исплачите за цела година еве ви го најдобриот избор. Јас немам коментар.. едноставно приказната ме остави без збор, досега не сум сретнала ваква љубовна драма, толку поинаква од сите други, што и да кажам малку е. Ги фалам турците во секоја тема веќе напнав знам, ама нема подобри од нив кога се работи за драми и романтики.. Баталете американските, можат вода да им носат.. Главните актери веќе ги знаете многу добро. Engin Akyurek го знаете веќе од Фатмаѓул и Валкани пари и Farah Zeynep Abdullah од Бурни времиња и Курт Сеит и Шура.. Од мене оценка највисока можна оценка 10+/10
Spoiler A ‘boy meets girl’ romance that turns into a twisted thriller. Dori, a sexy siren, traps Norman, a slick New York businessman and forces him to live through a year of holidays to prove they’re a perfect couple. But with Dori, Valentine’s Day, Christmas and New Year’s celebrations take place over one weekend in an isolated country house far from help or a phone tower. “Love Sick Love” is a complex and suspenseful journey into the darker side of passion. Многу психопатски филм
Cinderella Уште една верзија на Пепелашка. Не беше лош филмот, кастингот беше солиден, иако подобро ќе беше сини очи да имаше Пепелашкава. Знам какви работи пишувам, ама што да пише човек за Пепелашка? П.с фустанот беше преубав.
http://kinoteka.org/mk/musicvideo.php?vid=6272aec82 не откривам ништо за филмот само ке кажам прекрасна содржина и одличен филм 10 /10 му давам јас
The Wedding Ringer Пресмешен филм. Кевин Харт е срцка. Една од подобрите комедии во последниов период. 10/10
We're the millers Дилер креира лажно семејство како би пренел големо количество дрога од Мексико до САД, и притоа да не биде сомнителен. Одлична комедија 10/10
"Focus" со Will Smeeth, нов 2015.. Го догледав и одма пишувам препорака да го гледате... Тема преваранти, крадење, коцкање во високите кругови на луѓе... Актерите - одлична глума...
You're not you Ако сте го гледале http://www.imdb.com/title/tt1675434/ овој е негова бледа копија,Истата тематика само што овдека главната улога и внимание ја имаат жените.Секако не располага со смислата за хумор со која располага оригиналот. Кејти е млада жена која заболува од дегенерирачка болест која буквално ја приковува дома.Поради потребата за нега ја вработуваат младата Бек која се уште се бара себеси.Тие две се спријателуваат заедно поминуваат тешки моменти ,вклучувајки го неверството на сопругот на Кејт.Бек останува поврзана со Кејт и кога не е до неа а и со нејзиниот последен здив. Да не сум го гледала горенаведениот филм овој можеби повеќе ќе ме допреше ,вака од мене една тенка седумка. 7/10
Веќе видена приказна,ништо ново, а и крајот можев да го претпоставам.Од мене 7/10 Spoiler Има повторно отварање на паркот со голем број на посетители.Само што овој пат некој во лабораторијата му текнало дека нормален диносаурус е веќе видено и дека треба да прават мутанти.Мутантот кој го направија е поголем од Т рексот и со голема интелегенција.Нема животно во паркот кое би се мерило со неговата сила, освен едно кое е посилно и поголемо, мислам дека ќе претпоставиете кое. П.С Ич не може да се снајдам со спојлери и слики да ставам,пет пати редактирам додека да го направам.До мене ли е или некако посложена ми е оваа нова платфорна? :/
Mad Max (2015) Што да кажам за филмов? Деловите со Мел Гибсон не сум ги гледала за да направам споредба. Содржината што да ја раскажувам: Постапокалиптично време во кое се' е мрднато. Кланови кои меѓу себе комуницираат за размена на вода, гориво и оружје, а обичните луѓе живеат во мизерија како робови. Оние „посреќните“ со нулта крвна група ги земаат за да им ја користат крвта (очигледно дека се болни големциве). Ете тоа е. Од филмов очекував повеќе. Мнооогу повеќе. Сите околу мене кои го изгледаа во кино, толку многу го испофалија... Па и трејлерот не беше лош. Меѓутоа, овој филм ќе им се допадне само на мушкоданки како што сум јас (иако сум разочарана) или на машки, на оние кои сакаат акција од почеток до крај, утепување на секој можен начин, експлозии на коли, тркање и оние кои ги сакаат Тom Hardy, Charlize Theron и некои од манекенкиве кои се појавуваат во филмот. Дијалози - слабо, а и тоа малку што го зборуваат не е нешто многу интелегентно. Баш само визуелно доживување и толку. Се изненадив всушност колку не беше експониран Том Харди. Во секој случај не ми беше досадно тие нецели 2 часа што ги поминав гледајќи го филмов. Еве ви ги женските за приплод: IMDB оцена: 8.6 Од мене има 7 само за акцијата и ефектите, инаку приказнава не е за повеќе од 5.5.
In Your Eyes (2014) Прекрасна романтична комедија со sci-fi елементи. Се работи за двајца странци кои живеат на различни краеви од САД и уште од деца воспоставуваат телепатска врска, чувствуваат се' што чувствува другиот и комуницираат метафизички. Приказната уште од првата сцена ми се допадна, а Дилан и Ребека ми беа преслатки, супер глума и хемија меѓу главните актери. Предобро филмче за опуштање. 9/10
Kelebegin Ruyasi (Сонот на пеперутката) Слаба сум на турски филмови затоа што никој подобро од нив не може да ми предизвика бура од емоции. Потресна драма која го опишува животот на два познати турски поети во времето на Втората Светска војна. Филмот освои бројни награди и беше номиниран за Оскар. Јас останав без зборови, одамна не сум гледала толку добра и до срж трогателна драма а уште повеќе ме допре тоа што е базирана на вистинска приказна. Си ги потрошив и солзите кои си ги чував во залиха Русту Онур и Музафер Тајип Услу биле млади поети кои боледувале од туберколоза. Знаејќи дека на крајот на нивната приказна стоела смртта тие не се предавале во борбата за живот и ги посветиле своите последни денови пишувајќи поезија.. На патот кон остварување на сонот да стана познати и запамтени поети ја наоѓаат љубовта која им влева сили да се борат против болеста.. Филм кој секој треба да го изгледа и ќе го памети долго. Во главните улоги стапуваат Киванч Татилуг и Мерт Фират. Што да кажам повеќе филмот ја заслужува највисоката можна оценка. Симнувам капа! 10/10 Можете да го гледате со превод на следниот линк: http://www.movtex.net/video/2550/leptirov-san
Луѓеее обавезно кој го нема гледано Walk to remember да го гледа одма!!Јас како машко плачев на крајот и стварно филмов е прејак и за многу нешта ќе ве замисли и ќе ве преомени. 10/10
Речните убиства Глумата на главните ликови не беше ништо посебно. Изгледаа ко да имаат запек. Споредните ликови ми беа подобри. Се работи за серија убиства - сите поврзани со еден човек кој не е убиецот. Не ми се допадна што од сам почеток се знаеше кој е убиецот, па после остана до крај на филмот да се прашува човек кој му е мотивот. Сто пати поарно ќе беше и самиот убиец да се откриеше на крај. Вака филмов личеше на нискобуџетна серија. И аман веќе нека престанат во сите сценарија да вметнуваат цитати од Библијата! Досадни се и неинвентивни!
Француска драма, со позната приказна. На моменти со сцени кои те тераат да гледаш во друга насока, а а од друга страна пак и такви со вознемирувачкие eфект. Да го гледав филмот пред 2 месеца, ќе пишував од друга гледна точка , со поинакви импресии... Више не гледам драми со воодушевувње , аи ги избегавам. Али може да го погледнете. Според мене 8/10 , ради изведбата а и сценариото.