Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    33.406
    Пол:
    Женски
    Ted
    Се припремам за Тед 2.И првиот филм за Тед е за едно мало детенце Џон Бенет кој сакаше само да има другарчиња,на една божиќна вечер си посака подарокот то ест мечето Тед да може вистински да зборува.И ете следното утро Тед зборуваше.И така 27 години така некако,си се најдобри другарчиња.Заедно си живеат,забавуваат и што не.Дојде време кога Џон и Тед да се разделат,но едни така шути луѓенца сакаа да го грабнат Тед.Џон со девојка му Лори го зедоа Тед,го сошија то што му го искинале оние шутите и така Лори посака Тед да оживее.Таа вечер ѕвездата падна и следното утро се си беше екстра супер.Тед си проговори,то ест оживеа де...и ако немате гледано вакво откачено мече и ако сакате да дознаете шо се случи со уште многу други ликови,ви препорачувам да гледате...
    и Тед 2 наскоро во кината...е и тој да го гледаме ;)
     
  2. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    The curious case of Benjamin Button (2008)
    [​IMG]

    Ептен ме трогна приказнава. Се работи за еден човек кој го почнува животот обратно, односно се раѓа стар а потоа младее. Искусува работи кои не би биле соодветни за неговите години, но за неговиот изглед веќе дури и задоцнети. Љубовта на неговиот живот ја запознава уште од рана возраст и нивната приказна е комплициран сплет од настани во кој оддалеченоста не е препрека за уништување на нивните чувства.
    Премногу смртни случаи како последица на старечкиот дом, воедно и домот на Бенџамин. Премногу емотивен филм со одлични глумци. (y)
    П.С Bred Pitt е бонбонче на 20 години :D
     
    На Mrs.Cuper, magic.girl, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Ако останам - IF I STAY
    1. Дали ќе можам да ја преживеам загубата?
    2. Дали ќе можам да се сносам со болката?
    3. Дали ќе можам да променам нешто?

    [​IMG]
     
    На JustFun и neongirl07 им се допаѓа ова.
  4. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Clueless (1995)
    Clueless-3195-30.jpg
    Филмот е стар но навистина е добар. Инересна комедија за богато разгалено девојче. 9/10
     
    На Lella и Hipica им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    Cinderella
    MV5BMjMxODYyODEzN15BMl5BanBnXkFtZTgwMDk4OTU0MzE@._V1_SX214_AL_.jpg
    Јас сум си љубител на бајки,на овие години просто ми доаѓа како плакнење на мозокот.Приказната веќе позната освем што кај Кејт ме нервираа веѓите,цело време имав желба да и ги исчупкам.:D Филм како и секој од оваа продукција ,и пак ќе кажам колку ли и биле неудобни стаклените чевли на Пепелашка.:D
    Ама се за убавина а во овој случај и да се дојде до принцот.И ова сакав да кажам колку и да се бајките современо снимени и со добар буџет не можат да се споредат со илустрирани книги.
    6/10
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.189
    Допаѓања:
    17.791
    [​IMG]
    The DUFF
    Интересно филмче за тепање на време. Лесна и предвидлива содржина, ама сепак задржува внимание. Моето внимание, морам да признаам, пред се го задржа глумецот. Страшно згоден. :sweat:
    8/10
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Cinderella 2015

    Прекрасен филм, прави да се внесеш скроз како да си ти во улога на пепелашка.
    10/10
    [​IMG]
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    И јас го изгледав - Cinderella и ни најмалку не ми се допадна.
    Како прво актерите, не беа соодветни за ваква бајка а и не глумеа добро. Па мене долгометражниот цртан ми беше милион пати подобар, поубав, понеизвесен (дури и сега пак да го гледам по не знам кој пат). Со сила направен филм, со измени во приказната, без ниту малку емоции.

    Flying home (2014)
    http://www.imdb.com/title/tt2272918/

    Очекував некоја убава романтична лимонатка за пред спиење а добив филм кој се присилував да го догледам. Овој Џејми не знам каков бил во други улоги, во Педесет нијанси сиво стана вештачки популарен а во филмов не ми беше ништо посебно. Приказната на филмот беше веќе видено. Помеѓу главните актери немаше никаква хемија, емоции и капак на се - абе американецот е најбољи, цело време преовладуваше некој потсмев за белгијците.

    И двата филма знаев дека ќе бидат промашување уште од старт, кога ги видов комбинациите на главните актери.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Тhe Avengers:The Age of Ultron ако сте фан на Марвел и ако сте запознаени со супер хероите, нема зошто да не ви се допадне. Акција, научна фантастика и малку романтика во едно филмче во кое супер хероите треба да ја спасат земјата од Ултрон.
    The interpretеr Прекрасен трилер, со Шон Пен и Никол Кидман. Тајната служба во Америка го испитува случајот на една вработена во ОН која слушнала разговор за обид за убиство.
    Big Stan комедија со Роб Шнајдер, кој е осуден на затворска казна. Се плаши да не го силуваат во затвор и тренира со Учителот, а што ќе се случува во затворот мислам дека треба да погледнете и да се изнасмеете :D
     
  10. Simona Gomez

    Simona Gomez Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Последен филм што го гледав беше MONTE CARLO,филмот е преубав:l::l:
    Настапуваат:Селена Гомез(главна улога)
    Лејтон Мистер
    Кејти Касиди
    Кори Монтејт
    Енди МекДовел..:*
    СОДРЖИНА:
    Грејс Бенет е ученичка во едно средно училиште во Тексас, којашто работи како келнерка со својата најдобра другарка Ема Перкинс за да соберат пари за патувањето во Париз после матурирањето. Очувот на Грејс, ѝ плаќа на нејзината полусестра Мег Кели за да ги придружува во патувањето, и покрај тоа што дечкото на Ема, Овен ѝ предлага брак за да ја убеди да остане. Откако не успеаа да го стигнат својот туристички водич, трите девојки се засолнуваат од дождот во Париз во еден луксузен хотел. Таму, персоналот во хотелот и папараците ја помешуваат Грејс со славната британска наследничка Корделија Винтроп-Скот, близначката на Грејс којашто повеќе сака да си замине отколку да остане и да присуствува на аукција за Романска добротворна организација, на којашто таа го донира скапиот ѓердан од „Bulgari“. Американките ја поминуваат ноќта во апартманот на Корделија и следниот ден, слетуваат во Монте Карло со нејзиниот багаж.

    Во Монте Карло, девојките се среќаваат со Тео Марчанд, синот на филантропот којшто ја пречекува Корделија. На Тео не му се допаѓа размазениот карактер на Корделија, но тој ги придружува на еден бал, каде што Грејс успешно ја одигрува улогата на Корделија пред нејзината тетка Алисија, а Ема танцува со еден принц.

    Мег се поврзува со Рилеј, австралиски планинар, којшто за кратко време го запознава во Париз. Тие открија дека имаат многу заеднички нешта и поминуваат некое време заедно, пред таа да замине за Италија. Алисија го открива лажното претставување бидејќи Грејс не знае да игра поло. Таа верува дека нејзината размазена внука ангажирала девојка која си личи на неа за да ја замени додека таа се забавува, но не сака да ја прекине аукцијата на добротворната организација, па затоа ѝ се заканува на Грејс успешно да продолжи со лажното претставување или да ја уапсат. Пријатниот карактер на Корделија го привлекува Тео, а принцот на Ема ја поканува на забава на јахта. Ема за кратко го носи ѓерданот на Корделија пред да ѝ го даде на Мег за да го чува безбедно. На забавата на јахта таа не може да ја поднесе дрскоста на принцот кон слугите и си заминува.

    Корделија пристига во Монте Карло, во исто време со Овен, којшто се надева дека ќе се смири со Ема. Откако Овен ќе ја помеша Корделија со Грејс, Корделија го открива лажното претставување. Таа дознава дека го нема ѓерданот бидејќи Мег заборавила да го земе од ранецот на Рилеј пред тој да замине за Франција и ја повикува полицијата. Девојките не успеваат да ја смират бесната Корделија. Иако Рилеј дознава и го враќа ѓерданот, Корделија се заканува дека ќе го повлече ѓерданот од аукцијата. Девојките, за да го спречат ова, ја врзуваат Корделија за да може Грејс повторно да се претстави како неа. Корделија бега и ја разоткрива измамата на Грејс за време на аукцијата. Таа бара да ја уапсат. Но бидејќи Грејс е искрена и јавно ќе признае сè, Алисија нуди 6 милиони евра за ѓерданот, за да ја спаси. На крајот на филмот, Мег го придружува Рилеј во неговото патување низ светот, Ема и Овен се селат во својот дом во Тексас, а Тео Марчанд и Грејс повторно се среќаваат во Романската добротворна организација.

    Еве од мене,ако има некој нешто друго да каже за филмов нека ме дополни:l::l::l::l::l:
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.281
    Пол:
    Женски
    Ајде еден потсетник, рецензија не значи да напишете содржина на филмот, туку ваше лично мислење.
    Не мора да пишувате цели статии, доволно е некоја реченица со која ќе ги сумирате вашите впечатоци за филмот. Постовите без рецензија се сметаат за оф-топик и се бришат. Доколку забележите таков пост ве замолувам да го пријавите. :)
     
    На Lella, Hipica, One.Moment и 5 други им се допаѓа ова.
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    8.065
    Тед 2
    Џон сега е ерген, Тед се смирил со Тами-Лин, девојка од соништата. И додека брачните проблеми почнуваат да влијаат врз животот од младенците, Тед и Тами-Лин одлучуваат да добијат дете за да го спасат бракот.Нивната надеж ја уништува власта на Масачусетс која објавува дека Тед не е личност, туку сопствеништво и како таков не може да посвои дете. Го отпуштаат од работа во продавницата, а набрзо го известуваат и дека е поништен неговиот брак.
    Одлучуваат Тед да ја тужи државата и со тоа да ги добие правата кои ги заслужува. Ја ангажираат младата Саманта Л. Џексон (Аманда Сејфрид), адвокатка која е зависничка од медицинска марихуана и се упатуваат на суд.
    Добро филмче за релаксација од мене 8/10, имало комедии кои ми оставиле подобар впечаток.Имаше тука таму по некоја смешна сцена, на моменти филмот ми делуваше малку монотон и досаден.Првиот дел не сум го гледала, ама во вториот мислам дека претераа со сцените во кои има пушење на марихуана.
    П.С Не знам дали го класифицираат како филм за деца, јас мислам дека не е.Во киното во празна сала имаше 10 дечишта баш зад мојот ред од по 9-10 години кои цело време беа како торнадо и бутаа на столовите напред.Се прашувам доле на продажба на картите како им дале влезници за ваков филм.Пет пати требаше да ги опоменам да се смират, ама џабе како на дрво да збориш. Никаква култура.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 26 јуни 2015
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.189
    Допаѓања:
    17.791
    The Wedding Ringer (2015)
    [​IMG]
    И покрај многуте позитивни критики, филмов не ми остави некој голем впечаток. Дали јас не го разбрав хуморот или веќе е виден, не знам. Се работи за асоцијален младоженец кој што има проблем да најде кум и девери за својата свадба. Му остануваат уште 10 дена до свадбата, па не му преостанува ништо друго освен да ги изнајми.
    5/10

    Two Night Stand (2014)
    [​IMG]
    Ептен релаксирачка романтична комедија. Малку поинаква од оние кои сме навикнале да ги гледаме. Се работи за странци што договараат секс состанок преку интернет во апартманот на момчето. Без нивна воља, остануваат заглавени таму поради снежното невреме.
    Ми остави супер впечаток. Топло им го препорачувам на сите љубители на романтични комедии.
    9/10
     
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Get Hard (2015)

    Филм од жанрот комедија, со времетраење од околу час и половина. Во главни улоги се Kevin Hart Will Ferrell.
    Приказната е добро позната, бидејќи филмов го гледале доста луѓе од тука, ако смеам да забележам. Џејмс Кинг е богаташ кој треба да се ожени со ќерката на газдата на фирмата во која работи. Таа е згодна риба, а овој - знаете, а плус и сите го мразат. Откако нејзиниот татко ќе го намести за проневера, за еден месец треба да го затворат за наредни 10 години. Пустиот тој решава да се подготви за затворскиот живот. А како? Така што ќе го подучува Дарнел, кој само поради тоа што е црнец, господинот Кинг процени дека бил во затвор. Сепак малиов ќе ја прифати играта за 30000 долари, а што ќе се случува понатаму (за тие што не гледале) е превртување.

    Е сега, мојов критички став: Јас не сум некој обожавател на комедии, бидејќи сите ми се некако клише. Особено американски комедии; сите ми наликуваат веќе една на друга, едноставно не ми се интересни како што сакам да ми бидат. Ок ми беше погоре споменатиот The Wedding Ringer, најверојатно зашто Кевин Харт е лудак невиден. Сметам дека во Get Hard тој го носеше целиот филм. Вил Ферел воопшто не го сакам како глумец. Не оспорувам дека е талентиран, ама овде се однесуваше како да не го платиле колку што мислел дека заслужува, па некако извештачено ми делуваше, не се соживеа со улогата, или па Кевин е толку добар глумец, па покрај него Вил отскокнуваше. Не знам што беше работата, ама мислам дека не требаше да изгледа така како што изгледаше. Сите други прилично природно ми делуваа во своите улоги. Филмов ми беше класична амерканска комедија. Ок беше, немам некои посебни чувства кон приказната, баш е лајт, за одмарање на мозок. Иако, морам да му симнам капа на Кевин, не можам, ќе го спомнам уште 100 пати. Дали дека е мало и лудо или што е работата, ама ѕвер беше. Смешни ми беа сите тие работи што успеале да ги смислат како „вежба“, а тој многу природно си ги одглуми. Не знам, имам впечаток дека црнци ептен ги бидува за глумење. Во секој случај, поголем љубител сум на англиски црн хумор и мислам дека тие англиски комедии што сум ги гледала, не можат да се споредат со американските.

    [​IMG]

    IMDB оцена: 6.1
    Моја оцена: 6.5

    Добар за тепање време.

    П.С: Еден бонус од мене, за тие што се заинтересирани:


    Малку да се посмеете! :lol:
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Jurassic World(2015)
    [​IMG]
    Пораснав со оригиналниот филм, кој го обожавам, и бев голем скептик дали ќе ми се допадне и овој. Ама не ме разочара. Има поврзаности во приказната, повторно се отвара паркот после 22 години од трагичните настани, но овој пат со нова досега невидена атракција. Главните улоги ми беа одлично погодени, посебно не очекував дека Chris Pratt ќе ми се допадне толку, и задоволна сум од графиката, ефектите и приказната. Имаше некои нелогичности нормално, ама се трпат. Од мене солидна оценка 7/10
     
  16. pepeturka123

    pepeturka123 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    House of Wax (2005) - Многу добар хорор филм во кој што група тинејџери одат на викенд во природа, на заедничка авантура. Откако ќе одлучат да преноќат во шатори, еден психопат во автомобил им ја расипува забавата. Потоа наредниот ден на тинејџерите ќе им се расипе колата, ќе одлучат да побараат помош во најблискиот град но налетуваат на град во кој сите се мртви и покриени со восок и така натака и така натака.. Вреди да се гледа
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    The loft cetvorica drugari imaat stance kade nosat devojki za edna vecer no site se zaprepasteni koga naogaat telo na edna devojka. Interesna misterija i dobra prikazna za toa koj e vistinski drugar, a koj gleda samo korist. Go preporacuvam na site ljubiteli na misterii. Mene mi se dopadna :) izvinete za latinicata od telefon sum
     
  18. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    The Cabin in the Woods (2012)
    [​IMG]
    Ни прочитав сиже за филмов пред да го гледам, ни ништо, едноставно така. Можеби го имате гледано поголемиот дел, па нема потреба да кажувам за што се работи.
    Филмов воопшто не ме заинтригира на почетокот, не знам ни јас зошто го изгледав до крај. :D Приказната не ми се допадна, друго, актерите се со просечна глума и трето, филмов нема ни х од хорор. Што знам, барем според мене, останав рамнодушна до самиот крај.
    Многу ме зачуди што на IMDb има оценка 7/10, од мене добива едно четворче, од можни 10.
     
    Последна измена: 28 јуни 2015
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    13 sins - мене ми беше интересно да гледам како моќниците со еден повик можат да ги контролираат очајните луѓе. У секој случај може боље. На imdb има 6,3 оцена.
     
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.739
    Пол:
    Женски
    Kate and Leopold (2001)
    Кејт живее во денешен Њујорк, 2001 година, заедно со својот брат. Нејзиниот бивш дечко е физичар кој пронаоѓа временска дупка, портал преку кој се враќа низ времето во 19 век, а на враќање му се придружува војводата Леополд кој потоа се запознава и вљубува во Кејт...
    Филмчево... милина! :angel: Не знам како досега не сум го гледала, го прочитав пред некој ден во програма на ТV 1000 и содржината ме привлече, дефинитивно не зажалив. :lol: Се изнасмеав од срце на сите смешни ситуации, а и тотално се заљубив во ликот на Хју Џекмен... каква харизма има човеков, аууу :inlove:
    Препорачувам на сите романтични душички, ќе посакате и вие да се најдете во време на такви џентлмени како Леополд :lol:
    10/10!

    [​IMG]
     
    На sikica7, Hipica, Annath и 7 други им се допаѓа ова.