Chloe, Би требало да биде еротски трилер, ама јас ни еротика видов, ни некое дејство, да можам да го карактеризирам како трилер. Разочарана сум, има добра идеја, ама слаба реализација. Одлични глумци, но како да не се на свое ниво. Од Имдб има оценка 6,3 од 10, ама од мене едвај 3/10.
The Duff Типично тинејџерски филм, уште од почетокот се знае што ќе се случи. Интересен, по долго време добар тинејџерски филм според мене. 6/10
Ете конечно, и јас го изгледав. И, што да кажам? Прекрасен филм, со прекрасна приказна, те допира емотивно. Уживав во секоја секунда 10/10
Fifty shades of grey (2015) Само од љубопитност го гледав. Баш да видам што толку прашина се крена. Искрено да ви кажам, филмов е просечен. Повеќе за тинејџери на кои хормоните им удираат во глава па и еден малку повлажен бакнеж ги пали. Умрев од досада кога го гледав, сакав уште на пола филм да го прекинам ама ајде викам да го догледам до крај, може нешто на крај ќе ме фасцинира. Секс сцените се смешни. Уште кога почнуваше и кога Анастасија отиде кај него во канцеларија да го интервјуира, знаев дека филмов е пародија. Баш на пародија ме потсети тој дел. Кога нешто се гледаат, демек тука паѓа најголемата хемија, па оваа нешто врти со моливот, спора музика, гризе уста, овој ја гледа, паѓаат некои индиректни муабети и БАМ огномет, сфаќаат дека се еден за друг... Глупости на кило. А оваа па книгата што ја напишала да ви кажам ја жалам. Уште па кога ќе ми рече некој дека секс сцените се нешто невидено, без навреда ама одма знам каков сексуален живот имаат. Никаков филм. Од мене 3/10
The Duff Интересно тинејџерско филмче за тепање досада. Мене ми беше сосем интересен и можам да речам едно убаво лесно филмче.Станува збор за девојка која во училиштето е еден да речам изрод и никој не сака да биде во нејзино присуство.. се додека нејзиниот комшија не и покаже како треба да го заведе но сепак крајот е обратен. 7,5/10 The Cobbler Премногу интересна приказна и јасна порака. Ми се допадна главната улога и Адам сосем успешно го долови ликот на еден разочаран чевлар. Станува збор за чевлар кој благодарение на старата машина ги поправа чевлите на луѓето но воедно има моќ да стане човекот кој всушност ги поседува чевлите. Интересен крај. Како е да се биде во чевлите на другите луѓе... 10/10 Unbroken Прејака приказна која уште еднаш ви докажува дека и во најтешките мигови сепак не е најтешко ако си цврст и веруваш во себе. Еден од малкуте филмови кои на крај ме оставаат со отворена уста како небаре јас сум го искусила она што го искусил главниот лик.Се изненадив кога прочитав дека Анџелина Џоли е режисерот. Потресна приказна полна со емоции. Станува збор за вистинска приказна која го опфаќа периодот на втора светска војна кога еден многу успешен атлетичар завршува заедно со уште тројца од армијата, на отворено небо по срушувањето на воениот авион. И кога мислиш дека се нешто тука завршува.. сепак нема крај. 10/10
Survivor (Milla Jovovich, Pierce Brosnan) Spoiler Девојка вработена во издавање на визи за надворешни туристи, ќе се обиде да спречи терористички напад.
Мене многу ме бендиса. Николас е ѕвер. А и целиот филм како целина, со глумата, темата како и начинот на кој е снимен е феноменален. Посебно ме бендиса делот каде што беше оставено на детето да одлучи . Ваков филм, со ваква тематика , ако не е добро измислен може да има многу глуп крај и цел да отиде у срање... како многу слични . Али не , ова беше 10/10 апсолутно. На кој не му е гледан, нека го гледа
Cinderella 2015 No one is too old for fairytales Ги обожавам римејковите на најпознатите бајки на Дизни, признавам кога излезе трејлерот бев скептична за актерката Лили Џејмс во улогата на Пепелашка и да бидам искрена навистина имаше многу поголем избор на актерки, но како и да е јас сум воодушевена од сценографијата, костимите и музиката.. Буквално бев подзината цело време, баш како што уште од малечка си замислував дека изгледа тој свет.. За Ела ќе бидам искрена и ќе речам дека никогаш не сум ја замислувала Пепелашка како неа така да не ми остави некој впечаток нејзиниот изглед, не дека актерката не е убава напротив совршена е но според мене не за Пепелашка, од друга страна нејзината глума ме воодушеви Ричард Мејден како Принцот, не можеа да направат подобар избор.. И ќе дадам уште една забелешка за Хелена Бонхам Картер како Добрата вила, мислам дека ова и е една од најслабите улоги воопшто.. Некако не ми се пронајде во улогата многу, од мене 9/10.
Им го препорачувам на сите што сакаат неизвесносности, пресврти и напнатост до самиот крај. Осум души аплицираат за иста работа. Главниот менаџер (или што и да беше, главен претставник на компанијата) ги затвора сите во просторија. Пред секого од кандидатите има лист завртен наопаку. Менаџерот им кажуваа дека имаат 80 минути да одговорат на само едно прашање, но има 3 правила кои не смеат да ги прекршат....во случај правилата да бидат прекршени одма ќе бидат дисвалификувани. Главниот ја пушта стоперицата, времето почнува да тече а тој си заминува од просторијата. Кандидатите одма ги вртат листовите, да го видат прашањето....но...... http://www.imdb.com/title/tt1258197/ Погледенте сами Да не откривам повеќе..... Ретко наоѓам филм што ќе ме привлече, ама овој од мене има чиста 10ка
Обично сакам да пишувам долги рецензии, да развлекувам, да го тупам, да филозофирам... Дека сум таква по природа. Ама за филмов навистина немам на долго што да кажам. Spy (2015) Филм од жанрот акциона комедија кој трае околу 2 часа. Во главни улоги Jude Law, Jason Statham, Melissa McCarthy, Rose Byrne. Сузан Купер работи „канцелариска работа“ во ЦИА. По наводната смрт на нејзиниот партнер на терен, ќе се пријави да работи како шпион. Остатокот е невиден хаос, така што е џабе било што да објаснувам. Филмов е чиста пародија на James Bond. Почетокот е малку бавен и лигав, ама после тоа, до крајот на филмот не прекинав да крекам од смеење. Мислам дека не можев да поверувам колку беше све ретардирано. Дефинитивно не постои друг начин да опишам што чудо беше ова. Полно клишеа, мислев дека ќе биде досадно, неинтересно и дека ќе прекинам со гледање. Ама филмов беше f*cking hilarious. Де феминистички, де шовинистички, жени тепаат мажи, жени се тепаат меѓу себе, се навредуваат, се кубат, се караат. Џејсон Статам редовно го гледам во тоа неговите акции, ама овде беше . Обично, секогаш е паметниот, кој нинџосува се' пред себе и секогаш ја ќарува најјаката женска. Тука беше тотално малоумен и уфилман, ама пак напнат. Искрено, не верував дека ќе му легне улогава. IMDB оцена: 7.5 Од мене има 9 како за ваков филм. Кој не го гледал - препорачувам!!! (И пак долго како да испадна, а? )
Ох во Охајо Брачен пар се разделуваат после 10 години бидејќи жената не може да доживее оргазам (сексуално дисфункционална е). И после о том - по том. Не знам зошто го догледав. Глуп филм. И Дени Де Вито има глупава улога, безвеза. И Миша Бартон. Мислам, скроз ми се уништија ми се чини спомените од Округот Оринџ па Не го препорачувам.
"That's my boy" (2012) - одлична комедија, интересно филмче, јас се изнасмеав и ви го препорачувам да го гледате.
Miss Congeniality 2: Armed and Fabulous Иако го имам гледано мал милион пати, никогаш не го пропуштам кога ќе го начекам. Сандра Булок ја обожавам, секоја улога во секој филм и‘ ја обожавам, she's one of a kind! Филмов е циркузи, на глас се смеев иако ги знаев сцените, и ако фатам да издвојувам која ми е омилена, ќе треба да го раскажам цел филм.
Многу интересно филмче, комедија, се работи за дете кое има желба неговото мече да стане вистинско и да му биде пријател засекогаш и таа желба му се исполнува. Го препорачувам.
Филмчево е одлично, чиста 10ка. Направено е според вистинита приказна. Да не откривам многу, само ќе кажем женава е голем психопат, што сака дури и ќерка си да ја убие. Топло ви го препорачувам филмов, вреди да се погледне
The Skin i Live In Пластичен хирург со тешко минато креира синтетичка кожа која е отпорна на било какви повреди. Во главна улога се Антонио Бандерас и Елена Анаја, прекрасни се како пар. Интресен е филмот, го задржува вниманието до самиот крај. Вреди да се погледне. 9/10
The Loft (2014) Супер филмче. Мистерија која не ти дава да мрднеш, а и воедно има многу добра порака. 8/10.