Cinderella 10/10 Ми се допадна филмов, меѓутоа некако беше премногу краток. Настаните пребрзо се одвиваа. И убав пар беа принцот и принцезата. Despicable me & Despicable me 2 10/10 Конечно ги изгледав и двата дела. Интересни беа. Најмногу ми се допадна сцената со песната "Happy", a minions ми беа преслатки. Дефинитивно би ги гледала повторно. Mean girls 10/10 Филмчево го имам среќавано толку многу пати, а никогаш го немам гледано. Имам забележано дека на многумина им е омилен филм и кажуваат дека го имаат гледано по милион пати. Па решив и јас да го гледам, и не зажалив. Типичен тијнеџерски филм. Малку беше глуп делот каде настанува лудница во училиштето и тоа што професорите се навредувани, како да не може да се воспостави ред.
IMITATION GAME (2014) Одличен филм, ги обажавам историсиските и биографски филмови.. Ме остави без зборови бидејќи да бидам искрена не сум слушнала за човекот кој имал толку голем удел во крајот на Втората Светска војна. Навистина жално што сите тие генијалци од историјата имаат толку тажни животни приказни, актерската екипа е за повеќе од пофалба.. Бенедикт е маестрален актер, совршено се склопи со карактер на еден ваков генијалец. Кира на многумина од вас не ви се допадна но според мене е прекрасна актерка, природна во глумата и секогаш харизматична. Филмот им го препорачувам на сите, едноставно добро е што сепак постојат режисери кои ни презентираат вистински настани преку филската индрустрија. 10/10
Spy Сузан е агент на ЦИА која работи во позадина на агенцијата,помагајќи на својот згоден колега во кој е заљубена.По игра на случајноста ја инфилтрираат во редовите на сомнителна група која се бави со продавање на недозволено оружје. Филмов е во стилот на Џемс Бонд со акција и многу хумор. 7/10
М....Од каде да почнам...Ајде вака.... Приказната е позната и секако филмот малку е изменет за да да биде уште подобар ,мене ми се допадна ептен,го изгледав без да трепнам Убави и убедливи глумци ,оцена 10/10 Исто така добар филм...Поука според мене?Вистинската љубов ,навистина постои и верувам во тоа...Можеби е ретка,но да ја има Да ..да...да...Интересен за гледање,интересен крај... Филмов божем трилер ,но исто така и многу секс...Трилер/еротика Оцена од мене 9/10 Не сум ја обожавала Камерон Дијаз нешто посебно,ама во овој филм ме разубеди... Топ филмче,баш се забавував и ме расположи Оцена 10/10 За два дена успеав да изгледам 4 добри филмови
Случајно го најдов,и со оглед на тоа што е вистинска приказна плус крими морав да го гледам.Искрено јас лично го обожавам овој тип на филмови,можеби и затоа мене лично ми се допадна,можеби само од крајот очекував на некој начин повеќе .
The Longest Ride Да се запишам и јас за филмов.Станува збор за 2 љубовни приказни во различно време.Едната се раскажува да не се изгуби нејзиниот сјај,другата за да може да опстане. Не е лошо филмчево ме расплака неколку пати.Мора да признаам дека приказната за Рут и Ира ми беше поубава. 7/10
Woman in gold Марија Алтман ,по смртта на нејзината сестра сака да си ја поврати сликата на нејзината стрина а која сега се наоѓа во галеријата Белведере во Виена.Сликата припаѓала на нејзиното семејство но е одземена од страна на нацистите. Spoiler Се разбира на крајот завршува во нејзини раце. Не знам што ми требаше да си го губам времето за филмов.Едно време ми стана и досаден. 5/10
Pitch Perfect 2 Девојките ќе зезнат на еден свој настап и сега треба да победат на претстојниот натпревар за да не им се распадне групата. Онака за тепање време ок е.
Atonement (2007) Spoiler Најпрво да и’ се заблагодарам на @Lady Phoenix за препораката. Одличен филм, еден од поубавите што сум ги гледала. Многу трогателна и тажна приказна, навистина ме погоди. Се соживеав со сите ликови, ја чувствував нивната болка и тага. Многу луѓе не ја сакаат Кира, ама мене ми е една од омилените актерки, секогаш шармантна и убава. Генијално се снајде со улогата. И другите актери ревносно си стоеја на задачата, одлична глума. Додуша, на момент ми беше развлечена приказната малку, не знам дали е само до мене, ама тоа не ми го расипа целосниот впечаток на еден од најгенијално направените филмови. Филмов е фантастичен во секој поглед: актери, глума, приказна, сценографија, сè! 10/10
Минионс 2015 хахахахахаха ,значи пресмешни преглупи но и преслатки ,типичен филм за како нас повозрасните најди уклучи смеј се ко нездрав и врати си се пак во реалноста со обврските и вообичаените нервози ааххахаха
One day Декстер и Ем се заедно од завршувањето на колеџот,секогаш еден за друг присутни а никогаш во врска.И така поминува времето,се нижат нивните неуспеси и успеси се до еден ден кога та врска болно ќе престане. Прашањето што се провлекува е можно ли е меѓу маж и жена да постои искрено пријателство без да се појават емоции. 6/10
Man on Fire. Filmishte spored vistinska prikazna i sekoj dnevie niz cel svet, sta reci vise? Go preporacuvam za site sto sakaat jaka akcija
Hot persuit Рис Витерспун и Софија Вергара бегаат од полицијата и се трудат да не бидат заприметени. Комедија и по малку акција. Добар филм за да се опуштите и посмеете. The face of an angel Еден режисер се труди да направи филм базиран на вистинска приказна за убиството на студентка од Англија, убиена во Сиена. Режисерот многу често консумира опојни дроги и наркотици, со цел да добие инспирација, но за голема штета не може да ја разликува вистината од имагинацијата, а не може ни да склопи неколку реченици за сцените во филмот. Од филмот имав повисоки очекувања. Цело време како да чекав нешто поинтересно да се случи.. ништо посебно :/
Hot Pursuit Толку глупав филм одамна не сум гледала. Крајно лоша и неубедлива глума од Софија Вергара, ептен непријатно ме изненади. Се провлекува со убавина само, а и е доста невкусно изведено и навредливо за жените во некоја мера. Премногу нелогичности, глупави сцени и прости дијалози, дури и за комедија. Мораа Рис Витерспун да ја опнат во некој фустан, да не изгледа толку лошо покрај Софија. Ништо ново во филмов, Софија е секси, Рис е ниска и тоа е тоа во однос на шегите. Пропратено со останати клишеа. Не го препорачувам. Дури ни за тепање време.
Child 44 За време на Втората Светска војна, во Моцка наоѓаат тело на едно дете покрај пруга. На таткото кој е војник, му кажуваат дека го удрил воз, зошто никој не сака да прифати дека некој убил дете. Умираат уште многу невини машки деца, само Лео и неговата сопруга се решени да го пронајдат убиецот. Во текот на филмот има и многу закани, сплетки, борби... Приказната е базирана на вистински настан. Мене филмот ми се допадна, иако имаше некои непотребни сцени.
The Age of Adaline Интересен филм. Актеров е преубав, има огромна харизма и го прави филмов 10 пати подобар. Никогаш не сум била голем фан на глумата на Блејк, но мислам дека во филмов беше одлична. Права дама ми е, има елеганција, и улогата одлично и прилегаше. И многу ми се допадна стилот на облекување на Блејк во филмот. 7/10
The Longest Ride (2015) Филмов им го препорачувам на љубителите на љубовни филмови. Мене посебно ми се допадна приказната на старецот, некако ја сакам магијата на постарото време. Танцувањето како дел од секојдневието, писмата, облеката, ставот, иако не било се' така софистицирано во времето, барем добро изгледа на екраните.