Dear John Доказ дека љубовта ги поминува сите граници, без разлика колкава е далечината. По незнам кој пат 10/10
Предобар филм навистина ! Крајот ме остави без зборови. Го препорачувам на сите љубители на психолошки трилери
Carrie horor no ne e bas onoj horor sto go znam da gledas i da skokas od strav no nekako na kraj me razocara ne bese ona sto ocekuvav,jas go gledav msm vo novo izdanie podocna vidov ima us 2no stara snimka. 1-10/8,5
La cara oculta од препорачаните на Мишела Филмот е чудо... колку ние жените сме спремни да правиме глупости за да видиме дали момчето со кое сме навистина не сака ? Дали еден таков тест е опасен по живот ? Во случајот во филмот премногу. Премногу интересен и многу возбудлив. Јас немам зборови... толку добар филм одамна не сум гледала. Исто така многу поучен. Да беше ова вистинска приказна не знам како некој би живеел со толкава грижа на совест. Фала ти @Mishella
Нема некој што го изгледал филмов, а останал рамнодушен на останатите препораки кои ги дава IMDB, слични на истиот
Драма, за една млада мајка на која и е дијагностициран рак . Одлучува да не му соопшти за тоа на блиските и продолжува да ги живее последните месеци од нејзиниот живот како што сака.... Прави нотес со работи кои сака да ги направи пред да умре . Од мене и од IMDB 7.6 \
Се зборува за фризерка која после добивање од мајка си стара бројаница,на телото има стигми..Пријателите мислат дека полудува,како и докторите,кои веруваат дека самата се повредува.Се појавува свештеник кој долго време го очекува,тој се обидува да и помогне на секој начин,а таа полека се заљубува во него.
Кога би ви останало само 1000 зборови кои можете да ги кажете до смрта,како би ги искористиле?Тоа е она што Dzek Makol (Edi Marfi), себичен,зборлив книжевен агент мора да научи-да живи без зборови. ..Еден од моите омилени филмови,обично го гледам кога ќе почнам многу да зборувам,мора да го гледате доста поучен филм
Dessert Dancer Прекрасна приказна за луѓето кои се ограничени со слобода и мораат да трпат политички тортури и угнетувања а сепак да не се откажуваат од страстите и она што навистина го сакаат без разлика дали е забрането. Станува збор за дечко кој уште од почетокот се заљубува во танцот но секако Иранската држава тоа го смета за грев па така го забранува јавниот настап и танцувањето. Мене приказната ми делуваше многу топла и искрена иако имаше и здодевни моменти. 7/10 The Road Within Уште една топла приказна за луѓето и децата кои се ментално па и физички поинакви па прегазени од случувањата и околината. Приказната започнува со еден тинејџер кој после смртта на неговата мајка оди да живее во клиника затоа што неговиот татко е премногу зафатен да се грижи за синот со редок синдром.Таму се среќава со повеќе пријатели кои заедно ќе тргнат на пат за Калифорнија да му ја исполнат последната желба на скоро починатата мајка. Никој не треба и не смее да се чувствува неспособен. 8/10 Mean Girls Типично старо тинејџерско филмче кое конечно успеав да го гледам. Според мене еден од подобрите тинејџерски филмчиња со добра смисла и порака. Се работи за штотуку новата ученичка која се приклучува кон група девојки со цел да ги разоткрие нивните злобни планови и да ја промени ситуацијата се додека не остане под контрола. 8/10
Trainwreck Не ми се допадна нешто посебно филмов. Ејми ме нервира, некако антипатична ми е, изнасилена. Немаше некои смешни моменти, повеќе чудни и непријатни ситуации. Ама смешни не беа. И предолго трае, 2 саати, а ништо посебно не се случува, само една развлечена и неуспешно изреализирана љубовна комедија. Никаква хемија меѓу главните актери и недоволно разработена љубовна приказна.
Hachi: A Dog's Tale Вистинска приказна за кучето Хачи кое ќе биде пронајдено од еден професор (Richard Gere). Во филмот е прикажана нераскинливата љубов и врска помеѓу куче и сопственик. Предобар филм, го препорачувам 10/10
Spy (2015) Го гледав трејлерот и имав големи очекувања за филмов, и не се разочарав. Одамна некој филм ми се нема допаднато толку многу. Мелиса е интересна како и секогаш. А, Џејсон Статам е смешки. "Not the car, I was on fire!" Џуд Ло е . Интересен филм, кој дефинитивно оди на листата на омилени филмови, со оглед на тоа што веќе го гледав два пати, во рок од неколку дена. Spoiler: Крај На крајот очекував Сузан и Бредли да бидат заедно, а не да заврши со Рик. 10/10 И омилениот момент од филмот.(покрај оној кога ја отвори вратата, го удри човекот и кажа: Oh dear, did i forget to knock?. Не можам да најдам гиф.)
Clueless 10/10 Искрено добро тинејџерско филмче, се работи за Шер која е богаташка, а мајка и починала кога е бебе. И после има разни случки во средно школо, со момчиња, типичен тинејџерски филм.
The Internship Филмчето беше со Овен Нилсон и Винс.Значи се работи за едни двајца кои се трудат да најдат што подобра работа за некако да успеат во таканаречениот американски сон,па дојдоа до идеја да пробаат во гугл,иако немаат многу познавање од компјутери којзнае колку,ама вреди да се проба,така?За гугл се работи мислам.И така си направија една интересна група со интересни луѓенца во неа и на крајот баш нивната група победи и цела група доби работа во Гугл,со полно работно време,трајна.Има интересни делови,премногу мислам...филмот е од тип на комедија,се разбира Овен Нилсон е тука да ја насмее публиката како што треба. Препорачувам
Сакав да гледам некој филм без потпис на Холивуд, па избрав Европски филмови. И не погрешив. Дефинитивно ги препорачувам. Kandidaten (2008 ) IMDB: 6.3/10 Моја оценка: 8/10 Дански филм, драма со крај по мој вкус. Таман помислив дека типот го предаде татко му, но дојде одличен пресврт во настаните. Интересен избор на глумци, а уште поинтересна режија. Се на се, филмот беше добар, ми го задржа вниманието, траеше околу 90 минути, без нелогичности, без фантазии и нереално сценарио. The Guvnors (2014) IMDB: 5.7/10 Моја оценка: 6/10 Интересна приказна, трилер. Станува збор за насилство, конфликт на две генерации на кланови. Дејството е сместено во Лондон. Мора да признаам дека баш интересно ми звучи "british english". Главниот актер ми е нова симпатија меѓу актерите, типот е ептен, ептен секси.
Love, Pain & Vice Versa (Violanchelo) [2008] Mind = blown! Ме привлекоа рецензиите од темава за шпанскиве филмови, а меѓу предлозите на @Mishela трејлерот за овој филм највеќе ми фати око и навистина не зажалив. Се работи за успешната архитектка Консуело, која е вљубена во непознат човек кој се појавува подолго време во нејзините соништа, и нејзината потрага по истиот. За понатака - погледнете сами, сè друго би било спојлери и откривање на заплетите во приказната Мрачно - интригантен, далеку од романтиката што ја навестува почетокот и со приказна испреплетена меѓу соновите и реалноста... со еден збор - фантастичен! Од имдб гледам има 6.5, од мене би дала чиста 10ка. Го препорачувам на сите љубители на мистерии, а мене наредните денови на ред ми следат сите останати слични филмови од листата препорачани.
Angels and demons (2009) Spoiler: Постер Многу луѓе ми кажаа дека е многу поразличен од книгата и многу делови се изоставени, но сепак решив да го гледам. Само не ми е јасно, зошто толку да го менуваат, не само овој, туку сите филмови направени според книги? Зошто, има некое правило, можеби граница до каде смеат да одат? Јас би го направила комплетно ист како книгата, секако, стојам на тоа дека како што го напишал писателот е најдобрата варијанта. Сепак, ми се допадна како е направен филмот, Том Хенкс ми е совршен за Лендгон, и овојпат добро си ја заврши работата. Само што на ИМДб прочитав дека филмската верзија за Загубениот симбол е одложена, прво за Инферно ќе снимале. Исто така, самиот Ден Браун ќе го пишувал сценариото. Значи нема да е до толку утнат. Му давам 8 поради многуте измени, инаку би добил повисока оценка. Dear John (2010) Spoiler: Постер Полека полека си ги упропастувам книгите на Николас Спаркс со тоа што им ги гледам филмовите, а во план ми беа да ги читам. Покрај тоа, филмов ми беше така-така, и тоа поради Ченинг Тетум кој не ми е омилен. Сепак, Аманда ми е слатка. И интересна приказна, тажна секако, ептен ми беше жал кога таткото на Џон умре. Му дадов 8 бидејќи малку ми беше развлечен, не знам што е со филмовите базирани на Спаркс, многу ми се развлечени. Следен ќе ми биде тој што Спецка го коментирала над мене. И имам големи очекувања.