Sherlock Holmes (2009) Бев малку скептична за оваа верзија на филмов зашто Бенедикт Камбербач ми е совршен и не ми се веруваше дека Р.Д Џуниор би ми се допаднал во улогава. И бев до негде во право. Не е воопшто лош филмот и мистеријата, одлично е направен, ама... Не знам, ми фалеше нешто. Бенедикт изгледа. Плус Рејчел Мекадамс? Воопшто не ми беше за улогата, премногу е мека некако. Мислам... Spoiler
^Јас уште си ги чувам овие гифови,Бенедикт е уникат Он топик: Not Another Happy Ending Си барав нешто полесно за летните денови и го најдов.Од големиот куп романтични комедии,овој го избрав поради две причини: 1.Карен Гилијан(Ејми Понд од Доктор Ху) која ја обожавам и ми е една од омилените британски актерки 2.British English ( и малку Scottish) Приказната не е којзнае што,писателка пишува книга,станува успешна,па втората не може да ја заврши,главниот лик и оживува и бара начин да го елиминира блокот на мозокот. Главниот глумец исто ми беше сладок и интересен,а комбинациите на Џејн ми се прекрасни,тој стил посебно и лежи.Оцена 7/10 Collateral Damage Филмчево е постаро,онака интересна акција,станува збор за пожарникар кој ги бара одговорните за убиството на неговото семејство. После еден куп гледани филмови од Арнолд Шварценегер,веќе не ми е интересен,дури и антипатичен ми стана. Оцена 5/10 The Physician Филмов пред неколку месеци седнав да го гледам,ама го заспав и дури пред неколку дена кога го фатив на Тв,ми текна да го догледам. Главниот лик е младо момче кое сака да биде исцелител(доктор),во период кога медицината не е развиена(11 век,Персија).Поради тоа се преправа дека е евреин за да може да учи кај најпознатиот исцелител,кој не ги признава христијаните. Глумата е одлична како и ефектите,приказната исто доста интересна,иако според некои рецензии,била доста историски неточна. Музиката во позадина одлично се совпаѓа со сцените.Би сакала да ја прочитам и книгата за добро да се внесам во приказната,ама се на се,навистина одличен филм. Оцена 7.5/10
Bogowie (2014) IMDB: 7.8/10 Моја оцена: 10/10 Филм направен според вистинска приказна, за првата трансплатација на срце. Првиот обид, неуспесите, првиот успешен обид. Ме остави без зборови. Колку и да е украсен овој филм, колку сцени и да се вметнати, останува фактот дека човекот кој се изборил и ја убедил Полска дека пресадувањето на срце не е невозможно, навистина постоел.
To Rome with love Шармантно филмче. Типично Вуди Аленовски, тотално несекојдневни сцени и дејствија, да не речам чукнати . Четири приказни испреплетени во преубавиот Рим. Мене ми се допадна.
The Lucky One Наречете ме будала,наречете ме ненормална,но јас пак плачев.Ама баш плачев.Значи филмов на Спаркс ме дотепа ми се чини.Предобар,прејак љубовен филм.Како бебе плачев!Бебе кога ќе му дупат уши..ете така...значи немам зборови за филмов,немам зборови со кои да го пофалам филмов и се разбира Николас Спаркс,веројатно затоа што останав без коментар. Огроооооомно ви препорачувам да го гледате! Не можам да ви кажам на кратко што се зборува филмот.Зборовите нема да се доволни.Само погледнете.
August Rush (2007) Еден од најдобрите филмови што сум ги гледала дефинитивно. Видов дека бил номиниран за Оскар и не ми е јасно зошто не го освоил. Искрено, одамна не бев гледала квалитетен филм, онака што нема да е развлечен и што е вложено многу труд во него и добро да те наежи, особено на крајот. Генијално дело. Ќе го гледам некогаш пак уште еднаш сигурно. Во еден збор, како што рече една феминка - филмиште! Благодарам многу за препораката @Lady Phoenix, двата најубави филмови што сум ги гледала беа твоја препорака. Добива чиста десетка од мене. Го препорачувам на сите, особено на љубителите на музиката. 10/10
A walk to remember Вака сега...пак свртив на Николас Спаркс..единствениот филм од него кој го немам изгледано. Препораката ми ја даде @LittlePinky и фала ти премногу!!!! Значи човеков е ненормален во позитивна смисла.Филмов е нешто..како да кажам не знам ни самата..ги надмина сите мои очекувања,ме фасцинира и ме расплачи.Спаркс човече ти треба да добиеш Нобелова награда бре!Како успева човекот,алал му вера.Значи прекрасна љубовна приказна за едно многу смирено девојче,паметно така,ќерка на свештеник и популарен дечко во средно.На интересен начин се споија...не можам да раскажувам бе.Спаркс никој не може да го раскаже.Ќе му ја прочитам и книгата,тоа веќе го имам во план.Крајот на филмов?Е не ви го кажувам бре,самите видете си. Кој нема гледано,а е љубител на љубовни филмови,дефинитвно мора да гледа!
The age of Aldaline (2015) Се работи за Аделајн, довојката која по сообраќајна несреќа е погодена од гром и нејзиното тело повеќе не старее. Нејзиниот вечен живот се состои од бегање од едно на друго место, промена на имињата и голема болка поради тоа што мора да ја напушти нејзината љубов. Сè додека не го запознае Елис (Кал од Орфан Блек патем, @Someonespecial не знам зошто не ми го спомна овој податок, ич немаше да се мислам дали да го гледам. ). Навистина ми се допадна филмот, Блејк е преубава, ја обожавам, а и одлично се снајде во улогата на префинета и софистицирана жена. Патем, едно нешто не ми беше јасно. Spoiler Ако не старее, значи нејзината кожа не се менува. Ако е така, тогаш и лузната што ја доби со таткото на Елис не трбаше никогаш да ѝ зарасне, нели? Бидејќи клетките не се обновуваат, не старее. Малку предвидлив крај, но сепак одлична приказна, необична и досега невидена (барем за мене). Му давам 9/10 бидејќи на моменти ми беше навистина досадно, мислам дека 2 саата се многу за филмов, или барем не ми поминаа толку брзо како претходниот. Сепак, 9 не е мала оценка, особено за нов филм. Благодарам на препораката Спец. Одличен филм.
Последен филм што го гледав е Unbroken, режиран од Анџелина Џоли Филмот е снимен по вистинска приказна и се однесува за човек Луис Замперини, олимпииец во трчање и за неговото преживување на Втората светска војна и мачењњето од страна на Јапонците. Мене мн ми се допадна, иако искрено го симнав за брат ми и долго време стоеше онака во компјутер, па дури вчера му дојде ред
Far from the madding crowd Оценка веднаш давам.Десетка може да се рече,а може и девет...9.5 конечно би рекла. Филмов е љубовен и како што дознав е снимен според некој роман.А имало и уште еден филм за истата тематика,снимен во 20-тиот век,не се сеќавам баш која година.Одлично изиграно,то ест глумено.Дејствието е во 19тиот век.Секоја им чест на актерите.Првата љубов победува,љубовта сеуште постои,љубовта ја пуштаме да биде среќна со или без еден од заљубените,љубовта на еден човек препуштена во добри раце,спасена од лоши. Љубовта овде не е слепа.На љубовта и' требаше многу време за да се врати на првата,права љубов. Ќе разберите за што зборувам и што сакам да кажам ако го погледнете филмот.
predobar fim za ljubitelite na film od zarn akcija 10 ocenka, se raboti za grupa lugje koi ograbuvaat, se oblozuvaat, izmami i seto toa dobro smisleno i organizirano. Nitu eden moment ne mi stana dosaden niti izgubiv vnimanie
10 ка и од мене. На моменти има језиви сцени. Ама дефинитивно ќе се вози цело време, а особено на крајот кога ќе помислите дека баш се решил случајот, се врти кон друга приказна.
Finding Neverland (2004) Одличен филм. Се работи за Џ.М. Бери во времето кога ја пишувал „Петар Пан“. Вистинска приказна, тој се спријателува со едно семејство со четири момчиња и самохрана мајка, од кои едно момче Петар е повлечено и депресивно по смртта на татко му. Ликот на Петар Пан е инспириран од тоа момче. Навистина одличен и многу тажен филм. Од него е онаа фамозната слика со Џони Деп и момчето на клупата во паркот. Мене многу ми се допадна, затоа давам 10-ка.
Southpaw http://m.imdb.com/title/tt1798684/ Супер филм.Приказна за еден боксер кој откако ќе ја изгуби жената во една несреќа,целиот живот му се руши. Како животот знае да си поигра со човек.Да те однесе до облаци,па да те тресне од земја.
Magic Mike XXL Филмов, ако е можно, имаше уште поглупави и побесмислени дијалози од првиот дел. Не дека за тоа се гледа, ама сепак... Плус во овој дел имаше многу помалку соблекување, а повеќе дрдорење. Во 2 саати дали три точки имаше, само ептен последната точка на Ченинг беше добра, другото... Толку најавувања, тизери, дрн, дрн, ама тапа филм.
The Hunger Games (2012) The Hunger Games: Catching fire (2013) The Hunger Games: Mockingjay - Part 1 (2014) Одлични филмови. Првите два предолги за мој вкус, ама искрено првиот не ни приметив кога поминаа два ипол саати. Тој ми беше најинтересен и најмногу ми се допадна од сите. Вториот ме разочара бидејќи многу беше сè испреплетено, а и многу работи ми немаа смисла. Со третиот веќе се повратија малку и навистина ми се допадна. Кетнис на моменти ме нервираше со таа нејзина намрштена фаца. Пита е срцка, ама сепак повеќе ми одговараат со Гејл. Воглавно, одлични филмови, ги препорачувам, добиваат високи оценки од мене. Едвај го чекам ноември за Mockingjay - Part 2. Го гледав трејлерот и доста интересен ми стои.
The Imitation Game (2014) Филм за познатиот математичар Алан Тјуринг, за измислувањето на тјуринговите машини, дешифрирањето на Енигма во Втората Светска Војна и за еден дел од неговиот живот, кој е срамен за Англичаните! Мене многу ми се допадна, особено зошто тјуринговите машини се всушност првите компјутери, кои ги изучувавме на факултет! 9/10
Minions (2015) Многу добро филмче за да се изнасмееш Боб ми беше најсрцка, срцето ми се топеше кога го гледав 10/10
Frequencies (2013) Во филмов луѓето се гледани спорен нивните фреквенции и во него се сретнуваат луѓе како Алберт, Њутн, Тесла и други. Во зависоност од нивните фреквенции, луѓето се совпаѓаат со оние на исто или слично ниво, во примеров се работи за љубов, ама далеку од романтичен филм само мал дел е застапен со прашањето за љубовта, повеќе е научно-фантастичен. Марие и Зак (Исак Њутн) поради различната фревенција, ултра висока и ултра ниска резонанца, се ограничени од природата и кога тие двајца се во близина, несреќите се наклонети кон Зак. И како научен филм константно се вртат формули и се откриваат нови нешта со помош на нивното знаење. Ми се допадна филмот иако некои ситни детаљи не ги разбрав (слаба сум на физика) ама во глобала добро беше. Marie: Knowledge determines destiny.