Последниот македонец-патот до истребувањето (филмот е прикажан како дел од програмата на филмскиот фестивал Манаки) Како и секоја година,си одам на Манаки.Вчера покрај филмов,бев и на изложба на фотографии од браќата Манаки.Инаку влезот си беше бесплатен,беа присутни многу историчари,активисти,професори,како и македонски актери.Од глумците во филмот,во салата во театарот каде што се прикажуваше,го забележав битолскиот актер на кој капа му симнувам,Митко С.Апостоловски.Продуцент на филмов е Снежана Лупевска Созен,режисер Илија Пиперковски.Филмов е за аплаузи.Да,имаше голем аплауз кога заврши проекцијата. Мене ми се допадна.Режисерот така го скроил филмот,што заклучокот од филмот го остави самиот гледач да заклучи која е правата историја,која е вистинската и од кој аспект да ја гледа.Тоа е одлука на самиот гледач.Сите гледаат различно,сите мислат дека тоа што го мислат е точно,правилно. Одлуката на Букурешкиот договор не донесе она што сакаше Македонија да го постигне пред Албанија-независност.Македонија е распарчена и како територија и како народ.Македонија се соочува со многу проблеми:името,идентитетот,црквата,интеграциите...она што се случувало во 1913 година има влијание и денеска.Дали соседите ни се виновни или ние сме виновни за сопствената пропаст?Во филмот,своето гледиште кон овој дел од историјата,го дадоа историчари од Македонија,Турција,Русија,Бугарија,Грција за да се даде појасна слика зошто на Македонија и по еден век се повторуваат истите грешки. Би било уште поубаво,за тие што не можеа да дојдат вчера на филмот,овој филм да се прикажува на македонските телевизии.Би можеле и МТВ1 да размислуваат да почнат некој ден да го даваат,а и така филмот беше во копродукција со нив.Ако некогаш го даваат на телевизија,ви препорачувам да го погледнете. Планирам следен филм на Манаки да го гледам Повторното доаѓање-The second coming
La Cara Oculta Интересно филмче, добри актери.. Сепак не доволно мистериозен за мој вкус но се на се ми се допадна, добро смислена приказна. Сигурно на оние не толку страсни љубители на мистерии ќе му биде доста интригантен, од мене оценка 6/10
Го гледав едно по друго и кецот и двојката. Фино и лабаво филмче за тепање време, а прилично позитивно да те расположи и да не се осеќаш како без врска да си потрошил саат и пол на филм. Комедија за позната женска студентска а капела група. Од мене 6/10 Некласична романса за средношколска љубов, надвор од шаблонот на холивудските љубовни филмчиња. Оцена 6/10
Revolver (2005 film) IMDB: 6.5/10 Mojа оценка: 8/10 Нешто ептен по мој вкус. Крими филм со Jason Statham во славна улога, без секс- елементир. Сакам вакви трилери, со доза на мистерија и психолошки елементи. Не е површен, ниту е лесен за гледање. Не би рекла дека ќе и се допадне на пошироката публика, но оние што сакаат да гледаат нешто несекојдневно, би рекла дека е добар избор.
Несекојдневна приказна. Би рекла љубовна, но темата е повеќе да пријателството. Катастрофа рецензии давам, на крај може и цел филм да ви го раскажам, па затоа само топло ќе ви го препорачам. Me and Earl and The dying girl.
A la mala (2015) IMDB: 6.4/10 Моја оценка: 6/10 Ништо посебно што би ме воодушевило, премногу романтично. Имаше неколку смешни сцени, но тоа е се. Оцекував некоја поинтересна приказна, но се испостави дека е уште еден филм, сличен на оние романтични филмови, каде дечкото и девојката се вљубуваат, под сплет на околности се караат и на крај некој им помага пак да бидат заедно- веќе видено. Разликата е единствено што филмот е Европска продукција- на шпански зборуваат де. Blue Streak (1999) IMDB: 6.2/10 Моја оценка: 8/10 Супер филмче за тепање време, било сами или со друштво. Крими- комедија, а во главна улога е Маrtin Lawrence. Филмот е стар, сум го гледала на тв како помала, а сега случајно налетав на него. Го препорачувам.
Timbuktu (2014) Го гледав на Манаки фестивалот, во понеделникот. Интересно филмче за Џихадистите и нивниот начин на живот.
Многу убав филм, според новелата Far from the Madding Crowd. Ако ја најдам, ќе ја купам . Ова по препорака на @Jordanovska-K , таман ми создаде пасија за гледање на филмови од ваков тип. Како нова ера да започнува за мене . За оние што не го гледале, го препорачувам... А јас, јас ќе си го пуштам често.
Се спремив да го гледам |'ll see you in my dreams, ама случајно сум го симнала In my Dreams 2014 И не жалам. Ова е приказна за два лика кои сметаат дека немаат многу среќа во љубовта. Се спојуваат откако фрлаат ситна паричка во фонтаната, а паричките се поклопуваат. Се сретнуваат низ соништа, 7 ноќи. Всушност тие се сретнуваат преку легендата за фонтаната. Nick е плод на вистинска љубов и постојано стравува дали ќе биде пар како мајка му и татко му што се. Низ филмот мајка му постојано го советува дека ако сонува за вистинската љубов тогаш ја има и во реалноста. Доколку не ја сретне, да не се одлучува за нешто помалку од тоа. И така овој случаен избор, ме доведи пак до она вистинското. Да , да и јас верувам во тоа
Одамна ме немало во темава. Всушност на форумов сум слабо активна во последно време, ама од оправдани причини. Нешто ретко гледам филмови во последно време, бидејќи немам баш време, а и лесно ми се приспива. Еден од филмовите кои успеав да ги изгледам е Dark Places (2015) Станува збор за филм кој жанровски се карактеризира како драма, мистерија, трилер. Трае нешто помалку од два часа, а во главни улоги се Chalrilze Theron, Christina Hendricks, Nicholas Hoult, Corey Stoll. Филмот е за малата Либи која ќе го преживее масакрот на своето семејство на возраст од 8 години и во сето тоа бунило како исправна ќе и' изгледа одлуката да го обвини својот брат за тоа. Но по речиси 30 години, во недостаток на пари, ќе се сложи да се појави во една група која обработува сериски убиства, а чии членови сметаат дека тогаш се случило нешто друго и дека всушност нејзиниот брат е невин. На почетокот ќе се противи на таа теорија, мразејќи го од дното на душата за тоа што го сторил, но потоа ќе се заинтересира и ќе почнат да се расплетуваат работите. Генерално, ми се допадна филмот, иако на моменти ми делуваше развлечено и ми оставаше впечаток дека има некои непотребни работи. Но од друга страна, сите настани се добро разработени, држи внимание и ме изненади тоа како дошло до убиствата. Што се однесува до актериве, за Шарлиз немам коментар, јас ја обожавам жената, не само што е преубава, туку и ми се допаѓа нејзината глума. Со Кристина Хендрикс немам многу искуство по филмови, но морам да признаам дека добро и' легна улогава. Николас си беше класичен nerd, како и во X-Men (јас од таму го знам, а што знам, може и во некој друг филм сум го гледала), а да спомнам дека се појавува и Клои Морец кои повеќето ја знаат од филмот Kick Ass, како девојчето што е*аваше мајка на сите. Јасно ми е дека кога мали девојчиња во Холивуд ќе пораснат и ќе достигнат одредена возраст неминовно е да поминуваат низ онаа whore-фаза за да останат забележливи и понатаму, а повеќето од нив и остануваат во тој фазон и кога ќе пораснат, што е жалосно, но факт е девојчето е талент и многу ми се допадна во улогата. IMDB оцена: 6.3 Од мене има 7-7.5, затоа што, реално, филмов не беше лош. Препорачувам!
Entourage Филмот нема некое дејствие и тема, интересен само поради големиот број на филмски звезди кои се појавуваат во него и секако преголемиот луксуз.
Јас му давам една 8мичка и мала златна малинка. Во филмот игра нам веќе познатата Rosamund Pike од Gone Girl... Приказна за еден писател кој живее живот на неколку дела. Со мислите е останат во времето на своето детство.... Се додека не ја сретне жената со која почнува воопшто да размислува за иднина. И всушност сфаќа дека постои иднината. Го препорачувам
Последен филм што го гледав беше Into the storm (2013). Во еден град (не знам точно кој беше) почнува невреме, торнадо, уништува се. Се појавува па се повлекува неколку пати. Зафаќа и едно средно училиште во кое сите ќе беа мртви ако не дојдеше една мала тајфа луѓе кои се занимаваат со проучување на невремиња и имаат соодветно опремено и оклопно возило. Сакам ваков тип филмови меѓутоа овој не ме воодушеви многу.
Hot Pursuit 5/10 Филмчево воопшто не ми се допадна, немав некои преголеми очекувања. Не сакам да ги прекинувам филмовите и да не ги гледам, па некако го изгледав, добро е што беше краток. Рис Витерспун и онака ми е антипатична. Приказната не беше нешто интересно, избрзана само. Road to Perdition 9/10 Не очекував толку многу убиства. Том Хенкс не ми се допаѓа во оваа улога, мислам дека некој друг актер подобро би ја завршил работата. Spoiler: Делови од филмот Не ми се допадна и тоа што некако премногу лесно таткото ја прифати смртта на синот и сопругата, исто и тоа како Конор толку лесно убива луѓе. Се на се, добар филм. Dom Hemingway 10/10 Филмов е лудница. Се двоумев долго време дали да го гледам, и без да гледам трејлер го вклучив. Почетокот е баш wow, и размислував дали да продолжам да гледам или не, но сепак гледав, и не се покајав. Џуд Ло, каква трансформација, сосема несвојствена за него. Премногу интересни и смешни моменти, особено Дики со раката. Не би го препорачала на оние кои не сакаат да слушат вулгарности, бидејќи навистина има премногу. И некои од омилените линии: - Leftie was right. - You lost your hand? - Yeah, of course. - You lost your bloody hand? - Yes, Dom...
Сношти ги гледав: The first time и The Lizzie McGuire Movie мн ми се допаѓаат а најубав ми е A cinderella Story некако ми е нај, прво е тежок животот на Сем а на крај се ќе биде во редд аиии мн ми се допаѓаат вакви филмчиња и Хилари Даф ми е омилена глумица
You don't mess with the Zohan - не знам зошто не сум го изгледала до сега филмот, се изнасмеав од душа, чиста 10ка за комедија Southpaw Интересна животна приказна за еден успешен боксер, и неговиот живот што се менува преку ноќ. Ептен добар филм.
Before we go -Жената го пропушта последниот воз за Њу Јорк, чекајки го следниот воз се дружи со уличниот музичар кој и помага што побрзо да се врати дома пред нејзиниот маж, во текот на ноќта се вљубуваат еден во друг.