It Follows Солиден хорор, навистина ми се допадна. Иако имаше некои пропусти во приказната кои имаа тенденција да го направат ужасен, сепак ми се допадна психолошката позадина на темата, она бегање од нешта од кои не може да се избега... 10/10
Мислам дека никогаш нема да го запомнам имево на филмов. Coherence (2013) 10/10 Филмов го најдов погоре во темава, и тогаш гледав кој филм да гледам и се брзав и мислам дека со затворени очи го избрав. Веднаш го симнав, прочитав буквално една реченица на имдб за што се работи бидејќи не сакав да си откривам спојлери и седнав да го гледам. Мислам дека подобра одлука не сум можела да направам. Филмов ме остави без зборови. Уште на половина филм знаев дека ми е еден од омилените, а не ни бев стигнала до многуте испреврти. Со еден збор: mind - fuck. Ако мислите дека сте го сфатиле филмот се лажете. Јас двапати го гледав за да го разберам и да се навратам назад, да видам што се случило бидејќи треба детали да се приметуваат во филмов. Едноставно ме остави со подзината уста, многу убав plot има. Не бев импресионирана со глумењето на актерите, ама добро беше. Го препорачувам за оние кои сакаат да бидат во неизвесност секоја секунда од филмот и мислам дека нема шанси кој не сака да го догледа филмов до крај, љубопитноста може да те убие. Жарн: sci - fi, thriller
Indigenous Група американски туристи одат на одмор во Панама и решија да навлезат малку во џунглата да истражуваат како е и дали е вистинита легендата дека таму исчезнувале туристи. Многу интересен филм / хорор
Just the way you are После период на мрачни трилери и мистерии,навистина ми требаше ваква млака,романтична комедија. Средношколска љубов,главниот фраер се заљубува во бубалицата,милион пати видено.Продукцијата е од Филипините и на таков јазик зборуваат,а глумците се ептен допадливи и навистина слатки. ВО споредба со американските тин филмчиња,ова е на ниво погоре,не само заради актерите,туку и заради интересните дијалози и преубавите искажани цитати за љубовта. Оцена 7.5/10
Заборавив да си ја додам втората роматична комедија,па сега ќе мора едно врз друго мислење Man Up Навистина си ги обожавам Британците,филмчево докажува зошто.Толку интересен хумор имаат,и такви фацијални изрази,дури и од депресија можат да те извадат Не го познавам Сајмон Пег,ама страшно шармантно човече.Девојката ми беше премногу антипатична,ама имаа ненормална хемија и тоа влијаеше најмногу на целокупното мислење. Додадете прекрасни делови од Лондон,добри песнички и ретардирано смешни сцени и ликови, и имате полн погодок.
Го гледав The Martian. Интересен sci-fi филм. Matt Damon одличен, како и секогаш. http://www.imdb.com/title/tt3659388/?ref_=nv_sr_1
Јас сум си по анимираните филмовиНајмногу знаат да ме насмеат и опуштат.Последен филм што го гледав е Хотел Трансилваниа 2 Филмот има чиста 10 од мене.Овој дел дури е подобар од првиот.Препорачувам
Paper Towns Му дадов шанса бидејќи книгата е Џон Грин иако ја немам прочитано.Воопшто не ми се допадна.ЦЕлото дејствие млитаво,глумците како да станале од спиење и отишле на сет.Марго,ужасно антипатичен лик. Единствено 2,3 смешни моменти ми се допаднаа,другото катастрофа. Оцена 4/10
Man up Интересна комедија за тоа како една девојка се сретнува со љубовта на нејзиниот живот, се претставува како девојката со која тој треба навистина да се сретне. Цел ден го поминуваат заедно и дознаваат многу работи за себе. Од кога ќе се разделат и двајцата ќе сфатат дека се судени еден на друг. Го препорачувам на сите кои сакаат да се посмеат, зошто филмот изобилува со комични елементи
Ме заинтересира филмов бидејќи сакам нешто вака опуштено да изгледам, но, не можам да најдам торент, кај го гледаше ти?
Mr. Nobody (2009) го гледав пред некој ден и многу ми остави впечаток, ми го вклучи копчето за преиспитување и филозофирање.
@Srckata28 Го симнав,има испаднато торент. Еве http://kat.cr/paper-towns-2015-720p-brrip-x264-aac-etrg-t11367400.html
El cuerpo 10000/10! Филм што МОРА да се изгледа, посебно за љубителите на психолошка мистерија. Мастерпис! Gone girl e El cuerpo за сиромашни! Мислам сериозно! филмиште
Деновиве успеав да изгледам неколку филмови. Во постов ќе се обидам, на што пократко, да ги рецензирам сите наеднаш. Dom Hemingway (2013) Филмов спаѓа во комедија, крими-драма, а јас би рекла дека е класична англиска црна комедија. Трае околу час ипол, а во главната улога е Jude Law, додека во споредна е Emilia Clarke. Кратка содржина нема да дадам, туку само критика. Морам да признаам дека Џад Ло имаше сменет личен опис. Делуваше толку остарено, па уште и со килограми плус... Прв пат го гледам во улога на клошар и морам да кажам дека бев поизтивно изненадена. Вистински глумец е оној на кој ќе му дадеш да одигра различни карактери, т.е. улоги и успешно ќе се соживее и ќе ги долови. Исто така, колку и да имаше вулгарни моменти филмов (воопшто не ми пречи тоа), бев воодушевена од жарот со кој изведе неколку EPIC монолози во филмов, особено оној првиот, на почетокот на филмот. Ми се допадна филмот во целина, зафрканциите во вид на несреќи што го следат Дом Хемингвеј, на кои не може човек да не се смее. Емилија Кларк ми беше баш слатка во улогата. И' одговараше, а и не се појави на долго. И тоа. Го препорачувам, добар е за смеење, забава и лежерно и мрзливо попладне или пак вечер, без замарање на мозокот. IMDB оцена: 6.2 Моја оцена: 7.5 Black Sea (2014) Филм кој жанровски е сместен во категорија авантура/трилер, со времетраење покусо од 2 часа. Во главна улога повторно е Jude Law и некои, за мене, непознати глумци. Можеби почетокот ќе ви изгледа малку бавен, но потоа кога започнува акцијата, станува жустро. Се работи за човек, кој во договор со наводно познат работодавач кој го финансира, ќе собере екипа за на подморница и ќе се упатат во потрага по злато кое на времето го загубил Хитлер. Филмот е интересен, иако половина и повеќе се одвива во подморницата која е исполнета со секакви карактери на луѓе. Половина од нив се Руси, па тензијата е поголема. Како поминува времето, така се' повеќе избиваат конфликти помеѓу нив, се убиваат, загинуваат, се случуваат несреќи, за на крај само двајца да успеат да преживеат. Филмов покажува како алчноста и ненаситноста го вадат најнечовечното од еден човек и ја поткопуваат тимската работа. Препорачувам за оние кои се љубители на филмови со подморници, со Џад Ло, трилери и слично. IMDB оцена: 6.4 Моја оцена: 7.5, филмот не е лош. El Cuerpo (2012) Бидејќи филмов го има изгледано половина Фемина, решив да го погледнам и јас, по ваша сугестија. Овој пат не згрешив. Тип, т.е. жанр на филм кој ми се допаѓа. Убаво снимен, жената ми беше многу creepy, имаше некоја психопатска жичка која те вади од памет и искрено, на крај верував дека ќе испадне дека е жива и дека целиот филм бил зафрканција, ама згрешив и многу ми е мило заради тоа. Сосема неочекуван крај, а и неочекувани пресврти имаше. Одличен, тензичен, бев во грч цело време и во исчекување што следно ќе се случи. IMDB оцена: 7.4 Моја оцена: 10, заради факторот на изненадување.
Па, судејќи по тоа дека три дена сум на Giffoni филмскиот фестивал кој се одржува веќе трета година кај нас , во Македонија.... се изнагледав. Големата Вода работен според мотиви од делото на Живко Чинго... Филмов... Неверојатен. Така фино ме помрдна од место, од Земјава што се чусвствувам отрпнато. Како да ме исфли некаде далеку од универзумот, на место што живее и опстојува од суровост. Не сум некој националист ама ова дефинитивно ме трогна, ме наежи и практично во неколку наврати бев на раб од солзи... ми го допре срцево. Се восхитувам на храброста на Лем, затоа што дефинитивно е вреден за почит, но истовремено кон него чувствувам и сожалување затоа што постојано бара репер, во случајов во Исаак, мотивација, во него гледа се, што до некоја мера може да биде и позитивно во однос на состојбата во домот. Исаак е неверојатен лик, застрашувачки цврст, не толку храбар, неверојатно интелигентен и полн си позитивни идеали. Ми се допадна симболиката на буквата М, М како Македонија... Да сумирам, ме трогна и ме уништи но и сум со многу позитивни чувства што се однесува до сите оние емоции, толку страстно прикажани, добриот избор на актери и самиот факт што станува збор за Македонска кинематографија....
Ајде повторно две рецензии одеднаш. Knock Knock (2015) На IMDB вели дека филмов жанровски припаѓа на категориите хорор, мистерија и трилер. Траеше околу час и половина, во главна улога беше Keanu Reeves. Се работи за среќно оженет архитект, чија жена и деца заминуваат од дома на два дена. За да биде белјата поголема, на врата уште истата вечер му доаѓаат две „беспомошни“ девојки, кои за кратко време успеваат да му се пикнат дома. Она што следува ќе го видите сами. Кијану Ривс глумел во по некој романтичен филм, ако не се лажам, но во вакво издание не сум го видела. Во последно време актериве се' повеќе ме изненадуваат со разновидните улоги на кои се нафаќаат. За Кијану имав две претстави: актер во романтичен филм, кој глуми меланхолични и нежни типови и актер во акционен филм кој крши кичма на секој што ќе му се најде на пат. Во филмов беше прво многу хистеричен, бучен (никогаш не сум го видела во некој филм да се издерава и да глуми ретарда), вулгарен, а од друга страна многу неспособен лик. Навистина големо изненадување. Девојкиве беа добри во своите улоги, особено бринетата беше многу језива и одбивна. Филмов го исполнува условот да биде трилер, може да се смета за мистерија бидејќи до самиот крај (кој беше сосема непредвидлив) е неизвесно што може да се случи и хорор - затоа што не постои нешто пострашно од жена - психопат. Односно постои: две жени - психопати. Филмов дефинитивно е кошмар на секој маж, така што верувам дека падот во оценката на IMDB од вчера до денес се должи на тоа што машките кои го изгледале, се извадиле од памет и решиле да му дадат ниска оцена, иако реално е ОК филм. Како и да е, со неверување го изгледав и цело време бев под тензии. Со една реченица - кога две жени ќе се здружат, only the sky's the limit (поретко во позитивна, почесто во негативна смисла по филмовиве ). IMDB оцена: 5.8 (вчера беше 6.3 отприлика ) Моја оцена: 7 La Cara Oculta (2011) Повторно по сугестија на пола Фемина. Драма, мистерија, трилер кој трае околу 2 часа. Глумци - за мене непознати. Приказната многу интересна, за нијанса попредвидлива од El Cuerpo, но во целина совршен филм. Ми се допадна како е снимен филмот. Имаше градација на дејството, а особено ми се допадна што почнува, што се вели, од средина, па се навраќа на почетокот, за повторно да се соединат патиштата на едната и другата страна. Прво ја претставува приказната од аспект на Дон Жуан-ов и неговата навидум невина нова избраничка, а потоа од аспект на неговата, веќе бивша, девојка - психопат. Ми се допаднаа и двете девојки, совршен избор - ангелски лица зад кои се крие по некоја патолошка особина. Интимните сцени многу ми се допаднаа, беа доста веродостојни и „искрени“, голотијата не ми пречеше воопшто, затоа што беше со мерка. Филмов со право ја има оцената што ја има на IMDB. Крајот беше добар, иако јас претпочитам конкретни краеви на филмови. Со една реченица - што се' е способна една жена да и' направи на друга во име на постигнување на својата цел. Повторно филм кој би бил кошмар за еден маж. IMDB оцена: 7.3 Моја оцена: 9 Препорачувам.