Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Ted 2
    MV5BMjEwMDg3MDk1NF5BMl5BanBnXkFtZTgwNjYyODA1NTE@._V1_SX214_AL_.jpg
    Во овој дел, Саманта испадна како да е замена за Лори, но многу повеќе си одговараа со Џон.
    Делот со Лиам Нисон, смешен, но непотребен, барем според мене.

    Прилично забавен филм, во ниту еден момент не ми беше здодевен, но сепак не би го гледала повторно.
    9/10

    Last Vegas
    MV5BMTQ2ODg2MTIyNF5BMl5BanBnXkFtZTgwMzU2NjgwMDE@._V1_SX214_AL_.jpg

    Го имам гледано одамна, но не се сеќавав што се случуваше, па се решив да го гледам уште еднаш. Стари пријатели решаваат да отидат во Лас Вегас за да ја прослават ергенската вечер на единствениот неоженет другар.
    Омилен дел ми беше кога Арчи бега од дома, и скокнува од прозорецот. :rofl:
    И одличен избор на актери. (y)

    9/10

    The Grand Budapest Hotel

    MV5BMzM5NjUxOTEyMl5BMl5BanBnXkFtZTgwNjEyMDM0MDE@._V1_SX214_AL_.jpg

    Очекував нешто поинтересно. Но сепак, не е толку лош филм.
    Ми се допаднаа боите на градбите. :D

    Потполно се согласувам со оценката на ИМДб.
    8.1/10
     
  2. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    The Martian.

    Предобар! Содржината на сите им е позната мислам али еве за некој што пропуштил: НАСА во една од своите мисии на Марс, мислејќи дека е мртов, остава еден од нивните. Цел филм е како да го вратат дома.
    Предобра актерскa екипа, предобри ефекти, содржина и се по ред!
    Го имате во кино 2D и 3D, а имате и торент на замунда со кино снимка али watchable.

    10/10

    [​IMG]
     
    На Jordanovska-K, Mishela и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.030
    Допаѓања:
    33.952
    Пол:
    Женски
    El cuerpo (2012)

    [​IMG]

    Гледам некои од вас феминките го препорачавте, па ајде си реков да му дадам шанса.
    И можам да кажам дека е еден од најдобрите филмови. Јас мислев дека Gone Girl ми ги надмина сите очекувања, ама сум се лажела.
    Филмов е нешто прекрасно, филмиште!! :bow:
    10/10.
     
    На rainbowec, ludoto19, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    MV5BMjE2ODQxODMwOF5BMl5BanBnXkFtZTgwNDY5NjY3NDE@._V1_SX640_SY720_.jpg
    7-8/10

    Paper Towns

    Јас прво ја прочитав книгата. Има многу работи сменето од книгата, но има и неколку елементи што повеќе ми се допаѓаат во филмот. 7-ка давам поради МНОГУ лошото глумење на главниот лик, Кју. Поужасно нешто не сум видела. Целото време беше со една иста фаца: :| . Другите глумци беа солидни. 7-ка исто поради тоа што општо целата приказна не ме воодушеви, но секако беше посебна како и секоја друга напишана од Џон Грин. :)
    Значи, солидно беше се, ми се допадна, не ни очекував повеќе. :)
     
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски
    download (2).jpg
    Убава замисла, интересна тематика... ама некако недообработено. Според мене 7/10.
     
    На CrazyOne и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  6. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    2.083
    Interstellar

    Филмот од кој цел свет падна на газ, а поголемиот дел од нив немаат благе везе што гледаа уствари но така е секогаш кога ќе се најавува некој филм како спектакуларен и публиката е однапред „програмирана“ дека тој е спектакуларен и колку да не е таков ќе го величаат и ќе паѓаат во несвест
    бидејќи нели... продукцијата рече дека е СПЕКТАКУЛАРЕН и крај!
    Јас и мојот тешко задоволителен вкус за филмови ќе речам дека немаше ништо толку mind blowing..
    Можеби затоа што сакам филмови што се занимаваат со тематиките на реалноста, историјата и минатото а не вакви „што би било кога би било“, и тука некој ќе се убаци и ќе ми рече оти размислуваш inside the box бла бла.. И не, не размислувам на тој начин само тука не гледам ништо возможно и реално што би можело навистина да се случи.. едноставно!

    Назад на темата.. Океј сфативме, човек оди на мисија во потрага по планета каде ќе може да се насели човештвото бидејќи Земјата е во изумирање.. Е сега финтата е што тој самиот се натерал себеси да оди таму бидејќи самиот се натерал себеси да оди таму бидејќи пред тоа самиот се натерал себеси да оди.... Wait what??
    Авторот на овој филм сигурно бил на јаки дроги кога го смислувал друго објаснување нема.
    Признавам тапа сум од физика ама поентата е стварно глупа и под секоја можност невозможна..

    Алиии јер americans - од ништо секогаш прават нешто и толку добро умеат да го „спаковаат“ да го презентираат со такви фини елементи и декорации и шлагови чуда да ти просто си останиш така блеејќи во екранот и размислувајќи колку си глуп,неук и ограничен а реалноста е сосема спротивна..
    Филмот не е мудар воопшто само е направен да изгледа мудар со цела таа физика и генијалност.
    Ми изгледа како да викнале некој рандом физичар од Наса и му рекле сега ти бате кажи ни се за овие планетите галаксиите и нека биди шо по нејасно и да напрајме еден филм за Оскар, фала чао!
    И се кладам дека пола од овие оценките мавани на imdb се заради ефектите или заради Метју, whatever.
    Изгубив добри 3 часа гледајќи american bullshit по предлог на некои што на листата омилени му се Twilight и не гледале ништо настрана од тинејџ драми и случајно налетале на филмов и доживеале десет оргазми во минута поради маестралните ефекти..
    За актерската екипа уште еден минус, Ен Хатавеј досадна и нехаризматична како и секогаш, нека си се врати да си глуми принцеза.. Метју крајно несимпатичен, а и што му беше финтата со гласот? Имав чувство како да гледам порно а не научна фантастика.. А единствените актери што вредеа во целиов циркус - Вес Бентли и маестралниот Мет Дејмон за на крај да им дадат никакви 15-20 минути на екранот.. Голема брука! (facepalm)
    Од мене ништо повеќе од 3. Амин!
     
    На Yowannty, lunicka и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  7. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.184
    Хаха и јас го гледав пред некој ден,и морам да кажам дека потполно се согласувам со тебе :clap::rofl:
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Колку што еден период не гледав филмови, толку сега не можам да се изнагледам. :) Завршија сериите и не преостана ништо друго освен филмови.

    Mr. Holmes (2015)

    Стандард категорија на филм - крими, драма, мистерија, ама според мене најмногу драма. Во главна улога - брилијантниот Ian McKellen. Се работи за Шерлок Холмс на стари години. Прикажан е неговиот „пензионерски“ живот на селскиот имот, каде се повлекува по последниот случај кој му завршил неславно, па се предава на својата друга љубов - одгледувањето на пчели. Во меѓувреме, се обидува да се сети баш на тоа - неговиот последен случај и да напише книга со вистинските настани и да го „коригира“ она што го напишал Вотсон.

    Иан МекКелен беше одличен во улогава. Чудно ми беше да го гледам таков, невитален, со бастун, склеротичен, ама му стоеше мрчаторскиот став. Филмов беше типична драма, затоа што човеков е стар (без разлика што си снима акциони сцени во X-Men), ама поинаку и не можев да го замислам во филмов. Приказната беше интересна, особено што беше „исецкана“ низ целиот филм. Исто така фино беше што Шерлок го прикажале и малку како емотивец кој се приврзува за детето на куќната помошничка, а имаше и убави сцени, во смисла на пејсажи. Дефинитивно Англичани, а и Европејци генерално, знаат да прават добри филмови и имаат исклучителни глумци.

    Во секој случај, лајт филмче од кое не треба да се очекува премногу, а би им се допаднало на оние кои сакаат екранизирани книги. (y)

    [​IMG]
    IMDB оцена: 7.3
    Моја оцена: 8.5
     
    На 1209 и ninja35 им се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    And soon the darkness
    Одморот на двете другарки во Аргентина не завршува онака како што си замислуваа. Добар филм, трилер хорор нешто.
    [​IMG]
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ми тргна во последно време со шпанскиве филмови, ама не сум знаела дека толку ги бива.

    La Habitacion De Fermat (2007)

    Филм од шпанско говорно подрачје кој жанровски е окарактеризиран како мистерија и трилер. Трае час и дваесетина минути. Се работи за четворица математичари кои ќе бидат поканети на мистериозна средба каде ќе имаат прилика да ја откријат најголемата енигма, но наместо тоа, завршуваат решавајќи енигми и борејќи се за својот живот.

    Филмов е еден од оние нискобуџетни кои се снимани во една просторија. Уште еднаш се докажа дека и ваквите филмови може да бидат многу квалитетни и доволно интересни за да го задржат вниманието на гледачот и покрај тоа што се одвиваат во една соба. Филмот е интересно замислен, баш е мистерија која цело време ќе ве предомислува кој е виновникот за целата ситуација. Инаку, уживав во сцените кога ги решаваа загатките, од кои повеќето се класика, логички задачи, а посебно ми се допадна што објаснуваат како доаѓаат до решението. За актерската екипа немам замерки, Шпанците се секогаш многу соживеани во своите улоги.

    [​IMG]
    IMDB оцена: 6.7
    Моја оцена: 8

    Препорачувам!


    И додека сум на темава, да препорачам уште еден шпански филм:

    El Secreto De Sus Ojos (2009)

    Драма/мистерија/трилер, со голем акцент на „драма“. Трае нешто помалку од 2 часа, а се работи за несудената љубов помеѓу еден претставник на законот и неговата надредена. Приказната ја раскажува како веќе пензиониран службеник кој сака да напише книга за еден од случаите кои ги истражувал, а му оставил голем впечаток. Тука повторно се спојуваат нивните животни патишта.

    Како што веќе реков, филмот е прикажан преку нарацијата на веќе пензионираниот службеник, што значи дека голем дел од него е навраќање на минатото. Случајот не е мистерија, бргу дознаваат кој е убиецот и потоа се посветува внимание на драмата која при крајот има интересен пресврт. Филмов, меѓу другото, прикажува како изгледа вистинска непреболена љубов: една која прерано трагично завршува, но никогаш не згаснува и една која е отфрлена за доброто на саканиот. На моменти ми изгледаше дека филмов нема никогаш да заврши, но тоа не го земам како недостаток кога гледам драми. Во секој случај го препорачувам за гледање. (y)

    [​IMG]
    IMDB оцена: 8.2
    Моја оцена: 8
     
    На rainbowec, ludoto19, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    4.601
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt1767372/ Приказна за животот на една девојка што станала глумица.Интересен е филмов,нешто поинакво од класична комедија или романса,барем за мене.
     
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Deadly Virtues: Love. Honour.Obey

    [​IMG]

    Странец (манијак) упаѓа во стан на вљубена двојка, го врзува мажот и го става во када каде што го чува како заложник.
    И кажува на жената дека нема намера да ги убие,туку само сака да си игра негова игра, но според однесувањето е тешко да му се поверува.
    Како што завршува викендот, тој ги остава повредени но сепак живи но она што ќе се случи на крајот е неочекувано.


    http://horrornews.net/101683/film-review-deadly-virtues-love-honour-obey-2014/
     
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ајде уште два шпански филмови од мене :)

    Los Ojos De Julia (2010)

    Хорор/мистерија/трилер кој трае околу два часа. Се работи за две сестри-близначки кои боледуваат од дегенеративна болест на очниот нерв и со тек на време ослепуваат. Едната од нив ќе умре, па потоа филмот ќе се базира на решавање на мистеријата околу смртта на едната сестра, а патем ќе се случуваат и други несреќи.

    Генерално, филмот прилично ми се допадна. Полн е со напнати сцени, неизвесни ситуации и непредвидливи настани. На моменти не знаев дали е нешто плод на фантазијата на ликот или пак вистина. Особено ми се допадна што на крај сите работи кои ми изгледаа натприродно или нејасно, си добиваат свое објаснување. Не велам не, имаше и некои недостатоци, особено крајот не ми се допадна, ми беше некако премногу несоодветен и лигав како за филмот во целина, но, пак ќе речам, генерално добар филм. Исто така, времетраењето можеше да биде малку пократко.

    Како и да е, филмот е добар и интересен и го препорачувам. (y)

    [​IMG]
    IMDB оцена: 6.6
    Моја оцена: 7.5


    El Orfanato (2007)

    Драма/хорор/трилер кој трае околу час ипол. Се работи за една жена, која и самата била сираче и решава да се пресели во некогашното сиропиталиште со својот сопруг и посвоениот син, а потоа и самата куќа повторно да ја претвори во сиропиталиште. Во меѓувреме приредува забава по тој повод, кога нејзиниот син исчезнува. Од тој момент, почнуваат да се случуваат чудни работи.

    Филмов дефинитивно беше хорор, во кој се проткајуваа и некои натприродни појави. Очекував дека на крај повторно ќе има рационално објаснување, како и во повеќево филмови, но само за мал дел од нив имаше. Полно напнати сцени, страшна костимографија, страшни настани од кои ми се грчеше стомаков, со оглед на тоа што не сум обожавател на хорор филмови. Глумата како и секогаш - одлична, замислата беше интересна, но филмов беше премногу за мене: деца, кукли, маски, цртежи, стара страшна жена, непознати звуци... Немам нерви за такви работи.

    Како и да е, одличен филм со одличен крај. Го препорачувам на оние на кои им се допаѓа се' она што јас не можев да го издржам. :lol:

    [​IMG]
    IMDB оцена: 7.5
    Моја оцена: 8
     
    На rainbowec, Jordanovska-K, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Law Abiding Citizen


    Филмов одамна ми бил на листа за гледање,па денеска го фатив на Тв и му дојде редот.
    Ужасно брутален и болен за гледање.Разработува неколку важни прашања,како што е смртната казна и корупцијата и дупките во правниот систем,односно нивната неефективност како натерува човек да ја преземе правдата во свои раце.
    Неизвесен до самиот крај.Жерард Батлер беше одличен,според мене негова најдобра улога.
    Имдб оцена:7.4
    Моја оцена:8.5
     
    На rainbowec, sikica7, macovska и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Mientras Duermes (2011)

    Трилер/драма/хорор од шпанско говорно подрачје во времетраење од околу час ипол. Станува збор за еден маж кој работи како консиерж и има психичко нарушување - не може да биде среќен, па затоа се труди другите ооколу себе да ги направи несреќни. Меѓутоа, исходот ќе биде катастрофален.

    Значи нема дискусија веќе: Шпанциве се закон за правење психолошки филмови и тоа е тоа. :bow: Филмов беше многу интересен, возбудлив, на почетокот не може да се насети баш во која насока ќе се движат настаните, но подоцна станува се поинтересно. Со секоја постапка, се' повеќе ќе се запрепастувате, па дури и ќе се соживеете со главниот лик и ќе навивате да успее во својата намера. Како и да е, кога работите ќе стигнат предалеку (а нема да ви се верува до каде ќе стигнат), ќе седите згрчено и само ќе ја чекате разврската. На глумецов му легна да биде психопат, а и другите беа добри во своите улоги. Еден од оние, да речам, нискобуџетни филмови кои се оргинални и позитивно изненадуваат.

    Препорачувам! (y)

    [​IMG]
    IMDB оцена: 7.2
    Од мене има 8.5
     
    На Selest, tinkerbelll, sikica7 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    28.122
    Пол:
    Женски
    Secret life of Walter mitty
    не е баш нешто сјајно филмот Walter работи во една компанија која гопечати едно од најпознатите списанија во лос анџелес и на некој начин ке изгуби еден негатив и тргнува на едно патување итн...
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Jurassic World(2015)

    20 години после оригиналниот Јурасик Парк,на истиот остров,со модерна технологија и еден куп генетски модифицирани диносаурси.
    Како фан на сите делови од Јурасик Парк,освен 3ката што беше ужасна,филмчево е благо разочарување.
    Присутни беа неколку познати глумци,вклучувајќи го Винсент ДОнофрио,кој го обожавам,ама воглавно глумата беше премногу лоша.
    Дијалозите беа крајно глупави,во еден момент си помислив да не е правен филмот со мисла да биде пародија.Бидејќи искрено,на тоа наликуваше.
    Диносаурсот беше попаметен од нив,и тоа многу,ме изненади што не ги испојаде сите и излезе од островот,ама нели предвидливо е се.
    Главната глумица,крајно антипатична.Крис Прат од друга страна е маж ипол и најмногу за него го догледав филмот.
    Добро,и животинките си ги сакам :D
    Најверојатно оценката му се должи на специјалните ефекти,бидејќи се друго беше никакво.

    The longest ride(2015)

    Филмчево гледам пола Фемина го има изгледано а и сите мои другарки.Николас Спаркс пишува добри книги,добри во смисла да си го испразниш мозокот и да го пуштиш на пасење :D
    Иако не сакам премногу романтични драми,ги гледам повремено за релаксација.
    Приказната е позната,двајца заљубени,различни света,тешкотии да им успее врската,голем бакнеж на крај и тоа е тоа.
    Ми се допадна враќањето во 40тите,дефинитивно тоа беше многу поубава и поемотивна приказна.

    Брит Робинсон ми е ептен кул глумица,ама премногу чудна ми беше овде.A Скот Иствуд според мене слабо му оди глумата,ама колку е секси,ненормално е дури :D Бонбона е.

    И стварно не разбирам што разонода гледаат луѓето во јавање на бик? Мислам намерно да разлутувам пола тон животно за забава,па зошто побогу? :D
     
    На macovska, MacenceEna и Yowannty им се допаѓа ова.
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Последниот шпански филм и ја затворам сезоната на шпанска кинематографија.

    El Laberinto Del Fauno (2006)

    Филм кој жанровски е сместен во категоријата на драма/воен филм/фантазија, со времетраење од околу 2 часа. Дејството се одвива во 1944 година во Шпанија, а се работи за девојче кое обожава книги и живее во нивниот магичен свет, каде треба повторно да се врати како принцеза. Додека ја опркужува светот на војната, иако е поќерка на офицер, сепак се труди да живее во свет на фантазија, каде ќе и' бидат доделени 3 задачи кои ќе треба да ги исполни. Но реалноста и фантазијата се испрепрлетуваат, ги поматуваат намерите и плановите на девојчето и крајот е трагичен.

    Морам да кажам дека спојот на фантазијата и реалноста беше многу необичен за мене. Гледате филм во кој се случува сурова војна, а притоа, без да почувствувате, се надоврзуваат фантастични сцени, со чудни суштества и средина која плени со својот сјај. Кога сум веќе кај суштествата, според мене ефектите со кои се добиени истите беа одлични. Суштествава беа чудни, до сега не сум замислувала ниту едно од нив тка да изгледа, но баш тоа и ми се допадна. Дефинитивно оригинален плод на нечија имагинација. Настаните беа интересни, глумците беа солидни, впрочем како и во секој од претходниве шпански филмови, имаше задоволителни пресврти, но немаше некој преголем фактор на изненадување. Сепак беше бајка во спој со реалистични настани. Во секој случај, интересна замисла и многу интересен филм.

    [​IMG]
    IMDB оцена: 8.2
    Моја оцена: 8.5

    Препорачувам!
     
    На sikica7, neimenuvana, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    2.083
    And while we were here

    [​IMG]

    Поинаква драма која многу ќе ве замисли..
    Јас топло ја препорачувам на секој, мислам дека крајот носи убава порака според мене.

    Џејн е млада писателка која со својот маж Леонард кој е виолинист заминува во Италија каде што тој добива работа. Додека тој работи таа пишува книга за последиците од војната..
    Нејзинот брак со Леонард е комплексен, монотон и исполнет со многу дистанцираност помеѓу нив двата.. Џејн случајно го запознава 19 годишниот Кејлеб, слободоумен авантурист кој престојува таму извесно време.. И покрај годишната разлика тие набргу започнуваат афера која е исполнета со многу живописност, забава и авантури што е спротивно од она што Џејн до сега го имала..

    Филмот ги прикажува прекрасни пејсажи на островот Ischia и дел од италијанската култура што мене ми беше задоволство за гледање бидејќи сум длабоко заљубена во оваа земја.
    Филмот содржи таква топла атмосфера што невозможно е да ве остави рамнодушни.
    Кејт Босворт (Џејн) прекрасна и нежна, и Џејми Блеклеј (Кејлеб) во If I stay не ми остави впечаток, ама после овој филм мислам дека се заљубив :inlove:

    Оценката на imdb е просечна, но според мене мислам дека е мала..
    Од се срце му давам 7/10.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Сликава илјадапати ја има по темава, ама што да правам, треба да си луд да не гледаш филм кој добива десетки од цела фемина. :D
    Точно е дека е masterpiece, најјак филм што сум го гледала досега. И пресвртот на крајот... :x
    Gone girl не сум го гледала, ама сум си го расипала ако е така како што велите.
    Одличен филм, од мене добива највисока можна оценка, нема никакви мани.
    Филмиште, што рече една феминка. Филмов е како задолжителна лектира, и оние што не уживаат во ваков жанр, мораат да го погледнат. :nod:
    10/10
     
    На rainbowec, sikica7, neimenuvana и 4 други им се допаѓа ова.