Вчера по не знам кој пат го гледав Back to the Future Part II Бидејќи беше Back to the Future Day. Во 1985 Др. Емет ќе ги убеди Марти и неговата девојка Џенифер да одат во иднината за да им помогнат на нивните деца.Тие пристигаат на 21 Октомври 2015 (вчера) каде докторот ќе ја онесвести Џенифер објаснувајќи дека не треба да знае премногу за иднината.Марти ќе се преставува како неговиот син за да спречи голема грешка. Многу е интересно чуството кога го гледате филмот во "иднината" и приметив дека доста работи имаат погодено IMDb 7.8/10 Од мене има 8/10
Го гледав пред некое време, а најмногу ми се допадна пресвртот на крај. Четворица паметни луѓе ( кои не се познаваат меѓу себе) добиваа покана за вечера, за решавање на некоја јака мистериозна енигма. На тој и тој датум, во тоа време се среќаваат и се запознаваат. Добиваат инструкции, и стигнуваат до куќата (оддалечена од градот) каде што треба да се оддржи состанокот. Ги пречекува еден човек, малку чуден мистериозен лик, седнуваат на маса ама на тој "домаќинот" му се јавуаат од болница дека на ќерка му и се влошила состојбата и тој итно си заминува. Овие 4ца остануваат сами, но сфаќаат дека се во замка кога ќе добијат загатка преку порака, која што треба да ја решат за 60 секунди и одговорот да го пратат во порака....ако не успеат за тоа време, тогаш ѕидовите на собата се стеснуваат, а ако успеат тогсаш одма им стигнува нова загатка. Сакаат да избегаат ама не можат, заклучени се. Скоро ниедна загатка не успеваат да решат на време, ѕидовите се стеснуваат, собата станува се помала и помала, а се повеќе и повеќе загатки им стигнуваат на мобилен. Се обидуваат да сфатат зошто баш тие се одбрани, на кој начин се поврзани.... Како што спомнав крајот е добар, со јак пресверт. http://www.imdb.com/title/tt1016301/ Од мене оценка 8.0...
Everest Утрото 10 мај, 1996 година, планинарите пробуваат да се искачат на Монт Еверест, таму тие се соочуваат со многу ниски температури, и најразлични авантури додека се борат за живот. Од мене отценка 10/10
Од овие младите актери многу голем впечаток ми остави Мајлс Телер и решив да ги гледам филмовите во кои глуми, а ги немав гледано. The spectacular now супер филм за тоа како секој матурант си замислува дека треба да изгледа животот, како не сака да биде возрасен и да оди на факултет. После семејните проблеми и разочарувањето од татко му сфаќа дека мора да продолжи сериозно во живтот. Two night stand романтична комедија во која една девојка, разочарана од љубовта сака да си најде забава за една вечер, но заради временските непогоди останува во станот кај еден дечко повеќе од планираното. Нормално се раѓа љубов итн. 21 and over Ваква комедија одамна не сум гледала. Двајца најдобри другари сакаат да го прослават роденденот на нивен другар од средно и го носат во бар. Целта е да пијат едно пиво и да си одат дома, зошто наредниот ден славеникот има важно интервју од кое зависи неговата иднина како доктор. Во текот на вечерта се дознава дека блискоста меѓу другарите не е иста како во средно и дека сите се сменети како личности. Вреди да се гледаат сите. Посебен впечаток Мајлс ми остави во Whiplash, каде глуми момче кое сака да стане светски позната тапанар, но на факултет влегува со конфликт и физичка пресметка со неговиот професор заради упатување на лична навреда. Во моментот кога секој гледач дека помисли дека негивиот сон е урнат, гледаме дека само тој што сака да ги оствари своите соништа ќе проба се
Knock knock Го чекав и го дочекав...и се разочарав.Да не ја повторувам темата на филмов,неколку пати е раскажан,почна некако бавно,недоречено...и цело време очекував некој бум,кој за жал не се случи.Некоја акција се случува на средината на филмот,за крајот да остане без врска .Само заради старата слава на Киану инаку оценката од мене би била помала. 6/10
The gift психолошки трилер, за тоа како еден човек успева да се одмазди за сета психичка болка кога му ја предизвикуваше еден силеџија, додека беа млади. Интересен и последната сцена остава без зборови
Finders Keepers Приказната во филмот е кажана и прераскажана повеќе од сто пати. Премногу сличен или ист концепт како филмовите - Annabelle, Amityville Dollhouse, Child's Play, The Pit. Иако нема некоја специфичност или оригиналност во филмот, сепак е добар во техничката реализација.
Sylvia Филм за една од најпознатите американски писателки во историјата - Силвија Плат. Го изгледав овој филм точно на нејзиниот роденден - 27 Октомври, да би била жива сега би имала 83 години. Прекрасна потресна драма исполнета со многу тага. Ги следи настаните од нејзиното почетно неуспешно пробивање во светот на поезијата и како преку тоа го запознала својот иден сопруг исто поет Тед Хјус со кого имала доста бурен и контроверзен живот. Spoiler Нивниот брак бил зачнат со многу љубов и како што самата кажала дека Тед бил нејзината сродна душа, изгубена половина која ја пронашла. Откако стапиле во брак Силвија се по малку се оддавала на пишувањето за разлика од својот сопруг кој тогаш достигнал блескави успеси, таа била посветена на семејството имено таа му родила две деца. Силвија страдала од депресија, била згрижена во ментална болница и на неколку наврати извршила обиди за самоубиство.. Нејзините психички проблеми се влошиле кога започнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг ја изневерува што и подоцна се испоставило за точно.. Силвија умрела на 30 годишна возраст извршувајќи самоубиство во својот стан каде што живеела со своите деца. Таа оставила зад себе неколку поетски збирки кои достигнале рекордна читаност во 20 век а исто така и освоила бројни награди пред и по својата смрт. Нејзиниот син исто така изврши самоубиство во 2009 година, бил пронајден обесен. Сопругот на Силвија го уништил нејзиниот дневник и избришал необјавени поеми во кои било детално опишана нивната врска а пред неговата смрт тој конечно проговорил за тоа, отпосле е снимен овој филм. Актерската екипа ми се допадна многу. Гвинет Палтроу ретко сум ја гледала во вакви сериозни улоги, мислам дека добро се вклопи.. Даниел Крег, во еден момент си реков што побогу прави Џејм Бонд во ваков филм но потоа сфатив зошто го избрале баш него.. Одличен актер. Оценката која ја има на имдб е 6.3 јас би дала 7.
Lajanje na zvezde ( 1998 ) Да го започнам моето форумство со овој пост, кој така е погоден што мојот омилен филм е во него. По тотална случајност вчера го гледав (по не знам кој пат) филмов, и тој за многу причини ми е омилен. Дејството се случува во ретроспектива на еден (сеуште) страсно вљубен пар, кој се навраќа на нивните сеќавања од последните неколку недели на нивното средно образование, поттикнати од нивниот син (кој патем таа вечер оди на матурска забава). За мене, во овој филм има прекрасно искажани љубовни чувства, иако тие се на некој начин суптилни. Премногу ми се допаѓа начинот на кој мажот ја освојува жената, целата 'брканица' и пресвртите во филмот, и сеприсутната комичност на настаните. Има интересни подтеми, кои исто така го привлекуваат вниманието на гледачот и допринесуваат до заклучувањето на настаните, со повторен приказ на љубовта на парот и жарта која сеуште е таму. Би сакала некој така да ме 'брка' како девојката од филмот, така и да ми се додворува. Во денешен ден, како целата романтика да е изгубена, а во ваквиот начин на додворување има многу повеќе страст и желба. Но тоа е друга тема! Ако некогаш, некој се најде да сака да ме освои, после многу тегнење ќе му речам, "Гледај го филмов, па види после што ќе правиш." Сепак, да треба да го гледа да знае да ме освои, нема да успее. Многу сум пребирлива
Долгоочекуваниот: The Man From U.N.C.L.E. (2015) Авантура и акциона комедија, но не од оние класичните комедии, што би рекла ретардирани, туку со вкус, стил и доволно интелигенција, а трае околу 2 часа. Во главните улоги се Henry Cavill, Alicia Vikander, Armie Hammer. Филмот е во Џемс Бонд-стил, дејството се одвива во 1960-ите, а станува збор за американски и руски агент кои имаат заедничка цел и затоа мораат да се здружат, а во средина се наоѓа девојката околу која се врти главното дејство во филмот. Филмот ми се допадна. Многу ми се допадна. Закон беше. Актерска екипа за 10-ка, костимографија - одлична, фотографија - исто, акција на ниво, од старт на филмот до самиот крај. Музиката - супер. Се гледа дека екипата навистина се потрудила околу филмов, и иако се категоризира како комедија, не е класична комедија, туку со стил и вкус, како што веќе кажав. Не е комедија во стил да се паднеш од смеење, туку да ти биде интересно и цело време да имаш насмевка на лице и да се чудиш како на некој му текнало такво нешто. Имаше неколку сцени кои се издвојуваа, тие што ќе го гледаат, ќе ги препознаат. Во целина филмов беше одличен и ми се направи конечно мерак што го изгледав, бидејќи долго го чекав. Хенри Кејвил беше одличен во улогава, му легна и му дојдоа до израз актерските квалитети. Исто и на Алисија Викандер. Русинот ми е анонимус, ама беше таман. Гај Ричи дефинитивно треба почесто да прави филмови. IMDB оцена: 7.6 Моја оцена: 9.5 Одличен! Препорачувам!
Ај ако може линк. Сакам да го гледам, го барам на Замунда, пред некој ден го имаше во топ 10 сега го нема.
Почетоците и големата слава на рап групата N.W.A. Браво за Dr Dre и Ice Cube на кого му текна да направат вака јако добар филм. 8/10
El cuerpo и јас го гледав сега, зашто читам фален тука, богами стварно е за фалење.Нешто најдобро што сум гледала во последно време.Баш барав некој ваков трилер да те држи во неизвесност до последен миг, и го најдов.Крајот не би го предвидела ни да сум баба Ванѓа, Иван Исцелител и Нострадамус. Инаку видов пред некоја страна за Интерстелар пост, не е филмот правен за Оскар,блокбастер со физики и чуда, општо на Нолан филмовите му се такви - полни со парадокси и игри на мозок, ги имам гледано и Shutter Island, Inception и Memento не ми биле потполно јасни дур не сум прочитала толкувања на интернет, на исто ниво со Твајлајт, Hunger Games и шта ти ја знам е гревота да се стават.
@Lady Phoenix скоро секогаш имаш добар предлог за филмови кои се по мој терк,ако немам инспирација знам дека ти секогаш имаш предлог на жанр кој го преферирам Црна Миса\ Black Mass Жанр: aкција, криминалистички, драма Johnny Depp, Dakota Johanson Bulger (Johnny Depp) ганстер со ирско потекло,кој преку 20 години игра двострана игра како еден од најголемите амерички кримналци, уживајќи во сигурноста која му ја пружа пријателот од детството, еден од најбитните луѓе на бостинскиот ФБИ. Bulger станува доушник на ФБИ што на својот пријател му обезбедува да јја зацврсти својата моќ,но паралелно со тек на време станува и најголем непријател на ФБИ и поминува 16 години на листа на најбарани злодела. Филмот е вистинска приказна,малку бев скептик дали да го гледам со тоа што сопругот го одбра, а тој сака баш ваков тип на жанрови (инаку се емитува сега во кино Милениум). Но не згрешил ,мене ми се допадна незнам каква оценка има јас му давам оценка 9.
После бајаги долго време и јас изгледав филм и тоа Black Mass, како @Mama25. Не ми се допадна баш, не ми беше ништо посебно, ниту интересен, но единственото нешто што ме натера да го изгледам е брилијантната глума на Џони Деп. Оваа улога на ирскиов мафијаш Whitey Bulger мислам дека му е најдобрата улога досега. Од мене филмот има 7 и тоа само заради Џони.
каде може да го најдам овој филм да го симнам бидејќи на замунда го нема ... сакам да го гледам но неможам да го најдам на нет .. те молам за помош.