Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.528
    Пол:
    Женски
    Before we go
    [​IMG]
    Ако сакате да погледнете лежерен филм,без многу да ви работи мозокот,да се насмеете на неколку места ова е филм за вас.Млада жена е ограбена на жел.станица но нели каков е тој филм кога не се наоѓа згоден непознат маж да и помогне и да даде се од себе,за таа навреме да се врати дома и да си го спаси бракот.
    Искрено очекував поубав крај,виножита пеперутки и еднорози,ама тоа не се случи.На имбд оценка 7.
    Од мене едвај 6,едвај...
     
  2. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    [​IMG]Bas pregeska go gledav i e eden od podobrite horor filmovi , scenite likovite se e topvredi da se pogledne ;)
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Shutter Island
    [​IMG]
    IMBd му имаат дадено оцена 8.1 , јас би му дала 10.
    Предобар психолошки трилер кој до последен момент те остава во неизвесност. Секоја 5 минута ти се менува мислењето и крајот е неочекуван.
     
    На sweety90, Bozica1980, victoria и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Френки Далавера

    Френки Далавера Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    323
    Criminal activities

    Нов филм со Џон Траволта, сместен во жанр трилер, ама на мене малку ми забегуваше и накај комедија.
    Не комедија да се згазиш од смеење, ама да имаш насмевка на лицето пола од филмот.
    Четворица пријатели се задолжуваат кај мафијата, и за да им се прости долгот треба да киднапираат еден криминалец.
    Интересен филм кој го задржува вниманието до крај, а крајот е тотално неочекуван

    Од мене оцена 9.
     
  5. Френки Далавера

    Френки Далавера Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    323
    Heist (2015)

    IMDB: 6.1 Јас - 10.

    Акција, трилер со мојот омилен глумец Роберт Де Ниро.

    Се работи за човек кој ќе ограби казино за операција на неговата болна ќерка.
    Интересен, непредвидлив, задржува внимание.
     
    На rainbowec, krismacki и sikica7 им се допаѓа ова.
  6. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    последен филм што го гледав беше CRIMSON PEAK и филмот ми остави доста добар впечаток на почеток беше малку така досаден ама ептен малку а подоцна како се одвиваше филмот стануваше се подобар и подобар .. Добра мистерија кој гледа оваков жанр слободно нека си го изгледа одличен е...
    И сеа само да ве прашам девојки дали некој го има гледано филмот HOPE LOST ?!!

    И да не заборавам уште еден изгледав доста добар филм трилер романса погледнете го одличен е и многу поучен за сите девојки THE PERFECT GUY се вика филмот со одлични глумци и многу добар смислен филм ... http://www.movieinsider.com/m12900/the-perfect-guy/
     
    Последна измена: 22 декември 2015
    На Svetulkaaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    [​IMG]Го гледав сабајлето,добро филмче е се работи за семејство кое се преселува на фарма (кај што се десило убиство на 9 деца во близина на едно дрво кое го крие проклетството..) Филмот е предобар и вреди да се погледне :)
     
    На rainbowec, Elissa и sikica7 им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Не дека е последен филм што сум го гледала, напротив. Ама ќе го рецензирам на кратко

    Le Libertin (2000)

    Станува збор за историска комедија, јас би рекла и сатира. Глумците нема да ги наведувам, повеќето ми се непознати, освен Vincent Perez и Audrey Tautou. Се зборува за Енциклопедистите, на чело со Дени Дидро, како и ситуациите во кои се наоѓаат додека печатат Енциклопедии. Повеќе дејството се концентрира на животот на Дени Дидро.

    Филмов е од француско говорно подрачје и трае малку повеќе од час ипол. Претставена е француската култура, која е, нели, така полиберте во однос на другиве во тој период, наспроти која се вметнати сцени во кои кријат грешни работи од кардиналот кој им е на гости. Целиот филм е урнебес, цело време нешто се случува. Има доста сцени со голотија, со хомосексуалци, лезбејки, неверства, едноставно, на еден Французин или Французинка никогаш не им е доста од љубов. Музиката е многу специфична, класично-модерна, некој микс. Сцените се убаво снимени, а костимографијата одлична.

    [​IMG]
    IMDB оцена: 6.1
    Според мене е доста потценет овој филм. Од мене има 7.5.
     
    На Annath и boomsleng им се допаѓа ова.
  9. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Jailbait (2014)

    Се работи за девојка која поради убиството на својот очув ќе биде осудена на малолетнички затвор.
    Таму таа ќе се сретне со секакви кланови, лезбејски врски, дрога, психичко и физичко насилство, како од затвореничките, така и од вработените.

    Интересен филм, мене ми беше сличен на серијата Orange is the new black.

    Има мала оцена на IMDB, а јас би и дала 8 (обожавам филмови каде дејството се одвива во еден простор - соба, затвор, интернат, академија).
     
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Mr. Holmes (2015)
    m_mrholmes.jpg
    Шерлок е во својата 93та година од животот и меморијата веќе не го служи ко порано.
    Неговото секојдневие се состои од одгледување пчели и повремен муабет со госпоѓа Мунро и нејзиното бистро синче. Роџер. кои се грижат за куќата и самиот Холмс.
    Сега, кога животот му е релативно мирен, единственото нешто што го мачи е последниот негов случај ко детектив, на кој не може да се сети во целост...

    Преубава драма, прекрасна сценографија и топла приказна која внесува многу човечна нота во карактерот на Шерлок, кој претежно сме го навикнале ко постуден итрец.
    Иан МекКелен уште еднаш докажува зашто ми е меѓу омилените актери. Таков мил и впечатлив дух му дава на ликот, на моменти и на раб на солзи ме донесе.
    Често гледам филмови, ама ретко кога сметам дека вреди да се препорача некој, посебно нов.
    Овој е од ретките исклучоци. 9/10
     
    На rainbowec, Annath, Jordanovska-K и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.949
    The miracle worker (2000)

    Филмот е всушност биографија за Хелен Келер, немо, слепо и глуво девојче кое што се раѓа како нормално дете, меѓутоа болест на 19 месеци ја претвора во дете со посебни потреби. Упорноста и трпеливоста на нејзината учителка ќе успее да ја трансформира од бесно и трауматично девојче на кое тантрумите му се се што умее да направи во девојка која ќе догура далеку во нејзиниот живот. Прекрасен!

    After Thomas (2006)

    Исто така базиран на вистинска приказна, филм преполн со емоции. Кајл е аутистично дете, а на неговите родители ќе им бидат потребни 2 год. за да откријат за која болест станува збор. После тоа започнува борбата која не носи големи успеси во прилагодувањето на момчето во општеството. Мајката е очајна, бракот на родителите е пред распад. И...доаѓа Томас, златниот ретривер. Кучето предизвикува чуда во ова семејство и напредокот на Кајл.
     
    На rainbowec, Annath, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Crimson Peak (2015)

    Означен како драма, фантазија и хорор на ИМДб, ме заинтересира.
    Филмов воопшто не е страшен, освен појавите на духовите, кои лесно се преживуваат ако не сте фан на хорор, немаше ништо друго страшно. Единствено што целата атмосфера ми беше некако creepy.

    Улогите совршено им прилегаат на актерите.
    Прочитав дека првично Benedict Cumberbatch требал да биде Thomas Sharpe, но Tom Hiddleston совршено си ја завршил работата. Многу ми се допадна неговата улога. Откако било договорено Том да го глуми Томас, тогаш Дел Торо направил некои измени во однос на карактеристиките на ликот, го направил почувствителен.

    Многу ми се допадна и улогата на Jessica Chastain, Lucille. Ладна, строга, повлечена во себе. Но, и себична. Не знам колку би го открила филмов, но сепак ова ќе го ставам во спојлер.
    Ако чувствувала толку голема љубов кон Томас, тогаш зошто не направи компромис и не се обиде да го разбере, да го слушне и неговото мислење, туку веднаш бесно дејствуваше.

    Навистина убава приказна, добро прикажана. Ме заинтересираа ликовите и побарав на интернет за Томас и Лусил има кратки биографии напишано, лесно можат да се најдат.

    Филмот е долг 2 часа, а мене ми се чинеше како да заврши за 5 минути. Премногу ми се допадна, и не сакав да заврши.

    Го ставам на листата на 10 омилени филмови и го препорачувам.

    10/10
     
    На tinkerbelll, Jordanovska-K, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Criminal Activities
    [​IMG]

    Филмов го гледав заради актерската екипа и мора да кажам лошо сценарио правеле нешто недоправиле. Неколку другари се наоѓат на погребот на школси пријател и решават да вложат пари на берза еден од другарите ќе ги донесе сите пари , но по месец дена фирмата банкротира , а тие дознават дека нивниот другар позајмил пари од мафијата. За возврат Еди ( Џон Траволта) ќе побара да ќиднапираат еден човек за да го вратат долгот. Незнам можеби за да тепате време ама далеку од нешто спектакуларно 5/10.
     
  14. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    La cara oculta

    Конечно и јас да го изгледам еден од најпредложуваните шпански трилери и сум презадоволна.

    На почетокот малку ми беше досаден, можеби бидејќи знаев за што отприлика се работи (така и ми треба кога читам спојлери и гледам трејлери :lol:). Цело време си мислев кога ќе почне да станува интересно.
    И на средината од филмот почна да ми станува се' поинтересно (можеби оти и втората половина од филмот го гледав со глас :D), за крајот да ме воодушеви.

    Го препорачувам за љубителите на добар трилер :). Од мене оцена 10.

    Се работи за познат диригент чија девојка ненадејно ќе го остави преку видео порака. Дали е жива или мртва, и има ли тој нешто удел во нејзиното исчезнување, гледајте и ќе дознаете :D
     
    На medena21, nadja29, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  15. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    17 Again-Само поради Зак давам 5/10, можеле многу поубаво да го смислат филмот.
    We Are Your Friends-Многу ми се допадна, Зак Ефрон е маченце :inlove: му давам 8,5/10
    Neighbors-Повторно со Зак, се исцепив од смеење, супер филмче, го препорачувам 10/10
    The Notebook-Приказната е преубава, Спаркс си ја знае работата, книгата не ја имам читано ама затоа ја имам читано Драги Џон, и на книгата и на филмот плачев исто и на Notebook се утепав од плачење, 10/10
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Peaceful Warrior (2006)

    [​IMG]


    Многу убава драма која е базирана на вистинска приказна, поточно по книгата Way of the Peaceful Warrior напишана од Dan Millman, човекот на кого му се има случено ова. Филмов изобилува со многу поучни и доста инспиративни, мотивирачки реплики. Се работи за младо момче спортист, кој со сите сили се бори да се квалификува за Олимписки игри и да освои злато. И покрај сите препреки кои се јавуваат тој се бори и е упорен, а на почетокот случајно запознава еден мистериозен старец кој го прати цело време и ќе му го смени животот, буквално. Кој го нема гледано му го препорачувам од срце. (Во филмот игра и Стефан од Дневниците на вампирите)

    7.3 има на Imdb, од мене чиста 10 :~:
     
    Последна измена: 30 декември 2015
  17. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    The Martian (2015)

    Авантура, драма, научна фантастика со времетраење од околу 2 часа и 20-ина минути. Во главни улоги не-знам-зошто-толку-омразениот Matt Damon, Jessica Chastain, Kate Mara, Sean Bean, Jeff Daniels... Се работи за екипаж кој ненадејно заминува од Марс, но зад себе остава еден член за кој извесен период ќе мисли дека е загинат, но потоа се враќа екипажот во спасувачка мисија на заостанатиот, дури после некои 2 години.

    Прво нешто што ќе го кажам, со должна почит кон сите кои се огромни фанови на Interstellar: Луѓе, Interstellar може г**на да јаде во споредба со овој филм. Ајде обратно да одам, за да објаснам зошто. Пред се' затоа што настаните што се случуваа во овој филм беа далеку пореални отколку во Interstellar. Interstellar беше долг, досаден, сакаше да биде многу научно настроен, а врска немаше, со научната терминологија само повеќе ги збунуваше гледачите кои и без тоа не се очекува да имаат којзнае колкави познавања од физика, за да го проценат квалитетот на филмот. Освен тоа, имаше доста нелогични работи, а врв на сето тоа беше крајната сцена кога ќерка му на Метју МекКонахи е 80 годишна баба, а тој е млад. Всушност, уште понелогично беше кога сам себе се гледаше во собата со книги и се обудуваше да искомуницира. Овде, во The Martian, немаше такви заплети, немаше премногу нелогичности, се' беше објаснето на јазик кој може да го разбере секој нормален човек. Акцијата почна уште од самиот почеток, интересни пресврти имаше, многу добри замисли и колку што се информирав, најнеизводливото нешто во филмот беше оној момент кога Мет Дејмон ќе си ја дупне ракавицата за да може да стигне до бродот.

    Музиката беше баш свемирска, ме потсетуваше на CIvilization - Beyond Earth, игра која многу ја сакам, додуша оваа верзија не ми е омилена, но такви беа звуците и таму. Тука беше и so '80-ies диско музиката, што ми даваше некој интересен шмек на филмов. Мислам дека Марс и условите таму беа доста добро прикажани. Мет Дејмон одлично се снајде во улогата, Џесика Честејн ја сместија во секој можен Sci-Fi филм, а исто така и Кејт Мара. Шон Бин имаше некоја кратка и споредна улога, ама барем не умре (фала ти Боже :lol:), а Џеф Даниелс интересно ми изгледаше во сериозна улога.

    Се' на се' - одличен филм и топло го препорачувам. Одамна не ме воодушевил некој научно-фантастичен филм како овој. (y)

    [​IMG]
    IMDB оцена: 8.2
    Од мене има чиста 9-ка!

    Да го гледате филмов обавезно и немојте да го мразите Мет Дејмон. :D
     
    На Someonespecial, rainbowec, Wahnsinn и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Interstellar
    Oдaмнa сaкaв дa гo гледaм, пa еве, зa прaзнициве гo нaчекaв нa HBO.
    Ќе кaжaм сaмo декa ми се дoпaднa, иaкo некoи рaбoти не ми беa дoвoлнo рaзјaснети. Читaв дoстa негaтивни критики декa филмoт бил нереaлен (истo кaкo штo нaпишaлa Лејди пoгoре). Немa дa се слoжaм сo тoa, сaмo ќе кaжaм декa и тoa кaкo имa врскa сo реaлнoстa, и не е пoтребнo кoјзнaе кaквo пoзнaвaње oд физикa и aстрoнoмијa зa дa се рaзбере прикaзнaтa.
    Oтсекoгaш чoвекoт сoнувaл зa oсвoјувaње нa вселенaтa, кoлoнизaцијa нa нoви плaнети пoрaди тoa штo и нa oвaa кaквa штo јa знaеме ќе и дoјде крaјoт, aкo не oд нaс луѓетo, тoгaш сигурнo кoгa сoнцетo ќе изгaсне. А ќе изгaсне еден ден, дефинитивнo и плaнетaтa Земјa немa пoвеќе дa пoстoи, бaрем не вaквa кaквa штo јa знaеме.
    Темaтикaтa вo Interstellar е тoкму тaa - кaкo дa се oсигурa oпстaнoкoт нa чoвечкиoт вид кoгa Земјaтa веќе не нуди пoвoлни услoви зa живoт.
    Бившиoт пилoт oвoјпaт ќе oди нa свoјaтa пoследнa, мoжеби нaјзнaчaјнa мисијa oд чии резултaти зaвиси иднинaтa нa негoвите децa.
    Сoсемa случaјнo вo сoбaтa нa ќеркaтa ќе oткрие пoрaкa кoјa му ги дaвa кooрдинaтите нa лoкaцијaтa нa кoјa се нaoѓa тaјнaтa бaзa нa НАСА кoјa веќе не е дoбредoјденa вo тoј свет вo кoј нaукaтa и нејзините дoстигнувaњa не се ценaт.
    Сo мислa зa пoдoбрa иднинa тргнувa нa пaт oд кoј не знaе дaли некoгaш ќе се врaти и дaли пoвтoрнo ќе ги види свoите децa и земјaтa oнaквa кaквa штo јa знaе. Акo дoбрo јa знaете теoријaтa нa релaтивитетoт (a не е тoлку кoмплицирaнa), ќе сфaтите зoштo времетo зa oние нa Земјaтa и зa oние штo се испрaтени вo мисијaтa не тече пoдеднaквo. Зa дa биде истo, екипaжoт би мoрaл дa пaтувa сo брзинa нa светлинaтa, штo технички е неизвoдливo, бaрем дoсегa. Зaтoa кoгa тoј јa виде ќеркaтa тaa беше пoстaрa oд негo.
    Единственo штo не рaзбрaв, или не беше убaвo oбјaснетo е прoблемoт сo грaвитaцијaтa, дaли мислеле нa прoблемoт сo грaвитaцијaтa и текoт нa времетo, дaли нa нештo другo, не знaм, aмa тoa ми беше мaлку кoнфузнo.
    Мaлку и тoa сo петтaтa димензијa ми беше кoнфузнo, aмa верoјaтнo си дoзвoлиле мaлку пoвеќе дa фaнтaзирaaт сo тoa штo нaвистинa се случувa вo црнaтa дупкa, пa oттукa у мoжнoстa дa се биде присутен вo билo кoјa димензијa, вo билo кoј временски мoмент, зa дa гo oпрaвдaaт тoa кaкo стигнaлa пoрaкaтa дo негo и негoвaтa ќеркa.
    Филмoв е сo типичен хoливудски хепиенд, дa се дaде нaдеж декa сепaк имa иднинa зa чoвештвoтo, дaли нa Земјaтa, дали нa некoјa другa плaнетa, сееднo.
    Препoрaчувaм нa љубителите нa нaучнa фaнтaстикa и oние кoи бaрем мaлку јa сaкaaт aстрoнoмијaтa.
     
    На SimonaTino, Marossa, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Да се умешам малце и ја у темава, иако со офтопик - се надевам нема никој да ми замери. :)

    Ќе ги ставам работиве у спојлер, пошто може има некој што уште не го гледал Интерстелар, па да не му го прераскажеме цел филм у коментариве. :D

    Се слагам, филмот не бара којзнае какви познавања од физиката за да може да се разбере. Главната финта е релативитетот и евентуално, обединетата теорија на физиката. Е сега, тоа што генералната публика, претежно Американците, немаат основни познавања од ништо, па филмов им бил несфатлив или тежок за разбирање, не им е Нолан крив. :)

    Анат, морам да те исправам овде. Прво, ако бродот патуваше со брзината на светлината, баш тоа и ќе се случеше - екипажот немаше да остари, додека сите на Земјата ќе остаера. Но, у секој случај, причината што ќерка му на МекКонахи беше бапка кога он се врати, немаше никаква врска со патување со брзината на светлината, туку главно поради тоа што слетаа на планетата (како и да се викаше) која беше во близина на црна дупка, на која што секоја минута беше еквивалентна на 7 години на Земјата (и поради тој факт и стигнуваше сигнал до нив, иако женава што слетала на планетата инстатно ја убило цунамито кое „владее“ со планетата).

    Накратко, ова е работата: постојат 4 елементарни сили во вселената - гравитација, електромагнетизам, слаба и силна нуклеарна сила.

    [​IMG]

    Гравитацијата е едниствената елементарна сила која нема своја соодветна честичка-носител. Сите други сили си имаат свои честички. За гравитацијата теоретската честичка би била гравитонот, но неговото постоење сеуште не е докажано.

    Меѓу другото, неможноста да го откриеме гравитонот (т.е. да докажеме постои ли или не) е пречка во создавањето на обединета теорија на сите сили и законитости во вселената - тнр. Theory of Everything (што, btw у филмов и успева на ќерката на МекКонахи).

    Да, ова беше конфузно и нелогично и главната причина поради која филмов и не ми се допадна толку. На страна од сите нелогичности, се создава и временски парадокс - како МекКонахи успеал да си ги прати координатите од тајната база на НАСА сам на себе, уште пред да тргне на патувањево низ вселената? И слични работи.

    А, да - и како успева да и ја „прати“, т.е. објасни толку комплексни информации на ќерка му, само со помош на Морезова азбука, со сказалката на часовникот? (facepalm) Whatever.

    У секој случај, @Annath се извинувам ако те удавив со објаснувањава, или ако успеав да ти го руинирам филмот. :D

    Поздрав! :hai:
     
    На Lady Phoenix и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Не се секирaј, тaмaн си е. Јaс имaм скрoмни пoзнaвaњa штo бaш и не сум ги нaдгрaдувaлa пoрaди други пoлињa нa интерес, aмa вo секoј случaј ти блaгoдaрaм нa објаснувањетo. Се си мислев декa е oбрaтнo зa патувањето сo брзинa нa светлинaтa, aмa изгледa и јaс имaм некoи дупки вo и oнaкa скрoмнoтo пoзнaвaње штo требa дa се пoпoлнaт.
    тесерaктoт беше дефинитивнo нaјглупaвoтo нештo вo цел филм, aмa кaј aмерикaнците мoрa секoгaш дa имa тaкви испaди. Пoгoтoвo aкo се зaфaтaт зa нештo кaкo црните дупки и црвoтoчините, зa кoе штo гoлем дел oд пoпулaцијaтa немaaт пoим, мoжнoстите се гoлеми.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.