The uninvited guest (2004) Ми тргна со шпанските филмови (благодарност до @Lady Phoenix ). Филмот е трилер, за човек Феликс што поминува низ разделба со саканата и останува да живее сам во огромна куќа. Еден ден доаѓа човек, сака да телефонира. Феликс го остава сам, но човекот наеднаш исчезнува. Дали сам си заминал, или уште е во куќата, ќе дознаете ако го гледате. Мене некои работи не ми беа јасни, ми беа нелогични, ама нив ќе ги прашам во спојлер . Заради тие нелогичности, од мене оцена 8. Spoiler: Нелогичности Како прво, не ми е јасно зошто глумицата беше иста (бившата и жената во инвалидска количка). Како второ, зошто човекот отиде да телефонира, што му беше целта . Како трето, зошто кога тој ја погоди бившата, таа не кажа ништо, туку цело време ќутеше додека тој ја заклучуваше на таванот. Ако ми ги разјасни некој тие работи би му била многу благодарна .
Before I go to sleep (2014) Трилер со Никол Кидман во главната улога. Се зборува за жена која ја губи меморијата секое утро кога ќе стане. Која е, што се случило да дојде до таа состојба , и што се случува секој ден знае само од маж и' (односно тоа што тој и' кажува). Со помош на психијатар почнува да ја пополнува сложувалката во својата глава. Мене ми беше интересен и непредвидлив до крај. Оцена од мене 10.
Wild things 2 (2004) Spoiler: Постер spoilers ahead Го начекав на Сител случајно и си реков дај го гледам пред спиење, и тоа не беше добра идеја бидејќи до 3 ипол не заспав, поради тоа што баш таа вечер сите постери решија да ми се одлепуваат и ме вадеа од памет и плус крвишта, крокодили и ножеви од филмот и тоа е доволно за мене. Добро, назад на филмот. Ми се допадна тоа што на почеток ништо не е како што изгледа, и после само ти го плеснуваат: аа овој работел со овој, аа уствари не, упс, ја убија, ништо ај, со таткото ќе си живеат, чекај не, втф... Интересен беше воглавно, ми го задржа вниманието, само секс-сцената одвај ја преживеав, мислам воопшто не им требаше, можеа и на друг начин да прикажат дека оваа е лезбејка и работи со другата и оној другиот. Леле ама ги кажувам, цц... Добро, да не дрдорам повеќе, од мене добива 7/10, и онака ми беше за тепање време само, но утепав повеќе време од колку што ми беше планирано. П.С. главната актерка ептен е убава
1. Carol 2. The Danish girl Интересни се,не толку колку фалењата што ги прочитав. Но,вреди да се одвои време и да се погледнат.
In The Heart Of The Sea (2015) Акција и авантура, биографски филм за тоа како настанала приказната за белиот кит-одмаздник, Моби Дик. Трае околу 2 часа, а во филмов се појавуваат еден куп познати актери: Chris Hemsworth aka Тор, Cillian Murphy aka Крејн од Бетмен, Ben Whishaw aka Гренуи од Парфем, Brendan Gleeson aka Mad Professor од Хари Потер, Michelle Fairley aka Кејтлин Старк, Joseph Mawley aka вујкото Бенџен и уште по некој лик од GoT. Приказнава започнува така што еден безнадежен писател доаѓа кај еден од преживеаните нидејќи му пари во замена за раскажување на настанот. Се одвива во 19-ти век кога китовото масло се користело за се' и сешто во секоја сфера од човековото живеење. Иако е биографија, сепак приказната е многу интересна и на некој начин поделена во две етапи: првата е тргнувањето во лов на китови, што го претставува акциониот и авантуристичкиот дел од филмот, сите неправди, сите погрешни одлуки уште од самиот почеток. Втората етапа е драмска, без акција, во која е претставено преживувањето на екипажот, или барем она што останало од него. Сите одвратни работи кои мора да ги прават за да преживеат, на чело со канибализмот, додека огромниот кит ги прогонува. Сепак е со, на некој начин, среќен крај, бидејќи успеваат да ги најдат и едните и другите (беа во бродчиња кои под дејство на струите се разделија на крај) и од костури повторно да ги претворат во нормални луѓе, кои инсистираа да ја кажат вистината. Актерската екипа беше беспрекорна, како што може да се види и од мојот прв пасус, бидејќи беа собрани актери кои имале до сега големи улоги на други места. Музика, сценографија, костимографија - немам замерки. Ефектите беа за пофалба. Се' на се', филмот многу ми се допадна и направи да се сожиевам со настаните. IMDB оцена: 7 Од мене има 8.5
Wild things 3 (2005) Spoiler: постер Ако ме прашате зошто го гледав филмов, ни јас нема да знам да одговорам. Сè е исто како во претходниот, само ликовите се сменети и приказната (малку, ептен малку). Бидејќи го гледав со половина очи зашто ми се спиеше, не успеав да погодам дека Мари и Елена се лезбејки (јеее, ги запомнив имињата), а не се ни трудев всушност. После секако ми текна дека и докторов е со нив. Сериозно, не ги можам секс-сцениве. Значи добро, протумачивме оти работите заедно, не мора до толку, бреее... Секогаш кога ќе се загледаа овие двете си викав не пак. Ги погодив и мучките на мајката (yay for me!), а и на крајот тоа што се случи. Мислам, треба да си глупав да не погодиш, особено ако си го гледал претходниот филм Од мене добива 5/10, прво бидејќи е глупав филм, и сигурна сум дека и првиот дел нема некоја поразлична приказна, не ја гледам поентата да направиш 50 филмови кои ќе се вртат во едно точка. Две лезбејки и еден тип сакаат да го земат наследството на очувот на едната лезбејка, патем умира другата и типот, и лезбејката си живее среќно и весело со нејзината мајка за која не знаевме досега. The end. И второ, секс-сцените кои беа побројни. Бљак... The mask (1994) Spoiler: постер Се емитувал на Телма пред некој ден, а јас понесена од мислата дека Телма знаат да дадат некој добар филм понекогаш, го пуштив на ТВ без да го изгуглам. Ама добро, ептен ми беше досадно. Го прежиевав цел . За колку години е ова чудо, четири? Многу глупав филм. Не знам ни што да напишам, филмов е смешно-глупав. Имам видено некои гифчиња од филмов, а немав поим дека е овој. Мислам дека братучед ми што е безмалку две години би уживал во филмов. Па на Телма пишува 8+ години, си реков можеби е предупредување за да не го гледаат личности над 8 години, да не си го трошат времето залудно. 3/10 Како си ја започнав годинава, филмовите кој од кој поглупав. Еве, ветувам, повеќе нема ни да погледнам филм кој го даваат нашиве телевизии. Чесен пионерски збор.
Вртев вртев по тоа попкорнтајм и најдов филм кој излегол лани(2015 де),филм од нетфликс...абе комедија невидена и вестерн истовремено Се работи за 6 шутарки кој од кој побудала сите браќа од различна мајка,а ист татко...арно ама таткото порано бил од лошите каубојци шо краделе банки и се таму лошите бизниси.Мислам дека ова е доволно,бидејќи кога ќе го погледнете филмот ќе видете дека сум во право.Овој филм е буквално вака Така погледнете го луѓенца. Оценка од мене 10 Еве и трејлер
Dumb and dumber to (2014) Втор дел на глупавиот и поглупавиот. Смешен е, не е колку првиот ама сепак интересен. Ако првиот беше 10/10 за комедии, овој е негде 6-7/10.
A Christmas Horror Story Повеќе интересен отколку страшен, склоп од неколку приказни, секоја со различна тема поврзана со празнични легенди од типот на Дедо Мраз, Крампус и сл. и одличен пресврт на самиот крај. Добра глума, добри ефекти, се' на се' супер филмче, посебно за овој период сега.
The Revenant Приказната беше малку досадна и развлечена, меѓутоа изведбата на Леонардо е беспрекорна и маестрална, само поради него вреди да се гледа филмов. И сцената со мечката. Страшно реалистично изведена, брутална, сурова, морав да ја вратам неколку пати. Одлична сценографија и останатиот кастинг супер си ја завршил работата. Вреди да се погледне,
The martian Супер филмче, го држи вниманието до крај Сакам да го гледам уште еднаш А најмногу мразам, значи стварно мразам, да изгубам време на глуп филм Ни случајно и досадно да ви е да не го гледате триаголник Гледај , гледам се едно исто, во круг Јас круг би го крстила филмот, и би го погребала И што сакаше да каже писателот? Дека изгубените зборови, дела, луѓе и 100 и 1000 пати да се родиме нема да ги вратиме? Е фала ти мајсторе, што за една реченица изгубив 2 саати да гледам иста сцена
Across the river Морав да го искоментирам дефинитивно.Подосаден филм немам гледано во живот.Цел филм е само со еден човек.Филмов е хорор ама нема ни х од хорор.Ова ми беше залудно потрошен 1ипол час. IMBD 5,6/10 Моја оценка 0/10
Disturbia (2007) Тинејџер кој е во домашен притвор од досада почнува да ги шпиунира соседите,една ноќ почнува да се сомнева во неговиот сосед дека е криминалец,тој и неговиот другар и девојка продолжуваат понатаму незнаејќи во што влегуваат. IMBD 6.9 Моја оценка 10/10
Mission Imposible Rogue Nation По добар филм ја у живот не сум гледала со Том Круз е, чоекот е закон Ова е по модерна верзија на "Џејмс Бонд 007" ама и боље од него според мене. Да го гледате,омилен филм ми е 10/10
Selfless Најдобриот филм што го имам гледано,се разбира со прекрасниот глумец Ryan Reynolds . Bреди да се изгледа!
Paper towns Ретко давам шанси на вакви „од ракав“ филмови, али овој пат морав поради омилената Кара Делевин и Нат Вулф кој ми е доста симпатичен Не сум читала ниту една книга на Џон Грин а и не ни планирам, не ме привлекуваат вакви приказни.. Филмот е просечен, ништо посебно.. Содржината е млитава без некоја конкретна поента, можеби во книгата е посочена подобро, не знам, ама во филмот не забележав. Лабав онака за да си го одмориш мозокот, ништо посебно. Се надевм дека Кара ќе се покаже во подобро издание во некој од нејзините наредни филмови затоа што и самата рече во едно интервју дека се пронаоѓа доста во актерските води, па мислам дека има потенцијал. Просечнка оценка од мене 5/10..