Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Prekrasno filmce :)
     
    На SimonaTino, LollySky и simonna.a им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Леле, животов во хаос ми е претворен цел јануари. Филм еден на раат не можам да седнам и да изгледам. За серија да не правам муабет. Ајде една рецензија за филм што го гледав на 100 рати:

    The Hateful 8 (2015)

    (ДА НЕ НАПОМЕНУВАМ ЗА СЕКОЈА МОЈА РЕЦЕНЗИЈА, АМА SPOILER ALERT! :P)


    Вестерн made by Tarantino! Во главни улоги, како и секогаш доста познати фацки: Samuel L. Jackson, Kurt Russel, Michael Madsen, Bruce Dern, Tim Roth, Channing Tatum. Приказнава е за женски член на банда, уловен од страна на bounty-hunter кој е решен женава да ја изнесе пред лицето на правдата - на бесилка. На патот кон Red Rock се сретнува со уште двајца - едниот исто така bounty-hunter, а другиот е идниот шериф на дотичново гратче. Патем ги фаќа снежно невреме и мора да застанат во една вукојебина и да отседнат додека помине невремето. But shit will keep happening. (y)

    Прво, да си кажам дека не сум обожавател на оригинални вестерни, т.е. оние кои се правеле навремето. Меѓутоа, овие на Тарантино ги гледам со задоволство. Тарантино е лудак невиден и одамна му ги следам филмовите. Има некои што вреди да се погледнат, а не сум ги погледнала сеуште, па ќе мора да си ја поправам грешката. 8)

    Друга работа - добри сцени, добра костимографија, за прв пат поразлична музика од онаа која сме навикнати да ја слушаме во филмовите на Тарантино, но сепак сосема соодветна и добра и генерално - дело на Енио Мориконе. Приказната и начинот на кој е осмислена - десетка! Како што веќе кажав во една прилика - Тарантино знае како да направи филмот да делува како театарска претстава. Не само што го дели по „чинови“ со наслови кои одлично го објаснуваат чинот, туку целата таа филмска сценографија и глума е налик театарска претстава. Актерска екипа секогаш знае да собере, улогите адекватно да ги додели, а оние кои ги толкуваат - и повеќе од совршено да си ја завршат својата работа. Знае да осмисли добри дијалози кои ќе го задржат вниманието. Знае да ја замрси приказната и после да вметне еден дел како клуч кој објаснува зошто нешто се случувало или се случува. Едноставно, целиот се дава кога изработува филм, а резултатот е ценет од страна на публиката. Луд гениј.

    [​IMG]
    IMDB оценка: 8.1
    Моја оценка: 10 и очекувам оценката да му се покачи, зашто според мене е некоја нијанса подобар од Џанго. ;)

    Мислев дека рецензијава ќе ми биде пократка, ама многу се инспирирав!

    Битно, филмов е MUST WATCH!!!! :~: Не само вестерн, туку и комедија, драма, трилер; едноставно може да се задоволат доста вкусови.
     
    Последна измена: 16 јануари 2016
    На BellaBrunetta, Annath, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.105
    Пол:
    Женски
    The Martian (2015)
    upload_2016-1-17_16-15-31.png

    Конечно, првиот асален филм што сум го гледала годинава. Цел филм како теле во шарена врата ги гледав прекрасните ефекти и ни малку не се познаваше дека не е сниман навистина во вселената.
    Слушнав дека за специјалните ефекти била задолжена некоја македонска фирма, ако навистина е така, тогаш секоја чест, одлично завршена работа.
    Филмот за мене беше предолг, кога видов колку време трае очиве ми се ококорија, и мислев дека цел филм ќе се прозевам само, но не беше така. Сега кога ќе се навратам дури си велам кога поминаа тие два и пол часа.
    Филмов е еден од подобрите што сум ги гледала, јас мислам дека Мет Дејмон растури во неговата улога. Interstellar не сум го гледала, но на ИМДб видов дека и таму Мет Дејмон има некоја улога, па можеби ќе го гледам. Сега видов и Ен Хетавеј глуми таму, јеј. :D
    Искрено, очите си ги истерав за да фатам некоја нелогичност и пропуст, особено на сцените на Марс, но не успеав, се гледа дека се внимавало на сите детали.
    Иако знаев дека ќе го спасат на крај, сепак се тресев да не го испушти јажето. :lol:
    Тоа што посебно ми се допадна е што имаше некои комедични моменти, и тоа не во стилот на dumb and dumber и не насила, баш како за опуштање.

    Не ми ја отвора моментално официјалната страна на оскарите, но ако не се лажам беше номиниран за best actor и best pictures или така некако. Мислам дека втората ќе ја добие, иако не знам кои се другите филмови и дали сум ги гледала. А за најдобар актер, ќе стискам палци за Леонардо ДиКаприо, бидејќи е гревче, иако не би било лошо и Мет Дејмон да ја добие, всушност, сосема заслужено би било. The revenant не сум го гледала, во план ми е, можеби ќе го гледам до наградите, ако не се лажам има земено Golden Globe за тој филм.

    Ептен отидов офтопик, филмов од мене добива 10/10, еден од најубавите филмови што сум ги гледала. (y)
     
    На Elena69221, SimonaTino, TheTribe и 9 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.069
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Legend
    Том Харди.:inlove: И тоа Том Харди во дупло издание.
    Без зборови сум за неговата изведба, имав чувство како друг актер да глуми еден од браќата. Рон ми беше одвратен, а Реџи секси маче. Одлично ги долови и двата лика, филмов само поради него вреди да се гледа.
    Ми се допадна приказната и атмосферата, си сакам мафијашки филмови и книги, имаат некој посебен шмек. Актерката што ја толкуваше женската улога исто супер си ја завршила работата, имаше лице од тоа време. Иако трае два саати филмов за мене немаше досаден момент, се внесов целосно.
    8/10.
     
    На Annath, SimonaTino, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Solace (2015)

    Филм окарактеризиран како мистерија/трилер со времетраење од околу 1 час и 40 минути. Во главните улоги: Anthony Hopkins, Colin Farrell, Jeffrey Dean Morgan и Abbie Cornish, со тоа што последниве двајца и не ми се баш познати. Се работи за видовит човек кој порано соработувал со ФБИ и повторно после подолго време го повикуваат на соработка. Овој пат треба да лови убиец кој исто така има способност да ја види иднината на своите жртви.

    На музиката во филмов не се посветив многу, ама ако беше нешто посебно мислам дека ќе ми го одвлечеше вниманието. Актерската екипа беше пола-пола. Ентони Хопкинс брилијантен како и секогаш, додека другиве двајца - тотални антиталенти кои делуваа толку извештачено и неприродно, што да не беше човеков, не знам дали ќе можев воопшто да го изгледам филмов. Колин Фарел се појавува дури при самиот крај, кратко, ама слатко.

    Не ми се допадна како беше снимен филмов, од аспект на оној тренд на shaky camera и чудно зумирање. Инаку имаше добри сцени, а оние во кои беа прикажани визиите на Џон беа навистина одлични.

    Приказната имаше огромен потенцијал. Одлична беше како идеја, но реализацијата поради неталентираноста на дел од главните актери отиде по ѓаволите. Всушност, во основа на идејата беше еутаназијата и двете опции кои одат заедно со сето тоа: опцијата својата видовитост да ја искористиш за да видиш кој е терминално болен, па да го убиеш од милост уште пред да му почнат агониите и опцијата својата видовитост да ја искористиш за да ги информираш потенцијалните болни што ги чека, па сами да одлучат за својот живот. Но во филмот оваа дарба беше поинаку искористена. Од страна на убиецот беше искористена да ги поштеди болните од страдање, а од страна на Џон - да го најде убиецот. Меѓутоа, крајот е вистинско изненадување.

    [​IMG]
    IMDB оцена: 6.1
    Моја оцена: 7.3

    Го препорачувам зашто има добра приказна. (y)
     
    Последна измена: 17 јануари 2016
    На ninja35, Sunshine.Sunshine, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Relatos salvajes (Wild tales)
    [​IMG]

    Аргентински фим номиниран за оскар за филм од неанглиско говорно подрачје во 2014.

    Малку трилер, малку драма, уметност, малку хумор (повеќе црн), и на сето тоа добра приказна (во случајов шест) и ете рецепт за добар филм.

    Филмот всушност се шест кратки приказни, со различно времетраење и содржина. Навидум неповрзани но иста атмосфера на напнатост преовладува во секоја од нив. Приказните не можат да се раскажат (а да не отидам во спојлер), треба да се погледнат.

    Музиката совршена, драматична, прогуглав голем дел од музиката е на Gustavo Santaolalla, Аргентинец кој има освоено два оскари за музиката во “Babel” и “Brokeback Mountain”.

    Оддамна некој филм не ме размрдал вака, препорачувам на сите љубители на филмови од “не-холивуд” продукција задолжително да го погледнат филмот. Од мене има десетка.
     
    Последна измена: 18 јануари 2016
    На kjukli, LollySky, jovanovska94 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. VivienLeigh

    VivienLeigh Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Женски
    MV5BMTU4MzUzNjk5OV5BMl5BanBnXkFtZTYwMjc1OTc5._V1_SY317_CR6,0,214,317_AL_.jpg
    Unfaithful (2002)
    Се работи за сопругата на успешен деловен човек, која чувствува монотонија во бракот, па се впушта во љубовна афера со помлад маж.
    Многу добар филм, глумци, музика, се совршено вклопено.
    10/10
     
    На christinnn, boomsleng, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.949
    The intern (2015)
    Пријатно и лесно филмче, ништо ново во суштина ама супер за релакс студено попладне со исклучок на времетраењето од 2 часа кое според мене е премногу за ваков тип на филм. Сепак Роберт де Ниро и Ен Хатавеј во водечките улоги го прават и те како поднослив за гледање. Комедија која продолжува во прилично емотивна приказна.
    11202098_ori.jpg

    Man up (2015)
    Филмот е дефинитивно најдобрата комедија која ја имам изгледано во морето од многуте досадни такозвани комедии. Што се случува кога момчето под часовникот во железничката станица ќе и пријде на погрешна девојка со која има договорено состанок на слепо?
    Јас бев цело време со насмевка на лицето, стварно доста оригинален хумор на Британците. Одличен!

    man_up_movie_poster-Copy.jpg
     
    На SV1911, LollySky, sikica7 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    kade go gledase filmot go nema na zamunda ne mozam da go simnam, temolam kazi mi bas bi sakala da go gledam
     
  10. xoxo5

    xoxo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Fifty shades of grey
    Многу ми се допадна мене..:inlove::):):D
     
    На wanderlust и only44you им се допаѓа ова.
  11. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.481
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    MV5BMjE4NzgzNzEwMl5BMl5BanBnXkFtZTgwMTMzMDE0NjE@._V1_SX214_AL_.jpg
    Му давам чиста 10ка.
    Џејкоб, совршено си ја изигра својата улога како малиот 5-годишник Џек.

    Од своето раѓање, 5 години да живее само во една соба, во свој свет, е премногу тешко за едно мало детенце како Џек
    После 5 години, да го осознае надворешниот светот каков е, да почувствува воздух, да ја види светлината, дотогаш мислејќи дека неговата соба е неговиот цел свет, дека тој со неговата мајка се единствени луѓе на планетата и дека надвор од собата не постои свет, туку сето тоа е свемир !?
    - Да, тоа го доживеа. малиот храбар и паметен, Џек. :bow:

    Толку реален филм, со вредна поука, што премногу ме допре...
    Топло ви препорачувам да му дадете шанса на филмов, оти вреди да се погледне :)
     
    На anina, rainbowec, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Наминав да спомнам два филма и да препорачам ДА НЕ ГИ ГЛЕДАТЕ! (facepalm)

    Едниот филм е

    The Lobster (2015)

    IMDB вели дека е комедија, драма и романса. Јас ќе се сложам само со драма и ќе додадам дека е и фикција. Трае два часа, а во главни улоги се: Colin Farrell, Lea Seydoux, Rachel Weisz, Ben Whishaw од познатите и некои анонимуси кои воопшто не ми оставија впечаток. Се работи за дистописко општество, во кое луѓето не смеат да бидат без партнер. Самците ги апсат и ги праќаат во еден језив хотел каде имаат 45 дена да си најдат партнер. Во спротивно ги претвораат во животни и го пуштаат во шумата од која како да нема излез.

    Прво, да почнам од споредните работи, како што е музиката. Музиката беше еднолична и многу иритантна. Не дека не соодветствуваше со приказната, ама ми удираше во ганглија и ме нервираше. Костимографија повторно еднолична, но добро, со цел. Сите беа униформирани. Избор на глумци - meh. Имаше по некој добар кадар, ама претежно немаше што да се види посебно. Приказната имаше потенцијал - реализацијата беше катастрофална и ужасна. Ликовите наликуваа на луѓе со испрани мозоци и ментални пречки. Во првиот дел, филмот беше сконцентриран на негативните страни на хотелот-затвор, со бизарни сцени и настани. Во вториот дел, во кој главниот лик наводно треба да се избега и да се ослободи, филмот се концентрира на шумата и бегалците кои живеат во неа. Но наидува на уште поголем затвор и поголеми бизарности.

    Сума сумарум, приказната ќе беше интересна, да не беше толку бавна, со толку непотребни сцени и ретардирани ликови. Вака само беше бизарна и многу, ама многу досадна. Ќе почнев вени да сечам. Крајот беше неодреден. Искрено, немам идеја што навистина се случи со главниот лик.

    [​IMG]
    IMDB оцена: 7.3?!?!?!?!?!?!?!
    Од мене има едвај 3. На што се должи високава оценка, навистина не разбирам.


    Bone Tomahawk (2015)

    За овој IMDB вели дека авантура, драма и хорор. Јас би рекла само дека е бавен и неинтересен вестерн со одвратни елементи. Трае исто така околу 2 часа, а во главни улоги се: Kurt Russell, Patrick Wilson, Matthew Fox и за мене непознати глумци. Станува збор за местенце на Дивиот Запад во кое ќе дојде криминалец кој им ги растурил гробиштата на одметнати Индијанци - пештерски луѓе-канибалисти. Откако ќе дојде во гратчето, двајца се киднапирани и шерифот, заедно со заменикот и уште двајца, одат да ги спасат.

    Костимографија - ОК. Музиката не ми остави којзнае каков впечаток, не можам ни да се сетам на истата. Актерска екипа - meh. Сцените беа ОК. Приказната беше тргни-застани. Прво беше интересничка, после 2/3 од филмот беше бавно, баааавноооо, за на крај пак малку wild west action да покажат. Канибалистите беа одвратни, а имаше и една додатна сцена, најверојатно за да го поддржи жанрот хорор, во која човек на живо прво го скалпираат, а потоа го расцепуваат на половина почнувајќи од меѓуножјето. Too much како за мој вкус. Скоро сите гинат, едвај тројца ќе преживеат и толку.

    [​IMG]
    IMDB оцена: 7.1?!?!?!?!?!
    Моја оценка 3, всушност ова беше поинтересно од претходниот филм, па ќе му ставам една одлична 4.5.

    Ах, goddamn it, цели 4 саати од мојот живот изгубив на вакви shitloads!!! :headbang:

    Немојте да ја правите истата грешка како и јас. :!:
     
    На ninja35, Sunshine.Sunshine, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Stanford Prison Experiment
    Дваесетина студенти доброволно се пријавуваат на оглас за експеримент кој треба да се направи на Универзитетот Стенфорд. Експериментот е предводен од професорот по психологија, Филип Зимбардо, кој обидувајќи се да дознае зошто има толку насилство во затворите, решил да создаде вештачки затвор. Во него, дел од студентите ќе бидат затвореници, а дел ќе бидат чувари. Експериментот треба да трае 2 недели, а учесниците не смеат во никој случај да повредат некого и да бидат насилни, без разлика во која група спаѓаат. Во меѓувреме, целата ситуација во затворот е следена со камери од страна на професорот и неговите соработници. Иако сите учесници знаат дека тоа е само експеримент од 2 недели, сепак, работите ескалираат уште во првите денови.

    Филмот е направен по вистинска приказна која се случувала во 70тите години во САД. Овој контроверзен експеримент денес е на листата најнеетички експерименти извршени врз луѓе. Мене ме заинтригира филмот за да истражувам малку повеќе за она што се случувало во затворот, поминав неколку саати читајќи статии за тоа. Интересен е самиот психолошки момент, да се види како луѓето реагираат во тие ситуации и колку лесно се идентификуваат со улогата на затвореник или чувар.

    Го препорачувам :)


    Eдит: Не знам како заборавив да споменам уште еден филм што го гледав пред некој ден:

    The Revenant
    Филмот како приказна, не е ништо посебно, за мој вкус е малку развлечена. Меѓутоа изведбата на Леонардо е маестрална, многу ми се допадна како го долови главниот лик и сè она што му се случуваше. На некои сцени буквално можев да му ја почувствувам болката, морници ме лазеа додека го гледав. Исто така ми се допадна сценографијата, пејсажите зрачеа со некоја чистина, уживав во природата како да сум таму. Пред некое време го гледав интервјуот на Лео кај Елен, кажуваше дека сите сцени се снимани исклучително на природна светлина. А за оскарот нема да коментирам, прво да ги видам останатите номинации :wasntme:
     
    Последна измена: 19 јануари 2016
    На simonna.a, rainbowec, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  15. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    The Intern (2015)

    Иако во последно време избегавам драми, повеќе сум наклонета кон трилери и мистерии, сепак му дадов шанса на филмот само поради Роберт Де Ниро :inlove:.
    Си го обожавам овој глумец. Колку повеќе старее, толку посимпатичен ми станува (па и со таа неговата мафијашка насмевка :D).

    Од друга страна, Ен Хатавеј не ми е баш од омилените глумици, ама ми се допадна во оваа улога.

    Во филмот се работи за успешна млада жена (Џулс) и нејзиниот постар приправник (Бен). Дали тој ќе успее да ја придобие нејзината благонаклонетост и како ќе влијае на нејзиниот живот, гледајте и ќе дознаете :).

    Според мене тоа е топла приказна за тоа како успехот на една жена влијае на нејзиниот брак. Но, и покрај тоа таа треба да си го следи својот сон.
    Од друга страна, ми се допадна ентузијазмот кај Бен, кој иако е 70 години не се откажува ни од работа, ни од љубов.

    Од мене оцена 9 (само заради тоа што е драма). Препорачувам :).
     
    На borjan4eto му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.712
    Room - http://www.imdb.com/title/tt3170832/

    Филм снимен според вистинска приказна, па со самото тоа многу трогателен.
    Раскажан од страна на пет годишниот Џек, кој со мајка му веќе седум години живеат во мала соба, жртви на манијак. Откако ќе бидат ослободени, Џек полека го осознава светот наоколу, додека неговата мајка се бори со депресија.

    Не за џабе рејтингот на филмов е толку висок. Иако е драма и трае околу 1:45 час, ни во еден момент не е досаден, напротив. Актерската работа е навистина одлична, а дејствието убаво разработено.

    Вреди да се погледне, од мене има 10ка.
     
    На blueberry93, rainbowec и sikica7 им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.949
    Carol (2015)
    Carol-movie-poster-4-2.jpg


    Приказната на филмот се одвива во педесетите години на минатиот век. Карол е богата омажена жена која ја запознава младата продавачка Тересе во една продавница додека бира божиќен поклон за својата 4ри годишна ќерка.
    Мене искрено приказната не би беше ништо посебно, лезбејска романса која повлекува соодветни последици во фамилијарниот живот на Карол и старателството врз нејзината ќерка, посебно ако се земе во предвид и периодот во кој што се случува дејството, јасно е колку е неприфатлива ваква врска. Исто така имам замерка и за хемијата меѓу двете водечки улоги т.е. двете љубовници. Всушност, не ни видов хемија. Ептен дистанциран однос, дури ни пријателство јас не би наѕрела меѓу нив двете а не нешто како љубов.
    Засебно, Кејт Бланшет брилјира во филмов. Добро можеби сум и пристрасна дека ја сакам како глумица :), ама стварно зрачи во улогава.
    Кинематографијата, костимографијата и музиката се одлични.
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Tropic Thunder

    [​IMG]
    Aктери снимаат воен филм, но доаѓа до непредвидливи ситуации. Го надминуваат буџетот и доцнат со снимањето. За да може што побрзо да се заврши филмот, актерите ги оставаат сред џунга и им кажуваат кои сцени треба да ги снимаат. Камери има поставено насекаде низ џунглата, а тие единствено треба да си ја одигрaат својата улога.
    Но, доаѓа до големо недоразбирање, во кое актерите не сфаќаат дека се она што се случува всушност не е филмот кој го снимаат.

    Добра комедија со Бен Стилер, Роберт Дауни Јуниор, Метју Маконахеј... Само не ми е јасно што бара Том Круз во филмов, тотално утната улога, можеле некој друг актер да ангажираат.

    Омилен лик од филмов ми е дефинитивно Кирк Лазарус. Неговите шеги беа најсмешни. Еве некои од подобрите:
    I don't read the script. The script reads me.

    You went full retard, man. Never go full retard.

    Tugg Speedman: This is insane. Are you really going to abandon this movie? We're supposed to be a unit!
    Kirk Lazarus: Suck my unit.

    Се сложувам со оценката од ИМДб - 7, но сепак ќе го оценам со 8, само заради одличната глума на Дауни.
    "I know who I am. I'm the dude playin' the dude, disguised as another dude!"
     
    Последна измена: 20 јануари 2016
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BellaBrunetta

    BellaBrunetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    The Hateful Eight (2015)
    http://www.imdb.com/title/tt3460252/


    Фан сум на Тарантино и едвај чекав да го гледам филмов. Инаку, филмчево е вестерн и како и секогаш во негови филмови, дејството си тече споро и изобилува со интелигентни дијалози (и крв!), што мене многу ми се свиѓа. Јас го гледав во Cineplexx, и од што е долг (3 и кусур часа), дадоа и пауза од 15 минутки :lol:

    Многу ми се допадна улогата на Jennifer Jason Leigh, која беше и единствено женско во филмов и глумата и беше преубедлива, а и Samuel L. Jackson, кој за разлика од Џанго, нема само епизодна улога и човекот е ѕвер :D.

    Се на се, супер филмче, ако го сакате стилот на Тарантино, обавезно да го гледате.

    Оцена од мене: 8.5
     

    Прикачени фајлови:

    На simonna.a, SV1911, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Golden Rose

    Golden Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Kingsman - The secret service - Акција, авантура и комедија. Таен агент презема одговорност да обучува дете на свој пријател и колега кој загинал. Детето живее прилично тежок живот, со очув кој го малтретира него и неговата мајка. Во целата приказна се појавуваат и противниците кои сакаат да го уништат светот. Вреди да се гледа стварно е интересен.