Гледав еден интересен филм Experimenter (2015) Филмот е драма и биографија за Стенли Милграм, а трае околу час ипол. Се работи за социјален психолог кој спроведува серија на експерименти преку кои ја истражува човековата послушност во однос на некој авторитет. Во главните улоги се Peter Sarsgaard, Winona Ryder и други кои се појавуваат епизодно. Најпрво, морам да признаам дека како за нискобуџетен филм, бев ептен позитивно изненадена. Дејството започнува во '60-ите, па костимографијата беше соодветна на временскиот период. Но, исто така и самата сценографија, а особено начинот на кој е снимен филмот - имаше доста ретро елементи. Го знаете оној момент кога се снима сцена како некој вози кола, а се гледа дека позадината е проектирана? Некои од местата на кои се одвива одредено дејство се направени баш како театарска сцена. Во одредени моменти, самиот Милграм си нарира. Во првата половина, филмот се концентрира на најважните експерименти кои ќе ја запечатат судбината на научников, а потоа следуваат последиците од истите и некои други негови истражувања. Во одреден период, неговиве експерименти се сметале дури за екстремни и радикални, иако се востановило дека со испитаниците се' е во ред. Човекот напишал и книга, а неговите експерименти дури и се репродуцирани подоцна, во надеж дека резултатите ќе бидат различни. IMDB оцена: 6.6 Моја оценка 8.5 Тие што се по психологијата, мислам дека ќе уживаат во филмот. А исто така и оние кои сакаат неконвенционално снимени филмови. Препорачувам.
Филмов ме смрзна ,мислам буквално. Ја покажува човековата издржливост ,желба за одмазда и воља за живот. Spoiler Посегањето по законот на природата ,го доведува Леонардо да си го изгуби синот,да биде предаден и оставен на немилост од пријателите,за на крај сепак одмаздата да ја остави на Бога. Искрено мене некако не ме допре не знам што толку го зборуваат.Има неколку сцени вредни за коментирање и зборување,некои се баш за наежување,другото можело да се смести на пократка филска трака,ќе заштеделе на време и на пари. Велат дека со оваа улога Леонардо никогаш не бил поблиску до Оскарот.Јас не мислам така ама кој ме прашува мене. 7/10
Brooklyn (2015) Убава драма за Ејлиш која од Ирска по иницијатива на нејзината сестра мигрира во Америка во потрага по нов и подобар живот. Spoiler Странец во потполно нова средина, се соочува со многу психички падови благодарение на носталгијата која ја чувствува за својата земја и своите мајка и сестра кои ги остава таму. Еден ден ќе запознае прекрасен човек, мигрант од Италија и тој ќе донесе љубов во нејзиниот живот и ќе го направи престојот таму далеку поподнослив. Бруклин полека ќе се претвори во нејзин дом. Но, смртта на нејзината сестра ќе направи таа да мора да се врати на кратко во Ирска. Тој престој ќе ја стави на голема животна раскрсница, да мора да бира дали да остане таму и да ја прифати новата работа за која порано не ни можеше да сонува на тие простори, плус понудата за брак од богат наследник или да се врати назад кај Тони со кој што тајно се венчаа пред нејзиното заминување. Мене ми се допадна и ми го задржа вниманието. Saoirse Ronan прекрасна во улогата на Ејлиш. Го препорачувам. Јоy (2015) Глупост од филм, па плус трае и скоро два часа. Spoiler Чукнато семејство претставено преку четири генерации. Бабата на Џој вдахнува верување дека тоа девојче ќе го донесе успехот на тоа семејство кое има целосно расклатени морални вредности и прилично долгови. Целиот филм се врти околу еден патент на главната улога на некоја меретна крпа за рибање, сите долгови, хипотеки и перипетии за истиот тој патент да донесе богатство. И така би на крајот, Џој станува богата, измислува уште некој нов патент и ја збринува целата откачена фамилија. Ди енд.
И јас да кажам збор два за филмов.Младата Ејлиш заминува да живее во Америка во 50-те години на минатиот век.Успева да снајде,работа и училиште паралелно,го запознава младиот Тони,со кој се венча пред да се врати дома кога ќе ја слушне веста за смртта на родената сестра.Тагата ја совладува и посакува да се врати дома ,но тука ја пречекува нова можност за убав живот.Таа мора да одбере каде ќе продолжи да живее. Така ,едно млако, мирно филмче,без некои пресврти.Можеби тоа ми фалеше да дадам поглема оценка. 6/10
Само што го изгледав Joy. Спротивно од[членот погоре мене многу ми се допадна филмот. Се работи за вистинска приказна, личност (Joy Mangano) која има измислено и патентирано неколку домашни помагала. Овој филме е за нејзините почетоци, за тоа колу била упорна и истрајна без разлика на тоа што сите врати и се затварале постојано, дури и сопственото семејство ја демотивирало и и го вртело грбот. Тоа е она што посебно ми се допадна, нејзината храброст да биде упорна, сигурна, да верува во себе дури и кога е сосема сама. Доколку ви треба мотивација и инспирација ова е вистинскиот филм, барем од поновите. Оцена 8/10[
Submarine (2010) Налетував често по tumblr и по страници на фејсбук на сцени и цитати од филмов, па ме заинтригира и одлучив конечно да го гледам, дефинитивно не зажалив Баш откако го изгледав и пред да пишам овде, на rotten tomatoes прочитав коментар што предобро кажано го сумира мојот впечаток: That rare teen comedy where the kids aren't gorgeous, the hero isn't heroic and the object of desire has a lot of reasons why she isn't necessarily desirable. Се работи за првата врска на еден аwkward тинејџер, и неговите залагања да го зачува бракот на неговите родители. Филмчево мислам дека не е баш за секој и не би го задржало сечие внимание , нема познати глумци ниту пак приказната е нешто ново и спектакуларно... ама мене целата атмосфера ми беше некако посебна - indie стилот, локациите, па и мрачниот хумор на моменти. Најмногу од сè ми се допаднаа прекрасните цитати со кои изобилува... уствари мене 90% од ликот на Оливер и неговиот внатрешен монолог што е во фокусот на поголемиот дел од филмот, ми е како изваден од некоја преубава книга A и да, саундтракот е совршенство, oд вокалистот на Арктик Манкис За сите љубители на неконвенционални филмови со ретро атмосфера (заборавив да пишам дека во 80-тите е лоцирано дејството), го препорачувам Од имдб 7.3/10, од мене една супер 8-ца Spoiler: quotes
Го симнав јас,ама еве го тука го има http://www.freemovieswatchonline.net/selfless-2015-watch-online-free-hd-720p/
Почнав да ги гледам сите филмови кои што се номинирани за Оскар, до сега ги изгледав следниве: Spotlight Се работи за група на новинари кои истажуваат за насилството на свештеник врз повеќе од 80 малолетни деца.Тие набрзо откриваат дека не е само еден свештеник кој силува деца и дека сето тоа е криено со години од страна на Католичката црква.Филмот е снимен по вистинска приказна и на крајот од филмот ја даваат листата на државите и градовите каде што се откирени насилства на свештеници врз малолени деца и навистина бев запрепастена колку беше долга листата на држави. Заслужено е номиниран за оскар и мислам дека има шанси да го добие, Марк Рафало ме одушеви со глумата. The Martian Марк Ватни(Мет Дејмон) останува сам на планетата Марс, откако неговите колеги ќе го остават мислејќи дека е мртов. Интересен е филмот посебно начинот на кој Марк се обидува да преживее потпирајќи се на своето искуство како астронаут и ботаниката, исто така обидувајќи се да воспостави врска со НАСА.Она што ме изненади е тоа што ликот е позитивен и има многу смешни моменти, прекрасна глума од страна на Мет Дејмон како и од другите актери. The Revenant Многу сакав да го изгледам филмот зашто слушнав дека е многу јак.Навистина е јак филмот,ама највеќе ме воодушеви глумата на Леонардо, читав дека научил 2 јазика или 1 не знам како беше и дека навистина јадел живо месо.Том Харди исто така предобар,мислам дека ако Лео не го земе Оскарот оваа година стварно нема да биде фер, еден од најдобрите негови филмови,навистина го долови ликот и неговото страдање.Филмов не знам баш дали ќе го освои Оскарот ама Лео сигурно заслужува да го земе.
The Maze Runner Томас е депониран во една заедница на момчиња откако неговата меморија се брише, наскоро дознава дека ситетие се заглавени во лавирнит,тој ќе се обидува да најде излез заедно со групата. Многу јак филм се спремам после да го гледам и 2от дел
The Revenant (2015) Spoiler: Постер Филмов е номиниран за 12 оскари... Си велев бре што филмиште ќе беше толку прашина крена. Сега знам. Приказната вака кога ќе ја погледнам оддалеку малку е развлечена иако е пола преживувачка, пола за одмазда. Можам да го споредам со единствениот друг преживувачки филм што сум го гледала The Martian, и мислам дека овој е далеку подобар. Иако другиот е некако поблизок, поопуштен не може да се спореди со маестралноста со која е направен овој филм. Леонардо ДиКаприо растури во својата улога, ги надмина сите други актери од филмов. Да, мислам на Том Харди иако и тој не беше лош, со оглед на тоа што се молев да му излезе мечка и нему. Лео толку се внесе во улогата, дури и мене ме болеше од што го гледав како се стиска таму. Прекрасно одигра, секоја чест. Spoiler На крајот не бев баш сигурна дали ќе остане жив, не ме изненадуваше и да умреше од мака по синот, некако не беше многу важно дали ќе умре или не кога и онака нема за што да живее. Некако, мааалку сиромашен крај беше морам да речам, не толку прецизно дефиниран или нешто неочекувано, се знаеше барем отприлика што ќе биде. Но, оставајќи го тоа настрана, бидејќи не е воопшто важно, кинематографијата беше феноменална, пејзажите, кадрите, сè беше така убаво наместено, само да се ѕвериш без да трепнеш. Беше уживање да се гледа, не во стилот пријатно бидејќи имаше многу непријатни сцени кои ми ги превртуваа цревата, туку онака да си речеш "Man, this is good..." И тука едни од задолжените за ефектите биле нашите FX3X, се надевам не се смета за реклама што го кажувам ова тука... Одлично завршена работа, луѓево си ја знаат работата, сите оскари ќе ги соберат. Let's take a moment to appreciate сцената со мечката... Беше најреалистичната сцена од филм што сум ја гледала, и не го кажувам тоа напамет, навистина беше одлична, толку беше мајсторски сработена, што не се ни примети дека не е вистинска, изгледаше како гледачот да е токму таму и отстрана да ја набљудува сцената. Филмов треба секој да го погледне, одличен е - masterpiece, мене ме освои, браво! ИМДб оценка: 8,3 Моја оценка: 17/10 За останати детали што ми фатија око ќе коментирам во ФФФ кога ќе е време за коментирање, овде да не ја трупам, бидејќи ептен ја раширив надолго и нашироко и јас како филмот. Spoiler: Оскари Мислам дека ќе собере доста оскари, можеби барем половина за кои е номиниран. Сепак, не сум ги гледала другите, ќе ги изгледам сите, па ќе коментирам. Ама за најдобар машки актер ако не му го дадат на Лео, тогаш навистина ќе мислам дека некој од комисијата има нешто лично против него. Растури и овојпат заслужено ќе го земе. П.С. Немој да ве лаже ѓавол да го гледате трејлерот ако не сте го гледале уште филмот. Целиот ќе ви го раскажат.
Spectre 2015 Уште еден одличен Бонд филм, уживав во него како и што уживав во секој друг филм од оваа серија. Даниел е навистина шармантен човек и ваквата улога му многу одговара. Како маана ке го ставам тоа што има сцени што се многу пати употребуваат во сите Џејмс Бонд филмови во смисла начинот на кој Бонд се извлекува од ситуациите и сл. што ми ги направи сцените многу предвидливи и веќе ми се клише. Хемијата со плавушата му беше во ред, ми се допаѓаа заедно. Посакував да видам повеќе од Моника Белучи ама ја видовме само 7 минути - одвај. Се на се, во ред филм. Имаше акција - нормално, задоволна бев кога го изгледав. Го препорачувам. 8/10
Room Се работи за мајка и дете кои што се затворени од страна на манијак во една мала соба. Жената е затворена 7 години, а детето има 5 години и цел живот го поминал во таа соба,незнаејќи за светот надвор од собата.Но, не им е лесно и после излегувањето до собата затоа што се соочуваат со реалниот свет и после толку време имаат прихички последици.Цел филм сочувствував Навистина добар филм,ми го задржуваше вниманието,глумците предобри и многу би сакала да ја прочитам книгата.
За сите филмови веќе има кратка содржина во темава, така што ќе напишам само мои импресии: Joy Џенифер Лоренс отсекогаш ми била многу симпатична, особено ја сакам во вакви хаотични улоги Филмов си го изгледав сама, зашто дечко ми заспа после првите 30 минути Мене во ниту еден момент не ми беше досаден, иако трае поприлично долго како за ваков филм. Ми се допадна ликот на Џој, нејзината борбеност и пожртвуваност, иако ми се чини дека ако јас бев на нејзино место, одамна ќе кренев раце од сè Немав поим дека филмот е базиран на вистинска приказна, па одма прогуглав и изгледав неколку интервјуа со вистинската Џој The Martian Мене филмов ми беше океј. Морав да го расцепкам на делови, така што бев во различно расположение додека го гледав. Прво бев поспана и не обрнував многу-многу внимание на некои работи, после додека го следев забележав дека има премногу нелогичности, ама веројатно тоа секогаш е дел од sci-fi филмовите. Затоа не ги гледам Во секој случај интересно филмче, ми се допаднаа комичните моменти, сарказмот на Марк, па дури и изборот на музика Баш онака, да ја зачини приказната, да не биде саде црнила. Малку да ја разлабави напнатоста. Steve Jobs Ох, филмов... Не знам од каде да почнам. Можеби сум меѓу ретките на кои не им се допадна и простете, ама јас не можев ни да го догледам. Прво, ми требаше време да сфатам дека типот што го гледам во една сцена од дооолги 15 минути, е всушност Стив Џобс. Или би требало да биде. Ај што актерот кој требаше да го портретира Стив воопшто не личи на него, мене сцените ми беа предолги, а настаните испомешани. Колку и да ми е лигав Ештон Качер и колку и да имаше негативни критики за таа верзија, мора да признаете дека ликот на Стив го долови перфектно - од неговиот изглед, начинот на кој зборуваше, неговите движење... едноставно го претстави во целост таков каков што беше. Па и хронолошкиот ред на настаните во таа верзија повеќе ми се допадна, приказната започнуваше уште во почетоците на неговата кариера и постепеното развивање на компанијата. Овде не бев сигурна ни што гледам Мене не ми се допадна.
Еден по еден, изгледав 4 од филмовите номинирани годинава за Оскар. И другите секако ќе ги гледам, ама овие најмногу ме копкаа. Нема да пишувам долги рецензии пошто и така доста пати се спомнувани филмовиве во темава. На кратко, сите 4 филмови вреди да се погледнат! The Revenant е доста крвав филм, во буквална смисла. Ама секоја чест на Leonardo DI Caprio, глумец опасен е! Какви кадри, фотографија и глума... Морам да го пофалам и Tom Hardy кој се повеќе и повеќе почнувам да го ценам како актер. The Martian лично мене не ми е нешто WOW ама секако го препорачувам да се гледа. Room и The Danish Girl... е овие 2 филма посебно ме допреа. Маестрална глума, конкретно за Eddie Redmayne можам да кажам дека ме воодушевува... и лани во The Theory Of Everything беше беспрекорен и заслужено си зема оскар. Годинава навивав и уште навивам за Leonardo, ама и Eddie ако победи ќе биде еднакво добро. Глума предобра и убедлива, на моменти заборавав дека уствари гледам машко на екранот. Толку се внесол во улогата, многу тешка задача имал но повторно со висок степен на професионалност ја долови приказната. Room остави посебен впечаток кај мене, приказната е толку потресна и пререално прикажана што на моменти ми беше тешко да го гледам. Но највеќе ми се допадна од сите филмови погоре спомнати, глумците не ми беа познати ама секоја чест! Сите филмови имаат некоја тешкотија и порака во себе, и мислам дека тоа ги прави одлични!
The Martian - Кој не го гледал филмот нека ја прочита книгата прво. Филмот е премногу скратен и затоа многу работи во него не се јасни. Книгата е премногу интересна. Инаку мене забавен ми беше филмот.
Морав да го изгледам, затоа што книгата ме воодушеви . Како и секогаш, филмот е како една кратка реклама во споредба со пишаното дело. Ништо посебно, без импресии. Со таква позадина, ова ќе беше ремек дело. Ама, не. Оценка 6 според мене
Дечки торент за Rооm има? Каде го гледавте? Да не бидам офф... The Danish Girl e предобар! Eddie Redmayne неможам да го замислам во нормално издание, толку многу му лежат сите улоги некако, да се забораи човек дека глуми! 10/10 The Revenant воопшто не ми се допадна! Може едно 5 саата го гледав, предосаден! Заради ефектите 7/10 Јас би сакала Еди да го земе оскарот, жал ми е за Леонардо, али оваа улога не ми е за оскар искрено.