Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. karmenka

    karmenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    62
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како може да кажете дека The revenant ви бил досаден ...
    Филмот предодобри сцени имаше и постојано си во неизвесност. Аман нека му дадат оскар на човекот, макар што и повеќе од оскар заслужува Лео за таква глума и толкаво соживување со приказната. Прекрасен израз на лицето за секоја сцена, доловен како што треба. Филмот е за преживување и нормално дека ќе биде крав за 1800 и некоја година станува збор.
     
  3. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    После толку собирање храброст го изгледав.Сите ја знаеме приказната, не можев да се соземам неколку минути од што имаше многу лоши сцени, одлично е изведено се, чиста 10.
     
    На Lady Phoenix и Mini90 им се допаѓа ова.
  4. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    [​IMG]Кристин Колинс(ANGELNA JOLIE) се збогува со синот Волтер, но кога ќе си дојде дома, дознава дека детето исчезнало. Почнува истрага и по неколку дена деветгодишното момче е вратено дома кај мајка си. Опкружена со фоторепортери, новинари, пријатели и обземена од емоции, таа му дозволува да остане во домот, иако знае дека тоа не е нејзиниот син. Таа продолжува да ги притиска властите да и помогнат во потрагата по нејзиниот вистински син.
     
    На SimonaTino и Mini90 им се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.712
    The Martian (2015) - http://www.imdb.com/title/tt3659388/?ref_=nv_sr_1

    Кој ја читал книгата, филмот ќе му се чини како fast forward.
    Ретко која книга е успешно поставена како филм, многу важни делови недостасуваат, многу монолози и дијалози кои книгата ја прават интересна во филмот ги нема и итн.
    Книгата не ме воодушеви многу, па имав надеж дека филмот ќе биде поинтересен и ќе ги сумира битните работи кои авторот сакал да ги каже. Ама не.
    Да не се крена толкава фама за филмов, после толку реклами насекаде, многу луѓе би го проигнорирале воопшто. За мене sci-fi филм на деценијата ми е Interstellar, иако е долг, има содржина и иако се зборува за работи кои што многумина од нас не ги разбираат, сепак е представен на начин преку кој што добиваш идеја за што се работи. Кога ја читав The Martian морав често да пребарувам онлајн за да ми биде јасно што се случува. Маж ми ја нема прочитано книгата, па му објаснував што недостига.
    Едвај дочекавме да заврши.


    Unknown (2011) - http://www.imdb.com/title/tt1401152/

    Го обожавам Liam Neeson, одличен актер, сите негови филмови ми имаат оставено добар впечаток.

    Др. Мартин Харис се буди во болница после автомобилска несреќа, со делумна амензија.
    Жена му не го препознава, а на негово место е друга личност која му го зема идентитетот.
    Решен е да докаже дека тој е вистинскиот Мартин.

    Не сакам да октривам многу, затоа и се потрудив да сумирам во три реченици. Добра акција, убаво осмислено и изведено дејствие. Ме држеше во неизвесност речиси до крај.
    Вреди да се погледне. (y)

    :~:
     
    На SimonaTino, Jordanovska-K, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    И јас очекував wooow нешто од овој филм ама слабо ептен.
     
  7. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Одличен филм, впрочем штом е Анџелина Џоли нема утка. Јас го начекав на Сител пред 2 дена, вреди да се погледне.

    Point Break (2015) - За оние што сакаат адреналин, јас го гледав во 3Д, предобар. 10.

    MV5BMjIxNDkzOTAyNV5BMl5BanBnXkFtZTgwNjEyOTY3NjE@._V1_SX214_AL_.jpg
     
    На Svetulkaaaaaa и rainbowec им се допаѓа ова.
  8. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.481
    selfless_ver4_xlg.jpg
    Одамна не сум гледала така добар филм.
    Препорачувам (y)
    A dying real estate mogul transfers his consciousness into a healthy young body, but soon finds that neither the procedure nor the company that performed it are quite what they seem.
     
    На Bozica1980 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  9. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    [​IMG]И двата дела ги изгледав,добри се али и гадни..Нешто како крими хорор.Се работи за млада девојка која ке биде силована и малтретирана од група мажи,но на крај се изборува со се и успева да се спаси и на сите до еден им враќа со иста мера.
     
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.712
    Elizabeth (1998 ) - http://www.imdb.com/title/tt0127536/

    Откако ќе прочитам интересна книга, после тоа пребарувам онлајн повеќе информации за местата, па уште ако е историска и е инспирирана од вистински настани и луѓе, тогаш секако барам податоци и за луѓето.
    Па така после прочитана книга за Елизабета Прва од Англија, морав и филмовите да ги изгледам.

    За филмот да се разбере подобро, треба предходно веќе да се има представа кои биле главните личности во дворецот на Елизабета. Филмот е доста упростен, направен е да изгледа дека Вилијам Сесил немал речиси никаква улога во златната доба на Англија, што не е така. Исто така, нејзината врска со Роберт е представена така наивно, дали два пати се споменува дека е женет и дека сето тоа го прави од пуста желба да стане крал.

    Досаден е филмов на моменти, ама ете, сакав да го погледнам па издржав. :?:

    Elizabeth, the Golden Age (2007) - http://www.imdb.com/title/tt0414055/

    Вториов филм е за Елизабета но како возрасна личност. Во главната улога и во двата филма е Cate Blanchett.
    Овој дел ми остави подобар впечаток во однос на тоа како актерите си ја вршеа работата. Ликовите беа јасни, не мораше да погодувам кој е кој.

    Ако ве интересира историска драма, со многу малку акција, вреди да се погледне. Сепак, ова е само филм, а вистинските податоци за животот на Елизабета Прва може да се прочитаат на http://www.royal.gov.uk/historyofthemonarchy/kingsandqueensofengland/thetudors/elizabethi.aspx.
     
    На Lady Phoenix, Someonespecial, simonna.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    И трет има излезено.
     
    На Svetulkaaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Combustion (2013)

    Сите гледаат Оскаровски филмови, јас шпански :D.

    Филмот е според IMDb по жанр акција,ама мене ми одеше малку и накај трилер.

    Се работи за крадци кои користат жена (нивни колега) за да ограбуваат куќи. Но, се' ќе се смени при нивниот последен грабеж.

    Непредвидлив до крај (не баш до крај, ама :D). Препорачувам. Оцена: 9.
     
    На темјанушка, Lady Phoenix и mila1111 им се допаѓа ова.
  13. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Многу убав филм, го препорачувам, од мене 10 :)
     
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BellaBrunetta

    BellaBrunetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    CREED (2015)
    http://www.imdb.com/title/tt3076658/


    Отсекогаш сум била огромен фан на Rocky Balboa и ден денес кога ќе видам дека даваат некој филм од серијалот, немам срце да сменам програма :D Филмов стварно ми се допадна, сакам вакви спортски драми, дури и си пуштив некоја солза, особено кога ја слушнав тематската песна од Rocky филмовите :lol:Кастингот е погоден, Michael B. Jordan навистина личи на наследник на Apollo Creed и ми се свиѓа тоа што Сталоне не е во spotlight, а сепак има многу моќна улога. Исто и Bianca ми беше многу симпатична, самото дејство ми е неизфорсирано и природно и така :)

    Се израдував и кога видов

    дека Donnie ги носи култните шорцеви со америчко знаме во финалната борба, така ме допре тој момент зошто се легендарни во светот на Rocky :D

    Го препорачувам и според мене заслужена му е оценката на imdb 8/10.

    creedpostersmall.jpg
     
    На boomsleng и LittlePinky им се допаѓа ова.
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Dirty Daddy

    Роберт Де Ниро и Зек Ефрон човече.Штом ги слушнав тие имиња одма донесов одлука дека ова мора да се гледа нема тука што да му ја мислам.Де Ниро како актер си го почитувам,има прејака фаца и уште појака глума.А и заради Зек,чисто онака да плакнам очи.Кое плакнење,кои фаци бре.Бев на кино,дадов 150 денари за да гледам шлапкање,мал дел на порно глупости,триста други безобразлуци...на моменти бев вака::rofl::rofl::rofl:,а на други моменти вака::puke::puke::puke:.
    Значи смешен е за смешен,ама ептен беше буквално dirty:x
    Да не ве лажи мозокот да одите да го гледате на кино или на интернет,иако е комедија,ама има моменти на кои ќе сакате :puke:....
    Така да,мојата оценка повеќе заради Де Ниро ќе биде 7.5

    Сега се мислам дали да одам на кино да ги гледам The Revenant и The Big Short 8-|
    А за Зулнадер 2 80% сум сигурна дека е можно да отидам да го гледам,најповеќе заради Бен Стилер Овен Вилсон8)
     
  16. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    The Duchess

    [​IMG]

    Филм снимен според вистинска приказна за Georgiana Cavendish (Keira Knightley), 17 годишна девојка од аристократско семејство која стапува во брак со војводата од Девоншир (Ralph Fiennes). Новата војвотка е либерална, слободоумна, интелигентна, модна икона на нејзиното време, додека нејзиниот сопруг е ладен, воздржан и од нивниот брак очекува наследник. Доволно материјал за добар филм.

    Посебно ми се допадна костимографијата во филмот, Војвотката носи интересни креации во различни стилови во зависност од пригодата.

    Мене ми го задржа вниманието, и ме заинтересира да дознаам повеќе за оваа контроверзна личност за нејзиното време. Гледам има снимено и други филмови за неа, па секако ќе изгледам уште некој.

    Малку истражував откако го изгледав филмот и не била баш толку наивна како што е прикажана во филмот иако и во него се прикажани нејзината љубов кон коцкање, смислата за мода, политичките активности, љубовната афера (во вистинскиот живот ги имала повеќе).

    По нејзината смрт откако тоа успешно го чувала во тајност, нејзиниот сопруг дознал дека таа должи £3,720,000, и еднинствено рекол "Is that all?"...

    Ова ми се виде интересно, во весник во 1784 година било објавена сатирична слика како војвотката за време на избори разменува бакнежи за гласови.

    [​IMG]
     
    На SV1911, boomsleng, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.102
    Пол:
    Женски
    The hateful eight (2015)

    [​IMG]

    Woah there!
    Не сум баш навлезена во вестерн филмовите, ова беше too harsh за мене, ама знаете што? Среќна сум ги преживеав трите часа од филмов, наспроти моиве другарки кои се палат на ром ком тралалајкички. :wasntme: На почеток си реков дај да јадам нешто успат, после фрлив сè што се ставаше во уста подалеку од мене.
    Најпрво, да ја пофалам женската актерка, како маестрално си ја заврши работата, алал да ѝ е. Прекрасно одглуми, се надевам дека ќе го земе оскарот иако напамет си баботам, не сум ги гледала другите номинирани. :lol:

    Сега Тарантино, за кој првпат слушам (не ме тепајте) ама и тој одглуми фантастично, ми личи на каубојско типче што се шета наоколу со пиштоли, а претпоставувам такви улоги има и во другите негови филмови.
    Овие два лика ми оставија поголем впечаток. Секако, да си измрчам за Чејнинг Тетум, ако имам некој омразен актер тоа е тој. Не знам зошто се испоубиваат по него сите, досега имам два филма погледнато од него, и двата се романтики а ла Николас Спаркс, и таму и нека си остане, да сечат вени тинејџерките по него, ич не му одговараше оваа улога. Ни акцент одглуми ни ништо. Па тој гласот што го има... |(
    Доволно за него, и онака не се појави многу.

    Е сега, едно нешто што онака најмногу ми се допадна во филмов се дијалозите (кои ги немаше во Повратникот скоро ич). Цело време се случуваше нешто ново (и ова го немаше во Повратникот).
    Кога веќе го спомнавме, јас си мислев дека тој имаше премногу крвишта и одвратни сцени, ама очигледно ништо не сум видела од крвишта и одвратни сцени. :D Па и кога почна Тарантино да раскажува за синот на стариот, премотував, зашто со мајка ми го гледав.
    До оние што ми го препорачаа филмов: Why the fuck didn't you tell me!? :devil: :rofl:

    Да признаам, многу често се губев во приказната некако, главно бидејќи не можев да ги разликувам луѓето, кој беше О.Б., кој Мексиканецот, кој Освалдо... Ама, битно сè ми стана јасно кога дојде расплетот кој беше патем еден од подобрите,
    иако почнав да сфаќам дека работат заедно кога ги залепија за ѕид, а за Дејзи сфатив дека нешто мати кога видe дека некој стави отров во кафето и не кажа ништо.

    Да не ја должам, што ми стана во последно време не знам, кога ќе се распиштолам по цели страници фаќам.
    Вака: Ова беше еден многу, многу добар филм, ај лајк ит а лот, и ќе имаше чиста 10ка ако не беа одвратните сцени. Знам дека многу сакам, бидејќи таков му е жанрот, ама посилно е од мене, бидејќи не ми беше пријатно ама ич додека го гледав, а тоа за жал го расипува мојот вкупен впечаток и затоа од мене добива 9, за разлика од The Revenant кој доби 17 (хаха, се шалам де, 10 :rofl:, тогаш бев под силни импресии.)
    Да, се чувствувам виновно што му дадов 9, а е подобар од The Revenant (me didn't like to admit it. :doh:), ама одвратните сцени надвладеаја, и фактот дека жанров не е my cup of tea, што не значи дека нема да стане. :angel:

    IMDb оценка: 8.0/10
    Моја оценка: 9/10 (можда 9 и пол, еве не знам, се надевам филмов не ми се лути :lol:)

    Толку од мене, она што ми остана да го кажам ќе го кажам во ФФФ. Се надевам дека ќе спијам вечер.

    П.С. Сериозно, изгледа некој нов тренд е фаќање снегулки во вестерн филмовиве. Штета, не ги гледав пред да падне снег кај нас. :wasntme:

    [​IMG]
     
    На SV1911, Sunshine.Sunshine, simonna.a и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.701
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Тhe Revenant (2015)

    Искрено, кога првпат прочитав за што се работи во филмов и кога го видов времетраењето на истиот, имав претчувство дека ќе ми биде премногу развлечен, ама па од друга страна ме заинтригира поради многуте позитивни коментари и решив прв да го пуштам од номинираниве за Оскар... иии после гледањето за жал си се враќам на она првото. Изгледа баш хит филмот за 2015 ќе ми биде филмот за којшто најмногу сум мрчела на темава. 8-|
    Значи не сум воодушевена ама ИЧ :D Додуша, си има удел и тоа дека вакви филмови баш и не ми се my cup of tea, но најмногу фактот дека одма едно 40тина минути барем би го скратила филмов. Дејството ми беше некако во монотона линија, особено првите 20тина минути пред фамозната сцена со мечката не се случуваше ама баш ништо посебно. Уште еден минус ми е тоа колку таа сцена не ми беше (не)реална, уште помалку па сето тоа што издржа Глас после истата, во таква состојба... seriously?!? :?:
    За глумата морам да признаам дека беше одлична, и на ДиКаприо, а и на Харди како доста антипатичен негативец. Исто и сценографијата ми се допадна, локациите и пејзажите на суровата зима.
    Ама, сè на сè, со еден збор Тhe Revenant можам да го опишам како апла досаден филм, со паузирање и ѕиркање на телефон, со сВе :D Од имдб 8.3, од некои може и 100/10, ама од мене преку сила 6-ка, само за големиот труд кој е вложен во филмот.
     
    На SV1911, Sky-butterfly, Sunshine.Sunshine и 5 други им се допаѓа ова.
  19. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Denes go gledav THE DANISH GIRL i iskreno se razocarav zasto citav pozitivni komentari za filmov, mene tolku mnogu mi bese dosaden sto edvaj cekav da zavrsi, mene licno ne mi se dopadna :shake:
     
  20. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    the last witch hunter
    океј филмче за тепање досада 7.5\10
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.