Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    In the heart of the sea - вчера го гледав, и ми се допадна.
    Филмот ја обработува приказната за тоа како настанала книгата Моби Дик, за одмаздољубивиот кит кој ги брани своите од ловците.

    Го препорачувам на оние кои не го гледале, интересен е, и цело време има нешто што се случува иако трае 2 часа.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    [​IMG]Maleficent.
    Е нешто помеѓу фантазија, авантура и трилер.(Од заспаната убавица)
    Во главните улоги се Angelina Jolie,Elle Fanning,Sharlto Copley.Се работи за вила која го штити мочуриштето од спротивното царство кое сака да го преземе.Таа се заљубува во човек кој за пари и престол ќе ја предаде,тогаш таа станува злобна и го проколнува со тоа што неговата ќерка кога ќе наполни 16 години да се боцни од вретено и да падне во длабок сон,но сепак му кажува дека може да ја спаси само бакнеж од вистинска љубов.Добар филм,одлична глума и оценка од 1 до 5 според мене чиста 5ка :D
     
    На simonna.a и boomsleng им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.700
    Пол:
    Женски
    Room (2015)
    Да го гледав филмов некој ден порано, ќе гласав за него во ФФФ и ќе ви ја раздолжев работата со анкетата 8-| :lol:
    Трогателна драма базирана на истоимен роман, што го задржува вниманието од почеток до последната минута. Приказната емотивна, реализацијата и глумата - уште повеќе, како на мајката, така и на детето. Особено ме воодушеви како реалистично е прикажана таа психолошка состојба на изолација од светот, од гледна точка на петгодишното дете. И да, според мене и Jacob Tremblay (во улога на малиот Џек) заслужува номинација за Оскар, навистина не сфаќам како тоа го нема меѓу номинациите. :?:
    Има многу моменти кои допираат до срце... со еден збор прекрасен филм, well worth watching.
    10+/10 :bow:

    [​IMG]
     
    На Mariangela, boomsleng, LadyinBlack21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    25.319
    Пол:
    Женски
    Demonic

    [​IMG]

    Иако навидум типичен хорор со опседната куќа со сомнително минато, има интересен, иако до некаде очекуван, пресврт.
    Добра глума, ми го задржа вниманието, а и има неколку језиви нагли сцени, баш тоа што се бара.
    Солиден.
     
    На Svetulkaaaaaa и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Big Daddy (1999)
    MV5BMTgwODU4MTg5M15BMl5BanBnXkFtZTcwNjM2NjkxMQ@@._V1_UY1200_CR107,0,630,1200_AL_.jpg

    Драма - комедија која мене многу ми се допадна.
    Емотивен и со доста смешни сцени во исто време, овој филм се однесува на 32 - годишниот Сони (Адам Сандлер) кој е апсолутно незрела личност и не прави ништо корисно во својот живот. Еден ден, пред неговата врата се појавува малиот Џулијан со писменце во кое се вели дека е син на неговиот цимер и кој ќе донесе огромна промена во животот на Сони. Заедно лудуваат, заедно растат, стануваат неразделни. Стар филм, а јас не сум го гледала. Ако и вие сте како мене, погледнете го за опуштање:).
    7/10
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    The Intern


    Аnne Hataway и во овој филм, ведра и позитивна. Во комбинација со Де Ниро благодарение на нивната харизма и актерска способност, одлично функционираат. Почетната идеја на режисерот, чинам била супер, но потоа се тргнува во друга насока.

    Желбата на Meyers да ја истакне жената, е директен и пренагласен. Друг, не ми се допаѓа она делче каде што таа го “разводнува” бракот , со тоа што смета дека не можат и двајца брачни партнери да бидат успешни.

    Овој микс од комедија и драма, проследен со позитивна енергија го препорачувам за мирна и опуштена вечер.

    Оценка 8\10

    e5e9b94d92.jpg
     
    На SV1911 и TheTribe им се допаѓа ова.
  7. johnnys.girl

    johnnys.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Casanova:D 2005 е филмот, ама прекрасен, old but gold. Со Heath Ledger e, наајјјјубавото суштество што некогаш постоело;(;( Во филмот се работи за Казанова кој е најголем љубовник на сите времиња, има неверојатна способност да манипулира со жените, буквално кај сите барем до сега му успевало.. амаа понатаму се среќава со Франческа која на крајот ќе стане жената на неговиот живот, но тоа посебното во Франческа не е нејзината убавина, туку тоа што го одби :) Гледајте го има интересни случувања, супер филмче е 8)
     
    На Someonespecial, Jordanovska-K и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Два филма што ме растажија:

    Inside Out
    Чудно е како еден анимиран филм, кој навидум е само цртан за деца, може да начне толку сериозна тема и да допре длабоко во тебе. Децата не верувам ни дека ќе го разберат, а јас сум сигурна дека уште барем неколку пати ќе го изгледам. Ме растажи, ме насмеа на глас, некои сцени буквално ги враќав додека го гледав, зашто ми беа интересни :D Дефинитивно е еден од најдобрите анимирани филмови кои сум ги гледала, ако не и најдобар.

    The Danish Girl
    За филмов жал ми е што не можев да го изгледам во еден здив, морав да го сецкам на делови и да го гледам во различни денови. Па некако ми се поремети впечатокот за приказната. Но, во секој случај многу ми се допадна и можев лесно да се соживеам со она низ кое поминуваше Лили.
    Еди е одличен актер, во секој филм што го имам гледано е тотално различен, вистински камелеон е кога треба да ја долови улогата. Ама сепак годинава не типувам до добие оскар, доста му беше тој лани, барем засега ;)
     
    На 1209, Annath, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.100
    Пол:
    Женски
    Room (2015)

    [​IMG]

    Едно нешто да кажам пред да почнам. Нека се одлучат дали е филмов според книга или вистински настан. На едно место читам книга, на друг inspired by true events. Знам дека е книга, ја имам видено во библиотека. Исто беше и за The Revenant, знаеш вистински настан, одеднаш ти плеснуваат инспирирано од дел од некоја си книга.
    Или пак книгата е од вистински настан, па автоматски и филмот... :?:

    Како и да е, најмалку битно е од што е инспириран. Вака. Имав некоја одбивност кон филмот, бидејќи сите го испофалија, упорно и упорно, па уште и во темана за малку ќе го избереа :worried: и затоа ми се створи одбивност, ама решив сите оскаровци годинава и си стојам на ветеното. Трејлери не гледам, од причина што многу откриваат и затоа освен мајка, дете и соба не знаев ништо друго за филмов и уште пред да го пуштам некаде на крајот од мозокот имаше нешто што ми викаше: „Сигурно ќе е глупав, лигав, ваков, онаков...“
    Но да не ја тегнам многу, мене ми се допадна филмчево. Не баш она што јас би сакала од филм, повеќе она што мајка ми би сакала да го види. :D Некако деца што глумат не сакам, сепак се деца, не ни знаат што зборуваат, затоа имам фобија од деца што не знаат да глумат. :D Но ова дете не беше воопшто лошо, онака слатко, миличко, едно гласче што имаше. Дури потоа видов дека имало цели 8 години, мене баш ми личеше на 5.

    Немам нешто посебно да кажам за филмов од поглед на едно вакво резиме, имам за ликот на мајката, ама тоа ќе го сторам во другата тема кога ќе се изгласа (ако се изгласа).
    Филмчево лежерно, убавко, како за опуштање, ете онака да речам добро ми дојде по бруталните што ги гледав, особено Осмицата. :D Го препорачувам за оние кои сакаат да поминат опуштена вечер и кои сакаат мирно да спијат, бидејќи ништо не опушта поубаво од такво убавко гласче на детето. :sun:
    Жанрот му е драма дека нема друг кој повеќе се совпаѓа, можеби семеен, ама драма па и нема баш многу. 8-|

    Книгата можеби ќе ја читам, ја има во библиотека, ми фати око од порано, ама кога ја видов корицата, бела позадина, шарени букви огромни СОБА, си реков оваа е хорор 100% и одма ја тргнав, а нема врска. :D

    Се мислам помеѓу 8 и 9 за оценката, стварно не знам што да му да дадам. Ќе му дадам 8, може заслужува и девет ама ете... :D Одлучи одбивноста од порано иако не заслужува толкава одбивност. :wasntme:

    Motion pictures не верувам, lead actress, па не знам, мене ми се допадна многу глумата на жената, ама изгледа Бруклин ќе ја земе оваа, за другите две не знам, мислам дека беше едната за режисерот, ама не ги знам другите номинирани. Може еден ќе земе, ете јас ќе му стискам палци за еден, не беше лош воопшто. :)
     
    Последна измена: 1 февруари 2016
    На 1209, Annath, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Burnt - со Бредли Купер и Сиена Милер
    Се работи за кувар кој се обидува да ја добие 3тата Мишелин ѕвезда, откако 10 години бил отсутен од тој свет поради алкохол и дрога. Интересна приказна, така за опуштање е супер филмчево.
    Особено ќе им се допадне на оние кои уживаат во готвењето.

    Creed - со Силвестер Сталоне, кој е номиниран за Оскар за споредна улога во фимов.
    Убав филм, во кој не се врти се околу Роки, туку сосема нов лик кој треба да го освои светот на боксот. Ми се допадна и го препорачувам доколку не сте го гледале.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    The intouchables (2011)
    MV5BMTYxNDA3MDQwNl5BMl5BanBnXkFtZTcwNTU4Mzc1Nw@@._V1_SX640_SY720_.jpg

    Преубав француски филм - драма снимен според вистинска приказна.
    Двајца луѓе различни со своето минато, околината, луѓето што ги опкружуваат, состојбата во која се наоѓаат. Но нивното запознавање ќе промени многу и за двајцата, помагајќи си луѓето да и гледаат со други очи и да ги сфатат своите недостатоци.
     
    На Naked Gun, 1209, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    The Revenant
    Искрено останав без зборови.Филмот премногу ми се допадна и посебно ефектите и најјаката улога на Лео до сега.Па дајте му на човекот оскар побогу!Го заслужува...Го испотепаа,го распарчија,го копаа,плачеше,корнеше,свашта јадеше во тоа планините и оскар да не добие?Заслужува...Барем јас така мислам што поседив скоро 3 часа во киносалата.Да вредат парите што ги дадов.И пак би дала...
    Значи вистинска приказна,за луѓе што отишле по лов,преживуваа...фулмот е снимен во некоие планини онаму на Канада,Лео навистина јадел месо од бивол,барем така тој имаше изјавено...
    Според мене,филмот и Лео се за Оскар.Од мене чиста 10:bow:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.100
    Пол:
    Женски
    The Danish Girl (2015)

    [​IMG]

    Филмов ќе ми беше апла досаден да не беше Еди Редмејн. Абе многу си го сакам, ептен ми е симпатичен и мил. :inlove:
    Како изглуми, алал да му е, како успеа да се претвори во вистинска жена, дури и кога беше облечен како маж. Како што рече некој погоре, како камелеон се вклопува со улогите, и во Теоријата и овде. Овде улогата му беше поспецифична и мајсторски си ја заврши, страшно талентиран, еден од најдобрите актери е, дефинитивно. :bow:Толку добро одглуми, што на моменти и заборавав дека не глуми жена, онака од далеку кога го даваа, кога не му се познаваа цртите толку. Секоја чест, браво! Го заслужува оскарот, но сакам Лео да го добие. :wasntme: Ама дека го заслужува повеќе од Лео, тоа да. Сепак, лани го зеде, заслужено, а за Лео редно е.

    Приказната беше ветувачка, нешто поразлично, барем јас не сум гледала некој сличен филм. Времетраењето му е два часа, а јас мислам дека комотно можеше да заврши за 1 и пол. Голем дел од времето не се случуваше ништо.
    Дури кога отидоа во Париз и го испотепаа овие си реков конечно нешто, ама пак ништо не испадна. Само на операција тргна.
    Кога сум веќе во спојлерот да кажам збор-два и за крајот. Навистина ми стана жал што умре, ама не знам колку ќе беше реално да преживее, во тоа време, со тие услови, толку тешка операција која дури и денес предизвикува компликации. Ама барем си умре како жена јадниот, ако ништо друго, тоа и му беше желбата.

    Немам нешто друго да кажам, освен некои мали нелогичности, за кои не би зборувала сега.
    Она што не ми се допадна е што беше развлечен и малку досаден, ама колку-толку прекрасната глума на Еди надокнадуваше за тоа.
    Овојпат тука некаде сум со оценката на ИМДб

    ИМДб: 6.9/10
    Моја оценка: 7/10

    Убав филм, Еди е мајстор. Толку. :bow:За крај:

    [​IMG]

    Motion Picture - не, мислам дека ќе ја добие Повратникот, ќе видиме сепак. Си кажав за актер во главна улога. Мислам дека ќе го земе costume design, ама ја има Пепелашка како конкуренција, така што можно е да не земе. За споредна актерка, навивам за Џенифер Џ. Ли, оваа не ми беше нешто ау-бау. Ама кога ќе ги изгледам и тие со Рејчел МекАдамс и Кејт Винслет тогаш ќе зборувам. :)
     
    На SV1911 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  14. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    11201744_ori.jpg

    Ајде и јас со филмов...

    Alicia Vikander е одлична глумица и тука го засени Eddie. Костимографијата и шминката прекрасна, а псоледната сцена со шалот е совршена.
    Оние претерувања од страна на Лили, нејзината насмевка, за мене е доволно иритантна...
    Филмот се на се, добар, иако предолг и развлечен.
     
  15. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Room

    Иако Џек живее во соба од дванаесет квадрати, таа е целиот негов свет, а љубовта од мајка му му е доволна, нивната љубов го има целото време на овој свет. Филм за беспрекорната љубов и пожртвуваност на една мајка, односот помеѓу мајката и синот е толку едноставно и со леснотија прикажан, а крие толку длабоки емоции.

    Прекрасна глума на малиот Jacob Tremblay, да имаше оскари за деца сигурно ќе го добиеше.

    Првата половина од филмот е напната, неизвесна, полна со емоции, додека втората половина не продолжува во тој ритам, меѓутоа совршено ја надополнува првата половина. Како што ја напуштаат собата така и емоциите се распрснуваат. Имаше една реплика на Џек кога се врати во собата и рече колку всушност била мала нивната соба која претходно беше целиот негов универзум.

    Моќен филм кој крие една порака за времето во кое живееме, за времето кое го немаме да се посветиме на она што го сакаме, за се она што пропуштаме од животот.
     
    Последна измена: 3 февруари 2016
    На staycalm, NESKAFE25, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.100
    Пол:
    Женски
    The Big Short (2015)

    [​IMG]

    Имав огромни очекувања од филмов, мислев дека ќе е најдоброто нешто што сум го видела (не знам зошто).
    Сега откако го изгледав... не знам ни што да кажам. Мене ми беше мноооогу досаден, ама ептен, никогаш не сум ја сакала економијата, ниту ми било интересно нешто од тоа, вистинска казна би ми било да ме натера некој тоа да го работам.
    Нема што да додадам, ниту едно нешто од филмов не ми го задржа вниманието, повеќе гледав во пуканките отколку во него.
    Го следев некаде до кога Рајан Гозлинг објаснуваше за хипотеките со Џенга, потоа натаму вртев на мобилен и чат-пат погледнував. Уште од она "based on a true story" на почеток си реков отиде јабана, и стварно отиде. Ама ич не ми се допадна филмов, тотално губење време.

    Гледам насекаде добри критики, осмици, деветки, изгледа мене не ми се допадна што не разбрав за што се работи, ниту пак поентата му ја разбрав и затоа од мене добива тројка.
    Апла досаден филм и одвај го изгледав. 3/10
     
    На karmenka и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Во милениум да не го гледаше? И јас се утепав буљање у телефон и негде на средина на филм си дремнав. Тапа :D
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.700
    Пол:
    Женски
    The Martian (2015)
    Филм којшто во своето времетрање од добри 2 ипол саати, го задржува вниманието од почеток до крај - ете тоа ми е накратко сумираниот впечаток за филмов. :D
    Kнигата ја немам прочитано, но филмов дефинитивно ми ги задоволи очекувањата. Приказната - одлична и напната (иако крајот беше доста очекуван :lol:), полна со наука и интелигенција, но сепак не во таа мера да биде здодевна и неразбирлива за некого што нема поопширни познавања од астрономијата. Секако тука беше и хуморот на Марк, присутен низ целата приказна и покрај целата негова ситуација, што му даде интересен шмек на филмот... посебно врв ми беа неговите монолози кога се снимаше за време на престојот на Марс. :D
    Глумата исто така беше супер, Мет Дејмон одлично си ја завршил работата. A eфектите и сценографијата најмногу ми се допаднаа и мислам дека го заслужува оскарот за best picture, се гледа дека е обрнато многу внимание на веродостојноста на сцените на Марс.
    Од мене чиста десетка. :bow:

    И да, за малку ќе заборавев... за крај, дел од легендарните цитати на Марк :D
    In the face of overwhelming odds, I'm left with only one option, I'm gonna have to science the shit out of this.

    I don't want to come off as arrogant here, but I'm the greatest botanist on this planet.


    They say once you grow crops somewhere, you have officially colonized it. So, technically, I colonized Mars. In your face, Neil Armstrong!

    ...Nobody explicitly gave me permission to do this, and they can't until I'm on board the Ares IV. So I'm going to be taking a craft over in international waters without permission, which by definition... makes me a pirate. Mark Watney: Space Pirate.

    I admit it's fatally dangerous, but I'd get to fly around like Iron Man.

    [​IMG]
     
    Последна измена: 4 февруари 2016
    На Mariangela, Wahnsinn, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.100
    Пол:
    Женски
    Не, онлајн го гледав. Или поточно онлајн не го гледав. :D Чистев неред од пуканки и вртев на фемина додека траеше. :lol:
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Miss You Already (2015)
    [​IMG]
    Ме трогна филмов.. Емотивна сум и по природа ама сигурна сум дека и најголемиот дел нема да ги остави рамнодушни. Актерите ми беа совршени со мали исклучоци, сосем небитни.
    Помислата дека некој поминува низ ваква болест, дека некој посматра од страна и гледа како некој жив - умира е навистина болно..
    Да се навратам на филмов, како главна тема е другарството на две жени кои се познаваат и се заедно низ животот уште како малечки. Прикажани се моменти кои ги доживеале и посветеноста на една кон друга. Едната е малку позитивно - налудничава, другата одржува баланс некаков. :lol:
    Навистина е добар, те внесува во приказната :)
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.