Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    "ROOM"

    Да ви кажам се двоумев дали да го гледам или не, нешто длабоко во мене ме натера да го погледнам. За тие два часа сфатив неколку работи кои општо можат да ни користат во реалниот живот.
    1.Улоги - тешки улоги, поготово на Џој и Џек. Актерката секоја чест како глуми дефинитивно се внела и се посветила на улогата, целта е да се задржи вниманието на гледачот, но и да се извлече најдоброто од целиот филм.
    Џек - со деца треба внимателно да се работи, незнам колку е голем малечкиов, но дефинитивно го сфатил како нормално дете но само на филм. Се разбира никој не сака да истрамаутизира едно дете за да биде филмот во целост потполнет.
    2. Целиот настан - многу е испреплетен, Џој била грабната од манијак, а после 2 години го добива Џек. Моментот кога се наоѓаа во болницата на Џек му беше страв да го прифати новиот свет, бидејќи мајкаму му создавала свет кој не постои, верувал во таа соба и сметал дека тоа е нивниот вистински дом. Стравот е борбата која треба да ја победи. Во текот на целиот филм покажано е колку е тешко да почнеш отпочеток, да го победиш стравот и да го запознаеш новиот свет, луѓето, да им покажеш неколку емоции, да поверуваш во добрината на луѓето бидејќи таа СОБА го извлекла најлошото од себе и ти го внела во коски.

    Не се верува во секој, суштината на филмот е за децата кои се киднапирани од некој манијак, што поминуваат, колку животот си го плаќа својот данок, колку се страда.
    Ми се допадна искрено да ви кажам се извлекува добра порака.
    Кога Џек рече "Мамо може ли..." (мислејќи да цица).
    Џој му рече"Не може, нема повеќе жал ми е."
    Самиот сфати дека веќе ја нема таа соба, дека сега е друг свет, дека е голем, дека веќе не треба да цица туку постојано да го запознава новиот дом, секое крајче, секое делче, секое ливче, секоја светлина мора да ја прифати. Тоа е добра поука да се остави време на децата самите да прифатат некои работи,а не да им се наметнува постојано.

    Се расплакав едноставно не може да не ви предизвика бура емоции. Филм со еден збор храброст!
    Оценка 10/10.
     
    На ivimis, Elen4e89, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  2. вƖυє єуєѕ ♥

    вƖυє єуєѕ ♥ Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The First Time
    не е лош иако повеќе очекував
     
    На mila1111 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    Тhe intern

    Интересно филмче , го задржува вниманието, не е лош.
    Oценка : 7/10
     
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Revenant (2015)

    The_Revenant_2015_film_poster.jpg

    Филмот трае добри два и пол саати. Тоа малку ме предомислуваше, ама Леонардо во главната улога ме убеди. :D
    Леонардо ди Каприо - многу повеќе го сакам сега во негови позрели години, и го сметам за одличен актер.

    Во филмот, тој, Леонардо, во улогата на Glass, чива жена Индијанка, беше убивена од страна на белците, и со која има син (а го пропуштив детал околу тоа што и како се запознале и како се тој всушност понатаму најде во тимот кој требаше да го преведе преку планини до посебно одредиште, притоа избегнувајќи ги Црвените (Индијанците) кои ги гонеја. :^)
    Почетокот малку ми е нејасен, али добро..

    Леонардо е како мачка со 9 животи. Неуништив, издржлив.
    До крајот на филмот освета го движеше.
    И всушност не дека филмот имаше некоја посебна приказна, нешто што би ме привукло посебно кога се земе во предвид мојот вкус на филмови, ама неговата глума, цел фокус е на него, и тој одличен беше!

    Имаше неколку моменти во филмот кои навистина ме наежија како Гласова (Леонардова) борба со гризли, или кога ја вадеше утробата на мртвиот коњ за да ја преживее снежната олуја...

    Се на се, добар е филм, ама Леонардо е одличен.

    Оцена 9/10

    Пс. На претходните страни читав одлично раскажани критики (y)
    Го дигнавте стандардот на темава на повисоко ниво, а сега јас малку ви го кварам просекот :wasntme:
     
    На Mama25, Lella, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.152
    Допаѓања:
    259.202
    Пол:
    Женски
    ^Премногу крвав за мој вкус. Си размислував за мотивот на сценаристот да ја напише приказната, суровоста и издржливоста низ животот.
     
    На Annath и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  6. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    [​IMG] [​IMG]

    Убедливо најтажниот филм кој ме држел со расплакани очи цел 1 час.Толку прекрасен,мешавина од пријателство, љубов, пожртвуваност, смртта..Уште сум под импресии и не знам што да напишам буквално.
    Не ви го препорачувам ако сте како мене плачки, главоболка ќе имам до утре, ама вредеше дефинитивно.Премногу ме допре филмот.
    Се работи за искрено пријателство меѓу две другарки, едната заболува од канцер и животите на сите нагло се променуваат.Во филмот е прикажан целиот тој циклус на борба со ракот, вољата за живот,силата и поддршката од најблиските.Едноставно, филмот е must see.
    Оценка нема потреба да кажувам, солзите си кажаа се.
     
    На TheTribe, sikica7, One.Moment и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    27.940
    Пол:
    Женски
    images.jpg


    Па искрено не останав со отворена уста од филмов... добар е ама не е мој тип дефинитивно
     
    На NaAstorMajkata, ALISA0000 и sikica7 им се допаѓа ова.
  8. Hapburn Audrey

    Hapburn Audrey Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Навистина интересен филм вреди да се изгледа Интересна приказна кој ве држи љубопитни до крај. Оцена 9/10
     
    На blueberry93 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.754
    Пол:
    Женски
    Unfriended.
    Една девојка ќе се самоубие и мислам дека беше една година по самоубиството, нејзините другари и другарки, 6 на број, ќе разговараат на скајп но одеднаш ќе се појави мистериозна личност која се вклучува во групниот разговор. Тоа ќе биде девојката која се самоубила и еден по еден ќе ги убива додека другите се сведоци на тоа.
    Би го оценила со 7, но минус му е тоа што не мрдаат никаде, се се случува на исто место и одеднаш, а трае час и 22 минути, па ќе му дадам сепак 6.
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Читајќи по темава, за синоќе го одбрав погоре опишан:

    Miss you already

    Е сега, читајќи ја критиката на членката погоре, како најтажниот филм, си помислив: еве совршено филмче како за мене, кога сум во пмс, да се исплачам на раат :D

    Ама не! Филмот повеќе ме забавуваше!
    Ми се допадна како брзо се одвиваа случките, кратки и јасни дијалози, и се проследено со една хумористичка доза.

    Две стари другарки, Џес и Мили, од кои едната влезе во борба со канцер, а со неа и другата која беше со неа, која што и патем се обидуваше да забремени.

    Интересен, лесен филм.
    Морам да додадам дека Дру Баримор никогаш не ми била "послатка" од оваа улога.
    Глуми една сталожена, смирена, просечна и позитивна девојка и супер и лежи улогата :)
     
    На Енна.., blueberry93, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  11. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.712
    The Little Prince (2015) - http://www.imdb.com/title/tt1754656/

    Анимационен филм создаден по добро познатата книга.
    Ме трогна, навистина одлично изведено.

    Доколку уживате гледајќи добри анимациони филмови, овој задолжително ставете го на листата.

    Од мене 9/10.

    Повеќе за Малиот принц http://www.thelittleprince.com/work/the-story/.

    the little prince.jpg
     
    На blueberry93 и do-re-mi им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    27.940
    Пол:
    Женски
    About Last Night

    Филмов е со Кевин Харт комедија станува збор за двајца пријатели и две пријателки (цимерки) од кој едната ке биде со Кевин а другата со неговиот другар и се случуваат цело време глупости:D
    Интересно филмче сепак :)
     
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    The Intern
    Одамна немам гледано вака позитивен и забавен филм. Два часа без да трепнам го гледав, ме исполни со убави емоции. Препорака за сите кои сакаат да гледаат опуштен филм со врвни глумци.
    [​IMG]
     
    На crazylady, Mrs.Cuper, Elena69221 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    The Revenant
    Ајде и ја решив да го изгледам многу коментираниот филм и вистина е дека иако трае 2ипол часа сепак го задржува вниманието.Единствена замерка е што имаше претерани моменти во преживувањето(паѓа од огромна карпа со коњот,коњот умира,он жив,исто така и борбата со мечката ми беше претерана некако)А за глумата на Леонардо едно браво,ми се допадна.
    IMBD оценка 8,2/10
    Моја оценка 8/10
     
    На Lella и sikica7 им се допаѓа ова.
  16. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    The Danish Girl (2015)
    [​IMG]

    Дури на крајот сфатив дека е биографија. Ама овај глумецов ќе помислам мрднат е и во вистински живот, не го следам па не знам баш каков е ама ќе се провери тоа, а ако не е, тогаш одличен актер е! Ме замисли со прашањата околу хомосексуалноста, не дека бев против или за.. За состојбата дека навистина не може да се контролира но дали би требало да биде оценета како болест или нешто кое не може да се суди површно. Исто така жената покрај Ајнар е вистински борец, но пред се' цврста личност која својата болка ја занемарува мислеќи го најдоброто за својот сопруг. Филмов не е за сечиј вкус, но интересен е за гледање.
     
    Последна измена: 9 февруари 2016
  17. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    Девојки а The Danish Girl од каде го симнавте?Јас обично од замунда симнувам ама глеам таму го нема
     
  18. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Ако имаш торент можеш преку оваа страница:

    http://valleytorrent.com/usearch/the danish girl/
    само не знам дали има добра снимка излезено..

    Ако не, можеш да го гледаш онлајн, јас на филмовизија го гледав.
     
  19. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не е мрднат во вистинскиот живот како што се изрази, едноставно има редок талент за глумење,прекрасен глумец е.

    Го изгледав и јас филмот,точно, не е за сечиј вкус но вреди да се погледне.Одлична содржина има,ми ги исполни очекувањата.И Alicia беше прекрасна,мислам не можеше подобро да се одигра улогата.Одлично 9/10.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    На мрднав мислев ексцентичен, односно неговото однесување, некои потези што ги прави.