Интересно филмче, со моќна порака. Нешто ми се гледаше тапа филм, па го симнав. Тапа не излезе овој, ама па и без преголеми импресии сум. Не очекував таков крај, али нема везе. Тука некако филмот спласна. Ништо не е изгубено, не ме ни разочара.... Цел филм не течеше којзнае како Може да го ѕирнете, лабав си е. J. Phoenix се заљубува во неговата комшика G. Paltrow, додека неговите веќе му имаат одбрано девојка. Не сум фан на комшиката, нели Кери Бредшо во реалниот живот... али и филмот некако без содржина. Додека го гледав, се некако како да го имам гледано , ама не ми доаѓаа сцени... Не ги памтам бе, само така познато се.. На крај ми текна, гледан ми бил, само пошто ништо важно не се случува,затоа и не се сетив. К а т а с т р о ф а , според мене. Филмчево ме бендиса, до негден. Дететенцето растура а неговите монолози ми се омилен дел. Толку е невино и автентично, чудо еј. Баш е пример за среќно дете, кое е растено во "тешка" околина. Се на се ме бендиса, посебно заради силниот однос помеѓу мајката и детето. Она што ми ги потона "лаѓите" е делот кога се враќаат назад. Некако сето тоа глуматање, бабата, дедото, интервју... Многу натрупано, повеќе ми се свиѓа онаа топлина која е прикажана на почетокот од филмот.во собата.
Brooklyn (2015) Spoiler: постер Откако го изгледав филмов и немав некој многу оформен впечаток. Си реков конечно филм кој трае помалку од два часа, сигурно нема да е развлечен и guess what? Беше развлечен. Изгледа нема некој нов филм на кој не му бил даден барем пола саат плус. Оставајќи го тоа настрана, приказната средно-интересна... Младата Ејлиш во потрага по бољи живот во Америка, каде што запознава странец и се испозаљубуваат. Романса, романса, романса и тогаш бум! Spoiler Сестрата ѝ умира, мора да се врати дома. Е сега, да си остане во Ирска, или да се врати во Америка, прашање е сега. Па уште доби и работа и понуда за брак... But true love gets through it all. И така си живееја среќно и весело до крајот на животот. Генерално, не беше лош, во стилот на Room некако, типичен оскаровски филм, не ме чуди да го земе, иако не ми е нешто вау за да стане најдобар филм на 2015. Ми се допадна глумата на Saoirse Ronan. Го поминав цел филм мачејќи си го мозоков од каде ми е позната оваа актерка за дури сега да дознаам дека е она проклето девојче од Atonement кое сите го мразевме. Е баш не ја ни препознав во филмов, и подобро, бидејќи ќе ја мразев од самиот старт. Една од оние сум што автоматски имаат одбивност кон актерот кој имал една за-коси-корнење улога, а тоа не е во ред. I can't help it. Ама преубава е и мислам дека многу добро ѝ легна улогота, но немам поим зошто е номинирана за најдобра главна актерка кога ништо специфично не одигра, за разлика од Atonement. Ама ајде нека ѝ биде, мислам дека ќе го земе оскарот, иако не мислам дека ќе ѝ биде оправдан. Да не ја тегнам, ми се допадна филмов, иако да беше пократок ќе беше топ. Додуша, не очекував ништо повеќе од филмов, баш ваков и си мислев дека ќе биде, затоа ниту сум разочарана ниту воодушевена. 8/10
Testament Of Youth (2014) Дефинитивно мојот најомилен жанр се биогарфиите. Има нешто посебно во нив, вистинско. Филмот е базиран на книга која можам да замислам колку е подобра од филмот. Дејството се случува за време на војна која одзела некому нешто, а некому повеќе. Одзела мир, спокој, радост ... Вера е главната улога во филмот која се одликува со храброст и издржливост и покрај се' она што го доживува. Иначе Вера ја глуми Alicia Vikander која прв пат ја сретнав во The Danish girl и покрај тоа што е вистинска убавица е и предобра актерка. Ми се допаѓа грациозноста во ваквите филмови, костумите, начинот на зборување, ценење на вистинските вредности.
The Intern Не можев да одолеам на комбинацијата на Ен Хатевеј и Роберт Де Ниро - и двајцата ми се ептееен симпатични актери, уживав додека ги гледав Супер филмче, убаво ми легна вака саботно, во комбинација со шпагети додека надвор истура дожд
Прекрасен филм,се работи за талентиран ди џеј кој на почеток се дрогира,мајкаму го праќа да се школува и да живее кај таткото.Таму се запознава со танчерска екипа во која ќе биде диџеј а во таа танчарска група ќе се вљубе во една девојка..Прекрасно и нтересно филмче..
Пред некоја недела го гледав. По грешка сум го спуштила, наместо оној,Youth. Ми се допадна...и мене. И, исто,баш тоа ми беше занимливо... дека е истата актерка од Danish girl.
The revenant Добар филм, за сцена и глума околу 9+ најблиску 10. Го дочекав на замунда да го симнам и го изгледав. Малку се језиви некои сцени, но вреди за сите 160минути. Ми се допаѓа што ти го задржува вниманието цело време, најтапа ми беше на крајот кога Фичџералд е убиен од Глас. Тој дел малку ми беше монотон. Исто најјезива сцена ми беше кога пиеше вода па му потече од вратот како крв бидејќи беше длабоко пресечен од мечката. Дефинитивно најјезива сцена.
ДАНИКА (2006) Филмот ми е гледан првпат пред 8 години (не цел), ама толку впечаток ми остави што го барав тука по форумот и благодарение на @Summerlover (фала уште еднаш ) конечно го изгледав од почеток до крај . И пак ми остави голем впечаток. По жанр е психолошки трилер со елементи на хорор. Се зборува за паранојата на една жена Даника, нејзиниот претеран страв од животот и презаштитничката настроеност кон своите деца, и последиците од сето тоа. Spoiler Само ми останало во сеќавање (оти не ми беше гледан од почеток) дека заради несреќата таа психички ќе оболи, а уствари било обратно, поради болеста ќе се случи несреќата Препорачувам на сите обожаватели на психолошки трилери. Од мене оцена 10/10. П.С. Се гледа дека филмот е стар, трае САМО 79 минути .
LOVE THE COOPERS (2015) Филмот според жанрот треба да е комедија, ама на мене ми личеше на топла драма со комични елементи. Spoiler Божиќ е... Совршено време за собирање на најблиските... Совршено време за евоцирање спомени... Совршено време за соголување на чувствата: - на еден маж спрема жена му; - на еден старец спрема келнерката во омилениот ресторан; - на жена спрема маж во кафулето на аеродром; - на осамена жена спрема полицаец; Сите едно нешто ги поврзува, ЉУБОВ!! Филмот пробуди мешани чувства кај мене. На моменти ме насмеа, на моменти ме расплака, но во ниеден момент не ме остави рамнодушна. Препорачувам. Оцена: 9/10.
EXPOSED (2016) Филмот според IMDb е драма, а јас би го сместила во жанрот психолошки трилер со примеси на хорор .. Обожавам филмови каде во текот на цел филм си викаш WTF, а на крај се разјаснува се' на најнеочекуван начин. Spoiler Се работи за убиството на еден полицаец и истрагата што ја води неговиот партнер од една страна, и за животот на една учителка од друга страна. Но, ништо не е како што изгледа. Јас бев воодушевена. Од мене оцена 10/10.
SOLACE Ентони Хопкинс и Колин Фарел. Испреплетени дејствиjа во потрагата по серискиот убиец кој се појавил во градот и постојано зема нови жртви. Филмот е психолошки трилер. 7/10
Deadpool Многу откачено филмче, ме изнасмеа и 2 саати ми поминаа многу брзо Го одбра дечко ми, јас кога седнав во кино појма немав што ќе гледаме. Така што беше убаво изненадување, добар избор направил, мене многу ми се допадна Ако не сте гледале некои филмови (особено со суперхерои) нема да сфатите некои зафрканции, ама добро, и покрај тоа ќе ве насмее Го препорачувам.
Miss you alredry е стопати подоар филм, и толку емотивен посебно при крајот, отколку Room.Рум некако ми делуваше безвеза, имав големи очекувања за филмот, но не беше ништо посебно. Детенцето ми беше слатко, додека мајката стварно немаше капацитет да размислува, арно и кажа киднаперот. Не ми беше толку интересен филмот, арно кажа Бендер дека за кратки часови можеше да прави комбинации од шифри, ама на кој да му текне.Ќе го изгледам уште еднаш филмот, го гледав ненаспана и не се сеќавам во филмот да се спомне дека ќе се проституира таа ? @Bender Rodriguez Плус некако мажот на бабата на Џек, ми делуваше како манијак, и цело време очекував да стори нешто на детето.Чуде поглед имаше.Дедото пак несакаше да го погледне Џек бидејќи зачнал при силување.Без врска ми е мене тоа што не дадоа зошто ја киднапирал тој човекот, ни на крај дадоа што се случи со него.Тотално се согласувам со Бендер откако го изгледав пред некој ден филмот. Се чудам ако детево не се задуши во техипот, нема да се задуши до толку де, а ептен ми беше глупо тоа, демек не смее да го погледне,само го качува тепихот у автомобил и ајт.И баш интересно ќе беше да го однесеше во некоја шума, па ќе немаше како детето да се извлече.И ајде а речеме дека требаше да го закопа, немаше демек да го извади од тепих така ќе го закопаше.Ма дај свашта.И немаше воопшто да се посомневапа да види дали е мртов.Некако етен глупа ми беше мајката.Плус тоа и кога се спасија и се врати кај мајка и цело време некако страшно делуваше, едвај ги погледнуваше мајка и мажот на мајката. Чудно како Ник се качи во автомобилот кога му пријде човекот на Џек и рече дека ќе викне полиција ? Цело време имав пречувство дека Ник ќе се врати по нив, некако имаше таква акција демек ќе се случи нешто лошо. Филмот бил поучен, ништо поучно не видов од него, освен психопатство и страв од гледаше во очи.Со спуштен поглед. Оцена ќе му дадам 6/10. За Miss you already, ќе пишам подоцна рецензија, уште сум под импресии. Плачев при крајот да, ептен ме погоди филмот. @promeneta Овој за нас, таман да ни дојде акл, и да немаме страв.Знаеш за што ти зборувам Ако не си го гледала ти препорачувам.
Да не сме офф топик, само да кажам дека не сум го гледала, ама знам за што се работи и не е тој филм ни за мене ни за тебе, ок? .
THE VISIT значии филлмов е ХАХАхАХАХАХХАХАХАХАХАХХА,на кој му е досадно слободно нека го изгледа 6\10
Ако добро се сеќавам, проституирањето го спомнав у преносна смисла - да одговара на безобразни новинарски прашања за пари. 
Bridge of Spies (2015) Spoiler: постер Не сум расположена за долги рецензии во моментов, ниту за да му навлегувам во длабочинава на филмов. Само оддалеку ќе кажам. Филмов беше одличен! Мене многу ми се допадна, ми дојде како освежување по романтиката Бруклин и напорнава акција Mad Max, за која патем ме мрзеше да напишам рецензија бидејќи не ми се допадна. Како и да е. Том Хенкс ми е еден од омилените актери, и некако успева да не ми биде одвратен со чистиот американски акцент, за разлика од другите такви актери. Мислам дека токму таков актер му требаше на филмов. Секако, во филмов Америка е на прв план, ја зезнува Русија мехехехе. Ама решив повеќе да ги игнорирам воздигнувањата на Америка во филмовите и да уживам во приказната. Студената војна, изградбата на Берлинскиот ѕид, шпиони, чудни сликари и интерсни ликови е сето она што ќе го видите во филмов. Филмов сепак е предолг, едноставно не постои филм од оскаровциве кој не трае пола саат повеќе отколку што треба. Виделе филмов комотно го собира во два часа, тупни му уште пола саат, бидејќи зошто да не! Но сепак, ова беше еден одличен трилер и драма со многу интересни дијалози и без премногу акција. Баш како за мој вкус. Нема да зажалите ако го погледнете. Овој е во топ 3 во мојата листа на фаворити за оскарите.