Ти благодарам за филмов... Денес го гледав и навистина ме воодушеви. Посебно Ентони Хопкинс.... одличен глумец, секоја чест
Одамна ме немало во темава. Ама, од друга страна, не сум гледала некој филм вреден за рецензирање. Се’ до денес: Victor Frankenstein (2015) ИМДБ вели дека ова е драма/хорор/научна фантастика, ама јас ќе се сложам со драма, а ќе речам дека е адаптација на едно од најпознатите писателски дела - за Франкенштајн, ама не за чудовиштето, туку за неговиот создател. Филмот трае нешто помалку од 2 часа, а во главните улоги се: James McAvoy, Daniel Radcliffe, Andrew Scott и Charles Dance од познатите. Музика - одлична, ефекти - совршени, костимографија - исто, актерска екипа за чиста десетка, идеја и замисла како да изгледа филмот севкупно - фантазија. Имате позната приказна воскресната по не знам кој пат, но, сепак, поразлична од сите претходни на истава тема. Имате спој од Хари Потер, Професор Екс, Мориарти, Тајвин Ланистер. Што друго може да се посака? Приказната беше многу добра. Искрено, не ми е јасно зошто има толку ниска оценка на ИМДБ. Џејмс и Даниел се извонредни, целосно внесени, давајќи се’ од себе. Улогите им се совршено доделени, а тие блескаат со своите актерски способности, со целиот свој капацитет. Додуша, не сум видела овие двајца некогаш да се штедат, за која било улога досега. Чарлс Денс, или Тајвин, се појавува само во една сцена, ама е доволно за да остави силен впечаток. И нормално, во таа сцена се однесува баш како Тајвин од GoT. Ендру е исто така исклучителен. Секогаш со смирен израз на лицето, остава гласот да си го направи своето. Тука го гледаме како позитивец, што е малку чудно, затоа што сепак има фаца на негативец. Девојката во главната улога ми е анонимус, но има потенцијал, а освен тоа има преубава физичка појава. Ако се решите да го гледате филмов, а топло го препорачувам, ослободете се од предрасудите и од ситничарењето и уживајте во убавината на приказот на самата приказна. Сепак е филм според измислица. IMDB оценка: 6.2 Моја оценка: 8.5, заради тоа што ми имаше многу геј моменти во текот на филмот. Must watch! И додека сум тука, нема да го рецензирам, зашто тоа ќе го оставам за во друга, посоодветна тема. Само ќе препорачам да го гледате Kill Bill 1 и 2. Љубовна приказна на начинот на Тарантино. 10/10
Амбициозен млад адвокат покренува тужба против еден фармацевтски гигант и притоа е вовлечен во една игра на лаги и корумпираност. Не секогаш добри актери значат и добар филм. Коментарот на мм:Сакале Gone girl филм да направат,ама не им успеало. Imdb 5.4/од мене 4.
Значи го гледав и првиот и вториот дел од филмов оценка 10\10. Предобар и прејак го препорачувам ке ве насмее дефинитивно
Премногу ми се допадна филмов најубаво го опишува нашето секојдневие,зависноста од интернет и какви се ризици постојат.И дека треба многу да се внимава да ја заштитиме нашата приватност,да пазиме што објавуваме на интернет,зошто може да биде искористено против нас.Би го препорачала на сите. ИМБД оценка:7.6/10 Моја оценка 10/10
Brooklyn - Бруклин Пријатен, топол, фин, романтичен, носталгичен, емотивен, се карактеристики, белези кои во кратки црти го опишуваат филмот Бруклин. Ејлиш (Саорис Ронан) е млада девојка, која живее со својата мајка и сестра, патријархално воспитана, примерна, скромна, девојка за пример, во слободно време работи во локалната продавница кај старата, зајадлива, интригантна, госпоѓа Кели, да оствари, да дојде до финансиски средства, да може да го надополни домашниот семеен буџет, да им помогне на нејзините најблиски да преживеат, да се прехранат во тие кризни тешки времиња. Таа грижа која ја има кон нејзините најблиски покажува колку е одговорна посветена, предана, воспитана во духот на старите традиционални семејни вредности. Добива можност да замине во Америка, во тоа и помага свештеникот - отецот Флуд (Џим Бронбенд) кој и ги обезбедува сите потребни документи и привремено сместување во семејство за време на престојот. И покрај тешката одлука да се одвои од нејзините најблиски со кои е цврсто поврзана таа одлучува да замине во ветената, прекуокеанска земја, место - земја за која сонува секој нејзин сограѓанин Ирец. Пристигнувањето на тлото на Соединетите Американски Држави за неа претставува ново искуство, предизвик кој стои пред неа, нешто со кое почнува успешно да се бори и покрај носталгичните моменти на криза по нејзиното семејство - мајка, и сестра со која редовно се допишува споделувајќи ги со неа нејзините настани, доживувања, искуства, проблеми со кои се соочува и на кои наидува во новата средина. Симболичен чин со кој режисерот се обидува да го прикаже светлиот момент, е мигот кога Ејлиш ја отвора вратата откако ја поминува успешно пасошката контрола, при везот во САД, со отворањето на плавата врата од која блеска силна светлина, тоа е светлина која го означува, симболизира светлото на крајот од тунелот, светло кое значи за неа и многубројните емигранти кои пристигнуваат во Америка нов почеток, нов живот, нови можности, перспектива, нешто што ги мотивира многубројните граѓани на Ирска и сите останати држави во светот да емигрираат во САД во потрага по подобара иднина. Преку приказната за Ејлиш всушност се прикажува животот на бројната Ирска имиграција која живее во САД, Ирците се едни од најбројните и најстарите доселеници на тлото на САД, кои заедно со италијанската и германската заедница ги сочинуваат најбројните заедници од европскиот континент. Во новата средина Ејлиш брзо се адаптира, наоѓа работа, се запишува во вечерно училиште - колеџ за сметководство, во што и помага отецот Флуд, во слободното време исто така му помага на отецот во неговите хуманитарни активности поврзани околу помошта на црквата на сиромашните, бездомните, (всушност низ конкретниот пример е прикажана важноста, улогата, позицијата на црквата во САД и нејзиното влијание во сите сфери од животот и општеството) во предвидениот рок ги положува сите испити и успешно го завршува колеџот, таа е девојка која успева да ги избалансира нејзините работни обврски, обврските кон образованието кое значи пат кон нејзина подобра иднина, живот, перспектива, со нејзиниот социјален живот, на игранка го запознава Томи, вообичаен начин на запознавање во тој временски период, тој ја освојува со својата искреност, добрина, хумор, таа вистински се вљубува во италијанскиот заводник кој со своето многубројно семејство живее во Њујорк. За целиот период тој беше нејзина потпора, поддршка, нешто што и даваше храброст, волја, надеж, нешто што ја мотивираше да продолжи понатаму, да не подлегне на искушенијата, кризните моменти, предизвиците, препреките со кои се соочуваше во текот на нејзиниот престој во Брулин. Привремено е одвоена од Томи по смртта на нејзината сестра, загубата на сестрата за неа претставува вистински шок, заминува во родниот крај да и даде поддршка на нејзината мајка во тие тешки мигови на тага и осаменост. Краткиот период на престој во родното место буди кај неа спомени од младоста, детството, дружба со нејзините најблиски пријатели и симпатијата кој и изразува отворени чувства на љубов, на што таа не знае како да реагира, како да постапи а да не го повреди, внимателна е во комуникацијата со сите кои ја опкружуваат, на крајот успева да собере сили, храброст да ја каже вистината на нејзината мајка и потенцијалниот сопруг дека нејзиното срце, нејзината љубов е наменета за еден човек во кој е вљубена и со кој планира да го помине остатокот од нејзиниот живот. Филмот е класична љубовна романтична приказна која добро ќе им дојде, ќе им легне на сите романтични души, сите кои сакаат романтични драми дефинитивно мора да го погледнат филмот, нема воопшто да бидат разочарани Столбот, стожерот, фундаментот, централната фигура околу која се врти приказната е Ејлиш, Саорис Ронан толку добро ја портретира, ја доловува, се внесува во ликот на главната хероина, просто неверојатно е да се оспори нејзиниот талент за глума, едноставно блеска, карактерно одлично ја прикажува младата дама која е модел како треба да се однесува една девојка на нејзина возраст, културна, воспитана, одмерена, девојка за пример. Тој талент кој го демонстрира Саорис прикажувајќи го ликот на Ејлиш толку сигурно, самоуверено, маестрално, покажува колку е надарена, колку успешно може да носи со секоја доверена улога, во ликот кој го игра вдахнува дух, посебност, впечатливост, препознатливост, тоа не е Саорис - таа всушност е Ејлиш тоа е тоа што ја прави една од најдобрите актерки со огромен потенцијал и блескава кариера која стои пред неа, покажува, потврдува колку е сестрана актерка. Поседува неверојатна моќ за трасформација, почнувајќи од улогата на малото злобно девојче Бриони во филмот Покајување, за што беше номинирана за оскар за споредна женска улога, па се до ликот на Ејлиш која ја доловува до совршенство, улога која ја прави да биде една од најсериозните кандидатки за оскар за најдобра актерка годинава. Режијата сосема солидна треба да му се оддаде признание на Џон Кролнли за добро завршената работа, музиката добра, костимографијата одлична - прекрасни креации за периодот во кој се одвива дејствието на филмот, просто - едноставно рај за очи е да се гледа филмот, како Саорис блеска во секоја креација , а и сите останати, кинематографијата доста солидна - одлично се прикажани, запазени архитектонските моменти од Ирска, црквата, продавницата каде привремено работи Ејлиш, потоа Бруклин, и околината на сите места каде се одвива снимањето, дејствието на филмот, сценариото е исто така многу добро, издржано. Бруклин е филм кој има три номинации за оскар, за најдобар филм, сценарио, и најдобра актерка, е филм кој вреди да се погледне, филмот е класика во рангот на Бележникот, Титаник, навистина квалитетен љубовен, романтичен - филм во кој ќе уживаат сите оние кои преферираат да гледаат филмови од овој жанр Еден од најдобрите филмови за 2015 и дефинитивно една од најдобрите романтични драми 9/10
The Night before - Тројцата другари поминуваат една луда божиќна ноќ, што воедно и треба да им е последно славење заедно. Мене лично не ми беше нешто забавен како што читав коментари.
SOLACE (2015) Sometimes the greatest acts of love... ...are the hardest acts to commit. Психолошки трилер за бркотницата помеѓу сериски убиец од една страна, и психоаналитичар од друга страна. Навидум различни, а сепак исти. Spoiler Во филмот се разработува вечната дилема: Дали е оправдано убиството од милост или не? Anthony Hopkins е супер како и сите глумци од старата гарда, Jeffrey Dean Morgan ми е новиот симпатија , Colin Farrell е bad boy as always, а Abbie Cornish некако ми одеше на нерви, не знам зошто . Некои делови некако на трчање ги даваа, ама сепак од мене оцена 10.
The Man from Earth (2007) Видов дека е коментиран во филмско фоаје и кратко трае, па решив да го гледам. Одлична и интересна идеја за филм, која ќе те натера да размислуваш, ама начинот на кој е направен филмов едноставно ја уништува. Толку монотоно, бавно и здодевно. Почнав да проверувам колку има останато од филмот уште пред да помине цел час. Друго, еден голем минус за крајот. Да имаше нешто кое ќе го размрда дејството, можеби не би имала вакво негативно мислење. Не знам што друго да напишам, а да не откријам што се случува. Баш ми е жал што не учествував во дискусијата во ФФФ. Birdman (2014) Филмов добил Оскар, а јас конечно после толку време го гледав. Мое скромно мислење, Birdman не заслужи Оскар. Единствено нешто кое го видов беше постерот и очекував некој трилер, мистерија, криминален филм, а всушност филмов е се спротивно на ова. Зошто сум мислела така, не знам. Ми беше здодевен, плус тоа трае цели 2 часа. Не знам зошто толку многу луѓе го обожаваат. Единствено позитивно нешто во филмов ми беше Едвард Нортон. Spoiler: Гиф
Mad Max:Fury Road Како што гледам оскаровски филмови деновиве,овој го оставив меѓу последните,но подобро и да не го уклучував,изгубени 2 часа. Филмот како прво не ја заслужува оценката на ИМДБ,не па и номинација за 10 Оскари,стварно не знам како стигнал до таму. Не е да не му дадов шанса,голем фан сум и на постапокалиптични филмови и на научна фантастика,ама сепак крајна одлука-благо ужасен. Содржината не беше добро објаснета,триста чуда имаше,ни разбрав што видови се,ни дали се нормални Разбирам дека е дел од франшиза,ама мора да има некаков увод во приказната,некако да се внесе гледачот. Дијалози немаше никакви,барем не нешто вредно и интересно.2 реченици дали се кажаа во филмот и тие беа нешто во стилот „Вози,пукај,стој“ Така и се опишуваат тие 2 часа,возење и пукање,демек борба за дом,за опстанок,врска немаше Светла точка ми беше Том Харди,ама слаба сум на него оти е секси маче,не оти тука нешто посебно се покажа
The dressmaker Си ја сакам Kate Winslet и заради неа го пуштив филмот. Таа ми е добра во секој филм, ама тука беше ко да дошол Павароти да пее на свадба на Амди Бајрам. Предобра е за вакви филмови. Пробале да придобијат со шарм и ексцентричност, и донекаде во првата половина успеале, ама после е жива утка. Да не знаеш дали комедија гледаш, драма, хорор, театарска претстава...испомешале се непотребно и го оставиле филмот без карактер. Кејт убава, друго небитно.
И јас го гледав филмов, и се сложувам. Многу чудни случувања, да не знаеш како да изреагираш на некои делови. Ако ништо друго фустаните ми беа многу убави. Плус убаво освежување беше постара жена со помлад маж, т.е. не знам што беше финтата, може у филмот беа исто годиште чим он беше сведок на „убиството“? Збунка голема или плот хол. Не знам.
Solace (2015) Голем плус за времетраењето, исполнето со доволен број на настани за ниту во еден момент да не биде здодевно. Дијалозите безразлика колку беа долги, беа интересни. Немаше зборче кое беше вишок. Ентони Хопкис, тука нема што да се зборува, одличен како и секогаш. А, за другиве актери, па не глумеа нешто најдобро, но не беа толку лоши. Две замерки: - Движењето на камерата Тресењето и зумирањето беше сосема непотребно. - Музиката Не обрнував многу внимание на неа, ама во одредени моменти употребената музика не беше соодветна за ситуацијата. Во спојлер ќе ставам неколку мисли околу она што се случува. Spoiler Кога откриваат зошто убиецот убива си мислев дали тој постапува правилно? Дали луѓето би ја посакувале својата смрт што поскоро? Кој е тој да одлучува за нивната смрт? Крајот беше баш навистина добар, искрено не го очекував. Не знам зошто има ниска оценка на ИМДб - 6,4, додуша не е толку ниска ама заслужува барем 7. Во последно време ми се погодуваат лоши филмови кои едвај чекам да завршат, па овој беше убаво освежување.
Spoiler: ОДГОВОР Ја мислам дека ќе беше пофер само да им каже - „Знаеш, ќе умреш за толку-и-толу месеци од тоа-и-тоа, оди дома, збогувај се со твоите, рипај со падобран,уплати летување иа Ибица и направи се што си сакал да направиш пред да умреш, па ако после тоа сакаш да не умираш бавно и да ги поминуваш последните денови во маки, побарај ме - ќе те убијам и ќе направам да изгледа ко несреќен случај.“
Remember (2015) Двајца дедовци (евреи) од по 90 год. живеат во старски дом и се преживеани од војната од Аушвиц. Едниот ветува дека по смртта на жената ќе трага по германецот што му ги убил фамилиите на двајцата, но има проблем со помнењето и после секое спиење заборава што треба да направи и чита писмо со инструкции. Кога конечно ќе го најде човекот дознава од него дека уствари и тој бил војник во Аушвиц и го убива човекот, а потоа сам си суди. Крајот не го откривам. ПРЕПОРАЧУВАМ !!!
Да во филмот глумеа иста возраст. Мене пак ми се допадна филмот баш поради таа причина што имаше и комични моменти и малце мистерија и на крајот малце драма. 8/10 моја оценка
Lucy .. Предобар филм со Скарлет Јохансон и Морган Фриман . Луси е нормална девојка на студии во Тајланд , каде се запознава со Ричард , доставувач на дрога за господин Јанг . Ричард ја тера Луси да влезе во хотелот наместо него и да ја предаде дрогата на господин Јанг . По сплет на околности таа добива кесичка со најјаката дрога , крокодил , во нејзиниот стомак , и треба да ја пренесе до одредено место , заедно со уште тројца други . Откако одби да има секс со еден од лугето на Јанг , кесичката ке пукне и ке почне да се размножува во нејзината крв , по што , Луси станува поинтелигентна од компјутер . Кој е за акција , нека си спреми пуканки . Топло го препорачувам , на љубителите на акција ке им се допадне верувам , а еве го и трејлерот :
Последно, повторно го гледав Yo, tambien (AKA Me Too), првиот пат кога го гледав премногу ми остави впечаток па затоа го гледав пак. Сепак, како филм не ми изгледа многу професионален, тера накај документарец ама не е ни тоа. Многу ми е темен, и едвај најдов позиција со лаптопот за да го гледам, ама сепак приказната мислам дека е тоа најбитното во се. Приказната мислам дека е реална, ги отвара очите и шири доволно љубов за сите. Се работи за Даниел - возрасен човек со Даунов синдром кој се заљубува на својот прв ден на работа и се што следува на тоа, каков живот има и каков е животот на еден човек со Даунов синдром. Оценка на IMDb 7.2/10, мојата би ја закружила околу 8/10. И знам дека по извесно време ќе го гледам пак.
Темава е одлична. Кога не знам што да гледам и како да се одлучам, редовно ги читам рецензиите. И така синоќе изгледав Lucy (2014) Со Скарлет Јохансон и Морган Фримен. Одличен филм, одлична акција. Од вакви акциони филмови сакам токму вакви со интересна приказна. Филмот држи внимание и подига адреналин Веќе е напишано погоре.... Луси е девојка, неволно влегува во контакт со мафија за да им испорачи роба, за која и самата не знае што содржи. Игра на случајот, и робата завршува во нејзиното тело и авантурата започнува. Препорака.