Последен филм што го гледав е... Го гледавме и 101 Далматинец и Гласините се шират - Rumor Has It. 101 Далматинец по кој знае кој пат повеќе заради детото и добро беше, му го задржа вниманието беше мирен додека траеше, а за овој со Џенифер Анистон и Кевин Костнер имам слушнато ама не го бев гледала, интересен е ми се допадна.
Последен филм што го гледав е... Јас сакав даламатинците да ги гледам и се откажав кога видов дека е синхронизирано. не знам зашто ама многу се нервирам така. А овој со Џенифер го гледав и со кевин костнер... Што знам онака. Ништо спектакуларно. Не е некоја си комедија. Онака за опуштање
Последен филм што го гледав е... The Town so Ben Affleck Многу добар филм којшто ме остави цело време во исчекување што биде следно. А и Бен Афлек е мх , мх
Последен филм што го гледав е... P.S. I love you на Канал 5.... го филмот. Прв пат го гледам, а книгата ја имам прочитано, но никако да дојде ред на филмот. Еве и филмот го изгледав. Прекрасно нешто. ммммм за Жерар Батлер
Последен филм што го гледав е... 101 далматинец (ја мразам таа синхронизација) но го гледав бидејки во него глумеше hugh laurie (др. ХАУС) Гласините се шират интересно филмче, повеќе се гушкавме со дечко ми отколку што го следевме
Последен филм што го гледав е... step up 3d многу е добар и тој дечкото лелееее http://cdn.buzznet.com/media/jj1/2009/1 ... lls-01.jpg
Последен филм што го гледав е... Гласините се шират - Rumor Has It но далеку од комедија ми е, онака лав стори
Последен филм што го гледав е... И јас вчера случајно го фатив на самиот почеток. Судено било конечно да го гледам!! Инаку, ми ги исполни оечкувањата, а не очекував ништо премногу, а сепак и ништо премалку.
Последен филм што го гледав е... Rumor has it-ништо посебно, љубовна приказна P.S. I love you -2 пат го гледав филмов, одличен е
Последен филм што го гледав е... Ги гледав вечерва 2 дел Далматинци и Измамници . Да ве прашам за вториов која го гледала малку крајот да ми го појасни . Нели отиде кај бившата - Хедер и таа му кажа дека го изгубила детето , што значи дека девојчето не му е ќерка . И како после се враќа со црна коса нели и се најнормално е ? Многу ме трогна филмот , многу го сакам Николас Кејџ , на крајот заплакав кога видов дека сите го испозафркнаа Најтажно ми беше кога му викаше на Френк да ја заштити ќерка му и кога и рече не го уби ти туку јас , не знам зошто . Ама овие моменти најтажни ми беа .
Последен филм што го гледав е... Една од моите омилени книги, но за жал изборот на глумицата за Холи е тотална утка !!!!