Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Desert Flower
    Филм базиран на вистински настан,потресна приказна за животот на една Сомалика,која ќе успее да побегне од хоророт(обрежување на жените) во Сомалија и ќе успее да стане позната манекена во Лондон.
    Кој не го гледал досега топло го препорачувам,како доста емотивна личност едвај се воздржав да не заплачам.
    ИМБД оценка: 7.4/10
    Моја оценка 10/10
     
    На joy1, crazylady, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Man from U.N.C.L.E (2015)

    Филмче за кое откако го изгледав, реакцијата ми се поклопи со онаа очекуваната (со оглед на актерската екипа и позитивните коментари): wow!! (y) :D
    Прејака акција со приказна што ми го задржа вниманието, со уште појаки комични елементи - не онакви едноставни хехехе смешки, туку интелигентни и софистицирани (ме потсеќаше на моменти филмов на Spy, ама можеби за нијанса и повеќе ми се допадна :D).
    Глумата и глумците - одлични... за плакнење очи да не зборам, што човече ќе беше овој Хенри Кејвил :inlove: :lol:
    Алиша Викандер сѐ повеќе ми е предобра како глумица, посебно некако се вклопува во вакви улоги (од минатите векови :D). Стилот ѝ беше чиста десетка тука, како и целата костимографија во филмов... а и музиката, исто предобра и соодветна за времето во кое е сместено дејството.
    Па и плус што дејството е во Рим... не може посовршено да биде :D
    Многу, мнооогу ми се допадна, го препорачувам. 10/10 8)

    [​IMG]
     
    На sugarlips, Elissa, boomsleng и 5 други им се допаѓа ова.
  3. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    27.940
    Пол:
    Женски
    Lucy 10\10

    Предобар филм искрено останав со отворена уста. Многу добра акција ако сакате добро филмче го препорачувам.
     
    На crazylady и boomsleng им се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Our Brand Is Crisis
    Одличен филм со Сандра Булок, која после подолга пауза повторно е ангажирана да ја води кампањата на еден безнадежен кандидат за претседател на Боливија. Темата многу ми беше занимлива.
    [​IMG]
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Wicker park
    [​IMG]
    У
    ште на времето пред 5-6 г. го имав во стариот компјутер, ама сега му дојде време да го изгледам.Значи не ми се верува што сум пропуштила, љубовна приказна каква што не сте сретнале, се нервирав, викав, плачев и без зборови останав.Ако не сте го гледале обавезно да го направите тоа во следните 24 часа, ремек дело дефинитивно.
     
  6. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2016-3-7_19-7-35.jpeg My Sister's Keeper
    Semejna tragedija. Premnogu bolna za da mozam da ja opisuvam.
    Ja preporacuvam na onie so po jaki emocii.
    Ne sum nekoja koja place, no na ovoj film ednostavno nemozev da gi zadrzam emociite.
    10/10
    Zalam sto prethodno ne ja procitav knigata ama vetuvam deka ke ja procitam.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Gone girl
    2 ипол саати, со паузи 3 и нешто, ама добро, не ми беше досадно и не се чувствував како со сила да го гледам. Оти со сила го почнав. Задржува внимание, Ејми е таа поточно која повеќе те влече да гледаш да видиш што ќе се случи, Бен Афлек стандард. Дали глуми во комедија, драма, дали е суперхерој или ватевар, ист лежерен став, исти фаци, таман работа да се труди малку повеќе. Позната фаца е, сега е доволно само да се појави во филмот и да си се понаша онака како знае.
    Крајот е само вреѓање на интелегенцијата кај гледачите. Сакале контроверзност па ајде вака
    -типот што сакаше да се разведи од сопругата (која ја смета за особено паметна и исклучителна жена која е скалило или две над него во многу работи) без поголеми проблеми туку нели му здосадило и си нашол младо мевце, со кое бај д веј се секса уште првите денови откако дознава дека сопругата ја нема (може е мртва, киднапирана, врзана некаде и силувана континуирано). Нема совест, нема срам ниту страв од осуда.
    Но на крај одеднаш решава да остани со неа оти е трудна, а тој пошто човек со принципи нема смисла да ја остави. И не звучи којзнае колку чудно ако се изостави фактот што дознава како сопругата всушност е психопат кој е спремен на самоубиство само за да него го казни. И плус убиец, ако е нешто битно.
    Али нема везе, тие ќе си живеат заедно во наредните триесеттина години (само она златна, замислете само да помисли на друга или да ја запостави малку) оти нема смисла детето да се абортира, или недај Боже да го гледа он сам додека мајката е во затвор. Не. Неговото дете ќе го расте психопат со кој ни сам не би заспал во иста куќа без заклучена врата. Зошто? Нека ми објасни некој, јас толку сфаќам.
     
    На Lady Phoenix, Mishela, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    Јас од Луси не бев толку воодушевена. А го гледав во кино.
    Во требало ефектот засилено да го почувствувам демек.
    За мене беше ок филм со премногу научна фантастика.
     
    На Lady Phoenix, crazylady, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    The age of Adaline

    b2b2bba3cbdb76425e2f8f52ad7a5444.jpeg

    За мене ова беше доста интересен филм, спој на љубовна приказна, со мистерија и фантазија. Ме привлече главната женска актерка бидејќи ја имам гледано во други филмови и ме интересираше како би се снашла во нешто посодржинско и квалитетно.
    Ако би требала да оценувам од 1 до 5, ќе дадам 5.
    Аделин е млада мајка и сопруга. Останува вдовица за кратко време. Патувајќи да ја види својата малечка ќерка, во снежна бура доживува сообраќајна несреќа, излетува во река и се дави. Умира. Во тој момент во водата удира гром и оживува Аделин. Меѓутоа таа не старее.
    Како што поминуваат годините, а таа останува млада и убава, веќе станува сомнителна и мора со лажни идентитети да го менува местото на живеење.
    Единствената константа во нејзиниот живот е ќерка и која за целиот период знае каде живее и под кој идентитет.
    Аделин се заљубува два пати. Само тогаш го отворила срцето за некого.
    Првиот маж го оставила која сфатила дека има намера да и предложи брак.
    Вториот маж е токму синот на првиот.

    На крајот, се открива нејзината долго чувана тајна за идентитетот. Крајот не го откривам.
    Нема да зажалите за поминатите саати пред тв.
    Вреди да се погледне и да си ги отргне човек мислите од секојдневието.

    Letters to Juliete

    51+b37l1vHL._SX200_QL80_.jpg

    Повторно љубовна приказна и романтики.

    Филмот ми е гледан малку поодамна, ама дефинитивно неможам да го заборавам и би го гледала повторно.
    Софи тргнува на пат да и помогне на една бабичка да си ја пронајде љубовта од младоста во Италија.
    Со бабата тргнува и внукот кој се грижи бабата да не биде повредена и изиграна. Внукот не верува во љубов и романтики.
    Се случува прекрасна љубовна приказна помегу Софи и Чарли.

    Да не наметнувам детали, вреди да се погледне една прекрасна љубовна приказна со пејсажите на Италија. Релаксира.
     
    На Lady Phoenix, joy1, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Бриџит не знам дали прво ја имаш книгата читано, таму крајот подобро се објаснува.Таа не е трудна го изманипулура.На крај тој останува со неа за да докаже дека лажела и за да успее да ја стави во затвор.Тоа му е план со полицајката.Колку што се сеќавам така беше, јас одамна ја читав.
     
    На Lady Phoenix, Annath и Bridget им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    @1209 Не ми е читaнa книгaтa, тaкa би билo пoдoбрo. Вaкa не знaм дaли сaкaa дa ги претстaвaт кaкo еден извитoперен пaр кoј и пoкрaј се oстaнувaaт зaеднo oти демек пoврзaни се нa некoј чуден нaчин. Сaмo штo тoј е oбичен дечкo и не влегувa вo тoј мoдел, дa беше oнoј Деси, сo негo мoже, имa тoј крипи жичкa.
     
    На Lady Phoenix и 1209 им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Spotlight
    MV5BMjIyOTM5OTIzNV5BMl5BanBnXkFtZTgwMDkzODE2NjE@._V1_UX182_CR0,0,182,268_AL_.jpg
    Филмов на прв поглед не е воопшто лош.Но не се отргнав од впечатокот дека некако ликовите се плитко разработени,што не е ни чудо,зашто ова е пред се биографски филм,и не се даде некое посебно внимание на последиците од објавената шокантна вест за злоставување на децата од страна на свештениците.
    Лично би сакала филмов подлабоко да закопал,да се посвети внимание и на оштетените а не само на истражувањето на новинарите.Вака само површно е даден проблемот,сведочење на само двајца сведоци на настаните кои според мене би требало да бидат повеќе.На крајот на краиштата станува збор за 87 свештеници.Колку жртви имало,како е решен проблемот со силувачите,...дали продолжиле да си ја вршат светата должност.Па дури и свештеникот кој и сам бил силуван не гукна нешто повеќе освем две фрази.
    7/10 од мене.
     
    На Lady Phoenix, Annath, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  13. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Вчера го гледав филмот Little Boy.. ПРЕКРАСЕН ФИЛМ значи .. се раскажува за мало дете на кое татко му оди војска и мислат дека таму умира.. и детето со помош на Свештеникот прави се за татко му да се врати.. ПРЕПОРАКА !!
     
    На TheTribe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    The Danich Girl
    MV5BMjA0NjA4NjE2Nl5BMl5BanBnXkFtZTgwNzIxNTY2NjE@._V1_UX182_CR0,0,182,268_AL_.jpg
    Филм за кој содржината верувам многу од вас ја знаат.Ајнар Вернер е дански сликар,оженет со преубавата Герда.Двајцата се сликари но Герда е со малку понеприметлив талент чии слики не придизвикуваат овации кај гледачите.Фаталниот момент настанува кога таа во недостиг на модел ,го прилепува балетскиот фустан на сопругот.Во него се буди жената,Лили Елби,која ќе го води до прва промена на полот која во тоа време завршувава фатално.
    Во филмов имаше доста убави фатени моменти на убавина и чувствителност,гледано од уметничка гледна точка.Но се сомневам дека обичниот гледач би уживал во нив.Исто така главниот глумец мислам дека во одредени моменти претеруваше со присвојување на женственоста,која во никој случај не е само телешки поглед и склопување на дланки.Кај Герда пак недоволно ми беше покажана нејзината емотивност и можна хомосексуалнот,единствено на почетокот на филмот кога прв пат ја прифаќа другата страна на личноста на Ајнар.Мислам дека ликовите не се прикажани во полната своја драматичност,за она време.

    8/10
     
    На Lady Phoenix, Annath, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Lucy
    [​IMG]

    Теоријата што се обработува е супер, одлична е идејата, но филмот е ужас. I mean, come on ..
    Наместо да се базира филмот на тоа колку добри работи ќе направиме, ти ја обработиле идејата дека на 50% ќе може со еден прст да ги успиеме сите. Лошо ... 2/10
     
    На Lady Phoenix и SimonaTino им се допаѓа ова.
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Spotlight

    Одлична тема.
    Содржински, глумење се редум, цакум пакум, мене ми се бендиса..
    Нема глуматање, никој не се двои од екипата. А мене сите филмови, во кои се трага по вистината, ми се нумеро уно :D

    Copy of spotlight.jpg


    The Illusionist

    Нортон е врв, а филмот легендарен.
    Илузионистот не фрли во илузија, баш.
    А кај сум била фрлена јас до сега што го немам гледано филмов ?:?:


    Copy of MV5BMTM1MjQyMDkzN15BMl5BanBnXkFtZTcwNzAyNTQzMQ@@._V1_SX640_SY720_.jpg

    Hello I must be going


    Се работи за 35 годишна девојка која после развод се враќа кај нејзините и започнува афера со 19годишно момче.
    Ништо специјално. Не е ни за тепање време, пошто нема нит содржина нит цел. А женскава е ходајуча депресија, ништо повеќе.
    Не го гледајте :D


    6bb1f69474e15cb99343817b3d190f0f476a501a.jpg


    The single moms club


    За разлика од горниот, овој е лајт филм со некоја смешна нотка која го води. Самиот кавер кажува, друго ништо посебно.

    Некако не извојуваа победа во мои очи, шознам.


    Copy of singlemomsclub.png
     
    На Lady Phoenix, boomsleng, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    The Best Offer (2013)

    Од почетокот ми се допадна, баш се зачудив што би можело да се случи понатаму. Некаде до половина час на почетокот бев позитивна за филмов и мислев дека ќе следат интересни настани.
    Потоа веќе ми стана здодевно, со телефонот в рака го догледав филмот, единствено на крајот во последните десетина минути го оставив.

    Баш беа интересни сите навики кои ги поседува Virgil. Одлична глума од Geoffrey Rush.
    Преубави беа неговиот дом, местото каде што се одржуваа аукциите, сликите.
    Ако не се лажам имаше една мелодија која во неколку наврати беше пуштана. Не знам дали ми се допаѓа или ме нервира, не можам да одлучам. :D

    Филмов имаше потенцијал да биде добар, убав и многу да ми се допадне, но тотално ме разочара.
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Вчера го гледав оскаровецот Spotlight. :)

    Самата приказна и првична односно главна идеја на филмот е многу моќна и општествено важна. Јас би ја нарекла големото обелоденување на сите матни работи што ни го трујат општеството а што се јавна тајна. Всушност не се јавна тајна, повеќе се шпекулации.

    Ми се допаѓа начинот на кој филмот влијае на луѓето, има добро извајани ликови но самото дејство е предолго, премногу долго се осврнуваат на небитни работи и нема акција. На некој начин, во некои моменти филмот е многу рамен.

    Од филмски ефекти и квалитет на камера се е на бејзик ниво и некако тоа ми боде во очи.

    Во секој случај јас би се вратила пред се на носечката приказна, и генерално филмот многу ми се допадна токму поради неа. На моменти бев толку вчудоневидена и си размислував во себе како навистина можеби важи она за ѓаволот и Папата...

    Ама не бе луѓе, свештениците се само луѓе, покорници кои треба да бидат пример... А и да не бидат пример, каде е она моралното, човечното?

    Ѓаволи во црно.....
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Burnt
    MV5BNjEzNTk2OTEwNF5BMl5BanBnXkFtZTgwNzExMTg0NjE@._V1_UX182_CR0,0,182,268_AL_.jpg
    Иако не сакам да готвам,сакам да гледам емисии и филмови за готвење.Интересен филм со харизматични актери,особено главниот,на моменти е топол и емотивен а на моменти како да ми губи од динамиката.Но ако сакате да ја почувствувате перфекциозноста на еден елитен ресторан и да се нагледате фино сервирани јадења,гледајте го.Од мене само една слаба 6-ка.Иако не би имала против главниот кувар да ми ги спрема оброците во текот на макар и еден ден.:inlove:
     
    На Lady Phoenix, papillonP, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Belle-10/10
    Дајдо Бел е мулатка, татко белец и мајка црнкиња.Бидејќи мајка и умира, нејзиниот татко ја носи во куќата на нејзиниот вујко, тој е врховен судија.Иако Дајдо Бел е дел од семејството таа има посебни правила на живеење и секогаш е на повисок ранк од слугите, а понизок од благородниците.
    Го препорачувам, прекрасен филм :)

    [​IMG]
     
    На LovelyGirl3, k.frosina и Jordanovska-K им се допаѓа ова.