Orphan (2009) Се работи за семејство кое, откако жената ќе го изгуби нероденото бебе, ќе посвојат 9 годишно девојче од дом по име Естер. На почетокот е се' толку неверојатно совршено. Астер ги освојува, се однесува зрело и со разбирање. Но, дали совршенство постои? Spoiler: Мое мислење Семејството веќе имаше син и ќерка, плус мајката не беше спремна на нов член (па и бивша алкохоличарка). Не знам зошто воопшто посвоија дете, па и 9 години со веќе изграден карактер. Да немаа дете ќе разберев, вака за пополнување свои празнини не оправдувам. Од мене оцена 10. Inside Out (2015) Дали дека имав преголеми очекувања за филмот (прочитав многу што се расплакале додека го гледале), некако бев малку разочарана. Во филмот се работи за нашите ЧУВСТВА (буквално ). Што се случува во нашите глави, каков хаос настанува при секој предизвик и промена во нашиот живот, нашите сеќавања и спомени - се' тоа е опишано преку малата Рајли и Радоста, Тагата, Лутината, Стравот и Одвратноста што се јавуваат заради преселбата во нов град и нов дом. Замислата беше многу интересна (дури и јас почнав да замислувам што ми се случува кога имам конфликт на чувства, па сите се борат да го превземат управувачот ), ама некако не беше доволно разработена за да предизвика некои длабоки чувства кај мене (да ме расплака на пример). Од мене оцена 9. Daddy's home (2015) Комедија за очув кој со цела душа се бори за љубовта на децата на неговата жена. Таман ќе успее, доаѓа биолошкиот татко на децата и почнува натпревар помеѓу the father и the daddy. Од мене оцена 9.
НЕПРОФЕСИОНАЛЕЦ Филмот изобилува со екстра комични сцени. Лик кој е заљубен во англичанка и имаат 9 деца. Купува кревет откако ќе го проба со својата жена. Сеуште го бара својот брат бидејќи како мали биле разделени. По нивната средба работите идаат во скрос друга насока. Започнувааат мисја која има за цел да го спасат светот од смртоносен отров кој ќе биде испуан на светско првенство фудбал во Чиле. Газињата им знаат. Гледајте нема да зажалите. Следен филм кој ќе се гледа е паднот на лондон.
Dracula Untold-10/10 Обожавам вакви филмови Принцот на Трансилванија за да ја заштити својата земја и народ, секако својата жена и син од османлиската војска бара помош од вампир кој го наоѓа во пештера.Со помош на крвта на вампирот тој станува како него и тргнува во борба против султанот. Го препорачувам
American pie (1999) - од мене оценка 2. по глуп филм не сум гледала. Не мора да го опишувам сите го имате гледано сигурно, хахах дури не ми се ни пишува оти очекувањата ми беаа дека е премногу јака комедија, всушност не го ни догледав од што ми беше досаден.
Ant-Man-8/10 Се работи за Скот кои после тешка кражба завршува во затвор.Откако ќе излезе ќе се обиде да најде работа и да заборави на минатото но нема да му успее, па така ограбува една куќа каде пронаоѓа костим со кој добива моќи.Човекот кој го криел костимот ќе го тренира и Скот го чека тешка задача. Кул филмче за тепање досада
Carol Терезa е прoдaвaчкa нa игрaчки вo стoкoвнa куќa,сoнувa дa стaне фoтoгрaфкa и дa имa испoлнет живoт.Oд другa стрaнa е Кaрoл кoјa имa несреќен брaк и се бoри зa стaрaтелствo нa свoјaтa ќеркa.Нo нејзинoтo oднесувaње кoн свoјoт пoл ќе и дoнесе непријaтнoсти вo стaрaтелствoтo.Зa време нa бoжиќните прaзници зaпoчнувa врскa сo млaдaтa Терезa нo вo интерес нa двете стрaни јa прекинувa врскaтa. Нa прв пoглед ништo пoсебнo нo Кејт ме фaсцинирa сo женственoстa. 7/10
Ако сакате да изгледате добар мистериозен трилер, ви го препорачувам The Loft. Интересно филмче, добра глума, те води кон сосема погрешен правец да мислиш- сосема трето завршува, такви филмови обожавам. Се зборува за 5 најдобри женети другари, од кои еден е врвен архитект и при изградбата на нова зграда, остава еден апартман за него и неговите другари, кога ќе сакаат да ''забегаат'' да одат таму, без да ги научат нивните жени за скришните афери. Но целава оваа фантазија која ја уживаат се претвара во кошмар. Зошто? Ќе видите сами
Бидејќи нашиве филмот The brothers Grimsby го превеле Непрофесионалец , претпоставувам затоа феминката така и го напишала. Го има мислам во Синеплекс уште на репертоар.
Дечки имам прашање:Дали некој знае интернет сајт за гледање на серијава:"Аларм за кобра 11" онлајн? фала однапред
Brooklyn-10/10 Одличен филм. Ејлиш е млада девојка од мало градче во Ирска.Таа е примерна, добро воспитана, девојка за пример.За викенди работи во продавница за да може да обезбеди средства за семејството.Таа со помош на свештеникот добива виза, престој и работа во САД.По пристигнувањето таа е оставена сама на себе, треба да се снајде на работа, тамошните луѓе и успева да се запише на факултет.Таму го запознава италијанецот Томи кој подоцна ќе стане нејзин сопруг.Поради тажна вест Ејлиш мора да се врати во Ирска. Како таа ќе се избори со сопомените од минатото и животот кој ја чека во САД, останува да погледнете вие Го препорачувам со цело срце
Три дена во септември Две девојки со слично минато, се сретнуваат случајно во воз. па коваат заеднички план нананана.... Ирена одлично одглуми, ѕирнете го, не е тиња.
The dressmaker Тили Дунаж се враќа после х години во родното градче од кое била протерана заради убиство на десетгодишно дете.Со враќањето се судира со малограѓанштината и осудивањето од сите.Но нејзиниот талент за шиење и освојува сограќанките претворајќи ги во она што таа сака да бидат.Нејзината убеденост дека е проколната ќе и биде пречка да започне љубовна врска... Мене многу ама многу ми се допадна филмов.Кокетира со повеќе жанрови .Малку драма,комедија,романса и трагедија.Прекрасниот напуштен пејсаж на Австралија зачинет со преубав soundtrack.Кејт е прекрасна жена покажана и во вамп улога и во улога на обична жена.А фустаните во филмот кои ги шие и носи Кејт се љубов. На моменти се смеев на моменти плачев на филмов. 8/10
@lunicka можеби ќе сум офф топик но сакам да кажам дека прво го изгледав филмот па сега ја читам твојата рецензија за истиот и ќе кажам дека потполно точно си ја прикажала содржината. Мене лично многу ми се допадна филмот(гледам дека и со оцени сме близу-јас дадов 10/10)од психолошка и социална гледна точка(професионален деформитет, затоа и се умешав со постов), како се живее во мали места и какво влијание имаат околните врз животите на тие кои живеат таму. Како малограѓанштината има огромен удел врз начинот на живеење и како толпата те отфрла доколку не се присоединеш кон истата.Многу,многу има за разглобување и анализирање во филмот, баш затоа и има заслужна 10-ка од мене. Препорака и од мене за овој филм.
Јас дури и во СДК пишав за филмов. Од мене има 10/10. Ме изненади, не очекував нешто вака добро од нашиве. Дефинитивно вреди да се гледа. Одлична психолошка приказна. Туку јас последен Алвин и верверичките 2015 го гледав, рецензија не е потребна. Кој сака слатки, анимирани филмчиња и добро да се расположи и насмее топло препорачувам.
Требаше на нов сервер да биде , арно ама тие што го направиле ја спукале меѓу себе и програмата згасна , има некои 6 месеци и повеќе како нема updates на филмовите
The Impossible (2012) Марија, Хенри и нивните три сина решаваат да ги минат Божиќните празници во одмаралиште во Тајланд. Првите два дена е невиден рај. Но утрото после Божиќ, додека уживаат околку базенот во хотелот наеднаш од океанот се издига огромен бран кој за секунда потопува се. Очајот, болката, паниката и надежта кои следат и се присутни до крајот на филмот нема да ве остават рамнодушни. Филмот е базиран на вистински настан, цунамито кое во 2004 година го погоди југоисточниот дел на Азија притоа убивајќи 230.000 луѓе. Вреди да се изгледа. Од мене оценка 10/10.