Far From The Madding Crowd Батшебу е млада образована девојка без ни цент во џебот.Во филмов е прикажана нејзината врска со тројца сосема различни карактери на мажи.Првиот е скромен работлив човек со мала фарма чија понуда за брак доаѓа во несакано време.Имено иако е без пари таа не сака да се врзува со брак иако чувствува нешто спрема него.Ситуацијата се променува кога тој ја губи фармата а таа наследува имот од нејзиниот вујко.На сцена настапува вториот можен брачен партнер,кој е посакуван велепоседник во средни години и ќе и понуди брак за да ја спаси од проблемите на фармата,на која таа не сака да прифати само заради форма.За ниеден од нив двајцата реално не може да се каже дека е лош човек. На сцена настапува наретникот Трој,разочаран маж и вљубен во нејзина слугинка,кој ќе и понуди брак а таа нема да го одбие.Се чини ние жените секогаш го бираме поголемото зло,па колку и да сме паметни.Сцените и настаните се менуваат за после трагедијата таа сепак го избере Габриел,скромниот работник.Или само тој и истана во понудата. Преубав филм ,со прекрасна фотографија и пејсажи,наизменично се менува светлото и темнината.Филмов е снимен за време во кое владееле поинакви морални норми. 8/10
Point Breaк Млад агент на ФБИ станува дел од една група која се занимава со екстремни спортови со цел да ги разоткрие нивните акции. Премногу адреналински филм, инаку можело и подобро да биде дејствието.
The imigrant Во дваесеттите години на минатиот век,младата Ева и нејзината сестра се обидуваат да го досегнат убавиот живот на Ветената земја.Во уште пред да зачекори на тлото на Америка Ева се соочува со суровоста на животот.Паѓа во рацете на Бруно кој ја воведува во светот на проституцијата.Без пари,без роднини и без сестра,Ева го прифаќа продавањето на своето тело како можност за преживување.Од половината на филмот се појавува Орландо, како спасител,но неговата улога најмалку беше разработена зашто не можеш да сфатиш дали е витез на бел коњ или само одмаздувач со љубоморна природа.Можеби затоа филмов не доби ,за мене, поголема тежина. Marion Kotirllard е прекрасна во филмов.Во нејзините очи можеш се да прочиташ.И очај и трагедија и тага. 7/10
Последен филм што го гледав е "Дете на злото" или оригинален наслов "The Boy".Филмот е супер,ставен е во категорија хорор,но за мене не беше нешто многу страшен,иако кукли ме вадат од памет,а во филмот главна е куклата Брамс,сепак повеќе ми се допадна приказната на филмот и пораката која произлезе дека "Секое дете сака да биде сакано"
Brooklyn 2015 Дејството се случува во 50стите години. Младата девојка од Ирска оди во ЊуЈорк во потрога по подобар живот. Таму се заљубува во млад Италијанец. Се случува мал пресврт кога таа ќе треба да се врати за кратко во Ирска поради ненадејна смрт. 7/10
ПАДОТ НА ЛОНДОН Филмчево е за напад врз светските лидери кој доаѓаат на погрев во ВБ. Во суштина и смрта на британскиот премиер е терористичко убиство т.е атентат. И од тука започнува целата драма. кртот кој го има миг-16 е првиот човек кој ќе го пречека америчкиот претседател. Првиот човек на обезедување ја насетува работата и почнува да се спрема за најлошото. Успева да го извади претседателот од пад со хиликоптер и успехно да го однесе на сејфти локација. Да си појдете во синеплекс или во милениум и да си го погледнете!
The Mortal Instruments: City of Bones-8/10 Khm...khm...Глумецот е сон Се работи за девојка која е потомок на лозата на Ловци на сенки.Еден ден нејзината мајка исчезнува и таа го запознава Џејс кој со својот тим ќе и помогне да свати што всушност е она, штко криела нејзината мајка и заедно ќе се борат против злото. Spoiler Давам оценка 8 заради тоа што Џејс и Клери ги направиле брат и сестра, а се совршени заедно
Miss you already Мили и Џез се другарки уште од основно школо. Толку различни, а толку многу си одговараат. Во најубавите години , животот ги става на предизвик. Едната се бори со рак, а другата со неплодност. Едната победува,за жал другата губи. Филмот носи моќна порака. 10/10 The Intern Лесен и интересен. Се гледа во еден здив. Робер Де Ниро и Ен , добитна комбинација. 10/10
The Suicide Shop 2012 Aнимирано филмче, со несекојдневна приказна. Нешто како мјузикал е направен, иако не ги обожавам филмовите од тој тип... Погледнете го може ќе ви текне некоја идеја. A long way down 2012 Ликовите се наоѓаат на новогодишната ноќ, на покривот на една зграда каде нормално, имаат за цел да се самоубијат. Понатаму склопуваат пакт а воедно и пријателство. Не знам шо ми со филмовите на темава Чудни ми ти чуда. Misconduct 2016 Првиот впечаток откако го изгледав ми беше еде, а сега како помина некој ден... Екипата е ок, само тоа може да кажам. Можеби го испреценив, ништо повеќе.
Секоја болка боли исто, но различни очи различно гледаат на тоа. Поинаку е кога не ти жежи директно на кожа, барем си во можност малку пообјективно да размислуваш, иако ти боли ко скапано таму внатре околу душата. Не гледајте Miss You Already ако сте емотивни ко мене, зашто убедена сум дека останав без солзни канали, фалеше уште да ја потресам мајка ми и да се депортира тука со мене да си липаме заедно. Ќутете аман-заман, да не дознае никогаш дека постои филмов!!! Дру Баримор - кралица! Освен лимунадестите филмови во кои глуми, мислам дека немав гледано нешто посериозно од неа. Многу е слатка, никогаш не ми се допаѓала како плавуша, ваква ми е супер.
Perfect sense Планетата ја погодува чудна епидемија,каде што луѓето го губат чувството за мирис,претходно проследено со голема депресија и тага.Сара е епидемиолог со љубовен крах и Мајкл кој е главен кувар во ресторанот,женскар.Ни тие двајцата нема да бидат поштедени од епидемијата но ќе створат некоја нераскинлива врска,додека светот околу нив тоне. По малку апокалиптичен филм и за мене малку стресен.Мислам замислете го светот да не можете да го почувствувате мирисот на колачите,парфемот,на бебето.Преку екранот може да се осети секоја емоција,на депресија и тага,на бес и омраза.Сето тоа склопено со преубавите кадри на Глазгов (морав да гуглам да видам кај е снимен) помешан со слики од цел свет и луѓето кои се учат да се препуштат и прилагодат на ситуацијата.. 7,5/10
Far from heaven (2002) Филм за нетолеранцијата на истополовите и расни врски во 50тите години на минатиот век. Навидум одлична брачна двојка со висок статус во општеството, но во суштина ништо не е како што изгледа... Срцевината на овој брак е многу, многу црвлива. Џулијан Мур е прекрасна во филмов. Костимографијата перфектна за мене, фотографијата ненадминлива. Прекрасни жолто-кафеави есенски пејсажи. 8/10 од мене за филмов.
Gods of Egypt (2016) Интересно филмче за луфтирање на памет.Обработува добро позната тема-Вечната борба на доброто и злото.И да,љубовта, за која непостојат невозможни работи и која победува СЕ.Потребно е елементарно познавање на египетска митологија за впечатокот да биде комплетен.8/10
Малиот принц 2015 За книгата знаете, тука нема да ја дигам во небесата, again... Како и таму и во филмот, преовладува едноставноста и љубовта. Малиот принц ја запознава својата ружа, а и таа него. Повреден од неа ја напушта својата планета, која е исполнета со искреност. Го запознава светот на возрасните, собира искуство преку средби со возрасни луѓе. Понатаму има една водилка, мало девојче кое го потсеќа на ружата ..тананана... Алегорија на сето ова е дека принцот ја запознава својата ружа, па спознава дека ја запознал својата сродна душа.
Mon roi Во рехабилитацискиот центар Тони,после доживеана несреќа е зависна од туѓа помош,лекови и терапија.Преку флеш бекови се обидува да дознае зошто и како се вљубила во Џорџо,кој е тој човек,со што ли ја заслужил нејзината љубов. Филмче топло како француско кроасанче.Поспонтан филм не сум гледала одамна. За мелодичниот француски јазик и спонтаноста во филмот 8/10