Knight and Day 10\10 Филмчево не мие последно гледано ама би сакала да напишам кратка рецензија бидејки е стварно предобар. Том Круз и Камерон Дијаз во главните улоги. Многу акција има во филмчево а воедно е и комедија и романса. Нема да зажалите ако го гледате. Предобар е!
The blind side Одличен филм 20 од 10 Со оглед на тоа дека уште кога го видов трајлерот плачев, знаев дека морам да го изгледам филмот. Ако и вие планирате да го гледате спремете си еден куп марамчиња Пошо има плачење од трајлерот па се до крај Spoiler Michael Oher (Quinton Aaron), a homeless black teen, has drifted in and out of the school system for years. Then Leigh Anne Tuohy (Sandra Bullock) and her husband, Sean (Tim McGraw), take him in. The Tuohys eventually become Michael's legal guardians, transforming both his life and theirs. Michael's tremendous size and protective instincts make him a formidable force on the gridiron, and with help from his new family and devoted tutor, he realizes his potential as a student and football player.
Се работи за успешен боксер во полутешка категорија , на кој по тешката семејна трагедија животот му станува пекол , ќерката му ја земаат во дом , куќата автомобилот и сето она материјално што некогаш го поседувал му е одземено од страна на извршители поради долг . Благодарение на новиот тренер ке си ја врати ќерката и кариерата иако ништо нема да биде како порано .
RONIN (199 Акција со Роберт Де Ниро и Жан Рено во главните улоги. 5 луѓе се сретнуваат во Париз каде една жена им дава задача да земат еден ковчег. Почнува акција за ковчегот, а никој не знае што има во него и кој е послодавецот. Ама знаат дека не можат да имаат доверба еден во друг. Крајот малку ме разочара, па затоа оцена 8. THE DRESSMAKER (2015) Драма за жена која после многу години се враќа во родното место од кое е протерана поради наводно убиство на 9 годишно дете. Единствен начин да се доближи до малограѓанштината и да дознае што стварно се случило, се нејзините фустани. Иако драми не обожавам, сепак за овој филм и за Кејт Винслет оцена 10. SILENT RETREAT (2016) 6 луѓе од една компанија одат во една напуштена, изолирана куќа да сфатат што понатаму во фирмата. Но, кога еден член се губи без трага и глас, тие дознаваат дека всушност куќата е поранешна ментална болница. Цел филм ми беше некако аматерски, ама заради неочекуваниот и интересен крај, оцена 9. AMUSEMENT (200 Три другарки ги брка психопат за кој е карактеристична неговата смеа. Едната е бркана на автопат, втората од морбиден кловн, а третата во напуштен хотел. Но, сите имаат нешто заедничко, а тоа е причината заради која се мета на психопатот. Хорор кој совршено си ја постигна целта, цело време бев во грч од страв, посебно од кловнот. Од мене оцена 9. PAY THE GHOST (2015) Хорор со Николас Кејџ со тема Ноќта на вештерките. На овој ден исчезнува неговиот син, а после една година стигнуваат некои морбидни пораки и знаци. Николас тргнува во потрага по својот син за кој не знае дали е мртов или жив. Интересен филм, од мене оцена 9. REMEMBER (2015) Филм за старец во старечки дом со деменција кој тргнува во потрага по убијците на неговите родители во Аушвиц. Тргнува само со напишано писмо од негов пријател во домот и стигнува до вистината. Но, дали е спремен да се соочи со вистината? Филмот некако бавно се одвива, мирно, без некој посебен заплет или неизвесност. Неколку пати сакав да се откажам од гледање, ама крајот го оправда цел филм. Неочекуван, интересен крај и само за него оцена 10. CELDA 211 (2009) Шпански филм за затворски чувар кој оди еден ден порано на новата работа и заглавува во бунт од страна на затворениците. Единствен начин да преживее е и тој да глуми затвореник и да ја добие довербата на водачот на бунтот. Но, не е се' така едноставно. Работите се комплицираат и крајот е се', само предвидлив НЕ. Значи Шпанците знаат да направат стварно добар филм, од мене оцена ептен јака 10ка. П.С. Вчера поручек го гледав, а вечерта гледам на Алфа го даваат. Да не требаше да го заспивам црвчето, ќе го гледав пак, толку ми се допадна. ПРЕПОРАЧУВАМ.
My big fat Greek wedding 2 Vtoriot del mene mi bese podobar od prviot, taka da ako sakate dobra smea, humor, super ekipa za ludiranje na edno mesto, slobodno poglednete go. Odlicna komedija!
Ке бидам офф топик ама морам да прашам... Филмов дали го има на некоја страна да се гледа ама да не е кино снимка ?
Џган-новиот македонски филм во режија на Вардан Тозија а улогите ги толкуваат Мартин Ѓоргоски,Никола Ристаноски,Сара Климоска и др. Иначе филмов е прејаак,мој омилен македоски филм.Се работи за деца од дом,кои сакаат да му се одмаздат на опшеството поради неправдите и предрасудите што им ги нанело.Има многу тепање и убиства ама тие го прават уште поубав.За разлика од др. филмови,овај е сурово искрен и ги претставува рабоите онакви-какви што се, а не розеви.Исто е прв филм на Тозија и прв филм на Мартин и е сниман со многу мали средства,и воопшто не е аматерски туку напротив.Се на се одличен филм во жанрот на криминалистика. 10\10-препорачувам
EL DESCONOCIDO (2015) Уште еден шпански филм кој го изгледав денес и ме воодушеви. Директор во банка тргнува да ги носи своите деца на училиште. Во меѓувреме добива анонимен повик дека има бомба под нивните седишта и никој не смее да мрдне додека уценувачот не ги добие бараните пари. Возбудлива акција/трилер за кој давам оцена 10. П.С. Luis Tosar случајно е главен лик и во Celda 211, и во Sleep tight, па полека ми станува омилен шпански глумец.
CLOVERFIELD LANE (2016) После караница со маж и, Мишел доживува саобраќајна несреќа и се буди во подрум, во кој и најмногу се одвива филмов. Верува дека е отета, а човекот кој ја згрижил ја уверува дека надвор се случила катастрофа, некој вид нуклеарен или хемиски напад, па чак и напад од вонземјани. Ја уверува дека сите се мртви и дека таа треба да му биде благодарна всушност бидејќи ја спасил. Тој, "отимачот," како бивши член на Морнарица со годин го опремал подземното живеалиште, обезбедувајќи услови за живот, за да може да го преживи нападот за кој тој знаеше. Филмов е неизвесен до самиот крај со навистина неочекуван пресврт и крај. Од мене оцена 8/10 Не знам зошто, ама не е за чиста 10. BROOKLYN (2015) Не знам зошто толку долго го одбегнував филмчево, а всушност толку убаво ми легна. Една смирена, ама сепак возбудлива приказна за девојката Иркиња која на наговор на сестра и, заминува за Америка во потрага по подобра иднина. Синоќе го гледав и баш ми пријаше. Можеби бев во такво расположение и ми се допадна и приказната и глумата па затоа од мене оцена 10/10.
The town Дак е водач на локална група пљачкаши на банки,кој во почетокот го запознаваме со таков вид на напад на банка,која тргнува лошо,зашто ја земаат менаџерката на банката како заложник.Иако ја оставаат неповредена таа за нив претставува слаба алка во нивната акција а и зад петиците постојано и е агентот на Фби.Дак ја презема одговорноста за неа,иницира средба за да испита што таа знае,но бива необично привлечен од неа.Средбите се продлабочуваат и започнува двострана игра и живот. Ни за момент филмов не ми беше досаден,цело време го привлекува вниманието со остри и смислени дијалози,можеби има малку патетика кога разговараат Дак и Кеси,но сосема е разбирливо заради романтиката на односот на двата лика. 8/10
Се работи за млада девојка,која се вработува како дадилка во една преголема куќа.Уште на почеток и станува чудно,бидејќи куќата е преголема и изолирана од сите. Потоа дознава дека таа треба всушност да биде дадилка на кукла! Родителите чие дете го изгубиле во пожар,својата непреболена љубов ја искажуваат кон куклата. На почеток ќе и изгледа смешно,но подоцна ќе открие многу мрачни тајни во врска со детето. Филмот е добар но спред мене не е за чиста 10ка. Те држи во неизвесност до самиот крај. Оценка според мене 7ка
The Danish girl Номинираниот за Оскар, дури сега успеав да го изгледам но не сум пропуштила ништо барем од мое лично гледиште.. Биографски е, базиран на животот на сликарот Ајнар Вегнер/Лили Елба кој бил еден од првите транвестити кој ја изгубил борбата за промената на полот.. Доста контроверзна тема обработува филмот, многу ми се допадна изборот на актери.. Алиша Викандер ме воодушеви како и секогаш, ја паметам уште од Royal affair - таму ме остави без здив, Еди не ми е некој фаворит.. Сум гледала неколку филмови со него но никогаш не ми оставил некој впечаток иако морам да признаам дека во оваа улога даде се од себеси и заслужува секаква можна пофалба што почна да ме плаши неговата глума колку беше реална и до срж силна.. На моменти ме ставаше во сомнеж дали можеби навистина е „таков“ и поради тоа не ме зачуди номинацијата за најдобар актер.. Немам предрасуди кон ваквиот тип на филмови но едноставно не се по мој вкус, доста досаден и развлечен.. Единствено што навистина многу ми се допадна беа пејсажите и локациите кои ги прикажуваа во текот на филмот, навистина исклучително воодушевувачки места.. Од мене просечна оценка 5/10.
Out of the Dark Семејство од Лондон се преселува во мал град во Колумбија поради преземање семеен бизнис. Иако на почеток новиот начин на живот ветува многу, тие наскоро ќе се соочат со духовите кои се дел од легендите што постојат во градот.
Slumdog Millionaire ( 2008 ) Да го сретнев некаде филмов, никогаш не би го гледала битребало заради предрасудите дека не може филм со индиска приказна да биде убав. Ама има голема улога дека е британска продукција . Во филмов едно момче учевствува во " Кој сака да биде милионер?" а одговорите на тие прашања лежат во целион негов дотогашен живот. Секое прашање го има почувствувано на своја кожа. Низ неговото патешествие сретнува девојка, всушност ја знае уште како дете но ќе бидат приморани да ги продолжат животите одделно, иако тој ќе прави се за повторно да ја сретне. Филмов е навистина добар знае на моменти и да те насмее, но живото кој го живеат овие луѓе не е ни малку пристоен.
The room Одличен филм! Дообар избор на главни улоги. Прекрасна, лирска приказна. Малку е и нереална, бар за мене. Но целокупно филмот е супер.
4CLOSED (2013) Во филмот се работи за фамилија која се вселува во нова куќа, но ќе биде малтретирана од стариот сопственик на куќата. Овде е прикажано како со фамилија во која нема меѓусебна доверба, најлесно се манипулира. Од мене оцена 8. THE BOY (2016) Филм за млада девојка која сакајќи да избега од своето лошо минато во Америка, оди да работи како дадилка во изолирана куќа во Англија, не знаејќи дека од лошото има и полошо. Интересен хорор/трилер кој го задржува вниманието, па од мене оцена 9.
Fifty Shades of Black (2016) Пародија на Fifty Shades of Gray .Има комични сцени ,а во одредени моменти според мене може и малку и претерано .Но прво мора да го имте гледано Fifty Shades of Gray за да ви биде интересен овој.