The Lobster (2015) - IMDB In a dystopian near future, single people, according to the laws of The City, are taken to The Hotel, where they are obliged to find a romantic partner in forty-five days or are transformed into beasts and sent off into The Woods. Сатирична драма која на релативно чуден, апстрактен, но суштински многу директен начин го опишува личното патешествие до пронаоѓањето на идеалниот партнер. Односот на околината и општеството се подеднакво обработени на ист брутален сатиричен начин. Целата суштина на сторијата е доловена на многу сликовит начин со едноставни, бизарни, комични споредби. Дали да се биде сам или по секоја цена да се најде партнер? Фаќање за сламка во потрагата по сличности со потенцијалнот партнер, отсликани преку "диоптер" или "крварење на нос". Или пак безскрупулозното наметнување и притисокот од околината (хотелот, шумата, ослепувањето...). Или пак добро познатото "доделувањето на дете" за да се надминат проблемите во бракот. Рефлексија на денешното општество. До каде оди себичноста и оправдувањето на целите за лична сатисфакција? Потреба за љубов или социјална припадност? Одличен филм.
Драго ми е што ти се допадна филмот. И јас го изгледав цел, за разлика од многу други. И мене ми се допадна приказната... не ми се допадна како е прераскажана. Јас не би го препорачала секому,пошто...на грото ќе им е монотон и неинтересен.
Ха, веројатно за последново си во право Мене па баш начинот на прераскажување ми се допадна, баш затоа што беше апсурден, а директен. Различен вкус
Sylvia Биографски филм за поетесата Силвија Плат и нејзиниот брак со многу популарниот англиски поет Тед Хјуз. Приказ на брак со сите врвови и падови помеѓу двајца поетски великани со фатална завршница. Драматичен,потресен приказ на жена со суицидна структура и маж со нагон да ја потценува женината креативна моќ и на нејзиното посесивно-љубоморно однесување да возврати на нанедостоинствен начин од машка страна што скапо ќе го платат и двајцата. ТАА во филмот прикажува како скапо плати а тој во понатамошниот негов живот што не е прикажана во филмот. Инаку го гледав пред 12тина години и истите емоции останале кај мене. Топло преорачувам за луѓе кои ценат биографски драми.
Да. Различен вкус. Ама, тоа значи дека би можела да ги гледаш и да ти се свиѓаат добар дел од филмовите кои јас ги гледам и ми се свиѓаат,а на другите им се досадни, не можат да се фокусираат на приказната. The Disappearance of Emily Rigby.... види дали ќе ти се бендиса...кога ќе имаш време. Не е ваков тип на приказна...но, повторно..бракот е тема.
А не е дека темата брак нешто ме фасцинира, повеќе начинот на раскажување. Фала за советот, не го знам филмов. Го прогуглав и веќе ми се допаѓа идеата што има 3 верзии, him, her, them Ќе го побарам, ама осеќам сама ќе треба да го гледам, мм ќе ми направи ваква фаца
The Boy-опишан е претходно погоре. Хорор што мене лично не ми остави некој впечаток. Да на 2пати ми отиде срце во пети,но ништо посебно.
The lobster Црниот хумор и актерите се главната причина заради која останав до крај со филмот, па и идејата, нешто поразлично од она што досега сум го гледала, оти во последно време ми се чини прават само филмови во кои главниот има некоја болест ментална. Или јас такви гледам. Биполарни, шизофреничари...еве тука сите по малку се удрени, ама пак затоа никој не стрчи, баш се синхронизирани Што сакал писателот да прикаже, дали притисокот кој го имаат сингл луѓето од општеството, дали малите не толку значајни сличности кои ги бараме кај другиот како сламка за спас или наша заблуда дека баш тие сличности се знак дека сме ги сретнале правите, дали е потешко да се глумат емоции кога ги нема или да криеш кога ги има, дали вистина сме со партнерите заради љубов вистинска, или сепак сами себеси најмногу се сакаме? Може сево ова заедно, може нешто друго, поголема слика која јас не сум ја видела...како и да е, ок филмче е, би можело малку пократко или малку подинамично да е, но за досадна сабота, добро е.
Ride Along 2 Комедија со Kevin Hart и Ice Cube. Филмов е лудило смеа до солзи ако гледате нема да зажалите.
Legendaren e . Sekogas se smeam so solzi . Se raboti za dosta iskusen no nesmasen detektiv . Imeno , ubien e trenerot na italijanski fudbalski klub i voedno ukraden e negoviot dijamantski prsten Pink Panther . Detektivot Kluso e zadolzen da go pronajde i uapsi ubiecot na trenerot i kradec na prstenot . Niza od smesni situacii koi barem mene mi go zadrzaa vnimanieto do kraj
Son of Saul Филмов директно ве вовлекува во лудилото на Втората Светска Војна.Во центарот на случувањата Аушвиц.Нема во него ни ронка убавина,ни патетика ни тонка надеж.Се е сурово,ни малку нашминкано,токму така како што било.И начинот на кој е снимен е чуден,фокусот на камерата е секогаш на лицето во прв план,а она што се случува позади само се претпоставува. 7/10
The Boy Одамна го чекав да излезе филмот. Девојка која оди да работи како бебиситерка место дете треба да чува кукла. Чудни и мистериозни работи се случуваат во куќата од кога ќе остане сама. Интересен филм, повеќе е мистерија одколку хорор.
A brilliant young mind (може да го сретнете и како X+Y) приказна за талентирано дете кое го губи својот татко во сообраќајка, а утеха наоѓа во математиката Ride Along 1 и 2 интересни филмчиња со полицаец и wanna be полицаец, вториот дел ми беше поинтересен Predestination филм со интересен заплет на случувања, ме потсетува на Shutter Island Hugo приказна за дете кое останува сираче и е препуштено да го одгледува човек кој работи во железничка станица, интересна фантазија Планирам да ги гледам Her и 50 shades of black
The disappearance of Eleanor Rigby 3 дела од една иста приказна, нејзина, негова страна од приказната, и последниот филм не го изгледав, веројатно се прикажани заедно како се справувале со ситуацијата. А приказната...млад брачен пар, го губат бебето, можеби е прикажано како во последниот дел, ама не ме заинтересира до толку и тој да го изгледам, па како се справуваат после тоа со кризата што им следува во бракот и неминовната депресија после ваков настан. Непотребни 3 дела, кои можеле сосем добро да се вклопат во еден. Замислата посебно да се видат двете страни е добра, но да беа ликовите малку покомплексни или драматични. Инаку малку повеќе досадно е. И ова уфрлување на као демек кул личности во филмот, како мајка и на Елеонор,фразнцузинка стално со чаша вино во рака, па таткото на типот -исто глумење посебнитис...веројатно некој шарм да се даде на филмот, ама некако усилено е, се гледа дека се труделе, ама не доволно. Од мене оцена 5 од 10.
The Nearlyweds (2013) Моментот, пребиен од работа, уморен и физички и психички, не можеш да се мрднеш од фотељата, уште помалку да го дофатиш далечинското. Е тоа е единствената сила која ме натера да го догледам филмов. Боо, помалку професионално направен филм одааамна немам гледано. Приказната и за Пепелашка е пренаивна, глумата приказна за себе, на имдб има рејтинг од речиси шестка, не разбирам зашто. Требало да е комедија, а јас ниту еднаш не се насмевнав, за смеење муабет да не правиме. Не го ни догледав цел, некаде на 3/4 од филмот изгубив фокус, ама ја фатив последната сцена со Spoiler среќниот крај. 3/10 зашто сепак крајот го видов, што не се случило со подобри филмови кај мене и за трудот.
The paradise suite (2015) Филмот прикажува паралелни стории на неколкумина луѓе со местото на случување во Амстердам. Млада Жаније, Бугарка од Софија, чиј сон е да стане модел во Амстердам. Јаја, илегалниот имигрант од Африка кој работи на фарма за рози. Лукас, талентирано дете, кој доаѓа во Амстердам со татко му диригент. Сека од Босна која е опседната со освета на српски ратни злочинец Ивица, кој е во Амстердам макро и се бави со прљави работи, а вооедно е и новопечени татко опседнат со своето синче бебе. Судбините на овие луѓе се преплетуваат токму во Амстердам. Во филмов се зборува на англиски, бугарски, руски, српски, шведски и босански. Беше номиниран од Холандија за Оскар како најдобар странски филм. Драма со експлицитни сцени и вознемирувачка, напната, сурова приказна. Од мене оцена 9/10 само поради тоа што повторно се протнува делот околу ратот каде Србите се злочинци, а босански муслимани жртвите. Веќе видено Spoiler: Trailer
Mr. Right Филмот повеќе ми наликуваше на некоја пародија. Една девојка од кога ќе стави крај на врската се заљубува во платен убиец. На почетокот воопшто не го познава но за кратко време ќе дознае кој е всушност тој. Лабав филм, со комични елементи.
предобар филм и јас го гледав минатата недела еден од подобрите филмови од овие новите хорор мистерии сшто се излезени... на сите им го препорачувам коишто го немат гледано