Баш го гледав прееска трајлерот.Зошто е момчето како кукла?Интересен личи филмот,не е толку страшен.Повеќе е како мистерија како што напиша ти.
1408 Станува збор за соба во хотел во Њу Јорк.Наводно кој влегол во таа соба веќе не излегол.Вработните на хотелот препорачуваат да не се оди во таа соба.Еден човек по професија работи вака да истражува соби кои се забранети за влез.Плаќа за престој незнаејќи дека го следи најлошото.Собата му создава многу потешкотии,за на крај се запали себе си и собата.Филмот има два краја.Филмот е хорор но не е страшен.Кој сака да го гледа може на youtube да пише - 1408 Numaralı Oda (Full Film).Трае околу час и 45 минути. оценка 8/10.
Room (2015) Џој, кога имала 17 години била киднапирана од некој човек (Олд Ник го нарекуваат) кој ја држи затворена во една соба со години. По некое време таа добива дете од него. Кога детето, Џек ќе наполни 5 години, Џој одлучува да му раскаже за надворешниот свет. Прават план за бегство од "собата". Џек глуми мртов и успева да скокне од колата додека Олд Ник го носи некаде за да го закопа. Потоа еден човек вика полиција и тие ја наоѓаат мајка му. Натаму целото дејство е всушност откривањето на новиот свет од страна на Џек.
Lemon tree Ова ми е втор филм што го гледам од израелска продукција,во кој неминовно е помешана воената клима на средниот исток.Селма е жена вдовица во средни години ,муслиманка,која живее сама ,на ивицата на границата со Израел.Единствениот нејзин живот е овоштарникот со лимонови дрва од кој таа егзистенција и спомени.Но од друата страна на овоштарникот се населува израелскиот министер за одбрана со сопругата,и одеднаш Селма и нејзините лимонови дрвца претставуваат опасност за безбедноста на министерот.Добива писмо во кое против нејзина воља е донесена одлука овоштарникот да се уништи.Од тука почнува нејзината борба во барањето на правдата,по сите можни судови,Средбата со младиот адвокат кон кој таа ќе развие само нежни чувства,му доаѓа како нејзината лимонада,освежителна... Ми се допадна филмов,најмногу заради Селма,иако некои работи останаа недоречени,според мене би можело малку на поинаков начин да се развие приказната...таква сум јас,сакам хепи енд,но за жал многу работи не завршуваат така во животот ,а не пак еден филм,во кој за кратко време треба толку многу да каже и покаже.Или тоа е некоја нова мода на режисерите да се остават недокажани. 8/10
@lunicka Ми се допадна рецензијата,и си го симнав филмчево,ме привлече и трејлерот.Убава приказна,без никакви клишеа,опишана културата и случувањата на Блискиот исток.Искрено и јас сакам среќни краеви,но не по секоја цена.Мислам дека филмот заврши баш како што требаше,реално,без никакви преувеличувања и холивудски сценарија. Друг филм што ѕирнав неделава е Becoming Jane(2007). Како што сум фан на Џејн Остин,уште одамна би требало да го гледам,ама јас случајно го видов кога читав филмографија на Џејмс МекАвој. Преубава приказна,со солидна глума од двајцата протагонисти,не ни очекував поинаков крај,знаејќи каков бил животот на Џејн. Дијалозите,манирите и гестовите од тоа време се навистина исклучителни,а Џејн има оставено неизбришлива трага не само во англиската,туку и во светската литература. Тоа би била и единствената мана на филмчево,што не се фокусира доволно на нејзиното воздигнување како писателка,на нејзините борби во тоа општество,туку на љубовната приказна. Се разбира, се шпекулира дека таа љубов и била инспирација за романот Гордост и Предрасуди,што и е еден од најпознатите. Патем,Џејмс е идеален за историски,биографски драми,има неколку улоги во такви филмови и совршено ги изведува.
Mногу интересно филмче 9/10 Еден сериски убиец ќе се заљуби во една девојка но таа нема да знае дека тој е убиец , кога ќе разбере заедно ќе почнат да убиват луѓе. Топло го препорачувам. 10/10
Dead pool Мене филмот НЕ ми се допадна... Дури досаден ми беше,се е до вкусот за мој вкус Не... Нити па смешен....
Colonia (2015) Предобар филм! Ти ги држи очите отворени а и срцето на штрек. Како и многу други познати настани во кои биле измачувани луѓето во минатото во нив се вбројува и овој. Постои место „ Колонија Дигнидад" каде луѓето се жртви на водач-монструм кој се изживува врз луѓето „ во името на Господ", место од каде никој не излегол. Ми се превртуваше желудникот на повеќе сцени, не беа гадни, но беа навистина безмилосни ако се соживееш со приказната. Најважно од се' е дека треба да бидеш паметен за да успееш. Ми се допадна се' од приказна, актери, сценографија. Препорачувам
Ги гледав Her и 50 shades of black, оценка 2/10, не беа мој тип на филмови The F Word или со друго име What If https://en.wikipedia.org/wiki/The_F_Word_(2013_film) Даниел Редклиф по долго очајување поради раскинувањето со неговата поранешна девојка, се запознава со братучетка на негов другар која во тој момент има дечко, и натаму се случуваат комични и романтични настани, ви оставам да го погледнете Еден од подобрите филмови што сум ги гледала, не е од типот на повеќето романтични комедии снимани по ист шаблон. Моја оценка 9/10. Следен за гледање ми е The Cobbler.
Me and Earl and the Dying Girl (2015) 7.8/10 Me and Earl and the Dying Girl e базиран на книга, каде главниот лик Грег е малку чуден, не припаѓа во ниту една социјална група во средно и постојано се обидува да биде незабележан. Има премногу ниско мислење за себеси, премногу е самокритичен и дури не сака да признае дека има пријател, Ерл, поради тоа што му е страв дека може ќе го негира тоа, па пред сите го преставува како соработник со кој снима филмови. Под голем притисок од мајка му, тој започнува да се дружи со Рејчел, девојка која е дијагностицирана со леукемија, и така неговиот живот започнува да се комплицира. Приказната е веќе некако позната ама морам да признаам дека мене ми се допадна дури и повеќе од The Fault in Our Stars и криво ми е што не е толку познат. Mи се допадна што беше фокусирано на пријателството, и колку тоа значи. Од мене, топла препорака!
Wild Tales Многу блесав филм.Филмот е целина на неколку приказни кои меѓу себе не се воопшто поврзани.Но сите се бават со она што е заедничко за секој човек,минатото,љубомора,нервоза,страв,..многу ме насмеа и уводната шпица каде сите што се заслужни за филмов се прикажани во лик на животно.Случајно или не... Ме насмеа филмов,препорачувам... 7/10
Постар филм 2001 ама јас сум го утнала, сега прв пат го гледам. Филм во кој Анџелина е мислам најубава до сега. Филм за страста, за љубовта, за животот. Имдб има оцена 6, од мене 8 The Boy, од погоре ја земав препораката и го предлагам на сите од кога го изгледав. Филм направен со двајца глумци и еден замок во зафрлено место во УК. Мистериозен, помалку страшен ама филм кој ќе ве натера да го догледате до крај. Lake House(2006) Гледан ми е неколкупати ама секогаш ми е интересен. Сандра Булок и Кијану Ривс имаат заедничко место на живеење, прекрасна куќа на езеро но животите им се одвиваат паралелно со 2години процеп меѓу нив. Љубовта победува се, па и временска дистанца
Trust (2010) Се започнува кога таткото на својата 14годишна ќерка за роденден ќе и подари лаптоп. Таа во онлајн соба за допишување го запознава Чарли, кој лажно се претставува. Ани (главниот лик) дознава дека Чарли лажно се претставува, односно дека нема 16 како што претходно и кажал, туку дека има 25. Таа се размислува за преќинување на комуникацијата со него, но сепак продолжува да збори со него. По 2 месеци интензивна комуникација Чарли ја „поканува“ Ани да се сретнат во трговскиот. Го искористува отсуството на нејзините родители и оди да се сретне со него. Кога Чарли ќе се појави во трговскиот таа открива дека тој всушност има 30 години. Таа е вознемирена од тоа, но сепак оди со него во мотел каде ја силува. Најдобрата другарка на Ани, Бритни дознава дека таа имала секс со него и тоа го пријавува на службата во школото. ФБИ се обидува да го пронајде Чарли бидејќи откриваат дека тој бил одговорен за уште неколку силувања и на други малолетнички. Таткото на Ани спроведува своја истрага за да го пронајде Чарли. На крајот гледаме дека „Чарли“ сепак не бил Чарли туку Грахам Вестон професор по психологија во школо со неговиот мал син.
Лелее подобар филм одамна немам гледано. Секоја препорака, а толку неизвесен и напнат до крај, уф. Кој не го гледал ич да не чека.
Inception (2010) И овој се вбројува во подобрите филмови кои што сум ги гледала. Не знам како не сум го сретнала порано. Филмот е научна фантастика и има навистина привлечна приказна, група на луѓе преку машина можат да влезат во нечиј сон и да ги извлечат од таму информациите кои им се потребни. Напнатост, борба со врмето, совршено испланирано сценарио со цел да се постигнат позитивни резултати. Сметам дека филмов е сечиј вкус, барем од поголемиот дел. Thumbs up за филмов.
The gift Филм кој ми се чини држи една рамна линија до самиот крај која настанува експлозија.Бречен пар се вселува во нова куќа ,тука е и лажниот сосед кој примерно се наметнува,со своето присуство и со своите подароци кои ги остава пред врата.Сајмон кој открива чудниот сосед му е всушност соученик од пред 20 години.Филмот внимателно не води со градење на карактерите на главните актери ,откривајќи дека всушност позитивецот излегува поголем негативец од ликот кој од почетокот ја игра таа улога. Минатото не може да остане во минатото,а некогаш се замешува во иднината. Крајот на филмот е особено тензичен со прашањето-чие е новороденчето и што всушност се случило. Идејата која се всадува во мозокот може да доведе до катастрофални последици. 7/10
@lunicka секогаш имаш некои занимливи предлози. Па мислам дека токму по твојата рецензија тука се одлучив синоќе за филм Mon Roi, или како го најдов под името My King (2015) Одличен филм. Глумецов, Винсент Касел, и се е кажано. Одличен глумец, интересен филм. Се смеев, па се натажував, па пак ме смееше, па пак си приплакував додека го гледав. Приказната за една љубов, ама на поинаков начин. Од мене оцена 10/10