4 luni, 3 saptamâni si 2 zile (4 Months, 3 Weeks, and 2 Days) На моменти немилосрдно тежок за гледање (емотивно). Ако ви треба филм за забава и разонода, не е добар избор. За силата на пријателството, за животот под строгиот комунистички режим на Чаушеску. Одлично направен, со идеално доловена сериозност на ситуацијата, без нереално патетизирање. Spoiler За тоа на што се е подготвена една жена која донела цврста одлука за абортус, во систем во кој истата е законски забранета. 10/10, прав европски кинематографски бисер, америчкиве одамна веќе не ги гледам освен ако не е со посебна препорака.
Miss You Already A woman (Toni Collette) undergoes treatment to battle breast cancer while her best friend (Drew Barrymore) tries to get pregnant. Ovaa recenica ja kopirav i e dovolna za da kaze kolku emociii sodrzi filmov. Od mene 10/10 Preporaka; samo za onie so pojako srce.
The Game Предобар трилер со интересен, неочекуван и доста поучен крај. Но неколку од сцените се прогласени и за најстрашни. Сепак вреди да се погледне. 9/10
Red eye го гледав вечерва и не сум премногу воодушевена. Трилер е филмот, една девојка работи во хотел и кога треба да се враќа во Мајами налетува на млад згоден дечко, кој во авион почнува да ја уценува дека ќе го убијат татко и ако не среди да преместат некој важен политичар во друга соба, за да го убијат. Глумецот е секси
The last song Не знам веќе колку пати сум кажала на форумов дека просто го обожавам Спаркс и сум тотално заљубена и полудена по неговите дела. Ми остана уште една филмувана книга да прочитам и филмот да го изгледам. А овој е навистина прекрасен. Всушност е тој стил што јас го сакам. Љубовен филм. Можеби малку главниот лик Рони кој го глуми Мајли Сајрус ми е грешка. Женава никогаш не сум ја сакала а и пак по филмов не ја засакав. Не се разбирам баш да кажам дали добро глуми и како се снаоѓа со глумење. Исто така и Лиам Хемсфортх е кој ми е еден од најубавите актери. Содржински филмот е супер! Ретко книгите на Спаркс се со баш добар крај. Добар е крајот ама не е како што треба да биде.
Mnogu intersni serii. Odamna ne sum gledala film. Mozebi 5 filmovi vo poslednive 5 god. Temava me potikna da razlistam niz nea i da najdam nesto za svoja dusa. Blagodaram na site koj postiraat.
и Што да кажам за овие два филма ,непотребно изгубено време.Не знам толку ли тешко станува да се сними една комедија а да преобилува со зборовите фак и шид.Првиот ме успа а вториот ме уби во поим. За двата оцена 5/10 незнам по кој основ Deadpool има 8-ка. Или јас сум во некаков чуден муд. Demimonde Филмов има добра идеја но слабо разработена.Прикажана е врска меѓу куртизана,домарка и слугинка на почетокот на 20-от век,која на крајот завршува со убиство.Карактерите не се разработени ниту пак е прикажана некоја емоција.Филмот те држи да гледаш зашто го имаш тоа чувство дека во секој момент ќе се случи нешто и чекајќи така доаѓа крај на филмот. 6/10
I am wrath Џон Траволта во главна улога како човек кој тргнува да се осветува на убијците на својата жена. Веќе видена акција, ама сепак не е лош.
Bandidas (2006) Во почетокот на 20-ти век во Мексико две многу различни жени започнуваат да ограбуваат банки заедно за да се спротистават на еден безмилосен насилник кој ги измачува граѓаните и кој на едната и го рани таткото а на другата и го уби. Мноху интересно филмче, вреди да се погледне, јас би го гледала пак дефинитивно. и могу ми се допаѓаат Селма и Пенелопе во филмов, исто и тој англиски со шпански акцент.
Pride and prejudice and zombi Приказнава сум ја видела неколку пати досега.Љубовта меѓу врскавата Елизабет и намуртениот Дарси,Темата е иста како и оригиналот но има измени каде што треба да се внесат зомбите.Значи со развивањето на трговијата во Англија,се појавува чудна болест и глад за човечки мозок.Мртвите стануваат во потрага по жртви во со ѕид обезбедениот Лондон и блиските имоти оградени со железни капии.Родителите зависно од сталежот ги праќаат своите деца на обука за воени вештини во Кина и Јапонија,Сестрите Бенет совршено влегле во својата улога со ракување на оружје како со лепези,но не можат да одбегнат од судбината и маката убаво да се омажат.Сметките ги поматува згодниот Бингли а желбата на нивната мајка барем една своја ќерка да ја омажи за него,го достигнува врвот. Филмов е на прво место акција и добра забава.За слаба страна сметам е што улогите на другите сестри освен на Елизабет и Лили не се доволно или воопшто развиени. Ме воодушевија убавите кадри,женствените фустани а свилената кошула под кожниот корсет и јас би ја носела. 6/10
London has Fallen - Уште еден интересен филм за љубителите на акција. Претседателот на Америка оди во Лондон на погреб, каде што треба да присуствуваат државници од цел свет. Но градот е под опсада на терористи кои сакаат да им се осветат на американците.
Carol (2015) Еве јас никако да разберам зошто има оценка 7,3/ 10 на Imdb. И не го гледав целиот, некои делови ги убрзав напред. Што е многу - многу е. Пишува романтична драма, ама ни е романтична, ниту нешто драматично видов јас. Па барем лезбејските сцени да беа поинтересно и поиновативно направени. Spoiler: Приказната оди вака... Керол е убава жена која има богат маж и прекрасна ќерка. Арно ама она е лезбејка и веќе била во врска со кумата нејзина, а во филмот се загледува во една млада девојка која работи во огромна продавница за играчки. Дејствието се случува во 50тите години и тогаш геј луѓето биле третирани како медицински случаи со некаков психички проблем. Маж и, бидејќи е богат и моќен, си ја зема ќерката во фазон - ако не си ти со мене, нема ниту ќерка ти да ја гледаш. Почна постапката за развод и кога Керол виде дека нема друг избор, сосема логично ја остави нејзината нова и млада девојка и толку. Од мене има 4/ 10 само заради кадрите и облеката. Cate Blanchett е ептен згодна, што би се рекло вистинска жена, има интересни црти и глумата не и беше воопшто лоша. Нејзините аутфити беа совршени. Баш така ги замислувам моќните жени од тоа време. Ама затоа Rooney Mara ми е ептен несимпатична, пластична во глумата и не покажа никаква емоција. Останатите актери беа океј.
A royal night out Многу интересна приказна за првото вечерно излегување на принцезата Елизабета и нејзината сестра и нивните авантури. Кој сака да се опушти со интересен филм нека гледа.
Последните што ги изгледав овие два дена. Secret in Their Eyes (2015) Тринаесет години (мислам толку беа) по бруталното убиство на ќерка на ФБИ истражувач, случајот добива ново светло откако еден од поранешните детективи се враќа да го доврши тоа што го ветил - дека ќе го најде сторителот на грозоморното дело. Потоа настанува очекуваното откривање тајни, фаќање за сламки и трошки надеж, како и по некој плот твист. Римејк е на шпански филм со истиот наслов, го имам во компјутер и баш ќе го ѕирнам. Воопшто не се сомневам дека таа верзија е подобра од американскава. Кај Шпанците ми се допаѓа што многу знаат да те внесат во приказната и да те натераат само да ти вергла мозокот, а на крај пак остануваш со подзината уста. Америве се малку попредвидливи на тоа поле. Фино филмче, како и да е. Не е воопшто досадно. Би му дала стаклена 7/10. Love (2015) Марфи е студент во Франција, Електра е малку налудничава. Се сретнуваат и заљубуваат. Потоа имаат секс во тројка. Потоа Марфи ја забременува тројката и се разделуваат, по што тој се сеќава на своето време со Електра. И тука следи секс. Па пак секс, и уште секс... Потоа се расправаат. Cock shot, cock shot, па се во whorehouse, каде пак имаме чест да му го видиме тулето на Марфи. Сега се дрогираат, па се караат, па се сексаат пак. Таа што ја глуми Електра е преубава, ама нема пола заби во реален живот. Филмот трае неверојатни 130ина минути. Го изгледав за пола час, убрзувајќи и прескокнувајќи ги секс сцените. Софткор порнич. Каква љубов, какви бакрачи. 3/10 за трудот и храброста да не си порно глумец, а вистински да се сексаш и пљуцкаш пред камера (и мама да ја носиш на премиера). Everly (2014) Овој ми беше најзабавен и најчуден од трите. Еверли е проститутка кај Јакузите, која ги нема видено ќерка си и мајка си веќе 4 години. Таа се зближува со детектив кој ќе ѝ помогне да се оттргне од нив ако таа му помогне нему да го уништи кланот (good luck with that). Нормално, типците дознаваат и тука почнува нејзината борба за опстанок. Целото дејство се одвива во еден стан, ама не е досадно ни секунда, напротив. Се познава дека е правено по терк на филмовите на Тарантино, па ако сте фан, ќе ви се допадне уште повеќе. Е сега, малку е нереалистичен и нелогичен на моменти, ама знае да е многу забавен, со сосема фина доза хумор, која постепено станува помрачна и се губи. Му го кршиле кичмата на брат му. Цело време. Салма Хаек е лепотица. Жениште! Еве ја 50 години ќе прави, а ко 5 да остарела откако ја знам. Не знам што очекувале од филмов, па го оцениле послабо, али ако ги занемариме нелогичните клишеа, филмчево е топ и има 8/10 од мене. Не е ништо понереален од Mission Impossible или Taken, да речеме. Само има(л) послаб буџет.