Gods of Egypt http://www.imdb.com/title/tt2404233/?ref_=nv_sr_1 Самиот наслов на филмов кажува скоро сe. Веќе видена приказна со мали пресврти: големата борба помеѓу „лошиот“ бог кој ги убива и/или потчинува повеќето добри, се додека еден од нив не му се спротивстави... да не расипувам премногу, ќе кажам само дека е филм 98% направен со CGI техника, многу измени во египетската митологија, и добра тепачка помеѓу Џејми Ланистер и телохранителот на американскиот претседател. ОК е за тепање време, но не ме импресионираше ништо посебно. IMDb оценка: 5,6/10 Моја оценка: 5/10
Леле филмов е најлошо поминато време у мојот живот. Среќа имав гратис влезници за у кино, си викам што ќе беше ако стварно дадев пари за ова сра*е. Моја оценка: 0/10
How to Be Single (2016) Си барав филм комедија нешто да ме насмее, всушност и е комедија, но на некои моменти ми донесе и солзи во очите но не од смеење, сепак убав филм, препорачувам да го гледате. Се работи за 4 девојки кои сакаат да бидат сами, да се пронајдат самите себе, без да влегуваат во сериозни врски и обврски..
Пред некој ден гледав филм кој морам да го прокоментирам во темава. Барав неамерикански филмови и налетав на овој белгиски и ми го скрши срцето филмов. .. Се работи за драма, љубовна, фамилијарна. Се раскажува за љубовта на двајца уметници, таа е тату мајстор, тој музичар, се заљубуваат на прв поглед. Живеат исполнето и среќно се додека една случка не ја стави нивната љубов на тест, го губат своето дете. Филмот почнува со крајот, па се мешаат сегашноста и минатото. Филмот е што да кажам, драма до коска, има прекрасни дијалози, прекрасни сцени, одлична глума и музиката е...мх. Bluegrass се проткахува низ цел филм, јас сум обожавател на кантри мелодии па ептен ми беше по ќеф. Но ќе ви го скрши срцето, плачев на цел филм, буквално кога заврши се осеќав тажно и продолжив да плачам. Одамна не ме допрел толку некој филм, им ја осеќав болката колку добро глумеа, стварно го препорачувам, сметам дека секој мора да изгледа еден ваков филм, ако е тажен, ако е срцепателен, не е патетичен. Сеа гледам дека групата од филмот има и реално песни, па ми вртат цел ден.
Во последно време, случајно или намерно, гледам само филмови инспирирани од вистински настани и/или личности, и воодушевена сум од повеќето: 1.Colonia (starring: Emma Watson, Daniel Brühl, Michael Nyqvist) http://www.imdb.com/title/tt4005402/?ref_=nv_sr_1 Приказна за очајниот обид на Лена (Ема Вотсон) да го спаси своето момче, при што бива вовлечена во т.н. Колонија Дигнидад, секта од која никој никогаш не побегнал. Неверојатна драма која зборува за љубовта и пожртвуваноста, и која не ве остава да го тргнете погледот од екранот се до самиот крај. IMDb оцена: 7.2/10 Моја оцена: 9/10 2. Revenge of the Green Dragons (starring: Harry Shum Jr., Justin Chon, Kevin Wu) http://www.imdb.com/title/tt1396523/?ref_=nv_sr_1 Го следи животот на двајца најдобри другари, Стивен (Кевин Ву) и Сони (Џастин Чон), илегални кинески имигранти во подземјето на Квинс, Њу Јорк, во 1980ите. Потресна приказна за трговијата со луѓе и дрога, расизмот, одвојувањето на дете од родител, непрестајните вооружени пресметки помеѓу бандите, и корупцијата на сите во околината. IMDb оцена: 5.3/10 Моја оцена: 9/10 3. When the Game Stand Tall (starring: Jim Caviezel, Alexander Ludwig, Matthew Daddario) http://www.imdb.com/title/tt2247476/?ref_=nv_sr_2 Патешествието на легендарниот рагби тренер Боб Ладусер (Џим Кавизел), кој на себе ја превзема одговорноста да ги тренира Спартанците од средното училиште Де Ла Сал, кои ги имаат срушено сите рекорди на овој американски спорт со неверојатни 151 победа по ред. Драма која ги прикажува соништата, надежите, стравовите, победите и загубите на адолесценти на прагот на животот, кои доаѓаат од ништо а се стремат кон многу повеќе; филм кој зборува за мешањето меѓу личниот и професионален живот, и како тоа може да се одрази врз односот родител-дете, како и врз сопственото физичко здравје. IMDb оцена: 6.7/10 Моја оцена: 8/10 4. Concussion (starring: Will Smith, Alec Baldwin, Albert Brooks) http://www.imdb.com/title/tt3322364/?ref_=nv_sr_1 Во Питсбург, Пенсилванија, реномираниот патолог, д-р Бенет Омалу (Вил Смит), случајно ја открива вистината за мозочните повреди кај рагби играчите, кои претрпуваат многубројни потреси на мозокот во текот на секојдневните натпревари. Драма која во фокус го става прашањето дали понекогаш науката, а со тоа и општата јавност, мора да трпи поради одреден бизнис. Филм кој ги прикажува темните страни на колегијалното и научно ривалство, спортот како бизнис во кој не учествуваат само играчите и (не)достижноста на т.н. „американски сон“. IMDb оцена: 7.1/10 Моја оцена: 8/10
Celda 211 http://www.imdb.com/title/tt1242422/?ref_=nv_sr_1 Хуан е полицаец којшто по сплет на околности треба да започне да работи како надзорник во затвор. Но, уште на првиот работен ден, поточно ден пред официјалното стартување со работа, неговата судбина се менува. Ставен е во ситуација да избира или да ги прифати правилата на играта или да плати со својот живот. И така од служител на законот се претвара во затвореник. Филмот е шпански. IMDb оцена: 7.7/10 Моја оцена: 10/10 @promeneta ти благодарам за предлогот.
Типката е писателка и е опседната со комшијата. На почетокот се покажува одлично комшијата, ама таа не знае дека е тој психопат. Целата книга ја пишува за него, ќе се зближат и накрај ќе се обиде да ја убие. Уствари психопатот многу девојки убил. Интересно филмче. Сфатив дека не треба многу брзо да се даваме, без разлика колку и да ни се допаѓа некој, бидејќи накрајот сите се менуваат и стануваат она што рекле дека никогаш нема да се. Оценка: 9/10
USUAL SUSPECTS (1995) Филмот е многу познат, посебно поради неочекуваниот крај, затоа и го избрав. Кевин Спејси дефинитивно нема промашен филм. Вреди да се погледне, од мене оцена 10. Spoiler Ако може да замолам некои членки кога пишувате рецензија, да не го издавате крајот и да го раскажувате неочекуваното, или барем ставете го во спојлер. Неколку филмови благодарение на раскажаното од А до Ш се откажав да ги гледам. Тоа е најдобронамерен совет
Љубовна драма која нема да ве остави рамнодушни. Прв турски игран филм кој го имам гледано и ми остави многу голем впечаток. Глумата одлична од двајцата главни глумци. Погледнете обавезно, го препорачувам Инаку Delibal (2015)се вика филмот.
Офф топик за @Elissa . Spoiler Филмот го гледав без да знам дека е со Кевин Спејси, а и други филмови со него сум гледала случајно и сите ми се допаднале до сега. Инаку не сум фан на ниеден актер, филм бирам ИСКЛУЧИВО според жанрот, а Sci-Fi ми е на дното на листата на омилени жанрови (односно го нема во листата ) така да не ми е гледан K - Pax .
Е па гледај го не е сфи, ептен е добар иако е постар. И секако House of cards серијата ако не си ја гледала почни.
13 Hours: The Secret Soldiers of Benghazi Филмот е вистинска приказна за убиството на америчкиот амбасадор во Либја во 2012 година. Многу е добар, ама за оние што можат да гледаат тешки акции.
K - PAX (2001) Прво голема благодарност до @Elissa која прво, ми го предложи филмот, и второ, ме убеди да го гледам укажувајќи ми дека не е Sci-Fi (не знам зошто IMDb лаже ), да не беше ти, немаше шанси да го гледам . Се става ли таков "роботски" наслов на ваков прекрасен филм кој јас би го сместила во мистерија, трилер. Се работи за личност по име Прот кој го сместуваат во ментална болница откако ќе изјави дека доаѓа од друга планета K-Pax. Со него работи доктор Пауел кој сака да му помогне и ќе направи се' да дознае која е причината за однесувањето на Прот. Возбудлив до самиот крај (една, две работи не ми се разјаснија ), но сепак од мене оцена 10.
Не ти се разјасни крајот, Spoiler дали во неговото тело имаше некоја друга сила влезено и дали е тој човекот чие семејство имаше настрадано. Богами остана така мистерија сами да си тумачиме. Како и да е ја оправи тој цела лудница
Hello My name is Doris Многу интересно филмче за осамената Дорис која е во поизминати години и ќе се заљуби во новиот шеф на работа. Преовладуваат комични моменти.
Не сакам да пишувам детали да не му го расипам филмот на некој што ќе го гледа, ама немаше објаснување за тоа Spoiler зошто му пречеше светлината и како само тој можеше да гледа ултравиолетови зраци, како знаеше толку од астрономија и каде отиде Бес на крајот? На крајот сепак ќе излезе Sci-Fi . Супер филм важно, следно за гледање House of cards
The Orphanage Младата Лаура,и сама израсната во дом за напуштени деца,решава со својот сопруг да го купи истиот тој дом и да го направи дом за пријатен престој на неколку деца со пречки во развојот.Нејзиниот син кој е усвоен ,започнува да разговара со замислени пријатели кои според него живеат во куќата.По една жестока караница Лаура го губи својот син,настапуваат мачни месеци во негова потрага.Таа чувствува дека има некој или нешто во куќата,најмнува дури и маг кој го потврдува тоа.И колку нејзината желба да го пронајде синот е поголема,толку потпората од сопругот спласнува за да на крај ја остави сама.Чувството на самотија ќе ја натера да прочепка низ куќата,да најде застрашувачи работи,за да на крај одлучи да ја игра играта од нејзиното детство.Успева да го најде синот,но тука веќе почнува да се меша мистеријата и несфатливоста барем за мене,за да до крај ми остане неразјаснета.Искрено крајот на филмов убаво заврши ама на мојов плиток мозок не му беше јасно како е тоа можно,освем ако нејзиниот сон не продолжил и по смртта. Одлична глума,сцени снимени како од најстрашен хорор,преслаткиот Симон...филмов вреди да се погледа,иако е мистичен и напнат а е најмалку хорор, те тера да го одгледаш до крај, 7/10