ZOOTOPIA!!!! <3 Mojot nov omilen film 10000000000000000000000/10 sekoja sekudna od filmov e prekrasna,animirano surov i realen, spakuvan vo nasmevki
Hope Lost Младата Руманка Софија,во желба да го освои светот,потпаѓа под режисерот кој ја продава како бело робје.Принудена е да се продава за пари,за на крај нејзиниот макро не одлучи да сними филм во кој таа со мачење ќе умре. На филмов му фалат некои работи кои мене ми паднаа во око.Снимен е на Англиски а станува збор за романка и дејството се одвива во Италија.Сцените не се слеани туку како да се сечени видливо.Односите меѓу Софија и нејзините клиенти,особено клиентката војник се исто така површни.И крајот остана некако да виси во воздух.И сцените за мачење се пребрутални,дури осетив мачнина од нив. Но колку и да е филмов без врска снимен не можам да кажам дека не носи силна порака. 6/10
Me before you.. добар филм но не баш како што очекував бидејќи,реклами ова она сите едвај чекаат,но онака добар е
Samo da te pozdravam Elissaaaa... Edvaj cekam da se pojavi ubava snimka od filmot da go gledam ...A ti pogledni go ako ne si go veke The Shallows... Kissss pozdr
Colonia (2015) Вчера го изгледав конечно (после многу пофалби и препораки ) и можам да речам дека ми остави најголем впечаток од филмовиве што сум ги гледала во последно време. Историска драма/трилер е со елементи на романса, се работи за германски пар во Чиле во 1973. После државниот удар, Даниел е уапсен и завршува во т.н. Колонија Дигнидад, која е во соработка со тајната полиција на диктаторот Пиноче. Девојка му Лена за да го спаси се приклучува во озлогласената секта, од која никој дотогаш не успеал да излезе... Филмов е снимен според вистински настани, од историски аспект тематикава ми е непозната, не сум читала ништо за ова претходно, така што не знам колку соодветствува на историјата. Читав многу коментари дека повеќе е свртено вниманието на романтичната страна на приказната, ама јас баш повеќе го доживеав како трилер, доста напнат цели саат и 40 минути. Доста сликовито е опишана суровоста на сектава, има доста тешки сцени со насилство и шовинизам, не можеш да не се соживееш со приказната и да не почувствуваш одвратност кон таа изопачена „идеологија“. Ликот на водачот на сектата исто ми беше ептен впечатлив негативец, онака да го мразиш цел филм Глумата исто така предобра, Ема Вотсон и актеров во улогата на Даниел (што не ми е познат од претходно) беа одлични, одлично претставена е љубовта и пожртвуваноста меѓу нив двајца. Она што највеќе ми се допадна е како што реков, тоа што беше неизвесен и напнат од почеток до крај И јас како и доста други тука го препорачувам, од мене 9/10
The choice (2016) Сестра ми ме држеше под пиштол да го гледам. I didn't like it, ми беше досаден и предвидлив и too much Николас Спаркс. Сори Сајмон. The lion king (1994) Ја пуштив новата сезона на Wayward Pines ама толку беше лоша што морав да гледам нешто друго. Денес бев во Дизни mood. Конечно знам кој е Симба, а кој Муфаса. In the jungle, the mighty jungle, the lion sleeps tonight... (awimbawe, awimbawe, awimbawe, awimbawe...)
The ABCs of Death 1 & 2 Насловот кажува се, за секоја буква во азбуката има кратка приказна со наслов кој почнува на таа буква и е поврзан со самата приказна т.е. краток филм кој би требало да е хорор нели, но искрено повеќе беше torture porn без никава вредост, у ж а с.... Првиот дел го прекинав на пола, а тоа никогаш не ми се случило колку и да бил лош филмот, ама овој едноставно не можев. Одвратен, ужасен, нула. Вториот дел за нијанса подобар, ако ништо друго успеав да го изгледам до крај. Не препорачувам.
Me Before You Топла препорака, за љубителите на романтични, топли и потресни стории. Филмот е мешавина од повеќе жанрови кој ќе ви ги рабурка емоциите. Преубав, со мелодични балади кои ја следат приказната и идаваат посебен шмек како и глумата на Еmilia Clarke и Sam Clafin кои ја изнесуваат приказната со сите нејзини финеси.
Nancy Drew Случајно наидов на филмчево, не знам како не сум го гледала до сега. Супер забавно, за едно досадно попладне одлично е. Се работи за Ненси Дру, тинејџерка која обожува да решава мистериозни случаеви. Со татко и се доселуваат во Лос Анџелес, во куќата на позната мртва холивудска актерка и филмот ја прати Ненси која со помош на нејзините пријатели се обидува да го реши случајот. Мене баш ми се допадна, препорачувам!
Django unchained (2012) Дејствието се одвива во старо време а има шмек и од наше. Убиец за пари (bounty hunter) и Џанго кој е роб започнуваат заедно да соработуваат помагајќи си еден со друг во своите намери. Незнам зошто ама мене ми претставуваше сатисфакција што секој најмал шум беше јасно прикажан. Глумците си ја завршиле работата и сметам дека подобар избор не можеле да направат. Бидејќи е време на робови, мислам кога црнците ги третирале така, има сцени што навистина не се пријатни за гледање и создаваат револт. Многу ми се допадна филмов, само малце претерал со тајмингот мислам беше 2 саати и 45 минути
Me before you. Ги ,,мразам,, филмовите кои после нивно гледање ме тераат да размислувам на многу работи, да посакувам на други места. Доста добро филмче,топло го препорачувам! Добра приказна, но крајот некако не ми се допадна.
CIRCLE (2015) 50 луѓе се разбудуваат на непознато место и набрзо сфаќаат дека со меѓусебно гласање одлучуваат кој заслужува да живее, а кој да умре. Филм за предрасудите и како човек заборава на своите принципи кога се наоѓа пред смртта. Само заради крајот кој не го разбрав баш (ако некој знае нека ме просветли) од мене оцена 8/10. MARTYRS ( 2008 ) Француски филм за жена која пред 15 години успева да избега од нејзините киднапери, а сега заедно со нејзината другарка тргнуваат во одмазда. Се' понатаму за мене беше неочекувано. А крајот беше неверојатен. Одамна некој филм толку пријатно не ме изненадил. Од мене оцена 10/10.
Don't tell mom the babysitter is dead (1991) Одамна немам гледано некој филм шо ќе ми биде вака интересен, го ставам филмов на листата на омилени филмови. Мајка разведена со 5 деца оди на одмор со новиот дечко и ги остава децата сами дома, најголема е ќерката, тинејџерка е и има 17 години и планира летото да биде сама ама мајката им наоѓа бејбиситерка која е доста стара и женава умира првиот ден ноќта од срцев инфаркт и овие ја сокриваат и после почнува дејствието. Интересен филм за релаксирање, чиста 10ка од мене.
Синоќе го гледав тој Circle. Првин го побарав Martyrs ама видов дека е хорор, па одустанав. За крајот на Circle... Spoiler Јас разбрав дека ете зошто се бореле кој последен ќе остане и ќе преживее кога всушност ионака можеби подобро да умреше или што и да е. Ми падна на мисла дека тие што наводно умирале не биле скроз умрени туку дека беа "превземани" на некој начин од вонземјаните. Можеби да станат како и тие. А тие што останале на земјата за кого останале кога најблиските ги немат. Освен да започнат едно ново човештво.
И јас го гледав The Circle,ми се допадна на крај т Spoiler оа кога се појави живот кај бремената жената (нејзиното бебе),на некој начин она се рачунала како две личности.Ама он се одлучи да го убие детето за да успее да преживее. Моментално пребарував на нет,затоа што не ми беше јасно,и најдов една констатација која е многу разумна и мислам дека е точна. Човекот што преживеа искача надвор и гледа луѓе кои го гледаат тоа Нло или што и да е,арно ама во луѓето преовладуваат бремени жени и мали деца,т.е мислам дека и немаше мажи. Претпоставката е дека сите тие се преживеани од претходните кругови,каде хуманоста била на високо ниво,а човеков ги гледа нив и мисли на се што се случувало таму кога бил внатре. И го гризе совеста дека он е единствениот предавник кој убил дете и жена на крајот кога останал со нив. Многу ми се допадна филмов има за што да се размислува на крај.Почеток ми беше малце досаден,ама крајот го краси делото. Филмов тера многу на размислување,за тоа што би направиле ние да сме на нивно место,како би постапиле. Во Предизвикот му дадов 7/10,ама го сменив мислењето заслужува бар 8ка или 9ка заради крајот Топло го препорачувам