Прекрасна историска драма, приказна за една млада еврејка, која на патот на потрагата по својот татко пронаоѓа работа која ја сака, вистинско пријателство, сродна душа. Со почетокот на Втората светска војна принудена е да го напушти Париз, а со тоа и својата љубов. А таму некаде во Америка, го пронаоѓа она што го барала со години - својот татко.
SCREAM 1 2 3 уште 4ката ми остана. Да потенцирам слабо гледам филмови Ми текна на франшизава,одамна не сум ја гледала години и години и викам ајде да ги прегледан уште еднаш значи КУЛТЕН slasher ФИЛМ,висока 9ка има од мене Филмот си има и приказна и се,воошто не е досаден, а да не зборам дека продужетците му се одлични, а реткост е тоа да имаш успешен продолжеток јас сум голем фан на Врисок
Сега го читам постот и да ти кажам ми се допаѓа објаснувањето. Па и не е далеку од реалноста, веќе ни жена, ни дете не се битни, себични сме станале до бесконечност. Фала и на тебе, и на @Sky-butterfly, сега ми доби смисла филмот во целост и го препорачувам .
@Ane-Goki1 Од филмов има и мини серија излезено на јутуб , еднакво добра е како филмот http://www.imdb.com/title/tt2401798/?ref_=tt_rec_tt
Before I go to sleep Одличен трилер,со непредвидлив крај.Се работи за една жена која преживеала напад односно обид за убиство.Последица од нападот е тоа што секој ден кога ќе се разбуди не се сеќава на ништо.Нејзиниот сопруг секое утро ја потсетува која е.Откако нејзниот случај ќе го превземе познат психолог,таа ќе открие дека вистината е сосема поинаква од она што таа го знае.Топло го препорачувам. 10/10...Главно мото на филмот:Не му верувај на никого...
The fundamentals of caring Во филмот се раскажува за момче кое боледува од една ретка болест и неговиот нов негувател кој ќе му го смени животот. Многу интересен филм, испреплетен со смешни моменти и емоции. Препорачувам...
Само што го изгледав нешто толку добро немам гледано од одамна секоја препорака за гледање, до крајот на филмот никако неможеш да ја откриеш вистината и со сигурност ќе ве држи пред компјутер до крајот на филмот од мене 10/10
Annabelle моја оценка 9/10 Како и секој друг хорор се работи за еден брачен пар којшто очекува дете, мажот и поклонува кукла (Annabelle) на жената и од тогаш запонуваат да се случуваат чудни работи. Воглавно е интересен филмот сите што сакаат хорор филмови ќе им се допадне.
Conjuring 1 Хорор, добар е, интересен. Се работи за семејство со неколку деца, се вселуваат во нова куќа, напуштено место. И почнуваат да им се случуваат чудни работи во куќата, часовникот секоја вечер застанува на 03:07, "нешто" ги влече децата по подот. И семејството вика пар демонолози, маж и жена за да истражат и понатаму што ќе се случува е интересното, да не кажувам се.
Ве замолувам доколку го откривате крајот на некој филм ставете го во спојлер, нема зашто да му се уништува на друг приказната ако сака да го гледа. И не ставајте само слика или трејлер, темата е последен гледан филм и кратка рецензија, односно ваше мислење за филмот.
Inside Out Прекрасен анимиран филм кој сметам дека баш секој треба да го погледне, без разлика на возраста. Дури и посакувам да можев да го гледам кога бев во пубертет. Моќна порака, интересна тема, големи шанси да го промени вашиот начин на располагање со сопствените емоции. На момент заплакав но тоа сум само јас со својата чувствителност.
Абре се пукнав од смеење...солзи да ми течат бре... Значи чиста десетка од мене! Вака сега накратко во филмот се зборува за неколку мајки и татковци,то ест идни мајки и татковци како се подготвуваат додека да се роди бебето и што да очекуваат.Сето тоа обликувано во комедија. Гледајте го
Јас кога гледам филмови секогаш сум под нивно влијание бар 3-4 дена. Сега изгледав еден кој го сфатив вака: "Ако стравот те совладува, храброста секогаш ќе те победи." “До звездите и до месечината, само ако веруваш.“ “Храбро и занесно изборот е твој.“ Spoiler: Избери. Тревис е млад човек кој води слободен живот, ветеринар за животни, живее сам. Татко му е исто така ветеринар, сестраму понекогаш му доаѓа во посета и му го јаде сладоледот. Габи е млада студентка која стажира во болницата на својот дечко Рајан, но воедно и ги подготвува испитите на факултетот. Животот на Габи и животот на Тревис се испреплетува кога тие се запознаваат...изборот е нивен. Впечатокот ми е дека филмот е добар, за емотивците спремете си паломици до вас. Крајот е добар, во моментот посакав некој да ме гушне така вистински. Оценка: 8/10.
Inside Out, конечно му дојде редот и него, одамна го симнав ама сè некако им давав предност на други филмови. Не знам, имам некои измешани чувства откако го изгледав; навистина е така, ниту една емоција не е издвоена да доминира во целост, туку секогаш финалниот продукт „чувство“ е мешавина на среќа и тага и бес и страв и што ли уште не... А на крај, секогаш е потребно барем прашинка, за да ти дојде преку глава и да почнеш да се чувствуваш лошо, бескорисно, да сетиш разочараност, осаменост и пак тага. И дур се освестиш, гледаш дека брановите те одвеле веќе во длабочините на морето на депре-состојбата, па ако не знаеш како да пливаш, едноставно е - ќе се удавиш кога тогаш. Најинтересното е тоа што, никој друг нема да ти помогне онака како што би си помогнал ти самиот. Поучен филм, вреди да се погледне, иако се согласувам со оценката која ја добил на imbd - 8 и од мене.
Shutter Island Леонардо Дикаприо оди да истражува бегство на жена од психијатриска болница-затвор лоциран на остров од кој е многу тешко да се побегне.Трилер и мистерија до самиот крај The Skin I Live In Антонио Бандерас е успешен пластичен хирург кој се обидува, после смртта на сопругата, да најде решение како да се регенерира кожата (да им даде нова кожа на сите оние кои се жртви од изгореници/пожари./несреќи).Но , дали ќе успее во тоа? WANTED James McAvoy работи досадна канцелариска работа и кога мисли дека веќе се му е дојдено преку глава почнуваат нештата да се менуваат.Наеднаш добива многу пари,по смртта на татко му , и покана да ја продолжи работата што тој ја започнал.Дали ќе прифати или не ....
http://m.imdb.com/title/tt2243260/ Невообичаен филм за секс проблемите на една двојка. Згоден за гледање во пар