комедија... филмот е интересен, како првиот и вториот дел е слично нешто... група на девојки изнајмуваат куќа за забави, до која живее млад брачен пар со дете и истите сакаат да ја дадат на изнајмување итн.
Born To Be Blue (2015) Био филмче за Chet Baker. Кој е по џезот мора да ја познава оваа луда фигура. Многу добри и драматични сцени кои го отсликуваат неговиот карактер. Без многу зборување - download!
In the Deep (2016) Две сестри се на одмор во Мексико. Во потрага по забава за една од сестрите да го заборави дечкото кој штотуку ја откачи, пристануваат да се во металниот кавез спуштат на 5 метри дубина за одблиску да го видат морскиот свет, поточно ајкулите. Ама дали 5 метри ќе бидат и останат 5 метри и дали и колку сигурне се таму долу? Мене ми беше одличен трилер, возбудлив до самиот крај. 10/10 Now you see me 2 (2016) Оддамна беше кога го гледав првиот дел, и некако само во сеќавањето ми остана дека ми беше одличен, мада бев заборавила и ликовите. Се работи за група маѓионичари кои, колку што разбрав, од последното разоткривање во првиот дел, до сега ја чекаа вистинската, нова задача за нив. Групата наречена Јахачи, предводена од тајниот лик или организација наречена Око, која до самиот крај за нив останува мистерија, добива задача да ја разоткрие преварата на една фирма која планира да навлезе длабоко во приватноста на секој еден човек. Настрана брзите одвивања, случки, реплики, едвај постигнував да разберам намерите и мислите во филмот, ваљда па тоа е и поента, да те збуни и да чекаш што ќе се случи следно за да разбереш, ама овој вториот дел некако ми делуваше прилично аматерски. Почнувајќи од глумата Spoiler посебно мислам на Дилан, прикриениот водач на групата, вработениот во ФБИ, кој толку ме нервираше со својата смотана појава па триковите и воопшто приказната... се делуваше некако млако во однос на првиот дел, на кој всушност не сеќавам, ама го паметам чувството дека останав фасцинирана тогаш. Филмот секако држи внимание, тоа стои, прилично е комичен, повеќе ми доаѓа како некоја пародија на првиот дел, и е интересен, комерцијално интересен (ако постои таков израз де), ама да е нешто квалитетен па и не баш. Ај нека биде 8/10 оценка, да не бидам мрчатор @1209 додека го гледав филмот помислив на тебе. Всушност на вратата на канцеларијата на Дилан во ФБИ беше оваа твоја бројка (никот), и така ми привлече внимание, ми беше толку познат број Позната си, и во филмот е има
Paranormal Activity: The Ghost Dimension (2015) Уште откако го дадоа првиот дел го следам филмов и можам да кажам дека секој дел е се повеќе само фантазија отколку хорор. Spoiler Неколку години по убиството на Кристи и маж и од страна на Кејти, во нивната куќа се вселуваат млад брачен пар со нивната мала ќерка. Украсувајќи ја куќата, таткото ќе најде стар пакет во кој има стара видео камера и касети. Преку таа камера, таткото забележува некои необични паранормали работи за кои се сомнева дека се дело само на старата камера. По неколку дена таткото ги погледнува касетите на кои Кристи и Кејти уште како мали со помош на нивниот учител ја гледале иднината и моментално управуваат со неговата ќерка. По некое време демонот навлегува во малото девојче и родителите се обидуваат да го спасат со помош на еден свештеник, но на крај како и секогаш завршува со убиство на сите, а малото девојче оди во една димензија преполно со мали деца(демони)вклучувајќи го и синот на Кристи - Хантер. Доколку излезе и некој нов дел, сигурно ќе го гледам. Иако секој дел скоро истото се случува, но ме интересира до каде ќе тера мистеријата. Не е многу страшен, повеќе е језив. Ми се допаѓаат звучните ефекти во страшните сцени, стварно може да те извадат од памет. Оценка: 5/10
Suicide squad (2016) Како голем фан на Џеред Лето веќе со години,едвај чекав да излезе филмот ама очигледно чекав за да се разочарам Ајде што го искористија за маркетинг само,го промовираа како главен лик и мал милион сцени му се избришани туку и што го исхејтаа ненормално многу,луѓе што прв пат слушаат за него. Го направија луд 100%,па уште приказни дека им праќал мртви животни и дека сите го мразат . Да сигурно die hard веган тоа ќе направи колку и да соживеан во улогата Не велам дека нема вистина во врска со работите што им ги праќал ама нема да навлегувам во тоа.И да Џокерот можеби не беше потребен многу во филмот,ама дефинитивно заслужуваше повеќе. Споредбите со другите Џокери ми се малку глупави,зашто лично мене сите ми делуваат различно, а овој сега е уште и поразлично креиран дури и самиот режисер го има кажано тоа.Нешто како модерен Џокер,генгстер.. Сосема ми беше океј.Сите ликови во главно ми беа интересни,најмногу Харли,Дедшот,Катана но сепак приказната не ми беше ништо посебно.Не очекував до толку фантазија,магии вештерки и слично.Кара ми е сосема промашена за Енчантрес. Требаше да делува моќно,ама мене воопшто не ми делуваше така.Како што веќе кажав, навистина очекував многу повеќе ама сепак филмот не ми беше ништо посебно,премногу акција и фантазија во едно.Лично тоа не ми се допадна. Можам да го оценам со 5/10
Take this waltz Марго е среќно омажено со Лу. Дали една случајна средба ќе ја разниша нејзината среќа. Како прво нешто што ми остави впечаток е атмосферата што преовладува во филмот, ретро стилот, почнувајќи од облеката на Марго, ентериерот на куќата, сцените од Торонто, како и музиката во филмот, вистинско уживање за сите сетила, што на крајот не може да ве остави рамнодушни. И можеби оваа конверзација некаде на почетокот на филмот ја дава поентата на цел филм: - "Sometimes I just want something new, you know? New things are shiny." - "New things get old." Perfect strangers Филмот го гледав по препорака на @promeneta, благодарам што го сподели овде. Два пати е пишувано на оваа страна за филмот, па да не должам, интересна драма со хумористични елементи, кога седнаа на маса и почнаа да зборуваат без престан ме потсети на филмовите на Вуди Ален. Ретко кој европски филм ме разочарал. Препорачувам и јас.
OLDBOY (2013) Една дождлива ноќ Џо Дусет е киднапиран и затворен во една соба. По 20 години е пуштен и тргнува во одмазда. Притоа, треба да одговори на две прашања: Кој го киднапирал? Зошто е пуштен по 20 години? Филмот го пуштив откако прочитав по форумите дека има неочекуван крај (мојот омилен дел - јак пресврт). Неколку пати додека го гледав се прашував зошто воопшто го пуштив, толку имаше некои аматерски, типично американски сцени што ми се идеше да го прекинам. Но, го догледав и не зажалив. За филмот оцена 8/10, а за крајот 10/10. @Mayyya, мило ми е што ти се допаднал филмот .
ENEMY (2013) Во овој филм се работи за професорот по историја Адам кој случајно гледајќи филм приметува глумец ист како него. Тргнува во потрага по својот двојник и по вистината кој е всушност тој, и кој е непријателот. Пред да го пуштам филмот прочитав коментари дека е еден од најзбунувачките филмови досега. Сепак го пуштив и го догледав, и стварно, останав без зборови. За среќа, во коментарите имаше линк од Youtube каде има објаснување за филмот за таквите како мене што не сфатиле пола од филмот . Откако ми го раздробија , а ви препорачувам и на вас , давам оцена 10/10 .
Now you see me 2 Претпоставувам сите знаете за што се работи во филмот. Искрено мене воопшто не ми се допадна. Имаше некои интересни моменти, ама иако замислата му е јака, мислам дека не е добро изведена. Незнам можеби сум единствена на која не му се допадна ни првиот дел, па ни овој. Многу го фалеа, па иако првиот не ми се допадна, реков ке му дадам шанса, ама џабе. Одвај го изгледав..премногу долго ми траеше и ми беше досаден. Од мене оцена 6/10 чисто за замислата.
Machete Kills (2013) Кој го гледал првиот дел, знае што може да очекува. Забанција на Роберт Родригез и пародија на сите можни акциони филмови, Мачете со Дени Трехо у главната улога, е приказна за тврдокорен мексикански полицаец (федерале), наречен Мачете, чие омилено оружје е, замислете, мачетата и кој зборува исклучиво со one liners, обраќајќи си се сам на себе у трето лице. Machete don’t tweet, на пример. Филмов е забавен, смешен, интересен и крвав, со тоа што насилството во вториов дел доживува тарантиновски пропорции, па можеме да сведочиме на отсекување на разни делови од телото со (yes, you guessed it) мачета, како и обилни количества на лажна крв. Плус, се појавува еден тон познати глумци и селебрити-фаци, а врв на се е Мел Гибсон у улогата на негативец. Единствена замерка ми е што филмов трае речиси цели 2 саати, што според мене е премногу за филм од ваков тип – Родригез на моменти делува како да се заборавил и умислил дека снима сериозен филм . Едноставно, комично-насилни ситуации, заебанции и смешки не можат толку долго да ми го задржат вниманието. Да траеше пола саат пократко, ќе беше таман. Дали спомнав дека филмов завршува со cliff-hanger? Да, у план е трет филм, кој ќе се одвива во вселената, во кој има ласерски пушки и light-saber мачета, и ќе се вика Machete Kills… IN SPACE! Оцена: 7 Blood Father (2016) Филм кој позитивно ме изненади у секоја смисла. Прво, трае помалку од саат и половина – што за мене е сосема доволно време за да се раскаже некоја приказна без да се удави гледачот – и што, за жал, е вистинска реткост во последно време. За филмов прочитав опис дека е basically Taken, само наместо Лиам Нисон го имаме Мел Гибсон, а наместо Париз, имаме некоја американска trailer park пустинска вукојебина. Иако на прв поглед Blood Father можеби одговара на описов, сепак не би се сложил со него. Прво, има далеку помалце акција од Taken (што не викам дека е лошо), но кога ја има, навистина е експлозивна. И доста пореалистична од онаа у Taken. Но, иако филмов реално има малку акциони сцени, успева одлично да одржи напната атмосфера во текот на целиот филм. Второ, односот на Мел со ќерка му е многу подлабок и подобро обработен од оној на Лиам со неговата ќерка. Така да, филмов попрво би го нарекол семејна драма помеѓу татко и ќерка отколку акционен филм. И накратко, приказната: Мел е бивш затвореник и припадник на моторџиска банда, кој сега се труди да живее исправен живот. Го пронашол Господ и се откажал од пиењето. Ќерка му, која не ја видел со години е прав пропалитет и успева да се сплетка со погрешни луѓе. Го наоѓа Гибсон, кој е решен да ја спаси по секоја цена, макар тоа да значи и да ја загуби слободата и повторно да се сврти кон својот поранешен криминален живот. Што ви реков? А бе, драма! Сериозно, го препорачувам. Оцена. 8 Тhe Legend of Tarzan (2016) Кога ќе помислам на Тарзан, ми текнува на книгите кои ги читав како дете, на Џони Вајсмилер, на цртаниот на МТВ и на билјарката од Бушава азбука. Луѓево кои го снимале филмов очигледно помислиле само на цртаниот филм на Дизни и на ништо друго. Па така, у филмов го имаме практично Могли на стериоиди, наместо нешто од оригиналната замисла за ликот на Тарзан. Филмов не ми се допадна, ама ич. Имаше некои добри моменти, ама толку се малку, што откако ќе го гледате филмов, ги заборавате одма и ви останува само генералниот лош впечаток. Единствената работа која ми се допадна е што у филмов немаше origin story, за тоа како Тарзан станал Тарзан (затоа што сите веќе ја знаеме)– односно, имаше, ама беше расцепкана низ филмот и не одзема премногу време. Арно ама, времето што го заштедија со приказната за неговото настанување беше упропастено со потпросечно осмислена приказна за филмов. Неинвентивна, предвидлива, бледа и досадна, ви одзема точно два цели часа од животот кои никогаш нема да можете да си ги вратите. Специјалните ефекти и анимациите беа запрепастувачки лоши – тотално непростиливи за филм кој излегува во 2016-та, а особено за високобуџетен филм како Тарзан. Животните беа како излезени од видео-игра од 2005-та, а градовите беа живописни како гратчињата кои ги градев на Тропико кецот. За дивно чудо, акциони сцени имаше малку, ама можда и подобро, бидејќи и тие што ги имаше беа ужас за гледање. Или беа underwhelming или беа too over-the-top – нереални, до немај каде. Горили од 300 кила како летаат низ воздухот, префрлајќи се од лијана на лијана? Тарзан прима два куршуми во гради и продолжува да трча без мука и со исто темпо? Дај, не ме заебавај. Во филмов имаше многу добри глумци, чиј талент беше тотално неискористен, плус Марго Роби, која, од некоја за мене необјаснива причина, глуми у секој можен филм кој излезе годинава. Александар Скарсгард, убав дечко, за мене непознат, за кој не можам да кажам колку добро глуми, пошто у филмов беше очаен, и кога глумеше англиски господин, и кога глумеше дивјак од џунглата. Кристоф Волц и Сем Џексон, и двајцата првокласни глумци, ми беше жал да ги гледам како се мачат у филмов. Не е дека не се потрудија, напротив – баш затоа и ми беше жал – ама, кога е филмот срање, не можат да му помогнат ни таленти од нивен калибар. Се на се, не би го препорачал, дури ни за тепање време. Оцена: 5
TALLULAH (2016) Филмот е предобар. Посебен. Би го вметнал во жанр „инди“ зашто го доживеав како таков а и веројатно е . Јас лично очекував мнгу поразличен развој на приказната, па на крај малку останав незадоволен од исходот, ама како и да е ... Гледав филм кој би го вметнал во омилените, во оние кои ме задржуваат да со полно внимание во еден здив ги гледам. Глумата на мајката на бебето ми беше ПРЕКРАСНА! Камо среќа да беше поприсутна во филмот... Мислам дека на секој би му се допаднал баш поради тоа што е релаксирачки и онака... Лесен, пријатен. Ќе го оценам со 8/10 поради тоа што доколку приказната се одвиваше според моите очекувања, ќе ми беше уште потопол филмот )))
http://www.filmovizija.ws/movie/the-model-2016-video_445db0bd4.html Добар филм е оној филм кои и после завршувањето ке ти разбранува чуства, ке ти остане во глава и наредниот ден .Овој е баш таков филм Ема е девојка од Данска која оди во Париз за да биде модел Се заљубува во познатиот фотограф и набрзо почнува врска со него Повеке нема да откривам ке мора да погледните самите зашто филмот мора да го видите прекрасен е со јаки емоции
Spoiler: Не читајте ако не сте го гледале Јас се изнервирав што мажот и на Ева, оваа што ја почна играта не дозна дека таа има швалер.