Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.333
    Допаѓања:
    171.117
    треба да имаш инсталирано адроб флаш и јава и ке го гледаш го имаш и на војводина нет
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  2. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе се замешам, цитирана е Сесилија, ама го гледав филмот, па да кажам мое мислење :).

    Веќе дискутиравме со Сесилија дека најверојатно Роко, мажот на Ева, знаеше за аферата, по погледот што му го упатува на крај на Косимо и прашањето за новите обетки на Ева.
    Поради тоа, иако тој имаше најнаивна "тајна", одби да се игра целата игра и се' тоа беше само "штa би било, кад би било".
    Се гледаше дека бракот им е во криза, а тој сепак уште ја сакаше и најверојатно не сакаше се' тоа да го расипе една навидум наивна игра.
     
    Последна измена: 4 септември 2016
    На pupi.girl и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  3. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    ,,The Revenant,,
    Ne za dzabe dobil oskar ...
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.333
    Допаѓања:
    171.117
    @promeneta еве ти моја препорака
     
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Na vojvodina net nisto ne mi dava
     
  6. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Фала Алиса :*, одма проверив дали го има на Попкорн и го има :party:, утре ќе го гледам обавезно :!:.
    Од мене за тебе препорака Money monster или Celda 211 :).

    ЕДИТ: Може и овој:

    CLEVELAND ABDUCTION (2015)

    Вистинска приказна за киднапирањето на Мишел Најт и нејзиниот живот во куќата на киднаперот цели 10 години.
    Потресна драма од која можеме да извлечеме поука да не веруваме никому, освен на себеси и на Бог.
    Од мене оцена 10/10.
     
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.333
    Допаѓања:
    171.117
    гледани и двата се што е 2015 и надоле се е гледано
     
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.333
    Допаѓања:
    171.117
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  9. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    А Cleveland abduction? Погоре пишав рецензија.
    Enemy?
    Martyrs?
    Road games?
    I killed my BFF?
    Death Clique?
    The Unknown?
    The usual suspects?

    Не знам каков жанр обожаваш, сите тие се трилери со неочекуван крај :).
     
    На theunforgiven и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не го заприметив погледот, ама штом вие сте заприметиле сигурно знаел. Во секој случај интересен филм

    The model
    типичен женски филм, за тоа како една девојка сака да си го оствари сонот и да стане модел на Шанел. Секако не се одвива се според планот, зошто е често манипулирана и наивна. Ништо посебно, интересен за тепање време :)
     
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Синоќа останав до 2.30 за да го догледам филмов.... Добро филмче и доста поучно.... Препорачувам (y)
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Како досега никој не спомнал колку добар актер бил Jake Gyllenhaal, а ]:)?
    Откако го изгледав Enemy од кој бев воодушевена, овие денови изгледав уште два филмови со него и сум импресионирана од неговите трансформации од филм во филм :clap:.
    Ми е гледан и Prisoners, ама штотуку дознав дека е со него (facepalm).
    Ајде рецензија за двата последни кои ги гледав:

    NIGHTCRAWLER (2014)

    Лу Блум е ситен крадец кој барајќи работа доаѓа до идеја да прави ноќни снимки од несреќи и да ги продава на една телевизија.
    Таму добива поддршка од уредничката Нина и почнува неговата "работа".
    Во филмот е прикажано што се' се прави да се дојде прв до ексклузивна вест.
    Од мене оцена 10/10.

    SOURCE CODE (2011)

    Капетанот на воздушна авијација Стивенс е преместен во телото на учителот Шон во владин експеримент кој има за цел да доведе до сознание кој е бомбашот во еден воз и кои се неговите натамошни намери.
    Но, за да дојде до тоа сознание, Стивенс/Шон има само 8 минути.
    После секој неуспех, се' почнува од почеток, а тој е се' поблиску до својата цел.
    Интересен филм, научна фантастика која задржува внимание.
    Нешто баш и не разбрав, ама за глумата на Jake, од мене оцена 10/10.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.205
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам предлозите на @promeneta , последно ги гледав Perfetti Sconosciuti и Enemy. За првиот филм има доста пишувано на темава, предобар филм и многу реално ја отсликува денешницата, дефинитивно пробуди многу емоции кај мене и топло го препорачувам. Вториот филм, немам некое мислење затоа што многу ме збуни и воопшто не го сфатив. Читав објаснувања на интернет ама пак нешто не ми е јасно :D .

    Би го препорачала и филмот The perfect guy, доста реален филм, според насловот очекував нешто сосема друго, но ме изненади. :)
     
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @promeneta, се слагам за Гиленхал, иако имам скроз спротивно мислење за Enemy, кое не би сакал да го пишувам тука, пошто ќе биде оф-топик на темава.

    Можда треба да го предложиме у фоајето - не за друго, многу ме интересира дали ќе има некој што ќе го разбере филмов само од гледање. :D
     
    На Mishela и promeneta им се допаѓа ова.
  16. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Фала JustBeautiful :), јас читав објаснувања, ама најдобро ми се разјасни од едно видео на Youtube каде дел по дел беше разјаснет цел филм. И јас како тебе не сфатив се', ама самата идеја ме воодушеви.
    Eве го линкот:

    @Bender Rodriguez, баш би сакала да се анализира филмот, ги обожавам твоите саркастични анализи, секогаш ги читам смеејќи се и воодушевувајќи се колку длабоко навлегуваш во филмот :).
    Јас немам многу познавања од таа област, гледам како просечен гледач, а Enemy ме воодушеви од причина што обожавам филмови каде секој збор, песна, па и постерот на ѕидот, има значење.
    Цел филм беше една огромна метафора и иако не верувам дека некој ќе го разбере без објаснување, откако го видов објаснувањето, и покрај некои нелогичности, многу ми се допадна.

    Многу би сакала да го чујам твоето спротивно мислење, а и други мислења нормално :).
     
    На JustBeautiful и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не знаеле ни сами како да го завршат филмот, можеле на поинтересен начин :)
    Филмот е психолошки, нема да му се допадне на некој што не сака психолошки филмови. На интересен начин е прикажана желбата за изневерување можам да кажам. :)
     
    Последна измена: 4 септември 2016
  18. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Пак јас :hai: :lol:.

    Ми привлече внимание тоа што мислиш дека можело да заврши на поинаков начин, бидејќи во објаснувањето е прикажано дека филмот, барем според мене, завршува на најинтересниот, и најсоодветен начин :!:.


    Во објаснувањето е појаснето дека кога професорот на крајот го држи клучот во рака, кај него повторно се појавува желба за неверство, односно повторно одење по тие некои секс клубови, нели ја прашува жената дали има планови за вечерва оти сака да излезе (иако претходно во својата потсвест го "убива" својот "непријател" преку сообраќајката и доаѓа до некое ослободување, односно мисли дека ќе стане верен).
    Исто, неколку пати тој ја повторува лекцијата за животот кој оди по соодветен патерн кој постојано се повторува. Вели, сите катастрофи се случуваат 2 пати. Првиот пат е трагедија, вториот е фарса.
    Демек, првиот пат кога го фатила жената во неверство било трагедија, а секој нареден пат е шега за него (од тука и неговиот подсмешлив израз на крајот од филмот).
    Кога ја повикува својата жена, тој гледа пајак во собата, односно повторно пајакот е метафора како тој ги доживува жените, како пајаци кои сакаат да го заробат во својата мрежа, а жената е бремена, па пајакот е огромен, во смисла нема лесно да се ослободи од неа.
    Интересно беше што кога тој се појавува на вратата, пајакот се собира, чувствува страв, односно жената длабоко во себе знае дека тој повторно ќе ја изневери и се плаши од тоа.
    За мене тоа беше совршено објаснување и крај, мажот кој еднаш изневерил, НАЈВЕРОЈАТНО повторно ќе изневери, а жената секогаш ќе живее во сомнеж и недоумица, во страв дека повторно би можело да се случи тоа.

    Се надевам дека филмот ќе се анализира, сакам да прашам нешто што не ми беше јасно, а не сакам тука да го цепидлачам и расипувам филмот :).
     
    На pupi.girl и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Еве и јас се приклучувам во клубот воодушевени од "Perfect strangers"
    @promeneta почнувам активно да ги следам твоите постови во темава :D
     
    На JustBeautiful, Daydream и promeneta им се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Imperium (2016)

    Фби агент се инфилтрира помеѓу белите терористи (оние што сакаат и се залагаат за чиста бела раса) и се обидува да го фати водачот и да открие планот по кој би го нацистите реализирале својот идеал.

    Темава е интересна, иако има многу филмови со ова идеја, само филмов е некако премногу млак, многу несериозно одработен. Го изгледав до крај, ама ништо посебно. Се време очекував нешто драматично да се случи ама моите очекувања не беа исполнети.
    Оцена 7/10

    The model (2016)

    Филмов е коментиран погоре. И мада е класична приказна за девојка која што сака да оствари сон како модел и на што наидува, сепак мене ми се многу допадна. Бавна приказна, ама некако животописна и реална. Додуша и сакам ваков тип на филмови па од мене е:
    оцена 9/10 Скоро 10/10 заради глумецот фотографот :)

    Neon demon (2016)

    Пак филмче околу убавината и што се некој е спремен да направи заради истата.
    Прилично умоболен и морбиден филм.
    Оцена 6/10 (мада и тоа му е многу)

    Money monster (2016)

    Тв водител за финансии кого го глуми Џорџ Клуни бива задржан како таоц, во текот на една своја емисија, од незадоволен и разочаран дечко, и емисијата и натаму оди во живо.
    Не е лош филм, се случува интересен пресврт.
    Оцена 9/10
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.