Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Blood father
    Мел Гибсон во една препознатлива улога како за него. После долги години добива повик од својата ќерка која беше западната во мафијашки кругови, сега таткото е овде за да ја спаси.
    download.jpg
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Елиса, приметив тоа и во претходните постови, па те охрабрувам да на крајот на филмот дадеш некоја своја лична оцена, чисто да ми/ни служи како ориентир дали воопшто да се осмелам да го гледам или не. :)
    Така пред некој ден барав што да гледам и видов твојот пост за Shallows. И не видов ни препорака, ниту некој личен коментар и го баталив.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    3.034


    Би сакал да те прашам, во кој дел на Македонија живееш? Многу чудно ми пишуваш... Некои чудно сврзани фрази и многу чуден редослед на зборови понекогаш имаш.


    Инаку, последен филм кој го гледав е "Florence Foster Jenkins". Се работи за богата жена која парите ги има наследено и буквално ги фрла по професори за пеење и клавиристи кои би ја придружувале додека настапува. Ги букира најпознатите сали и собира невиден број на публика. Сето тоа и не би било толку чудно доколку таа знае да пее. Напротив - таа НЕ ЗНАЕ да пее, а си има умислено дека е врвна оперска певица.

    Уште откако започнаа шпекулациите за тоа дека Мерил Стрип ќе глуми оперска пејачка (првично мислевме дека ќе ја глуми Марија Калас), едвај чекам да го гледам филмов. Подоцна, откако се разоткри и приказната за истиот, добив уште посилна желба. Дури и трејлерот не сакав да го гледам, ама го изгледав и очекував нешто УАУ. Но, на крајот не испадна баш така.

    Филмот е океј, не дека не е добар, меѓутоа... Некако како цело време нешто да ми недостасуваше. Можеби е тоа така оти јас премногу очекував...

    Ќе го оценам со 7/10. Би сакал да му дадам поголема оценка, ама не можам...

    Како и да е, погледнете го, ќе бидете сведоци на една ВИСТИНСКА приказна и на уште една ПРЕКРАСНА глума на Мерил Стрип и нејзиниот партнер во приказната кој го глуми Хју Грант. Ќе ве релаксира, на моменти ќе ве изнасмее, ќе ве остави со прашалници во главата и со тага во душата...
     
    На Sky-butterfly и Mayyya им се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    E vo pravo si ama koga nemam sto poveke da kazam za filmot nisto ne pisuvam ni ocena ni preporaka.Shallows mi bese epten pasiven, a ovoj so Mel Gibson paa i taka i taka i pokraj toa sto mnogu imaa napisano deka e odlicen mene mi bese onaka.Arno vikas od seha ke mavam kritiki.
     
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ако е и критика, пиши ја :)

    Cleveland abduction (2015)

    Вистинската приказна за злочинец, монструм, кој повеќе од десет години ги држеше три жени, отете на 14, 16 и 21 година, ги злоставуваше и силуваше.
    Случајот за Аријел Кастро.
    Приказната од која ми се повраќаше се време додека го гледав филмот, а ме и расплака на крајот (добро, не сериозно со солзи, ама ме обземаа емоциите :(

    Не би да го оценувам. :/
     
    На promeneta и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Sky гледај го овој The fundamentals of caring - ептен е интересен
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Синоќа го гледав филмов и цела ноќ не спиев мирно поради него...Ме акна у психа дефинитивно... Вреди да се изгледа.... Друго не знам што да кажам ...И денес и понатаму ќе бидам без зборови .....
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    25.246
    Пол:
    Женски
    Dark Summer


    [​IMG]


    Додека еден тинејџер е на домашен притвор, почнува да го прогонува дух на девојка која навидум се самоубила поради него, и со оглед на фактот што е на домашен притвор, нема излез.
    Солидна глума, ама приказната како да не беше развиена целосно, брз расплет и брз крај, не се доволно објаснети некои детали. Онака, просечен хорор.
     
    На Nausicaa и Elissa им се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Amityville Terror
    Едно семејство се преселува во куќа која подлежи на црна магија и од која никој не излегол жив. Од кога ќе се вселат наскоро ќе приметат дека чудни работи се случуваат внатре. Ќе беше одличен без неколку сцени непотребни. Инаку веќе видена приказна, 6/10. Сепак кој е љубител на хорори може да го погледне.
    [​IMG]

     
    На MandyLane и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    SICARIO (2015)

    Откако ја видов високата оцена на филмот на IMDb и предобрите коментари од гледачите, решив да го пуштам и да го гледам филмот во 3 по полноќ.
    Дали оти очите ми беа на пола копје, или оти немам познавања за нарко картелите и односот САД - Мексико, некако не бев премногу воодушевена.
    Филмот е интересен, задржува внимание дефинитивно, глумата е супер, посебно на Бенисио дел Торо, ама немаше нешто што ќе те остави без зборови.
    Оцена 8/10.

    POKER NIGHT (2014)

    Секој млад полицаец во Индијана кога ќе стане детектив, оди да игра покер со најдобрите постари детективи кои раскажуваат нивни случки и искуства.
    Во меѓувреме, на слобода има еден сериски убиец.
    Несекојдневен филм, од мене оцена 8/10.

    Иако сум Офф, сакам да препорачам уште неколку филмови кои ми оставиле голем впечаток кога сум ги гледала, иако тоа било пред години уназад:

    THE NEGOTIATOR ( 1998 )

    Филм со Семјуел Л. Џексон и Кевин Спејси, потребно ли е друго да се каже?
    Најдобриот преговарач на ФБИ е ставен во позиција со него да се преговара, откако е обвинет за корупција и убиство.
    Филм од над два часа кои не ги осетив, предобар, од мене оцена 10/10.

    HIDE AND SEEK (2005)

    Вдовец со својата ќерка се сели во нова куќа по самоубиството на својата жена.
    Додека таткото се труди да продолжи со животот, ќерката си наоѓа замислен пријател со кој си игра криенка.
    Шокантен крај, од мене оцена 10/10.

    FLYPAPER (2011)

    Човек оди во банка и заглавува таму меѓу две групи на ограбувачи кои во исто време се обидуваат да ја ограбат банката.
    Во цела приказна има и една убава жена.
    Комедија/ трилер кој ем ќе ве насмее, ем ќе ве изненади.
    Од мене оцена 10/10.

    WAR (2007)

    Филм со Џет Ли и Џејсон Статхам кој ми остана во сеќавање поради неочекуваниот крај.
    ФБИ тргнува во потрага по убиецот на својот партнер.
    Крајот ме остави без зборови.
    Предобар, од мене оцена 10/10.

    SNATCH (2000)

    Различни профили на луѓе тргнуваат во потрага по скапоцен дијамант.
    Филмот ми е гледан многу одамна, само ми е останато во сеќавање дека се договоривме со мм дека мора пак да го гледаме за поубаво да го разбереме.
    Не е за секој, тоа е сигурно.
    Крајот беше неочекуван, поради тоа оцена 10/10.

    FACE/OFF (1997)

    Филм со Џон Траволта и Николас Кејџ, интересен трилер во кој ФБИ агент со пластична хирургија си го менува личниот опис во познат терорист.
    Оцена 10/10.

    Бидејќи препорачувам секогаш ист жанр, ајде да сменам малку.
    Еве неколку комедии кои успеале да ме насмеат до солзи.

    MY COUSIN VINNY (1992)

    Најдобрата комедија што сум ја гледала во животот, со неповторливиот и најпотценет актер, Joe Pesci.
    Две млади момчиња се обвинети за убиство.
    На помош доаѓа роднината адвокат Вини.
    Солзи ОД смеа, од мене оцена 100/10.

    THE MAN (2005)

    ФБИ агент е во потрага по убиецот на својот партнер.
    Во текот на потрагата по грешка му се придружува продавач на забни апарати кој не знае да си ја затвори устата.
    Пресмешна акција, комедија, трилер, од мене оцена 10/10.

    DRILLBIT TAYLOR ( 2008 )

    Овен Вилсон, и три момчиња кое од кое позабегано :rofl:.
    Трите момчиња го ангажираат скитникот Тејлор да ги одбрани од школските насилници.
    Смешки, оцена 10/10.

    HORRIBLE BOSSES 1 (2011)

    Тројца пријатели незадоволни од своите шефови решаваат да им се спротивстават и ги планираат нивните убиства.
    Оцена, 10/10.

    ANALYZE THIS (1999)

    Били Кристал е психијатар чиј најбитен клиент е несигурниот мафијаш Роберт Де Ниро.
    Има и втор дел, Analyze that.
    Се знае, оцена 10/10.

    ICE AGE: THE MELTDOWN (2006)

    Анимиран филм кој ме пресмеа, посебно кога посумот пее, I believe i can flyyyy... :rofl:.
    Оцена 10/10.
     
    На christinnn, JustBeautiful, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Dream house 2011 Трилер/Драма
    image.jpeg
    8/10
    Семејство се преселува во нова куќа и дознава дека претходно се случило нешто што го менува текот на настаните.
     
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Одлично. Тој ми е следен. Го ѕирнав накратко на нет сега.

    @promeneta кога ти го видов постот на прв поглед, си помислив што направи девојчето :o
    (Гледаш, девојче си, не жена :D)
    Некои ги имам гледано од листата, другите ќе ги гледам сигурно.

    Еден од моите омилени филмови е Twice Born (2012) со Пенелопе Круз.
    Го имаш гледано? Ако не, ете ти препорака.
    И за The intouchables препорака исто така. Еден од моите омилени.
     
    На christinnn, elimkd, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Девојче од 30 години со 3 годишно детенце 8) :emo: :rofl:.
    Фала на комплиментот инаку :D.
    Не ми се гледани твоите препораки, ќе проверам дали ги има на Попкорн или Филмовита, само таму гледам филмови во последно време.
    За тој со Пенелопе не ветувам дека ќе го гледам, а другиот ми привлече внимание, па после Моделот од Алиса, на ред ќе биде Недопирливи :!:.

    Инаку, кога и' го предложив Cleveland abduction на Алиса, на ум те имав и тебе, знаев дека ќе ти се допадне :lol:.
     
    На zhap4e и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.551
    Допаѓања:
    42.935
    Пол:
    Женски
    @promeneta со Пенелопе мораш да го гледаш и мене ми е еден од омилените. Сигурно ќе ти се допадне.
     
    На Sky-butterfly и promeneta им се допаѓа ова.
  15. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Twice born ќе те остави без зборови.
    Кога сме кај омилени филмови јас го препорачувам Original sin со Анџелина Џоли и Антонио Бандерас.

    Cleveland abduction врв. Незнам на крајот откако се ослободија некое чудно чувство имав, триста мисли низ глава ми поминаја и си поплакав малку. Одамна не сум плачела на филм.
     
    На Sky-butterfly и promeneta им се допаѓа ова.
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    3.034
    [​IMG]


    Dear Eleanor (2016)


    Одамна не сум гледал филмче кое ќе ме опушти... Исто како во времето кога бев мал и на ТВ начекував топли филмчиња, ете така се осеќав додека го гледав филмов.
    Девојката што ја глуми Ели (со посветлата коса) ми е преубава! Башка, глуми и Џесика Алба. Многу, ама ептен многу сум задоволен. Ништо посебно не се случува, ама на крај добиваш одличен филмски пакет за релаксација...

    10/10

    P.S. Сосема случајно налетав на филмот. Уште еден доказ дека непланираните нешта се послатки :)
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    10.196
    Пол:
    Машки
    Марсовец - одличен филм за оние што сакаат астрономија, патувања во вселената. Филмот е правен според реални научни параметри (земени се предвид: реалната далечина на Марс, атмосфера и атмосферски притисок на Марс, гравитацијата, однесувањето на космонаутите, телекомуникациските можности, брзини, Њутнови и Кеплерови закони, значи многу јак филм :)

    [​IMG]
     
    На Lella, SimonaTino, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Intersteller ако не си го гледал, да го гледаш. Мене дури и повеќе ми се допадна тој.:nod:
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    The fundamentals of caring (2016)

    Бен се пријавува за работа како негувател за лица за посебни потреби. Неговиот прв пациент е 18.годишен дечко Тревор кој пати од мускулна дистрофија.
    Бен ги влече зад себе и своите минати трагедии.
    Нивната авантура започнува и еден преку друг си наоѓаат прифаќање и душевно исцелување.

    Приказната оди бавно, без некои драматични случки, пресврти и расплети, интересно прикажан( имаше некои сувишни, и да не речам досадни делови), ама се на се, не е лош.
    Од мене оцена 8/10
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Invictus 2009 Биографија/Драма
    image.jpeg
    8/10
    Мотивациски филм за Нелсон Мандела.

    I thank whatever gods may be
    For my unconquerable soul
    I am the master of my fate,
    I am the captain of my soul.