Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    10.196
    Пол:
    Машки
    Го гледав на премиерата во Америка, во 3D :) Супер е, ама има малку повеќе научна фантастика, а на крајот па и ептен. Ја сакам пореалистични, да можам да се филмам како и јас сум на Марс :)

    Gravity со Сандра Булок и Џорџ Клуни?
     
    На SimonaTino и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos, го гледав.:nod: Не ми беше толку интересен. Дури и не памтам многу, многу што се случуваше во филмот освен пар сцени.
    Интерстелерот,баш ради научната фантастика можеби и ми се допадна повеќе (настрана од тоа дека Меконахи е всушност главната причина)...по ми дава простор да се филмам...“иха, и јас на тоа имам мислено“ демек.:nod:
    Ми се свиѓаше објаснувањето за разликата во времето од планета до планета..и пар други работи.
    Во Марсовецот.. компирите.:whew: Како љубител на компири...:mm: :D Сепак, супер филмчиња.:)
     
  3. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    THE MODEL (2016)

    Прво, фала на @ALISA0000 за препораката :).

    Филмот е драма кој го опишува патот кон успехот на девојка од Данска која сака да стане модел во Франција.
    Филмот ми беше интересен, ама беше премногу млак и предвидлив за мој вкус :).
    Читајќи низ каков трновит пат минуваат моделите во реалниот живот, ова ми беше некако премногу бајковито.
    Очекував повеќе секс, дрога, алкохол, изгладнување, одрекувања...
    Можеби и не е до филмот, можеби е до мене што во последно време имам изгледано толку многу болни филмови што овој просто ми е нереален :D.
    Пример, I spit on your grave 2 е исто за девојка што сака да стане модел и е далеку побрутален, иако филмовите не се ни одблиску слични.
    Плус, неколку пати толку се изнервирав од некои ептен нелогични и наивни работи, како да ме правеа будала во лице.

    Првиот пат фотографот воопшто не беше задоволен од неа, дури го откажа снимањето, за потоа после САМО еден бакнеж тој се заљуби во неа и сфати колку е таа убава, бла, бла, бла..
    Наеднаш стана барана во светот во модата, а баш ништо не покажа по што би отскокнала од другите модели.
    Потоа, во првиот момент кога таа се разочара во него, се појави човек кој БАШ работи за Шанел, нејзиниот сон, аха, сигурно.
    За дечкото од Данска да не правам муабет. Девојка му се бакнува со друг, а тој само гледа и ништо не реагира. На крајот и сам и' се враќа, да биде уште поневеројатно.
    Кога рече дека е бремена, викам ајде ќе има некој заплет, за после 10 минути да каже дека лаже.
    Се разбира, цимерката спиеше со фотографот, попредвидливо здравје.
    На крајот го заведува тој стариот чија соба ја користеше, па се чуди кога тој ја нападна (не оправдувам, ама не знам зошто се чудеше кога беше очекувано, мислам таа убаво знаеше што мисли тој за неа и какви намери има). Тој нормално остана жив, немој пак нешто драматично да се случи во филмот :D.
    И на крај си дојде фино лепо дома, никаков проблем од фамилијата, па и дечкото и така.
    Крајот ми се допадна, као еве низ што помина, и на следниот повик таа пак се мисли да оди низ истиот пат.
    Филмот ми беше како да сакале да покажат што се' може да се случи, ама не на неа.
    Пример, апчето што и' го дадоа (демек дрогата постои во светот на модата), или цимерката кога ја прашува дали не и' кажаа дека е дебела (не и' кажаа нормално), или пак бременоста (не беше вистинска нормално), или силувањето, прободувањето...

    П.С. Читам на многумина многу им се допадна фотографот, само на мене не ми беше ништо посебно, напротив ми одеше на нерви со гримасите што ги правеше со устата :D.
    Ама многу ми се допадна песната кога џогираше Ема, но неможев да ја најдам, па ако ја најде некој би му била благодарна :).

    Еве од мене препорака:

    12 ANGRY MEN (1997)

    12 поротници мора да одлучат дали обвинетиот за убиство е виновен или не.
    Цел филм се одигрува во една соба каде секој од поротниците си го дава своето мислење.
    Дали секој ќе остане на своето мислење, гледајте и ќе дознаете :).
    Од мене оцена 10/10.
     
    На tina-63, ph.orhideja, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    127



    Оваа ?
     
    На Acka22 и promeneta им се допаѓа ова.
  5. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Даа, фала ти многу :*, преубава е :inlove:.
     
  6. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    THE INTOUCHABLES (2011)

    После препораката од @Sky-butterfly, му спомнав на мм дека ми го препорачуваат филмот, викам ми го препорачуваат Intouchables со ДАСТИН ХОФМАН и еден црнец :D.
    Вика, знам за еден француски Intouchables, и е ептен добар, ама не е со Дастин Хофман :wasntme:.
    И така, после неговиот благослов :rofl:, го пуштив филмот и не морам ни рецензија да напишам, со еден збор се опишува филмот - СОВРШЕН!!

    Сепак:
    Филипе е богат аристократ кој боледува од квадриплегија.
    Во потрага е по лице кое би му помогнало во секојдневните обврски и тука настапува на сцена Дрис кој штотуку излегол од затвор.

    Филмот е правен по вистинска приказна за пријателството помеѓу Филипе и Дрис.
    Филмот не е тажен, ама предизвика силни измешани емоции кај мене.
    Од една страна смеа од досетките на сурово искрениот Дрис и неговото исмејување на аристократијата, односно слушањето класична музика, опери, апстрактната уметност...
    Од друга страна солзи од нивната меѓусебна лојалност, се прифатија меѓу себе такви како што се, ништо помалку, ништо повеќе.
    Прекрасна, топла драма/комедија која мене ме воодушеви (а и францускиот Дастин Хофман e многу поубав :inlove: :D ).
    Од мене оцена 10/10.

    Скај, голема благодарност за препораката :*, следен за гледање Twice born (fingers).
     
    На elimkd, Nausicaa, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.868
    Пол:
    Машки
    Хелоу филмомани.
    Повеќе сум по сериски филмови од три причини...пократки се (ми заштедуваат време и не заспивам на половината од фимот)
    Денес е ден независност и као дома сум па ајде да гледам нешто што е полајт а не е нешто ептен боза.
    Ми го препорачаа(клика на насловот и ве води до филмчето) now you see me првиот и вториот дел па почнав со кецот разбирливо.
    Ми се допадна искрено и не зажалив.
    Магија и надмудрување ке ви биде доволно да го ѕирнете...или пак илузија како што викааат во филмот.
    Морган Фриман ми глуми прекрасно,Мајкл Кејн и остала екипа.
    Еден ми потфрлаше во глумата ама коа заврши филмот сватив уствари зашто ми делувало така :)
    Сакам некој ако го изгледа да ме реплицира и да ми даде мислење.
    Филмот според мене се гледа два пати.
    Значи мозок на пасење и спремете се за магија:bandit:
     
    На JustBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ninorta

    ninorta Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Гледав 2 филма, сега го завршив другиот.
    Првиот многу е добар драма You're Not You (2014) - брачна двојка од која жената на прославата за нејзиниот 35-ти роденден ќе седне да свири на пијано и ќе и се слоши, се разболува од АЛС болест, и ќе бара некој кој ќе ја чува. И ќе се вработи една млада девојка кај неа и ќе станат најдобри другарки до смрта на жената. Видете супер е. 9/10
    Дригиот е корејски филм 200 Pounds Beauty романтична комедија, таа е дебела ама со убав глас и работи како пеачка ама само гласот го покажува на публиката а физички го толкува друга згодна пеачка , и ќе се вљуби во менаџерот ама тој ја користи само за гласот и страв му е да не открије таа после да не ја изгубат зарадата, и кога ќе го слушне разговорот на лажната пеачка и на менаџерот ќе отиде кај доктор за пластична операција и цела ќе се трансформира од коса до ноктите :D и така после се и сешто ќе се деси кога ќе дознаат. Гледајте за да го видите крајот :). 8/10.
     
    На Acka22 и Jean-Baptiste им се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Road Games (2015)
    Во еден регион владее страв од локалниот убиец, кој ги наоѓа своите жртви по патот. Едно младо момче на кое му треба превоз сретнува девојка и двајцата стопираат една кола и следи нивното патешествие. Добро кај филмот беше тоа што беше неизвесен и непредвидлив до самиот крај. 6/10
    Before i wake (2016)
    По загубата на своето дете млад брачен пар се решава да посвои друго детенце. Но детето има проблем и се плаши да заспие бидејќи кога заспива веднаш сонува лоши работи а сите тие во исто време се случуваат во живо. Интересен е филмот, 7/10
     
    На Jean-Baptiste му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    3.034
    [​IMG]


    BEING CHARLIE (2015)

    Чарли е 18 годишник кој има навлезено во водите на дрогата. Неговиот татко е заслепен со кандидатурата за гувернер на Калифорнија и некако нема доволно време за своето семејство. Како повреден од ситуацијата се чувствува и Чарли, кој е пратен во центар за рехабилитација, но тоа не му е баш по ќеф. Откако еднаш ќе проба да избега и успешно ќе се врати дома, се соочува со реалноста: Неговите родители не го сакаат дома туку навиваат за тоа да се врати назад. Дали е тоа нивна искрена желба за негово добро или, пак, само начин преку кој татко му сака да си го заштити политичкото лице не дозволувајќи ѝ на јавноста да дознае дека има син-наркоман?

    Секогаш, ама баш секогаш добрите филмови ги начекувам тотално случајно. Така и овој. Го препорачувам! 9/10
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  11. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Не знаев веќе каде и кому да ги искажам моите синоќешни чувства и емоции кои ги доживеав гледајќи еден прекрасен турски филм , па решив тука вам да ви се "исплачам"..... И денес не можам да се соберам, душата сеуште ме боли, никогаш во животов не сум се олку потресла за некој филм како синоќа.... И додека го пишувам ова, солзи сами ми навираат... Секако дека тоа е само филм и глума , но мене премногу ме погоди....

    Се работи за филмот Evim Sensin (2012), а го гледав на www.vojvodinanet.com во жанрот за романтични филмови.....
    Значи толку прекрасна глума, прекрасна музика, прекрасни емоции, прекрасни сцени.... Немам зборови.....

    Се работи за една права и вистинска љубов која што во денешно време ретко може да се сретне таква, а и да се сретне, само еднаш во животот се доживува таква љубов... Но за жал страшна болест не им дава прилика да бидат среќни и заедно до крајот на своите животи....

    Верувајте, дефинитивно вреди да се изгледа филмов...Топло го препорачувам .
    Од мене отцена 10/10
     
    На busavobebe, Acka22, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    The sea if trees (2015) Drama image.jpeg
    7/10
    Дали знаете која е омилената боја на вашиот партнер, омилена книга, песна?

    Разочаран од животот Артур заминува на место кое ќе му го смени погледот кон животот.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    3.034
    [​IMG]


    ''You Will Meew a Tall Dark Stranger'' (2010)

    Го обожавам Woody Allen! Дефинитивно тој е мојот омилен режисер. Приказните секогаш ги раскажува на свој уникатен начин, ги екранизира во вистинските бои и име специфичен стил.

    Конкретно, филмов е прекрасен! Нема да откривам ништо повеќе од тоа дека станува збор за романтична драма и дека поуката од сето она што ќе го изгледате е тоа дека KARMA is a bi*ch! + тоа дека ТРКАЛОТО се врти. И, секако, ќе ве натера да размислувате за вашите постапки и за шансите кои сте ги пропуштиле како и одлуките кои можеби прерано (пребрзо) сте ги донеле во вашиот љубовен живот.

    Топло препорачувам!

    9/10 !!!
     
    На Acka22, Mayyya, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    GRAND PIANO (2013)

    Познат пијанист кој не свирел 5 години, повторно се враќа на сцената да ја поврати довербата на обожавателите.
    Кога почнува концертот, тој доаѓа до сознание дека е под надзор на снајперист кој ќе го убие и него, и жена му, ако погрешна нота е отсвирена.
    Тој повторно мора да се соочи со себе и своите стравови, преку свирење на "Неизводливото дело" кое успеале да го отсвират само неговиот починат ментор и тој.
    Многу интересно, нели?
    И беше интересно првиот саат, за последните 15 минути да го оправдаат нискиот рејтинг на IMDb.
    Како викаат, крајот го краси делото, епа овде крајот го гнаси делото.

    Крајот можеше многу пореално некако да се направи.
    Прво, кога почна да пее жена му, мислам жена му беше глумица или пејачка? Такви ситници многу ме вадат од такт.
    Од таму се' почна да оди надолу.
    Второ, паднаа со снајперистот од голема височина, снајперистот на место мртов, пијанистот со едвај скршена нога.
    Трето, за 5 минути заборави дека има скршена нога, па си стана, си прошета до испокршеното пијано да го отсвири делото за да го земе клучот.
    И четврто, ИСПОКРШЕНОТО пијано совршено си ја заврши работата, и најпредвидливо, клучот излезе, еба.и механизмот, еба.и :headbang:.
    Како да ги брзал некој да го завршат филмот, па лошите момци за две секунди умираат, а пијанистот здрав, жив, со повратена слава и клуч од сеф во џебот.

    Можеше да биде совршен, а излезе нереален и просечен филм.
    Само заради првиот час, од мене оцена 8/10.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Our kind of traitor
    Еден брачен пар кој на одмор пробува да си го врати сјајот на бракот,сосема случајно се наоѓа вплеткан во матните игри на Руската Мафија.
    Водејќи се по прашањето на честа и праведноста,тие му помагаат на русинот,со посредство на британската служба,да се обезбеди имунитет,нему и на неговата фамилија.
    Солиден филм,но очекував повеќе шпионажа.
    Оцена 8.5/10.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    October sky
    Прекрасна драма за тоа какп еден тинејџерски сон ќе се оствари. Хомер сонува да отиде во вселената и заеднп со тројца соученици почнуваат да прават проектил. Ја лансираат ракетата и добиваат огромна поддршка од сите. Само таткото на Хомер е убеден дека најдобро би било да работи во рудникот и да го живее неговиот живот.
    Прекрасен филм базиран на вистински настан. Ќе предизвика многу да размислувате :)
     
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    The Shallows (2016)

    Како и зашто дојде до тоа да го гледам филмов, не прашувајте, ама го гледав и сеа ќе ви кажам збор-два за него. :D

    Блејк Лајвли, антипатична како и секогаш, е супер-жена - тело на манекенка, интелект на завидно ниво (студент на медицина е), а башка и сурфа како професионалец. Додека патува низ светот и размислува за своите животни избори по смртта на мајка и, заминува на забутана плажа во Мексико и таму се среќава со големата бела ајкула, со која влегува во борба за живот и смрт.

    Спојлер: ајкулата не победува.

    Филмов е досаден, предвидлив и има доста моменти за превртување очи. Блејк Лајвли се расфрла со латински изрази и жаргони, а не и стои ич, а у моментот кога детално си ја опишуваше раната на ногата на GoPro камерата, мислиш гледаш епизода од ER, скоро да си повратив у уста.

    Глупи и нејасни моменти имаше многу:
    • Зашто отиде до плажава без организиран превоз и начин да се врати назад?
    • Како воопшто планираше да се врати назад, кога не го дозна ни името на плажава у цел филм?
    • Зошто си го ризикуваше животот за да ја земе GoPro камерата и како беше сигурна дека брановите ќе ја однесат до плажата за да ја најде некој?
    • Зошто ајкулава толку многу сакаше да ја убие, кога веќе имаше цел, на толкав, кит за јадење, а башка успат уби и други двајца сурфери и една пијандура?
    • Зошто ајкулата умре на толку глуп начин - се залета толку многу демек, што не можеше да запре, него се набоде на тоа железата? Јао, куку! (facepalm)
    Добри моменти имаше малце:
    • Пијаниот мексиканец што сакаше да ја ограби. :D
    • Галебот со скршено крило, за кој искрено поише се секирав дали ќе преживее неголи за Лајвли.

    Се на се, (под)просечен филм, у кој ајкула е главниот негативен (демек, не сме гледале некој таков до сеа) и све си мислам, да не беше со Блејк Лајвли, ќе имаше оцена 3-4 на IMDB и ќе беше straight-to-DVD.

    Од мене една (едвај) прелазна 6-ка.

    All is Lost (2013)

    Од друга страна, ако сакате ваков тип на филмови, man vs. nature, филмови со малце или ич дијалог и со практично само еден глумец, па уште и на море, тогаш за вас е All is Lost. Чичко Роберт Ретфорд ни покажува како тоа треба да се направи и да изгледа, уште у 2013-та, кога Блејк Лавли не била ни полнолетна. :D

    Шала на страна, освен концептот (кој не содржи ајкула која исклучително мрази луѓе), филмовиве скоро и да немаат ништо заедничко, затоа што овој е добар, а првиот не е. :D

    Оцена - чиста 8-ца, ако сакате ваков тип на филмови - препорачувам!
     
    На Targaryen, Peppermint, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.738
    Допаѓања:
    145.160
    Два филма за убивање монотонија.

    Me before you(2016)

    Лу Кларк ја ангажираат да му помага на парализираниот Вил.
    Вил пред несреќата бил голем авантурист, па сето тоа многу го погодува. Лу е тука да го насмее и да му го промени животот.
    Боза лимода дополнета со прекрасни пејсажи.

    7/10


    Тhe choice(2016)

    Режиран по книга на Спаркс. Треба ли уште да дополнам?:D
    Типично во негов стил, ништо поразлично.
    Лесен за гледање.
    Приказната е за Тревис и Габи, комшии кои преминуваат во нешто повеќе.

    Животот покрај океанот, убавини.

    8/10 за крајот нетипичен за Спаркс
     
    На Wahnsinn, Targaryen, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    DAGLICHT (DAYLIGHT) (2013)

    Адвокатката Ирис е самохрана мајка која од една страна се грижи за својата кариера, а од друга, за својот аутистичен син.
    Нејзиниот живот уште повеќе ќе се искомплицира кога ќе дознае дека има брат осуден за двоструко убиство.
    Ирис започнува истрага и го става својот живот и животот на својот син во опасност.
    Дали вистината заслужува да ја види дневната светлина?
    Интересен трилер, можам да цепидлачам, ама сепак од мене оцена 10/10.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Fiend Request
    Една девојка која е многу активна по социјалните мрежи а посебно на фејсбук добива понуда за пријателство од една мистериозна девојка со која заедно посетуваат часови на факултет. Од кога ќе ја прифати понудата почнуваат нејзините проблеми. Филмот е нешто како хорор, трилер од мене 7/10
    [​IMG]
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.