The model (2016) Се работи за Емма, девојка од Данска која оди во Париз со надеж за остварување на својот сон , да стане модел. Таму го среќава фотографот Шејн и се опседнува со него. Бледа драма во која не се дешава ништо посебно. Одблиску покажано тоа што веќе сите го знаеме. Од имбд има 5.9. Јас ќе му дадам едвај 5/10.
Сега го гледав хорор филм се вика Orphan (2009) предобар е, втор пат го гледам.. Една фамилија од 4 члена мајка,татко,син и ќерка помала што не збори и само со помош на апарат за слух слуша.Се решаваат да присвојат дете , претходно загубија бебе, и ќе видат таму едно девојче се вика Естер , паметна ,мила , добра(лажна)! од кога ќе им дојде дома само проблеми, и таа го крие вистинскиот идентитет, ќе се сличуваат доста работи, да не ги откријам сите, таа има 33 год. и има некоја болест што не расте само годините идат, и изгледа како девојче, а инаку е серијски убиец. Супер филм , топло го препорачувам.Ако некој го изгледа, пишете коментари. 10/10
Orphan - ми е еден од најомилените хорори, кој знае колку пати го имам гледано последен гледан филм Florence foster jenkins Мерил Стрип и Хју Гранд одлични актери, ги обожавам. Мерил Стрип во улога на богата жена од Америка која сонува да пее и да стане популарна. Таа мисли дека ако имаш пари можеш да имаш се, ама ете нејзе и недостига гласот. Интересен филм бил вистинска животна приказна. Има доста смешни моменти. 8/10
Да почнам со „Хамлет“ - 1948 Не за џабе филмов има добиено 4 оскара. Феноменален е. Одлична интерпретација на трагедијата, глумата беше скоро па беспрекорна. Главниот актер прекрасно го донесе Хамлет на филмското платно, во некои критики се опишува и како најдобрата интерпретација на ликот на Хамлет. Тоа што филмот е во црно-бело уште повеќе ја нагласува некоја убавина и го истакнува делото. Многу од феноменалните цитати на Шекспир се донесени на емотивен начин, на начин на кој што прави уште повеќе да му се восхитуваш на делото. Филмот не се гледа без превод, бидејќи е на англискиот со кој Шекспир пишувал, и македонскиот превод беше на превисоко ниво. Два ипол часа ми поминаа во секунда, топло го препорачувам на сите вљубеници во Шекспир. „Многу врева за ништо“ - 1993 Разиграна, весела и романтична драма, на моменти комедија во убавините на Месина. Делото го немам читано, но после филмов обавезно го земам во раце. Филмот е лесен, дејствието се одвива доволно брзо и го задржува целосно вниманието. Главната улога ја имаат слатката и невина Хера и нејзиниот вереник Клаудио, кој откако се враќа од војна ја бара нејзината рака. Тие со принцот дон Педро, нејзиниот татко ќе сковаат план како да ги спојат нејзината братучетка Беатриче, и Бенедикт, кој е тврд и инаетлив ерген кои се во константен конфликт. Додека тие ќе се обидуваат да ги спојат, братот на дон Педро им кова лоша одмазда на Клаудио и Хера. Одлична глума, убав спој на актери. Ептен го препорачувам филмов. Ќе го симнам да го гледаме со мајка ми некој ден. Се разбира и двата филма имаат 10/10
Eye in the sky Филмов е воена драма,за суровоста на војната и моралните дилеми. Една воена интервенција треба да биде извршена со цел да се превенираат понатамошни самоубиствени бомбашки напади,а од друга страна како колатерална штета е животот на едно невино дете. Многу ме потресе филмов.Дава една насока на размислување на многу актуелна тема,со што се се соочуваат многуте деца кои секојдневно ги гледаме на вестите. Дали вреди еден детски живот да се жртвува за да се спасат потенцијалните жртви? Одличен филм.Оцена од мене 9/10.
IDENTITY (2003) Една дождлива ноќ, во еден изолиран мотел, поради сплет на околности се собираат неколку странци. Наеднаш, почнуваат убиства, а убиецот е еден од нив. Во исто време, сериски убиец ја чека конечната одлука дали за 24 часа ќе биде погубен или не. Интересен трилер, за мене со делумно предвидлив крај, но сепак успеа да ме изненади пријатно. Препорачувам, од мене оцена 10/10. THE GUEST (2014) На вратата на семејството Питерсон, кои имаат изгубено син кој бил воено лице, се појавува човек кој тврди дека бил пријател на нивниот починат син. Со неговото доаѓање, почнуваат и убиства околу нив. Интересен трилер, филм кој е добар за гледање, ама не предизвикува понатамошни размислувања околу него. Едноставно, го гледаш, уживаш, и го забораваш. Песните во филмот исто така беа преубави. Од мене оцена 9/10.
Mothers and Daughters 2016 ://www.filmovizija.ws/movie/mothers-and-daughters-2016-video_c118415c4.html филмов е перфекција под најхитно да се изгледа Изпреплетена приказна на повеке личнсти прикажана низ фотоапаратот на фотографката Ригби Една мајка што го дала своето дете на посвојување ,,,, Една мајка што ја криела витината од својата керка ........ филм за Мајката ........ лајк за финишот @promeneta @sesilija @monik55
Ах, Алиса, Алиса, го избегнувам Twice born затоа што прочитав дека е многу тажен и никако не можам да се натерам да го гледам, и на крај се изнаплакав на овој филм . Рецензијата си ја напишала, кратко и јасно, филм за мајката . Можеби на некој нема да го допре така како на нас, ама гледајќи го од аспект на нечија ќерка и мајка на ќерка, филмот пробуди многу чувства кај мене, и тага, и среќа, а и поука, што значи да се биде мајка. Препорачувам и јас . Фала многу на препораката .
JASON BOURNE (2016) Одлична акција и уште едно супер продолжение на Борн. Џејсон Борн е поранешен оперативец на ЦИА кој сака да разоткрие тајни податоци и да дознае нешто повеќе за смртта на неговиот татко кој исто така работел во ЦИА. 8/10
Jason Bourne (2016) Главните состојки за секој Борн филм се: Борн се обидува да дознае нешто од своето минато, има јака брканица со коли, бега од луѓе собрани во соба со компјутери, за на крај да дознае дека расипаниот тип од владата кој го бркал е уствари само марионета за некој друг (credit: Honest trailers). Пред да го гледам „искрениот трејлер“ за трилогијата, стварно не сфаќав колку се исти и репетитивни сите три Борн филмови. Додуша, можеби потсвесно знаев, затоа што бев воодушевен само од првиот. Сите Борн филмови (со исклучок на оној со Џереми Ранер, а без Борн ), вклучувајќи го и последниов, се добри акциони филмови, арно ама само The Bourne Identity е и добар филм, генерално. Откако после првиот филм, режисерската палка од Даг Лиман ја презема Пол Гринграс, работите почнаа да одат downhill - пред се и најмногу поради, проклетата shaky cam. It's not a thing, it will never become a thing и најважно од се, ми предизвикува морска болест, а морска молест немам ни на море. Аман више, доста беше! Во последниов филм, неимагинативно наречен едноставно Jason Bourne, ја имаме истата магична формула опишана погоре за претходните три филма - Борн се обидува да дознае нешто од своето минато, лошите владини момци, од некоја необјаснива причина, повторно сметаат дека тој е закана за нив, и решени се да го фатат или убијат, има женски лик кој трагично умира и секако, Борн го дознава тоа што го бара, притоа убивајќи ги главните негативци и на крај, повторно исчезнува, без трага и глас. Се додека продуцентите не одлучат дека е време повторно да се помолзе „златната крава“ наречена Борн франшизата и за некоја година не смислат некоја нова, а сепак веќе видена приказна. Позитивен момент у филмов ми беше Винсент Касл, еден од моите омилени глумци, кој одлично ја толкува својата улога на негативец. Добра акција, и ништо повеќе. Оцена: 7 Imperium (2016) Филм за тоа како Хари Потер стана white supremacist. Даниел Редклиф е ФБИ агент кој за да влезе во траг на пратка со цезиум 137 која мистериозно исчезнува, влегува undercover во редовите на американските расисти, неонацисти, ариевци и кјуклуксклановци. Филмов беше поинтересен од што очекував, а тука е и дополнителниот бонус што ќе ги дознаете застрашувачките факти за тоа колку голем број на Американци членуваат во вакви расистички организации, какви се нивните идеали и што се тие се спремни да направат за „моќта на белата раса“. Башка, и за тоа со колку многу оружје располагаат. Филмот следи предвидлива нарација, пред самиот крај дава неочекувана и интересна завршница, за да на крајот повторно западне во категоријата „предвидливи“ филмови. Во секој случај, вреди да се погледне, ако не ради нешто друго, тогаш ради купот интересни информации и одличната трансформација на Редклиф од ученик во Хогвартс во припадник на хитлерјунге. Оцена: 7
THE OVERNIGHT (2015) Млад брачен пар се преселува со нивниот мал син во Л.А. Набргу запознаваат друг брачен пар со син кој ги поканува на вечера. Вечерата почнува вообичаено, но откако децата ќе заспијат, ноќта се претвора во се', само во обична НЕ. Не знам што да кажам за филмот освен дека беше невообичаен за мене, не очекував дека ќе гледам такво нешто според рецензијата. На крајот МИСЛАМ дека се работеше за себезапознавање, преку оваа вечер секој ги откри своите скриени тајни и желби. Имаше и комични моменти, ама не знам дали го препорачувам или не. Оцена 7/10. MAIGRET SETS A TRAP (2016) Мр. Бин (Роуан Аткинсон) во малку поинакво издание . Oвој пат тој е во улога на инспектор Маигрет кој е во потрага по сериски убиец на жени на Монмартр. Откако ќе ја пронајдат и петтата жртва, тој решава да направи стапица со цел да го фати убиецот кој не прави ниедна грешка. Филмот мене ми беше предвидлив, ништо ново и бомбастично, видено милион пати по други филмови. Нема да ве остави со отворена уста, ама амбиентот некако ми беше интересен, а и Аткинсон совршено си ја одигра улогата (земајќи го во предвид товарот што го носи како Мр. Бин), па затоа од мене оцена 9/10.
Cafe society Интересен филм за животот на Боби кој оди во Холивуд и го замолува вујко му Бен да му најде работа. Вујко му го запознава со Вони, неговата секретарка, во која тој премногу се заљубува. Филмот е за изборот што луѓето го прават кога станува збор љубовта. Дали и после изборот ги копка нешто за да се вратат назад и одново да изберат нешто поразлично. За мене интересен, мислам дека ќе ви се допадне.
Hunt for the wilderpeople (2016) Едно дете кое се смета за проблематично во поправниот дома е однесено на посвојување. На почетокот не е добро прифатено од човекот кој треба да му биде старател но за кратко тие двајца ќе го започнат своето авантуристичко патешествие низ шумата и ќе станат најдобри пријатели. Интересно филмче...
The Hoarder Просечен хорор филм, со просечни карактеристики на ликови во ваков тип на приказна. Глумата на скоро завидно ниво и неколку сцени кои ќе ви го задржат вниманието.
Sully 2016 Базиран на вистинита приказна за принудното слетување на авион во реката Хадсон. 15.01.2009 7/10
Now you see me (2013) Ова е филм за гледање и уживање, визуелно знажен со фантастична и разиграна глумачка постава. Накратко, станува збор за екипа од илузионисти кои почнуваат да соработуваат за да остварат една цел. Дали станува збор за илузија, или за вистинска магија? Има хумор, препукување, занимливи дијалози...
Me before you (2016) Прекрасен филм немам зборови, а и многу тажен направи моето " ледено срце" да ми го стопи, ме сруши целосно. По Титаник овој е втор филм како ме расплакува. Не сум многу по вакви тажни филмови бидејки подоцна се нервирам зошто завршуваат со тажен крај, а не со среќен крај. Го ставам во моите топ 10 филмови т.е во моите топ 5 филмови.