Girl in progress (2012) Филм во главна улога на Ева Мендез, која е самохрана мајка која родила многу млада и на некој начин уште е во фазон на слободна и згодна млада девојка иако има ќерка која е скоро тинејџер. Филмот уствари го прикажува нејзиното созревање истовремено со нејзиното справување во улога на мајка. Ова е лесно филмче кое нема потреба од некаква рецензија, добар е за гледање во слободно време и е еден одоние филмови кои будат позитивни чуства по гледањето
A Royal Affair Млада англиска кралица е омажена за налудничавиот дански крал. Таа со него воопшто не е среќна и така е додека во дворецот не дојде личниот лекар на кралот и се впуштаат во недозволена врска. Многу добар филм. 7/10
Everybody wants some (2016) Филм за студенти, поточно за бејзбол играчи кои треба да почнат да се школуваат на универзитет. Филм за младоста, журките, заведувањето, годините кога се истражуваш кој си и што сакаш од животот. Кој бил студент ќе го разбере најубаво
Love, Rosie (2014) Rosie и Алекс се најдобри другари од деца....остануваат ли другари или таа блискост се претвара во друга поинаква љубов? Кога станува збор за љубовта и правилниот избор, овие двајца се тотално утки. Интересно филмче за лежачење, малку премногу романтичарски, но глумците се совршенство.
Последниот филм кој сум го гледљала беше ,,3 метри над небото`` по истоимениот рома на Фредерико Моча. Ви препорачувам да го гледате:Се раскажува приказната за неверојатна врска, речиси невозможна, но и неизбежна, завршувајќи со влечење на парот во жешко патување на откривање, каде што ќе се открие заедно првата голема љубов. Баби (Мариа Валверде) е една девојка од средната класа која е воспитана во духот на добрината, невиноста и правилата. Аче (Марио Касас) е бунтовно момче, импулсивен, кој има апетит за ризик и опасност затворен во бескрајните тепачки и нелегални трки со мотори и границата на здравиот разум. Многу е тажен се изнаплакав, а има и продолжеток Позз
Mike and Dave need wedding dates. Оценка 5/10 Онака тинејџерско забавно филмче, ама на моменти глупав. Едвај чекав да заврши и ништо посебно не се случуваше. Имаше некои забавни моменти, ама во главно ништо посебно. Сестрата на Мајк и Дејв ќе прави свадба, па татко им им наредува да најдат женски за свадбата за да не одат сами. Пуштаат огласи, излегуваат на тв и бараат женски. Па едни две ненормални и грди (според мене) ќе им се закачат и ќе одат со нив на свадбата. Тие глупави, ќе им прават заврзлами таму...