Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. New York13

    New York13 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2016
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  2. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Nerve (2016)

    Интересно релаксирачко филмче. Некако пребрзо се случуваше се, ама доста е поучен за денешниот виртуелен социјален живот и главните глумци беа многу специфичен пар. Dave Franco e бомбонче :l:

    Се работи за онлајн игра зад која стојат тајни организатори , се пријавуваат учесници и гледачи , гледачите им даваат предизвици на учесниците и ако предизвиците се исполнат учесниците добиваат пари. 8-|
    Вреди да се гледа.

    Оценка 9/10
     
    На Anie93, eliesaab, NESKAFE25 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за препораката, прекрасно филмче.....
    Знаеш.....Велат дека машко ЕДНАШ сака вистински , баш вака како во филмов, како Аче (Уго)....

    П.С - Навистина ли има продолжение филмов ?
     
    На kjukli и New York13 им се допаѓа ова.
  4. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Да да и вториот дел е прекрасен.
    [​IMG]
     
    На kjukli и only44you им се допаѓа ова.
  5. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Кај може да се гледа вториов дел ?
     
    На New York13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. New York13

    New York13 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2016
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
  7. New York13

    New York13 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2016
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Вториот беше интересен ама првиот дел ми беше многу, многу убав изглдеај го па пиши позз:l::l:
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  8. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Don't breathe (2016)
    Тројца млади деликвенти решаваат да одат во куќата на еден старец кој е слеп и живее во осамено маало со цел да го опљачкаат. Тие мислат дека ова ќе им биде најлесниот плен но наскоро ќе се уверат оти не е така. Многу добро филмче.
    [​IMG]
     
    На eliesaab, Deadhalf, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  10. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Nerve (2016)
    [​IMG]

    Филмов го прикажува општествово во кое живееме и до каде може да не однесе технологијава која крајно бесмислено се употребува.
    Ме потсети на онлајн игричкиве што почнаа да излегуваат, пример оваа со Покемон.
    Од почеток ти изгледа интересна и примамлива, но никој не знае какви всушност намери се кријат.
    Интересен е, по малку тинејџерски ама добра порака носи.

    Сите глупости што се прават за лајкови, за гледаност или внимание ја уништуваат вистинската слика за некогои се губи она вистинското што резултира на извештаченост.
     
    На eliesaab, crazylady и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Дами и господа незнам дали овде да прашам. Ми треба едно филмче романтично нешто прва љубов и слично. За едно другарче што го знам па да му препорачам :)
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.145
    Bad moms(2016)

    Прво очекував некоја урнебесна комедија, ама од тоа ништо.
    Повеќе наликува на тинејџерско филмче.
    Еми е мајка со премногу обврски, се е на нејзиниот грб. Во меѓувреме и се разведува.
    Наоѓа две другарки , на исти маки како нејзините па почнува да се одвива дејството.

    6/10
     
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    The good neighbour 2016
    IMG_3764.JPG
    Одмаздата не секогаш има сладок вкус.
    7/10
     
  14. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Не ми се верува дека до сега не сум го гледала филмов.
    Одлични глумци, интересна приказна и неочекуван крај што ќе ве збуни и зачуди. Филм за ривалството помеѓу двајца магионичари и нивната жртва за да стасаат до врвот.
    10/10 !
     
    На sweet-cherry, One.Moment, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  15. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    И јас овај го гледаав последно човеку без врска ми е тоталноо, катастрофа.. ахахахах ама па смешен ее :rofl: фантастика е иначе тој ме е умрен, туку е суперхерој инвалид :rofl:
     
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  16. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    INSIDE MAN (2006)

    Трилер во кој се работи за совршен грабеж на банка и ментална брканица меѓу ограбувачот, детективот и сопственикот на банката кој држи нешто скапоцено во својот сеф.
    Интересно филмче со интересен крај, од мене оцена 9/10.

    DERAILED (2005)

    Во овој филм се работи за афера помеѓу маж и жена која ќе тргне наопаку откако ќе бидат нападнати и ќе бидат уценети од напаѓачот.
    Филм со Џенифер Анистон, Клајв Овен и Винсент Касел (кој иако е грд за мој вкус, сепак е шармантен на свој начин :D) кој завршува на неочекуван начин.
    Од мене оцена 10/10.

    Не ми е јасно како знаеше Клајв дека Винсент не е мртов, па и во кој затвор е точно?


    FREQUENCIES (2013)

    Филм во кој среќата/малерот на еден човек се мери преку фреквенции и во кој се развива љубов меѓу нискофреквентно момче и високофреквентна девојка.
    Момчето ќе оди против природата и сите физички закони со цел да ја направи возможна нивната љубов.
    Пола филм разбрав, пола не, така да не знам дали го препорачувам :drunk:.

    BREAKING THE GIRLS (2012)


    Во филмот се работи за две девојки кои откако ќе се запознаат ќе сковат план да ги убијат своите непријателки, ама едната да ја убие непријателката на другата со цел да не ги фатат.
    Едноставниот и наивен план преминува во нешто сосем друго, до самиот крај не се знае кој на кој наседнал.
    Имаше многу работи кои ми засметаа во филмот, ама задржува внимание, па од мене оцена 9/10/.

    Додека да пишам рецензија гледам има веќе пишано за овие два филмови, ама ај од моја гледна точка :lol::

    NERVE (2016)

    Основата на овој филм ми беше иста како во 13 sins, само во тинејџерска и небрутална верзија.
    Девојка прифаќа игра со предизвици за чие извршување добива пари.
    Интересно филмче за тепање време, со убава музика, убави ликови, од мене оцена 9/10.

    DON'T BREATHE (2016)

    Тројца малолетни крадци решаваат да го извршат најголемиот грабеж во нивниот живот и да го променат својот живот од корен.
    Меѓутоа, нивниот совршен план оди во бестрага кога беспомошниот слеп старец што планираат да го ограбат всушност и не бил толку беспомошен.
    Малку нереално ми беше тројца млади луѓе да ги совлада слеп старец, ама знаејќи се себе дека и јас би изреагирала глупо во такви ситуации, и не ми е толку научна фантастика.
    Крајот ме изненади, од мене оцена 9/10.

     
    На sweet-cherry, duffi, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    HUSH (2016)
    Млада жена кој го има изгубено слухот живее сама во една изолирана куќа. Но една вечер нејзиниот мирен и тивок живот ќе биде нарушен од убиец. Таа е оставена сама на себе да се бори со него и да го почувствува неговото присуство без да може да слушне каде се движи, кога ќе влезе некаде и слично. Може да се погледне, не е лош.
    [​IMG]
     
    На joy1, Bender Rodriguez и christinnn им се допаѓа ова.
  18. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    The hidden face.. девојка сака да ја стави на тест верноста на нејзиниот сакан. Се заклучува зад врата од која таа може да гледа се' а тој ништо. Но, брзајќи клучот од таа врата ќе и падне и потоа не може да се врати назад, не може да излезе од таа дупка, а тој не ни претпоставува дека таа е тука и го гледа. Што се' ќе виде додека е заклучена внатре? Предобар филм, ви го препорачувам на сите.
     
    На buba4e89, Ane-Goki1, NESKAFE25 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Kaj go gledase ?
     
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    За промена, малце СФ. :D

    Star Trek: Beyond (2016)

    Иако не е лош филм сам по себе, Beyond е најлошиот од новата Star Trek трилогија. Некако, целата приказна делува неинспиративно и веќе видено, а самиот филм како да е направен колку да се рече – за одржување на континуитетот на новиот серијал и секако, збирање пари од гледачите.

    Серијалов, кој беше познат по тоа што во него имаше одлични негативци – Ерик Бана во првиот, Бенедикт Камбербеч во вториот – наизглед, ја продолжува таа традиција со ставање на одличниот Идриз Елба во таа улога. Велам наизглед, затоа што неговиот талент е залудно потрошен – во филмов се појавува со изменет глас и лик (не го ни препознав додека го гледав филмот). Самиот лик на негативецот е лошо осмислен – збори исклучиво со прости или просто-проширени реченици, а самите мотиви за неговите дејства се нејасни, а начинот на кој сака да ги оствари – целосно необјаснети.

    Можеби причината за тоа што филмов не е баш успешен во тоа што сака да биде е отсуството на Џ. Џ. Абрамс на режисерското столче, не знам. У секој случај, филм кој имаше потенцијал да биде супер, ради разно-разни пропусти, сега едвај може да се нарече добар.

    Оцена: 7

    Rise of the Planet of the Apes (2011)

    Тотално неочекувано и пријатно изненадување за мене! После оригиналот од 68-ма, у кој Чарлтон Хестон се пренемагаше, очекував едноставно римејк на тој филм. Ништо не може да биде подалеку од вистината – наместо преџвакан и рециклиран стар филм, добивме нешто целосно ново и оригинално.

    Обидувајќи се да најдат лек на Алцхајмеровата болест, научници откриваат генска терапија за обновување на невроните и синапсите во мозокот, а за нејзина администрација користат вирус. Лекот има необични side-effects – не само што ги поправа уништените неврони во мозокот, туку создава и нови – правејќи ги оние што го примаат поинтелигентни. Бидејќи се тестира на шимпанза, резултатот се високоинтелигентени примати, со интелигенција блиска на човечката.

    Филмов е доволно неверојатен за да биде интересен, но доволно веројатен и издржан, за да можеме да поверуваме дека ова навистина може да се случи.

    Rise of the Planet of the Apes се занимава со интересни и битни прашања, како „Дали се луѓето единствените интелигентни суштества кои заслужуваат слобода и хуман третман?“ и „Дали третирањето на приматите како заморчиња е навистина оправдано?“. Со еден збор, филм со многу етички и морални дилеми, филм за борбата за слобода и поголеми права на интелигентна група на суштества, кои луѓето ги сметаат за обични животни.

    Интересен и оригинален филм, го препорачувам дури и на луѓе кои не се фанови на СФ или на оригиналните филмови.

    Оцена: 9

    Dawn of the Planet of the Apes (2014)

    Повторно, неочекувано добро продожение на одличниот прв филм. Вториот дел се занимава со зачетоците на цивилизацијата на приматите, откако огромен дел од луѓето на Земјата умираат од истиот вирус кој ги направи мајмуните суперинтелигентни.

    И повторно, интересна тематика – за односите во општеството на приматите и првиот раздор кој се јавува во навидум хармоничната заедница, како и за односите помеѓу преживеаните луѓе на Земјата и мајмуните.

    И повторно, интересни прашања за размислување, како „Дали сите високоинтелигентни суштества се осудени да се убиваат меѓу себе?“ и „Дали интелигенцијата е она што не прави да бидеме сурови?“

    Фино снимен и интересен филм, со малку повеќе блокбастерска нота во однос на првиот, но сепак, сосема доволно добро продолжение.

    Оцена: 8

    П.С. @promeneta, овој Derailed не сум го гледал, али ме потсети со описов по малце на Butterfly on a Wheel - кој, ако не си го гледала, можам да ти го препорачам. :)
     
    Последна измена: 20 октомври 2016
    На boomsleng, Lady Phoenix, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.