Последен филм што го гледав е... Викендов конечно одвоив време за филмчиња и ги баталив американскиве серии кои среќа паузираат Освен 101 и 102 далматинци и Жикина Династија Изгледав уште 2 ипол филма Да се живи и здрави Sparks и HeidiDiWalt без нив немаше да го сватам филмов, многу површно го гледав филмов, а и психологијата не ми е најјака страна. Откако прочитав коментари ми светна сијаличката и ми се подизбришаа прашалниците што ги имав откако го изгледав. Пак ќе го гледам тоа секако. А дотогаш очекувам многу оскари и глобуси и други награди за филмов, за режиров и пред се за Натали Портман!!! Љубителките на акции мора да го погледнат филмов на Сталоне во кој играат најголемите акциони ѕвезди. Mногу го одовлекуваат бе. Ја имам читано книгата и супер е, ама филмов го влечеле, влечеле. Така да го симнав на торент во 2 дела, го изгледав првиот од 1 саат и 15 минути и многу ми се спиеше оставив вториот дел за друг пат Ама книга си е книга!!!
Последен филм што го гледав е... Многу напнат, многу интересно снимен, Дени Бојл има неверојатен сенс за режирање, реално да бил поинаку снимен - би бил досаден, зашто приказната и не нуди баш многу (а има и некои проклети американски замки кои во последен момент го укакаа троа филмот). Ама е по вистинита случка. Сепак, вреди да се погледне, 7/10 за мене. И Џејмс Франко е
Последен филм што го гледав е... ^^И јас го гледав пред 3 дена ама по грешка го „укрцав“ во погрешна тема Дени Бојл со оние типичните негови "tripping" сцени е одличен, не ги изоставува во ниеден филм. Го препорачувам филмов и сеуште не можам да престанам да мислам на тоа низ што се поминал типот, гледав интервју со него на National Geographic едноставно - неверојатен е! Џејмс Франко такоѓе, мх мх
Последен филм што го гледав е... The Heartbreak Kid (Пинк) Романтична комедија, се израдував кога Ева Лонгорија се појави на крајот. И, The Three Gifts (МТВ) Прекрасна божиќна приказна, главна женска улога глумеше Jean Louisa Kelly (Ким) од Yes, Dear (серија на Фокс Лајф)
Последен филм што го гледав е... The Count of Monte Cristo - по не знам кој пат, ама многу ми е убав :up:
Последен филм што го гледав е... The Black Swan. И уште сум во тоа расположение, изгледа и јас премногу лично си го сфатив филмов.
Последен филм што го гледав е... Откачено цртанче. Мене многу ми се допадна. Освен дечињата, слатки беа и жолтите човечулиња.
Последен филм што го гледав е... 10 Things I hate about you -по незнам кој пат и The prince and mе-лесно , романтично филмче
Последен филм што го гледав е... Where the money is? Малку постаро филмче од 2000 год. Интересно,со Пол Њуман(мислам дека со него нема утка) Би му дала солидно 8че.