Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    BAD MOMS (2016)

    Интересно, лесно филмче да те опушти, релаксира и потполни време. Препорачувам.
     
    На krEM4Eto, Arja, Acka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Amor, dolor i viceversa

    Шпански филм со Барбара Мори во главна улога. Филмот ми се допадна, не можам да речам дека е најдобар зошто има многу подобри.
    Прво ја гледаме приказната од женска, а после тоа од машка перспектива. Би рекла дека филмот е љубовна приказна, каде доминира опсесијата.
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Never let me go

    Најморничав филм што некогаш сум го гледала. Станува збор за деца кои уште од мали живеат во училиште и се заплашени дека не треба да се движат подалеку од оградата. Еден ден професорката им ја кажува суровата вистина, дека тие во животот нема да бидат ништо освен донори на органи.
     
    На Lady Phoenix, Anie93, paleska3 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    UNKNOWN (2011)

    Научник кој треба да оди на конференција во Берлин доживува сообраќајна несреќа после која неговата жена не се сеќава на него.
    И не само тоа, неговиот идентитет е преземен од друга личност.
    Откако ќе се соземе од првобитниот шок, тој почнува да истражува со цел да си ја поврати жената, но и сопствениот идентитет.
    Интересен трилер со Лиам Нисон, од мене оцена 10/10.

    THE FALL (2006)

    Иако филмот е фантазија во најголем дел (мојот најомразен жанр) сепак решив да го гледам и ми остави голем впечаток.
    Колку повеќе мислам на него, се' повеќе ми се допаѓа, оти во себе содржи една голема вистина:
    Една приказна не ја сочинува само раскажувачот, туку и слушачот.
    Посебно ако слушачот е дете со преголема имагинација и чиста љубов и радозналост.

    Филмот е сместен во 1920тата година во болница во која се запознаваат едно преслатко девојче со скршена рака и едно младо момче, актер, со повреда на нозете.
    Тој почнува да и' раскажува приказна за пет херои кои сакаат да му се одмаздат на лошиот гувернер, а за возврат бара услуга од неа.

    Филмот е интересен, а глумата на девојчето е совршена :inlove:.
    Успеа и да ме расплаче на крај, од мене оцена 10/10.

    THE FLOCK (2007)

    Филм со Ричард Гир кој работи во служба под чија надлежност се поранешни сексуални престапници.
    Тој има уште месец на неговото работно место и за тоа време треба да обучи девојка која ќе го заземе неговото место.
    Во исто време, се случува киднапирање, а тој е убеден дека киднапер е некој од неговите престапници.
    Интересен филм, од мене оцена 9/10.

    ANOTHER ME (2013)

    Филм за млада девојка која се соочува со болеста на татко и' и неверството на мајка и'.
    Добива главна улога во театарска претстава во училиштето, а во исто време почнува да ја прогонува девојка идентична на неа.
    Филмот почна интересно, ама крајот беше ептен лабав, недоволно разјаснет, а расплетот чиста глупост.
    Од мене оцена 7/10.
     
    На Lady Phoenix, boomsleng, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Последно го гледав Laid in America смешно филмче. Од новиве тинејџери актери кој никој не ги знае :lol:.
    Многуу акција, испреплетеност, ама во глобала лесно филмче..
     
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Equals (2015)
    [​IMG]

    Филмче кое е "веќе видено" со слична приказна од типот на "The island" и уште неколку други, пиказна од иднината, каде што има забрана за искажување емоции . Живеат во еден затворен свет каде што само работат и одат дома, никаков социјален живот не е дозволен, а размножувањето е по пат на ин-витро, мајката се бира по случаен системски избор. Кога кај некој ќе проработат емоциите ги теретат со дијагноза на психичко пореметување и мораат да пијат инхибитори за емоциите. Во меѓувреме се случува љубов помеѓу двајца млади кои одлучуваат да не ги пијат лековите....Останатото останува да го погледнете :)
    Оцена 5/10


    Instructions not included (2013)
    [​IMG]
    Ептен фино филмче, мексичко-америчко, за големината на родителската љубов. Филм кој ептен ќе ве насмее, ама и фино ќе ве расплаче. Оцена 8/10

    Bad moms (2016)
    [​IMG]
    Интересна комедија за тепање време, амерички тип на хумор, ама имаше делови каде што сум се смеела на глас. Моја оцена 5/10 зашто е од тие филмови кои брзо се забораваат.


    Now you see me (2013) и Now you see me 2 (2015)

    [​IMG] [​IMG]
    Приказна за илузијата каде што група магионичари преку илузија разоткриваат големи бизнис- неправди. Доста интересна приказна која нема да биде целосна ако не ги погледнете двата дела заедно. Јас лично не бев заинтересирана за првиот дел, но откако многу почнаа да го фалат вториот решив да седнам да ги погледнам двата. Вреди да се погледа, оцена 7/10.
     
    На Lady Phoenix, boomsleng, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски


    интересна комедија за Мишел. успешна бизнисменка, која после затвор сака повторно да биде богата.
     
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Criminal (2016)

    На хартија, филмов делува супер - интересна приказна, барем за тепање време, едно чудо добри глумци - Рајан Рејнолдс, Кевин Костнер, Томи Ли Џонс, Гери Олдман, Гал Гадо и солиден буџет и продукција. What could possibly go wrong?

    Еве што. :D

    Накратко, приказната на филмов е следна - Рајанчо е ЦИА оперативец, на супер-тајна мисија (крие еден хакер), арно ама, го убиваат и локацијата на која се наоѓа хакерот не му е позната веќе на никој. Со специјална процедура, која се состои од комбинација на напредна наука и вуду, ги пренесуваат неговите сеќавања во мозокот на криминалецот Костнер со оштетување на големиот мозок, поради кое, меѓу другото, не чувствува емпатија. Остатокот од филмот се сведува на тоа како Кевин се обидува да се справи со туѓите сеќавања и емоции и брканицата за да се најде хакерот, кој освен ЦИА, го бараат и други лоши момци.

    Ако помисливте дека ќе гледате филм со Рајан Рејнолдс, ве чека непријатно изненадување. Ако ја прочитавте кратката содржина, веќе сте сфатиле дека тој умира у првите 5 минути од филмот, после што е заменет со Кевин Костнер - несомнено за многу помала сума на пари.

    А кога сме кај Костнер, после Taken на Лиам Нисон, Холивуд го преплавија старчиња кои сакаат да станат акциони ѕвезди на 60+ години. Се обиде и Шон Пен, сега проба и Костнер, ама, за жал, од секое дрво не бива кавалче (Лијамче :D). Башка, и улогата на психопатски криминалец не му стоеше ама ич.

    Томи Ли Џонс последниве години како да не се ни труди веќе, него гледа да присобере што поише пари за внуците, па не ни бира у што ќе игра. А Олдман пак, цел филм се дереше како да е со Туретов синдром.

    Единствено Гал ми делуваше како стварно да се потрудила и дала све од себе за филмов, па за неа некако ми падна жал, у целава каша-попара.

    На страна од све ова што го кажав, филмов е и ужасно досаден - без напнати моменти, без интересни пресврти, без ништо, ама ништо посебно. Барем да траеше пола саат помалце, може некако ќе се извадеше.

    Се на се, одличен пример за тоа како добри глумци, навидум добра приказна и солиден буџет и продукција не значат автоматски и добар филм.

    Оцена. 5

    Освен ако не сакате да го гледате Кевин Костнер како вози различни комбиња пола филм - у тој случај, филмов е за вас! :D
     
    На Lady Phoenix, do-re-mi и boomsleng им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.797
    Допаѓања:
    176.031
    Пол:
    Женски
    Cabin fever 2
    Лоша приказна, уште полоша глума, непознати актери кои очигледно требало и да останат такви. Имав чувство дека актериве со глумата на моменти очајно се обидуваат да ги копираат оние од Superbad. Милион пати си реков да сменам канал ама пуста навика да се изглеа филмот до крај иако е екстремно глуп...за целосен впечаток нАли. Врска нема од хорор. Не го гледајте. Сериозно.

    Haunting in Connecticut
    Познат филм. Солидна приказна. Солидна актерска екипа. На моменти е тупење ама воглавно доволно интересен да задржи внимание ако не е претходно гледан. Хепи енд..ништо ново. Не е нешто посебно страшен. Connecticut е познат по америките за опседнати куќи и паранормални активности и филмови за истите. Ја не би да живеам таму. :rofl:

    Haunting in Connecticut 2
    Интересна приказна. Има пак непотребно завлечено тупење на моменти некаде при крај кога мајката го тера девојчето да се праи дека не го глеа тоа што глеа кога и таа самата глеа исто. (ова за да не откријам премногу на оние што го немаат изглеано до сеа) :rofl: Воглавно интересен. Глума солидна. Ма да можело и подобро. Има неколку напнати сцени.

    Barricade
    Со Вил од Вил и Грејс. Прв пат го гледам во хорор филм и мислам дека добро се снајде. И кога ја гледав серијата си велев дека има фаца на псајхо. Интересна приказна со доза на мистерија. Еден од подобрите хорори последно време, пошто новиве се жива катастрофа. Не е нешто што ќе ве обори на гз да се разбереме, ама нуди многу подобар провод, меѓу поновиве хорори. Супер солидно филмче, солидна глума, интересна приказна.

    Гледав да не ги раскажам, за оние што ќе се одлучат да ги гледаат да имаат целосно доживување. :)
     
    На Lady Phoenix, boomsleng, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Nerve

    Филм за тоа како со една виртуелна игра може да се контролира сечиј живот, плус и пари кога ќе се понудат како награда.
    Интересен и го задржува вниманието. Мене ми се допадна, го препорачувам.
     
  11. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Inferno 2016
    inferno-2016-poster-3.jpg


    Јас сум благоразочарана од филмов... По две години чекање не го добив тоа што го замислував. Изглеа дека ми е читана книгата па како и секогаш очекуваш многу повеќе од филмот...
    Приказната беше таа, значи како во книгата така и во филмот меѓутоа немаше ништо од деталите опфатено како на пример изгледот на ликовите, пејсажите толку убаво се опишани во книгата да во филмот нема ништо од тоа. Од Италија чувствував како да имаше многу малку прикажано, како набрзински да се спомнати познатите локации од Фиренца, Венеција а филмот таму е снимен!
    Од сите филмови правени по книгите на Ден Браун овој ми е најслаб. А толкава фама се крена мислиш кој знае што ќе биде. Нелогичности да ги бараш ќе ги најдеш еден куп но не бев критички настроена кога го гледав па не се ни замарав толку многу.

    Инаку, станува збор за професорот од Харвард Роберт Ленгдон кој следи траги поврзани со Данте Алигиери и повторно се обидува да го спаси светот од уништување :)

    Како и да е, сметам дека на тие што не им е читана книгата а сакаат ваков тип на филмови ќе им се допадне и овој.
     
    На WinterGirl16, Lady Phoenix, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ghosts of Girlfriends Past (2009)
    IMG_4020.JPG
    8/10
    Повреден од љубовта во детството, познатиот фотограф си ветува дека никогаш во животот нема да се заљуби повторно.
     
    На Lady Phoenix, cat-woman и joy1 им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.797
    Допаѓања:
    176.031
    Пол:
    Женски
    Страшно ме иритира фактот што филмови со вампири, зомби, птици и пчели убијци, и мутирани животињи што јадат луѓе се вбројуваат во хорор. Се знае хорор е паранормална ствар, духови и егзорцизми.. остало е ирелевантно, или не е страшна или е докажано невозможна ствар. :D Уатевер..

    Tasmanian devils (уана би хорор)

    Уште еден за категорија "Не го гледајте. Сериозно!" филм.
    Лоша замисла, уште полоша реализација, глума - дефиниција за очај. Тасманиските ѓаволи личеа на измутирани диви свињи во очаен дигимон ефект, со малце пролепшани заби од обичните диви свињи. Цајканката ми имаше таква иритантна фаца и улога што цел филм молев нејзи да ја изедат. И кога останаа само 2ца и му падна на типацот на колена, тамам реков една квалитетна сцена ќе има филмов ама ништо. Падна само пољубац на крај...не знам кого мислат дека залажале со тоа. Дис муви сакс. Сакс бед.

    Down of the dead (2004)
    Глеан ми е и претходно. Глеани ми се сите филмови со зомби зошто ми се омилени. :wasntme: Сторијата со зомби е таа, грешка-вирус-зомби. Не го сакам фактот што ги праат брзи, ама кога се работи за зомби, пристрасна сум :$ и колку и да критикувам сите ги сакам. :rofl:
    Интересно филмче за тепање време. :)
     
    На Lady Phoenix и irenadaniel им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    White bird in a blizzard

    Мистерија за исчезнувањето на мајката на Кет, домаќинка која сфаќа дека не е задоволна од животот. Наеднаш почнува чудно да се однесува, гледано од страна на нејзината ќерка и после една недела исчезнува.
    Која е причината ? Гледајте го филмот :D
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    The Diary of a Teenage Girl

    [​IMG]

    Се работи за петнаесетгодишна девојка која живее во седумдесетите во Сан Франциско и се заљубува во дечкото на мајка и. Ја губи невиноста со него и почнуваат да се состануваат тајно. Во главно почнува да мисли многу на секс и сака да го запознае подобро, но тој ја гледа како мало девојче и не му е многу до запознавање, колку до секс. Интересн филм, не ми остави посебен впечаток, за тепање време е добар.

    6/10
     
    На izmislena и LanaSGirl им се допаѓа ова.
  16. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Mr. Nobody(2009)
    [​IMG]
    Филмче за отворање нови гледишта или барем инспирација за нова опција во животот.
    Прикажан е Butterfly ефектот, кој иако е скоро неприметлив може да предизвика редица проврзани промени кои и не се толку мали. Мешовина од животи кои би можел да ги живее и што би било ако одбере некој или дали е воопшто реална сегашноста?
    Зошто го бираме баш патот по кој сме тргнале, како се одлучуваме за некој чекор што треба да го направим?. Постои ли вистински избор или пак секој од нив е правилен?
    Сметам дека би било поубаво да се гледа филмов во друштво, за на крај да следува дискусија
     
    На Lady Phoenix, rhcpfan, sparklie и 8 други им се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]A Little Bit of Heaven
    Samo sto go dogledav filmcevo.
    Ocive seuste mi gledaat matno.
    Mnogu senzitivna tema so koja se redat solzi i solzi.
    5/5
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Hidden face - шпански филм, на почеток онака лајт, а негде од прва третина натаму - ептен напнат :) ви го препорачувам на сите, особено на жени...
     
    На elimkd, kjukli и Mayyya им се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Miracles from heaven(2016)

    Се работи за драма. Ана боледува од ретка болест на дигестивниот систем.
    Освен лошите дијагнози нема никаква подобрување покрај сите напори на нејзината мајка и докторите.
    Малку надреално. Но сепак потресувачки филм.
    Посебно дека се работи за дете.
    8/10
     
    На Lady Phoenix, eliesaab и joy1 им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    http://www.imdb.com/title/tt1010048/

    Супер...Подолго трае ама добар, вреди да се потроши време на него...
    Од уличар до милионер.
    Може убава поука да се извлече од филмов: Што и да се случи не се откажувај од тоа што го сакаш, и не му се предавај на животот. Ќе паднеш, ама пак ќе станеш...
     
    На Lady Phoenix, Anie93, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.