Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Nerve
    IMG_4137.JPG
    7/10

    Социјална интернет игра - натпревар со предизвик каде од учесниците се бара да извршуваат ризични дејствија за пари и притоа да ги снимаат со телефон за да може публиката да гледа во живо и да гласа.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Heidi :D
    Додека гледав еден друг филм случајно ми се појави Хајди и многу ме изненади не знаев дека има филм со неа.Ме потсети на детството.
    Содржината сите ја знаете,јас само можам да кажам дека ми се допадна и филмот и воопшто не ме разочара.
    Го препорачувам на сите
    10/10
    MV5BNjI4ODQ0NTk1MF5BMl5BanBnXkFtZTgwMTg4NDM1NzE@._V1_UY268_CR3,0,182,268_AL_.jpg
     
    На duffi, Elissa, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Cafe Society
    Супер филмче една прекрасна атмосфера во текот на целиот филм, прекрасни пејсажи, дејството во текот на целиот филм е непредвидливо, возбудливо до крај.
    Има нешто релаксирачко во филмов и воопшто не е напнат го изгледав во еден здив, го препорачувам од мене 10/10
    [​IMG]
     
    На duffi, xxAngelxx, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Wow баш ќе го изгледам го имам гледано цртанот и прекрасен е баш ме интересира дали го погодиле филмов кога ќе имам слободно време ова ќе биде првото што ќе го направам.
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2016-11-11_21-8-1.jpeg
    The Christmas Hope
    2009 ‧ Drama ‧ 1h 30m
    5/5
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. neo

    neo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    163
    Nightcrawler e ремек дело од глума до приказна, на кое случајно наидов. Препорака ако го нема некој гледано.

    Главниот лик кој го глуми Jake Gyllenghaal, решава да стане nightcrawler, односно да снима сообраќајни несреќи и криминални дела. Инаку типот е губитник но се пронаоѓа во новава професија и станува безскрупулозен.
    http://www.imdb.com/title/tt2872718/

    [​IMG]
     
    На Lady Phoenix, eliesaab и boomsleng им се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]
    Prekrasno filmce.
    Malku postaro (1948) no mnogu poucno.
    Nikogas ne gubete nadez, imajte prijateli, nikogas ne znaete koga raka ke vi podadat.
    5/5
     
    На duffi, joy1, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Јас уште ја чекам @promeneta со нејзините рецензии.:$
    Не ме разочарал ниту еден филм кој си го препорачала досега.
     
    На Lady Phoenix, only44you и promeneta им се допаѓа ова.
  9. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Фала многу на убавите зборови @christinnn :*, поретко пишам рецензии во последно време оти и поретко гледам филмови, а и не ме воодушевил некој да посакам да напишам нешто, ама ај да не сум офф топик еве рецензија за двата последни гледани филмови:

    ELLE (2016)

    Француски филм за успешна жена, сопственик на компанија за видео игри која ќе биде нападната и силувана во сопствениот дом.
    Филмот го пуштив поради рецензијата на Попкорн дека жената ќе тргне во потрага по силувачот и претпоставував дека ќе се работи за одмазда, ама не беше така.
    Всушност, не знам и за што точно се работеше во филмот, знам само дека секоја втора сцена ме оставаше без зборови.
    Ако ништо друго, ме изненади и ми го задржа вниманието.
    Но, не знам ни како да го оценам, ни дали воопшто да го препорачам.

    THE WHOLE TRUTH (2016)

    Филм со Киану Ривс од што се подразбира дека филмот е некако мрачен, благо депресивен (на Киану му е забрането да се смее од доктор да не изгуби дел од лепотата :D) и со Рене Зелвегер (ако може некој да ме просветли на што точно има правено операции, бидејќи ја познав исклучиво по гласот, инаку е непрепознатлива :?:).
    Киану е адвокат чиј клиент е синот на Рене кој е обвинет за убиство на неговиот богат, бескруполозен татко.
    Цел филм се одвива во судницата, со повремени сцени каков бил таткото, нивниот меѓусебен однос и како всушност дошло до убиството.
    Филмот ми беше и малку досаден, ама поради самиот крај кој не го очекував, оцена 9/10.
     
    На Lady Phoenix, duffi, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]
    Under the Tuscan Sun
    DVD - 2004
    Ubavo objasneto sto e ljubov.
    Dodeka ja pronajdes mnogu ke te ostavat i mnogu ke ostavis.
    Super zabavno filmce .
    Dejstvoto se odviva vo Italija kade nema mnogu vreme za razmisluvanje.
    Dodeka se mislis ili baras vreme da vozvratis, ti otide ama sepak nov ke dojde.:rofl:
    5/5
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Морам во целост да се согласам со мислењево.Многу бизарен, да додадам, не знам ни јас како да се објасни овој чукнат филм... Немам ни јас оценка, нити препорака, ете глумата може да ја пофалам... се на се, бизарен филм, Француски... што не ме ни чуди да е толку истрипан
     
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ме потсетивте на времето кога го гледав Tengo ganas de ti во кино во Малага. Убаво филмче како и да е, се очекуваше и трет дел ама не знам што бидна.

    Бидејќи последен филм го гледав Инферно, немам ништо повеќе да додадам освен сосема да се согласам со критиките на Канела. Тoo much American bulshit имаше. Штета.

    Или на шпански La cara oculta, феноменлен психолошки трилер. 10/10 (y)
     
    На Lady Phoenix, New York13, mila1111 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Го изгледав и јас Хајди, арно што ти текна да го препорачаш овде. Јас дека ги обожавам планините природата како измислен за мене е филмот. Инаку дејствието ни е веќе познато од книгата. Одлично.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Mune: The guardian of the moon

    Одличен анимиран цртан филм кој успеа да ми го задржи вниманието. Го препорачувам доколку сакате да се насмеете, расположите итн.

    Започнува со назначување на Господар на Сонцето и Господар на Месечина, некој со години вежбал да биде господар, а некој и со не знаење и палавост е избран одамна за господар. Вреди да се погледне. 10/10
    [​IMG]

    Crank

    Филм со вашиот омилен Џејсон по кого сите се палите. Џејсон е наместен и узбризана му е некоја дрога во која за 1 час ќе умре. Меѓутоа Џејсон си е паметен, па сфаќа дека адреналинот кој го имаме во телото може да го одржи во живот, барем додека ги ликвидира тие што го наместија. Само што го испуштија делот каде тој е застрелан во задникот, сечено лепено. Го прикажуваат како лежи на кревет, па ако е застрелан во задникот како ќе лежи на грб?! 7/10
    [​IMG]
     
    На duffi и Acka22 им се допаѓа ова.
  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    The Invitation (2015)

    Првите 30тина минути се подзамислив зошто го откриваат целото дејствие уште на почетокот, но од друга страна пак, без тегавење и непотребни сцени, ве внесува филмот во приказната.

    Вечера, поканети се пријатели на бивши сопружници. Самиот повод за вечерата е чуден, бидејќи се спојуваат после неколку години (навидум без причина) и секој чекор, секоја постапка го поттикнува Вил да размислува за спомените кои ги има од/во таа куќа.
    Патем, има премногу ,,знаци‘‘ кои ги испраќаат и се доволно очигледни. Тука би ги вметнала постапките на Прут.

    7/10 од мене. Може и пониска да биде, само поради Тами. :envy:
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Julieta (2016) 10/10

    Филм на Педро Алмодовар. Ништо помалку и не очекував освен да ме воодушеви како и сите останати негови филмови. И секако во тоа успеа. Приказната започнува со прекин на сегашната љубовна врска на Хулиета после средбата со минатото која ќе ја вознемири. И Хулиета одлучува да се соочи со минатото кое таа се обидува да го потисне. И се разработува целиот живот на Хулиета од нејзините 25 па до денес. Преубава драма. Психолошки ме поттикна да размислувам и ме врати во некои постапки и случувања од минатото.
     
    На Lady Phoenix, boomsleng и Mayyya им се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Bridged Jones's baby
    Одлично продолжение за животот на Бриџит која сега има повеќе од 40 години и живее осамен живот. Но ненадејно ќе и се случат такви работи кои ќе и го сменат животот, конечно на подобро. Интересна комедија 9/10
    [​IMG]
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Se priklucuvam na timot "zbuneti" od filmov Elle :o
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Doctor Strange (2016)

    Се прашувам, колкава популарност ли ќе имаше филмов да се појавеше пред 40-ина години, во екот на експериметирањето со ЛСД? :D Дури и ја вака трезен, се осетив хипнотизирано од некои сцени.

    [​IMG]

    Уште саундтрак од Пинк Флојд фалеше. :D

    Се чини дека што и да направи Марвел не може многу да утне, па истото се потврдува и со Д-р Стрејнџ. Дури можам да кажам и дека филмов ми се допадна.

    Камбербеч, одличен како и секогаш, маестрално го долови арогантниот хирург и магесник на големото платно. Мадс – одличен како негативец. Интересна приказна, иако не којзнае колку оригинална, со одлични специјални ефекти, кои беа навистина празник за очи, а сепак не делуваа вештачки или нереално.

    Особено ми се допадна крајот, со битката помеѓу Стрејнџ и главниот негативец – за промена, наместо да го претепа до пораз, како што сме навикнати кај филмовите со суперхерои – успева да го надмудри и порази само со помош на својот интелект. И сето тоа, на неочекуван и забавен начин.

    Бонус: Филмов е од 2016-та, а сепак трае помалце од 2 саати, дури 20 минути помалце! Нека ова биде поука и лекција за филмаџиите, дека не мораат да го удават гледачот со филм од 2 ипол саати, само за да се рачуна дека е добар.

    Оцена: 9

    П.С. Од друга страна, не сум толку ентузијастичен за кросоверот помеѓу Стрејнџ и Тор, кој ни го најавуваат со сцена после end credits. Можеби грешам, и и тој филм ќе биде добар, иако самата замисла сега ми делува ретардирано.
     
    На Lady Phoenix, duffi, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]
    Slabo, mnogu slabo.
    Boza nevidena. Uste koga ke pocne go znaete krajot.
    6/10
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.