http://www.imdb.com/title/tt4025594/ 7/10 Интересен, онака .. на моменти интересно, на моменти нешто очекувано сепак вреди да се гледа.
Crouching Tiger, Hidden Dragon: Sword of Destiny http://www.imdb.com/title/tt2652118/?ref_=nv_sr_2 Улоги: Donnie Yen, Michelle Yeoh, Harry Shum Jr., Natasha Liu Bordizzo Ич не се сеќавам дали предходно имам тука пишано за филмов бидејќи ова ми беше второ гледање, ако веќе сум пишала извинување, ако не: моја препорака. Изненадувачки добар, особено ако сте фан на ваков жанр филмови (или на првиот дел од 2000г.), во кои главна тематика се старите кинески борбени вештини. Обично продолженијата на филмови кои испаѓаат вака од нигде-никаде е подобро воопшто да не излегле, ама овој, по мене, навистина вреди. Добра глума, интересна приказна која лесно го задржува вниманието, па ако немате што друго да правите - дајте му шанса.
Once Upon a Holiday Hallmark filmce. Lesna, zabavna novogodisna prikaska koja i nema nekoja vrednost ,a sepak ti drzi vnimanie. 7.5/10
The Lincoln Lawyer со Matthew McConaughey во главна улога. Метју ми е ептен добар актер, онака физички не е нешто особено привлечен, ама шармантен тип е. Си има специфична харизма како актер. Сум гледала и други филмови со него, ми делува како целосно да се внесува во улогата. Филмот е прилично добар. Приказната е интересно осмислена и ми го задржа вниманието. Би го препорачала. 8/10 од мене.
Bridget Jones's baby(2016) Комедија како и сите други останати со Бриџит. Продолжение на нејзиниот осамен живот, полн со незгоди и гафови. Конечно се случува промена и Бриџит останува бремена. Ама и како се во животот на главната актерка и тука се јавува проблем. 8/10 Релаксирачка комедија за недела попладне.
Jason Bourne http://www.imdb.com/title/tt4196776/ Улоги: Matt Damon, Tommy Lee Jones, Alicia Vikander Сосема ОК за тепање време, особено ако сте фан на акцискиот жанр, а ако сте ги гледале предходните делови - ни овој не е ништо полош ниту подобар.
The Girl on the train Претходно ја имам читано книгата,а филмов е доста солидно направен според романот. Поделен е во три дела,за секој од главните ликови кои се жени. Рејчел е разведена,алкохоличарка и секој ден патува со воз кој поминува низ едно мирно соседство во кое таа порано живеела со својот маж,кој сега е преженет и има дете.Таа секој ден гледа еден среќен пар кој живее навидум идиличен живот.Се до еден ден кога брачната идила е заменета со неверство. Тогаш,водена од својата болка,таа сосема случајно се вплеткува во еден немил настан на кој не може да се сети,а е единствениот сведок. Нејзиниот живот се испреплетува со животот на останатите две,кои имаат една заедничка работа. Оцена 8/10.
BGF Кратка рецензија: Софија е сираче во домот за деца и не верува во бабароги. Една вечер останува будна до 3 часот изутрината и на балконот од нејзината соба здоглегува нешто што ќе и го промени нејзиниот живот од корен, но и ќе научи многу работи. Добар филм ако сакате да изгубите време вреди да се погледне. 8/10
Cafe society Ништо посебно, без потреба изгубени час и половина. Исто така и многу лоша глума од страна на Eisenberg Според мене 5/10
Pete's Dragon Ако верувате во змејови и авантури ова е филм за вас. Пит е дете кое патува со неговите во авантура, ама на патот доживуваат сообраќајна несреќа. Само Пит останува жив и тој тргнува храбро во авантура. Во шумата го среќава заталканиот змеј и тој го присвојува како за себе. Тие двајца се неразделни 5 години, кога Пит има 10 години се случува пресврт... Крајот ќе ве расплаче. 10/10
Snowden (2016) Од сите филмови за познати личности кои искочија минативе години – за Марк Цукерберг, за Стив Џобс, за Џулијан Асанж – овој е единствениот што сум го гледал. Бидејќи, за разлика од другиве, кои се занимаваат со типче кое по грешка се збогатило со сајтот што го измислило или за лик кој гаел љубов кон минималистички дизајни и носење ролки – овој се занимава со навистина важна проблематика – шпиунирањето на обичниот граѓанин, во име на борбата против тероризмот и некоеси greater good. Башка, ми се допадна трејлерот, а и го сакам Џозеф Гордон-Левит. И кога сме веќе кај него, морам да кажам дека одлично го доловил Сноуден во улогава – иако физички и не личат баш – гласот, интонацијата, начинот на зборување, му беа тотално трансформирани. Приказната накратко е следнава – Едвард Сноуден, дечко кој работи во ај-ти во различни владини организации – ЦИА, НСА и сл. – се соочува со морална дилема околу тоа дали прислушкувањето на обични граѓани, без нивно знаење и дозвола, под параванот на национална безбедност и борба против тероризмот, е навистина оправдано или не? Филмов одлично ја доловува неговата трансформација од млад, наивен патриот, кој навистина верува во својата земја и нејзините идеали, во речиси уништен човек, во постојана борба помеѓу она што му го налага работата и служењето на неговата земја, и сознанието дека тоа што го прави не е во ред. Епилогот на филмот сите го знаеме, бидејќи е базиран врз вистински настани и животот на Сноуден, но интересна е да се види баш таа негова внатрешна борба, која кулминирала со одлуката со која засекогаш ќе му го смени животот од корен. И без разлика дали вашето мислење за него е дека е патриот, херој или предавник, ретки се луѓето кои ќе се откажат од се поради своите идеали и желбата да ја направат правилната работа и самиот тој факт е доволен за почит. Иако трае нешто преку 2 часа, филмов нема многу досадни моменти и непотребни сцени, а Оливер Стоун, на кого вакви политички филмови му се специјалност, прави одлична комбинација од автобиографски филм, трилер и документарец, користејќи вистински снимки од политички фигури со изјави дадени во тоа време, и на крај со снимка и од самиот Сноуден. Добро е што филмов излезе сега, дури 3 години по случувањата кои ги опишува, бидејќи во денешново време на „секое чудо за 3 дена“, убаво е понекогаш и да се потсетиме на некои ствари, особено што прашањата и дилемите кои се разгледуваат во филмов се исто толку актуелни и денес. Препорачувам! Оцена: 8
Netflex e kablovska tv vo Kanada i Amerika. Probaj napisi netflex i vidi mozda mozes da se zaclenis. Za samo $7 mesecno, filmovi i serii kolku sakas. https://www.netflix.com/Login
Angel of Christmas (2015) Lesno filmce. Onaka znaes sto bi se slucilo na kraj. Ubava akterka, ubavo doterana i lesna prikaska e dovolno dosta za eden Christmas film. 4/5
Captain Fantastic (2016) Се работи за Бен и неговите шест деца, со коишто живее надвор од цивилизацијата, поточно во шумите на северозападен Пацифик. Тој е посветен, но и строг татко кој ги воспитува децата во филозофски дух (по теркот на идеалното Платоново општество), ги учи да преживуваат во екстремни услови на дивината... но и самиот им ги пренесува потребните знаења во многу области. Накратко, како што гласи слоганот на еден од постериве за филмот - успева да ги подготви за сè, освен за надворешниот свет. Заплетот почнува кога по смртта на мајка им, за нејзиниот погреб тие одат кај нејзините родители. Тука децата за првпат се соочуваат со американскиот урбан живот, а нетрадиционалното татково воспитување се судрува со зацртаните општествени норми. Тука ја гледаме целосната искреност и отвореност од страна на нивниот татко во нивното воспитување, со одговарање на секое нивно прашање без никакви табу-теми (која наидува на чудење и затоа околу ова има доста комични моменти ), фактот дека децава од татко си добиле повеќе знаење отколку она површното што се стекнува во традиционалниот образовен систем... Толку ќе откријам од содржината, останатото погледнете сами , ќе додадам само дека изобилува со преубави пејзажи и одлична глума - како од Viggo Mortensen, така и од талентираниве млади актери во улогите на децата. Мене ми се допадна, на моменти ме изнасмеа со необичен хумор, на моменти ме трогна... и дефинитивно ме поттикна на размислување, затоа би го препорачала на сите овде што сакаат филмови за дискусија - обавезно да го погледнат. Од мене 8/10.
@only44you нетфликс функционира и кај нас. На телефон, компјутер и смарт тв. 7е мислам е за еден уред , за 2 уреда 10. Супер работа е. Оклучуваш и гледаш. Се заразивме со мм. Посебно он.