The machinist http://www.imdb.com/title/tt0361862/ Стварно прејак филм. СИте љубители на големи пресврти и малку психичка напнатост...повелете да го изгледате. Ви гарантирам дека нема залудно да биде потрошено вашето време, и на крај ќе останете со отворена уста. Се работи за човек што нема спиено цела година. Постојано покрај него забележува некој непознат човек и се сомнева дека тој му прави сплетки во животот. ДОма насекаде наоѓа ливчиња со загатки и се обидува да ги реши. Малку со напнатоси, се случуваат некои незгоди и на крај се се дознава што е всушност цела работа. Не знам што да напишам друго, а и не можам да откривам ништо повеќе, едноставно гледајте го. п.с. Кристијан Бејл специјално изгубил МНОГУ од својата тежина за да го долови ликот...нема да го познете... Според мене чиста 10ка.
@toogood ја во темата за серии ја ставив The Crown ама никој изгледа не ја почнал да ја гледа освен ти, ај да ја прокоментираме малку.
Dragonfly 10/10 Предобар трилер со Кевин Костнер, кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај на филмот, освен ако не го гледате треилерот. Џо и Емили се млад брачен пар. Посветени лекари - посебно Емили која иако бремена ќе замине во Венецуела.
3 идиоти.... Боливуд, башка на IMBD 8.4 oд 220 илјади гласачи, а мене таа страна ич не ми е репер на уау филм, обично све преценето таму.. Затоа и тежок скептик. Филмот трае некои 2 часа и нешто повеќе, се туфкам се туфкам, ама шо да правам кога биоритамот ми отиде, па тепај си време навечер. Ајде викам ќе му дадам шанса...... Боливуд бре ејјј хахха. Првите 30тина минутки ништо спектакулатно.Ама упорно не гасам викам е сега чим го пуштив има да го гледам бе хухуух. И дефинитивно НЕ ЗГРЕШИВ, филмот е МНОГУ УБАВ, преубав, преинтересн, препоучен, и тој малку да кажам како нереален крај му го простив (бидејќи ми се допадна крајот иако беше малце розев) Од мене чсита 10ка, дури и некоја солза пуштив, зарем јас на Боливудски филм хахаха.... Епа вредеа тие 2 саата гледање, од мене има препорака филмот се работи за 3 студенти и нивниот живот во студентски дом, препреки низ комични дешавки, итн итн, вреди да се гледа дефинитивно имаше и доста смешни сцени, мислам дека ова е најдоброто од Боливуд
A kind of murder 8/10 Волтер Стакхаус е успешен архитект и новелист.Неговиот брак со Клара изгледа одлино на прв поглед но,Клара има психички проблеми.Барајќи инспирација за новелата,наидува на случајот на убиство на сопругата на еден човек кој поседува книжарница.Тогаш започнува неговата фантзија “што ако неговата сопруга е мртва?“ Во неговиот живот се вплеткува и симпатичната Ели,во која тој се вљубува. Интересен трилер,добра содржина но,очекував нешто подруго.Сепак вреди да се погледне.
Office christmas party 5/10 Ни К од комедија. Никаква содржина. Истакнати сите негативности на денешното општество. Со помлади актери би изгледало за нијанса поинтересно.
Perfect Sisters (2014) Во описот пишува дека е хорор, и јас баш го пуштив со таа цел.Али нема ни х од хорор.Сепак ме испотресе, на моменти осеќав морници како ме лазат, немам зборови за да го опишам филмов.Самото тоа што е правен по вистинска случка го прави да е уште поморбиден. 10/10 од мене.
The book thief http://www.imdb.com/title/tt0816442/?ref_=nv_sr_1 Всушност не ми е сега брзо изгледан и не се сеќавам убаво на сите детали, ама ми текна за да го пишам ко предлог за сите љубители на филмови со настани од минатото. Настаните се случуваат за време на Втората светска војна. Главен лик е девојче што обожава да чита книги и да се образува, и покрај сите тие лоши услови за живот што ги имаат во војните. Девојчето е посвеоено од еден германски брачен пар, коишто во меѓувреме кријат Евреин долу во куќата. Па девојчето краде книги, ги носи долу во визбата кај Еврениот и му чита... Се случуваат и други работи (секако не е само читањето), први симпатии, искрено детско другарство, заплети, расплети и тажен крај. Мене ме привлече зашто многу внимание му е посветено на секојдневниот живот на обичните граѓани за време на војна...значи не им се дава толку акцент на битките, крвопролевањето и загинувањето...Туку на обичните луѓе....Како се снајдуваат, како преживуваат, како успеваат да ги поднесат тие тортури, како изгледа војната во очите на децата...
Филм во кој што ме прикажано колку е тешко да најдеш работа во Америка после колеџ. Добри глумци и многу интересно филмче.
THE AUTOPSY OF JANE DOE. @MandyLane Ако не ти е гледан, веднаш... Филмов ме испонаежи милион пати, толку беше језив, срцето ќе ми искочеше, ретко добат хорор, полн со напнати ситуации, мистерија и интересна неочекувана приказна... Од мене има препорака за секој љубител на хорор, многу добро осмислен
Passengers 7/10 Џим и уште 5000 патници се во мисија за населување на нова планета. Тој се буди порано од очекуваното и дознава дека бродот ќе експлодира за некое време и животите на сите патници се загрозени.
Сите гледаат Новогодишни и Божиќни филмови, само јас: ABSENTIA (2011) Хорор во кој се работи за жена која после 7 години од исчезнувањето на својот сопруг конечно добива посмртница за смртта на сопругот и решава да продолжи со својот живот. Доаѓа сестра и' на гости како поддршка, но тогаш се појавува сопругот жив, а тие сфаќаат дека нешто натприродно се случува во тунелот блиску до нивната куќа. Како за хорор добар беше, ама крајот, односно "натприродното" не ми се допадна, па од мене оцена 7/10. THE AUTOPSY OF JANE DOE (2016) Син и татко работат како патолози во нивната куќа. Полицијата донесува тело кое навидум нема никакви рани, но како почнува аутопсијата, така работите почнуваат да се заплеткуваат, а во исто време и во куќата почнуваат да се случуваат мистериозни работи. Чие е телото и како и зошто умрела жената?? Интересен хорор кој си ја исполни целта, језив и страшен, од мене оцена 9/10. WAKING MADISON (2010) Медисон е девојка која пати од синдром на подвоена личност. Пробува да се самоубие, ама откако ќе биде спасена, решава да се затвори во куќата и си дава 30 дена да открие зошто нејзиниот живот нема смисла, а доколку не открие, ќе се самоубие. Истовремено, оди на разговор кај психијатар и ги запознава другите нејзини пациенти. Како одминуваат 30те дена, така работите се разјаснуваат. Филмот беше предвидлив за мене барем, ама ми беше интересен, така да оцена 9/10. REMOVAL (2010) Откако е сведок на убиство и самоубиство, на Кол почнува да му се распаѓа животот, жената го остава и ја губи работата. Откако еден месец е во психијатриска установа, почнува да работи како чистач на подови и добива понуда од еден богаташ да чисти кај него една ноќ и да добие екстра пари, а за возврат треба да ќути за се' што ќе види. Тој почнува да се сомнева дека богаташот си ја убил жената, а во исто време почнува да има халуцинации и не знае што е реалност, а што не. Интересен психолошки трилер кој ме изненади, од мене оцена 10/10.
1. Buried http://www.imdb.com/title/tt1462758/?ref_=nv_sr_1 Пол е обичен возач на камион. Тој е Американец, ама моментално е на работа во Ирак. Филмот почнува кај што Пол се буди и сфаќа дека е во дрвен ковчег...до него има мобилен и запалка. Вика, се дере ама никој не го слуша... пробува да се јави во полиција, едвај добива сигнал, а пак од полиција го префрлаат од линија на линија....полека запалката и кислородот се наламуваат, а телефонот снемува батерија. Во меѓувреме добива повик од киднаперите...тие всушнот мислеле дека Пол е американски војник и му кажуваат да се јави и да бара милион долари од власта за негов откуп, а тој кутриот е обичен возач...па на власта не и е баш гајле за него... Полицијата се обидува да го лоцира бројот...Дали ќе го спасат или не...погледнете сами Доста интересен и напнат филм. Цела акција се одвива во ковчегот. п.с Главниот и единствен актер во филмот, Ryan Reynolds, има клаустрофобија (страв од затворен простор), па во последните сцени воопшто не глуми, туку навистина има напад на паника, кога ковчегот се полни со песок. 2. The boy in the striped pajamas http://www.imdb.com/title/tt0914798/ Втора Светска војна. Син на германски командан и дете Еврејче стануваат најдобри пријатели. Двајцата имаат по 8 години, па се премногу мали за да се мразат или да сфатат што се случува. До куќата на Германчето има логор со Евреи, па всушност тука се запознаваат децата (секако се гледаат скришно). Германчето мисли дека тие во логорот си играат и си се забавуваат...а тие кутрите секој ден живи ги палат, под команда на татко му. Во знак на невнимание од страна на чуварите, детето еден ден ќе влезе во логорот заедно со другарчето Еврејче, па ќе се замеша со останатие Евреи. Доаѓаат Германците, ги земаат сите и ги носат да ги запалат....во гужвите е и детето од командантот....што ќе се случи понатака не откривам. Поука: Се што правиш на глава ќе ти се врати
The girl on the train 8/10 Рејчел патува секој ден со воз и гледајќи ги куќите низ кои минува се посетува на животот што го имала претходно и каков би бил доколку би останала таму. Таа е алкохоличар и никој не и верува за се она што ќе го види.