Chicago musical (2002) Odlicen. Za oinie koj obozavaat muzicki filmovi so super sodrzina , gluma i text na pesnite , prav pogodok. 5/5
The Magnificent seven Појак филм до сега немам изгледано со толку пукање акција премногу вестерн има во филмот човече! Стариот филм пред некаде 30тина година го немам гледано,а се со иста тематика,но сепак јас си стојам дека е ова е најјакиот вестерн(покрај Хетфилди и Меккои)што сум го гледала... Посебен впечаток ми остави глумецот Крис Прат кој во филмот го играше Фарадеј А да не го заборавам и Дензел Вашингтон,Етан Хок итн... Се поклонувам и симнувам капа 10/10
Suicide Squad Кога хероите на САД умираат (бетмен,супермен...) потребни се нови да се создадат за да се одбранат од злото. Топ филмче за мамурно попладне! 9/10
Money monster 8/10 Опфаќа тематика незастапена сеуште доволно кај нас. Филмот е под директорска палка на Џоди Фостер. Тв водителот Ли и неговиот продуцент Пети се затекнати во заложничка драма со директен пренос на тв.
1. ГО фатив на тв: Трето полувреме. http://www.imdb.com/title/tt2069100/ Прво, им се напнав на сите филмови со Втората светска војна...второ, за прв пат асолно го изгледав цел филм шејм он ми...Не знам зошто доега не сум го изгледала цел Најдобар македонски филм според мене. Фудбал... забранета љубов... тешката судбина на Македончето и храброста на македонскиот народ. Сашко Коцев ѕвериште, а Катарина Ивановска не дека знае да глуми ама со убавината се вади некако па прекрасен пар си се... Најинтересна сцена, баш да се наежиш е кога се враќаат фудбалерите со воз (мислам Србија играле), па цел град ги чека на железничка, за да ја прослават победата. Пошто тогаш се уште се под српско ропсто, има наредено неколку војници Срби и хор пее српски песни...ама пусто Македонско срце не издржува, па кога ќе му ја речат сите Македонци во еден глас Море сокол пиеееее....па хорот со српски песни воопшто не се слуша Вреди да се погледне. 2. Harold & Kumar Go to White Castle http://www.imdb.com/title/tt0366551/ Лабава постара комедија за опуштање. Двајца цимери додека се напушени в крај, им се пријадува и решаваат да купат хамбргери од White castle. Кога ќе стигнат на локацијата кај што мислат дека се наоѓа, разбираат дека всушност тука не пости White castle, туку дека е префрлен на друга локација (околу 45 минути оддалечено од градот). Ќе решат да одат таму, па успат им се случуваат буквално најлуди работи и 3000000 авантури....не за 45 минути туку дури другиот ден ќе стигнат таму Не е нешто најнај овој дел, ама добар е за тепање време и опуштање на мозкот.
Don't look back 2009 Француски психолошки трилер во кој главната улога Reese секој ден се повеќе се менува и почнува да се гледа како друга личност, а нејзиниот маж и семејството не го забележуваат тоа и ја уверуваат дека е се во ред. Изгледав доста филмови периодов овој убедливо е најинтересниот. Вреди да се погледне.
The King of Comedy со Роберт Де Ниро "Nobody knows Rupert Pupkin, but after 11:30 tonight, no one will ever forget him" Руперт Папкин e обичен човек, кој е опседнат со две работи - да биде стенд-ап комичар и да гостува на познатото шоу на Џери Ленгфорд. Тој го следи Џери насекаде, еднаш наоѓа прилика да се вози во кола со него и таму му вели дека ќе донесе касети каде ја снимал својата стенд-ап рутина. Џери секако не го забележува ни него, ни стотиците други фанови, но Руперт во својата глава си замислува ситуации во кои тој е со Џери, но тој е во главната улога. Сите други ги убедува дека тој е во контакт со Џери, фантазијата ја претвора во негова реалност. На крај, тој и една негова познаничка која е исто опседната со Џери, го киднапираат.... Од мене 10/10. Ги обожавам сите филмови на Де Ниро.
После сто години да начекам случајно филм на наша телевизија и да ми привлече внимание, па и да ми се допадне и тоа многу Mona Lisa Smile (2003) Се работи за слободоумна жена која во 50-тите години од минатиот век се вработува како професорка по историја на уметност во елитен конзервативен женски колеџ, кадешто на предавањата се труди да ја поттикне желбата за знаење и животните амбиции на нејзините студентки да ги издигне над традиционалната цел да се омажат и да создадат семејство. На моменти со овој специфичен однос професор-студенти ме асоцираше на Dead Poets Society (само во женска верзија и со акцент на феминизмот), а јас тој филм го обожавам а и воопшто тематиката Солидна глума, убав доловен винтиџ амбиент, и одлична поента. Прекрасно meaningful филмче со предобри цитати што морам да ги споделам Spoiler Од мене 10/10
Девојката од возот. Психолошки филм, обавезно погледнете трејлер бидејќи насловната страна на филмот дава впечаток дека се работи за хорор филм. Одличен филм ќе ве натера да се подзамислите малку, Рејчел е разведена од нејзиниот маж кој постојано ја малтретирал и омаловажувал. Сакал таа да биде виновна за нивната разделба, а всушност тој е проблематичен импотентен човек. Не се влече поука, само гледајте го. 9/10 Passengers - Патници 2016 Ако сте обожаватели на филмовите на Марвел ова е одличен филм за вас. Но да напоменам не е под продукција на Марвел. Во вселенски број чии што тела се заспани во еден вид на хибернација при првата грешка прв се буди Џим кој сфаќа дека е сам на бродот и се разбудил доста порано од предвиденото. Единствениот пријател му е конобарот во ресторанот кој е програмиран робот. Една година подоцна решава да разбуди некоја личност од капсулата и се одлучува за Аурора... погледнете го. 8/10
8/10 и мене многу ми се допадна, психолошки филм, јас од прилика веќе си укопчав како ќе е крајот и искочи така.... Препорака од мене има, негде начитав и за Оскари ќе биде филмов,,,, Баш ќе видиме дали е вистина.
Mechanic: Resurection (2016) http://www.imdb.com/title/tt3522806/ Неочекувано глупа акција со Jason Statham I Jessica Alba. Глумата за нула. Ќе му дадам оценка двојка, за трудот.
2. flight crew или Екипаж Отпуштен воен пилот добива работа во мала авио конпанија каде има строг пилот покрај себе но и колешка во која се вљубува,....тој има големо искуство но никој не го цени истото. Една одлука ќе ги доведе во невоља....понатаму гледајте сами, преубав филм 8/10
Prisoners Филмот трае 2 и пол часа ама секоја минута го задржува вашето внимание. Приказната е за две девојчиња кои исчезнуваат додека двете семејства го слават Денот на благодарноста. Одлична глума на таткото на едното од девојчињата (Hugh Jackman) кој смета дека детективот (Jake Gyllenhaal) не си ја врши добро задачата па ги презема работите во свои раце, како и на осомничениот (Paul Dano) кој е навистина брилијантен во својата улога. Филмот го препорачувам на сите кои сакаат мрачни и напнати трилери. Demolition Уште еден филм со Jake Gyllenhaal, можеби не е толку добар филмот колку што е Jake, кој има таква моќ да го износи целото сценарио на свој грб. Дејвис ја губи сопругата во автомобилска несреќа, на прв поглед се чини дека автоматот во болницата што му ги заглави чоколадните бонбони му е главна преокупација по смртта на жена му. Demolition не е типична драма, мене ми се допадна претежно поради необичниот лик кој го глуми Јаке. La vue de la tour Еiffel/Поглед са Ајфеловог торња Српско-црногорски филм од 2005 година. Го фатив на Алфа и пријатно ме изненади. Интересен филм како што можат да бидат филмовите од овој регион. Маријана е 20 годишна девојка од богато семејство која има последици од траумите од детството. Таа е злоупотребувана од колега на татко и, а тој не презема ништо да ја заштити. Таа се одмаздува на тој начин што се проституира со неговите колеги. Маријана се заљубува во каменорезецот Вања, со што нејзиниот живот добива друга смисла но последиците од нејзините постапки се тука да ја уништат таа љубов.
Колку ме разочара филмов. Мислам, од приказната што ја прочитав, очекував стварно повеќе. Баџирао иначе бил некој генерал или премиер во Индија кој бил исклучителен, паметен и све тоа. Филмот ја обработува приказната откако Баџирао ја сретнува својата втора жена Мастани која како муслиманка од страна на мајка, не е прифатена од семејството на Баџирао. И да, он е женет патем. Според историјата Мастани била многу паметна, воин и му помагала на Баџирао во многу походи. Филмов ја прикажува како тотална лудача која секој втор збор и е ама за љубов љубов љубов блах. Сама си се нацртува кај него дома, се упикува, занемарува све и е прикажана апла забегана. И да, омаловажувана, тепана, неприфатена, ама филмов така грдо ја прикажува што не можеш ни нејзина страна да заземеш И така... мене ме изнервира филмов.
Конечно Why him 8/10 Џејмс Франко во совршена за него улога. Интересно лесно филмче. Нед и неговото семејство се поканети на гости да се запознаат со избраникот, но тој не е тоа што се очекува судејќи по својата ќерка.
Flight plan http://www.imdb.com/title/tt0408790/?ref_=nm_flmg_act_10 Жена (Џуди Фостер) заедно со мала ќерка патува од Берлин за Америка....во авионот е и ковчегот со мртвото тело на штотуку починатиот сопруг. Си седнуваат сите на своите места, тргнува авионот, па жената и девојчето заспиваат. После некое време се разбудува жената и гледа дека го нема девојчето. Ја бара насекаде ама никаде ја нема...ги прашува луѓето ама никој ништо не знае....оди кај стујардесите, и тие и помагаат во потрагата, ама никаде не ја најдуваат. Па ајде се пребарува цел авион од корен, па дури и пилотот е известен за цела оваа ситуација. Го прегедуваат цел спиок, ги прегледуваат картите на патниците и доаѓаат до заклучок дека всушност немало никакво девјче во авионот. Ги прашуваат останатите патниците дали ја виделе оваа жена како влегува со девојче...сите викаат дека не виделе никакво девојче. Во меѓувреме доаѓа информација од болницата кај што му правеле обдукција на починатиот сопруг... дека всушност кога починал сопругот, во исто време починало и девојчето, па жената е полудена и си измислува дека е жива ќерката... Дали е живо девојчето или се прават некакви сплетки, погледнете сами Оцена според мене 8.5/10