Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    BEN-HUR доста познат во старите верзии, но оваа посебно ми се допадна и глумците се одлични 9/10
    [​IMG] [​IMG]
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Во Cineplexx го гледаше? Знам дека од 5 јануар требаше да почне да се прикажува. Пред некој ден го барав online да го гледам, ама не можев да го најдам.
     
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Дома го гледав. Го има на 123movies.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.886
    Пол:
    Женски
    Со превод ли се филмовите на 123movies?
     
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не, нема превод Why him. Некои имаат, ама што се од поодамна излезени
     
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Токму поради препораките од тука го гледав денес и мене ми се допаѓа. Јас сакам оваков жанр на филмови, интересен психолошки трилер, непредвидив ми беше до самиот крај.
    Морам да кажам дека првенствено ми беше непредвидлив поради тој некаков тренд на новиве филмови, повеќето завршуваат некако мистериозно, всушност за мене се ко незавршени. Не сакам филмот кога заврши а јас останам со прстот во устата: и што сега? :^) :D
    Е овој беше прилично јасен, со почеток и крај (y) :D

    Јас би му дадела висока оцена, 9 од 10, некако баш ми се погоди, или таков ми беше денов.

    И да додадам дека многу лоши критики имам читано за книгата, ја немам читано и не планирам.
    Овакви жанрови сакам повеќе како филмови да гледам, имам чувство книгата ќе ми беше напорна.
     
    На crazylady, joy1, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  7. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    По препораките на Спешалка и јас го изгледав филмот. Филмот ме носеше од една крајност во друга,или бев на работ на солзи или се смеев на прашањата кои ги поставуваат и начинот на кој реагираа во одредени ситуации. Се на се добар филм,вреди да се гледа. 8/10

    Limitless
    Станува збор за невработен човек кој живее на сметка на неговата девојка. Еден ден случајно се среќава со братот на неговата поранешна сопруга кој му дава некој вид на се уште не испитана дрога која му овозможува употреба на 100% од неговиот мозок. Со помош на оваа дрога ќе стане многу успешен и богат човек,но таа исто така ќе го вплетка во многу опасни ситуации. 9/10
    th (1).jpg

    Последен што го гледав е Love is all you need и уште сум под импресии од филмот. Гледам дека погоре имате пишувано за филмот,па да не се дуплирам со мислења. Преубав филм,поучен кој со сигурност ќе ве замисли. 10/10
     
    На Bender Rodriguez, Acka22, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.289
    Допаѓања:
    113.784
    Пол:
    Женски
    Светла меѓу океанот

    [​IMG]

    Прв пат филм да ми биде поубав од книга. Долго после не можев да се соземам. Глума перфектна, фотографија исто така. Приказна која не остава рамнодушен. Колку може да биде силна желбата да се биде мајка... Колкава може да биде љубовта на маж кон својата жена ...

    Гледајте го нема да зажалите.
     
    На Liu, toogood, emkaemka и 8 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    How to train your dragon.

    Анимиран цртан филм кој ќе ве забавува еден час. Интересен.
    [​IMG]
     
    На One.Moment и Antolinaa им се допаѓа ова.
  10. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    The Light Between Oceans
    [​IMG]

    И јас само што го изгледав филмов.
    За разлика од погоре, од филмов очекував повеќе, трае предолго а во првиот сат нема некое големо дејство... Не знаев дека имало книга, па можеби немало простор за нешто повеќе.
    Ми се допадна глумата ама имав чувство дека недостасува нешто.
    Девојчето ми беше преслатко исто имаше и преубави пејсажи.
     
    На toogood и 1209 им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Jack Reacher: Never go Back (2016)

    На првиот филм не се ни сеќавам, само ми текнуваше дека Том Круз беше у улога на некој badass бивши војник кој праеше партали. Знам само дека ми имаше некој 80-ies/90-ies vibe, налик на старите, добри акциони филмови.

    Овој седнав да го изгледам, не знаејќи баш што да очекувам. Почна филмов и - ми се виде интересен, ама и некако познат - бивши војник се наоѓа во центарот на некаков заговор во рамките на владата, го местат за убиство и започнува потрагата по него, во која тој е препуштен сам на себе и на своите непогрешиви инстинкти.

    И после ми текна од кај ми е познато ова - од Борн. Филмов уствари е Џејсон Борн, само со Том Круз, Коби Смолдерс место женската на Борн и плус едно 15-годишно девојче гратис. И минус амнезијата.

    Коби ми е генерално антипатична и некако не ми е глумица за големото платно - а особено улогава не и стоеше. Том Круз ми делуваше некако уморно и незаинтересирано и, за разлика од претходниот филм, у кој беше пун со one-liners, овде делуваше како grumpy дедо. Дури и акционите сцени беа некако безврска снимани - најверојатно за да се прикрие слабата агилност на веќе 55-годишниот Том. Прикривањето беше неуспешно, можам да додадам.

    Филмот генерално се гледа, нема премногу досадни и cringy моменти, но некои сцени - особено оние со father-daughter моментите - беа целосно непотребни и вишок во филмов. Воопшто не се вклопуваа во севкупната атмосфера.

    Се на се, ништо претерано фасцинантно - нешто полошо од она што го очекував.

    Оцена: 6
     
    На emkaemka, boomsleng и Mayyya им се допаѓа ова.
  12. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Дајте некој добар филм од категорија "научна фантастика" ?
     
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    No reservations 8/10 IMG_4725.JPG
    Животот на Кејт оди во друга насока кога станува старател на нејзината внука.
     
    На marta993, celineparis и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.392
    Допаѓања:
    250.194
    The gril on the train
    Го видов филмот овде, се водев по изборот на Лудото и Скај и лајковите на Бенедер8-|.
    И не погрешив. Предобар филм.
    Може и конекцијата помеѓу себе и Рејчел си придонесе да го доживеам на таков начин филмот. Но факт е дека е добар. Од глумата, заплетот, расплетот, неизвесен до крај.
    Некаде пред крајот капирав за што всушност се работи.
    Добар, предобар. Обожавам вакви филмови.
     
    На marta993, anel, MilaP и 9 други им се допаѓа ова.
  15. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    The Choise

    Предобар ..Од *фраер* по кого сите "трчаат" на крај се заљуби во новата сосетка..упорен беше ја доби..Тврдоглавката :D..без зборови се изнаплакав..
     
    На Liu му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    The Curse of Sleeping Beauty
    http://www.imdb.com/title/tt4118606/?ref_=rvi_tt

    [​IMG]
    IMDb оцена: 4.3/10
    Томас Кејзер е сликар кој никогаш не излегува од дома, крајно антисоцијален, и кој постојано сонува еден ист сон со девојка која ја нарекува „заспаната убавица“, па поради сонов единствено излегува за да оди на психотерапевт. Еден ден му јавуваат дека негов вујко за кој не ни знаел дека постои, починал и во наследство му оставил огромна вила, Градините Кејзер. Излегува дека таа вила семејството ја има уште од времето на Крстоносците, и во неа се крие проклетство. Томас мора да најде начин да се бори со проклетството, како и да ја разбуди девојката од неговите соништа, за која дознава дека е и тоа како реална, само заробена во вечен сон од страна на демон кој и го чува телото.
    Моја оцена: -2/10
    Го гледав само зошто ми беше досадно и немав што друго да гледам. Поглупаво нешто одамна немам видено. Сценарио и реализација очајни, глума уште потрагична.
    Изгледа класичнава приказна сакале да ја претворат во хорор жанр ама трагично промашиле во тоа. На крај излегува дека демонот кој го чува телото на убавицава - која е далеку од убавица и повеќе личи на 14 годишно девојче кое прв пат открива шминка и готик косплеј, не е толку страшен, туку дека вистинското зло лежи во девојкава. Па, кога Томас ќе ја разбуди, таа го убива демонот, го запоседнува телото на Томас и ја донесува апокалипсата врз светот.
    Поука: ако некогаш сонувате некого кого треба да го разбудите со бакнеж на вистинска љубов - не го барајте, запалете го копилето уште во сонот!
     
    Последна измена: 13 јануари 2017
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Да првиот е
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Бисерче95

    Бисерче95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    REMEMBER SUNDAY-пред 1 час го гледав нешто како романтика убав ме бендиса :D
     
    Последна измена од модератор: 14 јануари 2017
    На mila1111 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Кога јагнињата ќе стивнат
    Ханибал и
    Црвениот змеј во една вечер
    :l: Уметност се сите делови
    IMG_5042.GIF

    Ханибал е психијатар но и сериски убиец, помага во разрешување на други убиства благодарение на неговиот генијален ум. Секогаш смирен, морничав, ладнокрвен, човек кој исто така знае да љуби и да заведува на мистичен начин. Неговото појавување во филмовите не е често, но е впечатливо. Би го препорачала на сите кои се љубители на класика, серијал кој не те остава рамнодушен и те поттикнува на размислување како може интелегенцијата и генијалноста да бидат искористени во сосема погрешен правец.
     
    Последна измена: 13 јануари 2017
    На marta993, sweet-cherry, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.